Наративот за перфектна жртва е широко распространет феномен кој не само шо знај да превентира жртвата да пријави извршено насилство врз неа, туку и скоро секогаш при легална борба нејзиниот изглед, однесување и репутација ќе бидат искористени за да се минимизира штетата која е предизвикана. Перфектната жртва, за да е таква, мора да е "вистинска", безгрешна, неприкосновенa и да има одредена "добра" репутација и статус кои се во линија со социјалните норми и стандарди. Кога имаме жртва, луѓето имаат тенденција да се фамилијаризираат со неа, односно која е, што работи, што прави, и иди до опсесија да се види дали е "вредна" или не. Ако е "добра" тогаш паѓа под категоријата за вистинска, перфектна, жртва и осеќаат емпатија кон неа. Ако не е, тогаш паѓа под категоријата на "си го барала". Митот за перфектна жртва најчесто можи да се забележи при (сексуално) насилство врз жени. Има толку многу мизогинија кога станува збор за адресирање и решавање на проблеми кои ги засегаат жените. Општеството ги држи жените на многу различни и повисоки стандарди. Од жените се очекува одредено совршенство и доблесност. Кога жртвите не ги исполнуваат овие очекувања, тие се означуваат како незаслужни (за емпатија и правда). Многу често кога се има жртва, обидот не е да се провери приказната и фактите, туку да се стави акцент на личноста. Перфектната жртва не пие, не се дрогира, е добра личност, дефинитивно не давала лажни сигнали, облечена е соодветно и доволно покриено, нема провоцирано итн. Сите работи кои ги читаме како осуда ако не се исполнети кога се работи за "си го барала" жртвата: "носеше кратка суќна, што очекуваше?", "практично гола шеташе, сама си го бараше да бидиме искрени", "сама си го одбра него, кој ѝ е крив дека вака заврши?", "па и та не е цвеќе за мирисање, не е само тој крив шо ја истепа", "ајде демек не знаеше шо прај и та", "шо напрај та за тој вака да реагира?", "абе да тој е крив, ама секоја приказна има две страни, сигурно има причина", "курва е, искрено не заслужва нешто поќе од ова" итн. Личност која се условува дека е дел од митот за перфектна жртва, шо е дел од скорешната поп култура, е Амбер Херд (во легална борба со Џони Деп) и како се користеше нејзината лоша репутација против неа на јавна легална борба (при затворени врати, Џони Деп уствари ја губи легалната борба зошто не можеше да води наративнот на "перфектна" жртва). Има многу коментари дека историјата се повторува во случајот со Блејк Лајвли, и дека и таа е ставена во границите на наративот на перфектна жртва. Така да ме интересира: Дали имате слушнато за овој "мит"/ наратив? Дали мислите дека е базиран на вистина, или не? Колку е точно дека жените жртви на (сексуално) насилство се клаваат во калап за да "имаат дозвола" да бидат жртви? Ако да, зошто мислите дека иди до то? Дали, према вас, треба да е вака? Дали секоја жртва е еднаква?
Сама си отворив, сама да си одговорам. На 2 Јануари е темата, и чим никој не ми врати годинава значи пак нема по теми да ми зборате. За мене ова е наратив шо е вистина и шо многу се гледа јасно особено во интернет просторот. Мислам спомнав поп култура моменти погоре ама далеку од то дека ова е проблем на "славните". Ова е проблем на жените. Колку пати не се вервало во силовање? Колку пати се релативизирало дека то шо се случило и можи не е толку лошо? Па дури и да се случи нешто лошо, се бара прво како та "испровоцира". "Смејме" да жалиме само ако е совршена. И то е на штета на сите жени жртви на (сексуално) насилство.
Ја почнав вака зошто јас имам тука забележано најмногу кај шо се нагласва нечија негативна страна, а делото шо се "бриши" е сериозно. Би рекла дека можи да биди за било какво дело, се дур нели, има засегната жртва која се става на пиедестал дали е "доволно" жртва.
Епа и јас ќе зборам општо зашто еве не знам, сметам дека има сфери каде е оправдано. Оти за жени си го имам кажано мислењето. Се сеќаваме на случајот со Албанците што ја обвинија сестрата дека им го тепала бебето. Се кренаа министер, новинари, се пишуваа срцепарајучи постови за национализам и за на крај да испадне "недоразбирање". И ова сите знаеме дека не им е првпат и сите го знаеме нивното упорно играње на карта на жртви. И еве, ако утре недајбоже стварно некое нивно дете настрада, што мислите, дали сите ќе им веруваме или ќе сме убедени дека пак е лажење и глумење за да испаднат жртви. И тоа ради слика која ја создаваат самите. Значи не оправдување, ама прво да поверуваме треба. А многу нема. Или да каже политичар што цел живот крадел оти го ограбиле и останал без пари, ќе му верувате, ќе ви биде жал? Дефинитивно нема. Еве јас нит ќе верувам за првиот случај, нит ќе ми биде жал за вториот. Не зборам значи за пиење, имање повеќе партнери, работата туку делата со кои сериозно штетиш на друг и градиш доверба во луѓето.
Сакам да кажам дека во случајов со Албанците, утре на потенцијална жртва нема да се верува зашто претходно "била" жртва ама уствари не била, лажела. Нешто како ситуацијата со детето што викало волк. Оти во темава претпоставувам спаѓа и зошто на одредени жртви се верува, зошто не, зошто испитуваме позадина пред да поверуваме. Или со политичарот, дека нема да го сметаме за жртва оти бил лош човек. А ако обичен човек го ограбат, многу нормално ќе ни биде жал. Тука е она дека не секоја жртва е иста. Знам дека ти почна со жени ама сакам да кажам дека многу пати и самите не гледаме исто на сите жртви.
Случајот со девојчето од Велес кое беше жртва на сексуално насилство и за кој пред скоро време се изрекоа казни под минималните, при што еден од адвокатите на обвинетите кажа нешто во стил треба да се знае историјата на ова девојче, е перфектен пример за темава. Совршената жртва е "чиста", измачена, наивна, скромна, не "провоцирала", невидлива, ранлива, ненаметлива, не е промискуитетна, не се жали, ја потиснува својата траума, женствена, стрејт....не е случајност што онаа идеална слика за жена во патријархални и религиозни средини се поклопува со сликата за која жртва "смее" да добие емпатија. Штом таа жртва има нешто кое ја става надвор од тој калап, таа на некој начин заслужила. Никој нема да го каже тоа, ама ќе биде инсинуирано. И ова не е секогаш очигледно. Може да се прикаже и како игнорирање на повторувано злоставување бидејќи сите ја знаат "каква е" жртвата. Не се ни препознава насилството како насилство бидејќи сите веќе имаат одредена идеја во главата дека жртвата можеби свесно го сака/одбира тоа или едноставно не е доволно допадлива. Кога ќе додадеме на тоа како функционираат групните динамики и дека несвесно го следиме она кое е воспоставено како популарно мислење, лесно се формираат цврсти мислења без основа. Да, оваа идеја постои потсвесно во главата на еден куп луѓе и сѐ додека не се направи step back да се размисли подлабоко и да искорениме некои воспоставени идеи, нема да се подобриме. Спојлер Инаку мислам дека митот на совршена жртва се однесува конкретно за жени жртви на насилство и има дефиниција и контекст. Не дека не може да се прошири и на мажи жртви, ама сигурно не се однесува на ситуации со меѓуетнички тензии во Македонија...
Па на некој начин го имам преживеано. Бидејќи и јас и швалерката бевме жртви на истиот насилник (таа се уште е ) можам да потврдам дека емпатијата и сочуствата најмногу паѓаа кон општествено поприфатливата личност (изневерена,малтретирана,сопруга,мајка-односно јас). Кога едно лице има расипан морален компас колективот се осеќа загрозен од истиот и смета дека трагедиите што го снаоѓаат тоа лице е токму поради неговиот расипан морален компас. После долго време (бес,гнев...) почнав да сочувствувам со неа,почнав да ја жалам и повеќе од себе,бидејќи таа не само што трпеше насилство од маж ми туку ги трпеше и осудите од околината поради нејзиниот промискуитет и сите други навики што одат рака под рака со него(коцка,алкохол,дрога...). Во моментот кога почнав да сочувствувам со неа (а сите околу мене сметаа дека сум се скретнала во умот и беа во право) , таа како да доби сила, не знам, и наместо да се појавеше како сведок во кривична постапка таа ме накодошила кај него за разводот и кривичната и си ,,купила карта ,, да ми се вгнезди во домот трајно и нормално ме зафркна (така таа си мисли,јас си ја завршив постапката и без неа и спасив глава). Уствари таа бил бремена (по не знам кој пат) и знаејќи дека тој нема шанси да и дозволи да раѓа додека е во брак со мене ја преќуте информацијата, ги доби моите симпатии како жртва,се понуди да сведочи во постапка, увиде дека јас се разведувам од него (тој немаше никогаш) и си продолжи со задните намери кои ги имала цело време. Со неа или без,јас секако се разведов, а и информацијата за нејзината бременост ми дојде како кец на десетка за во социјално кои тераа постапка на мирење а психопатот глумеше лудило како многу не сакал, неможел да живее без нас,призна пороци, призна се ,ама ќе се поправел.... Е кога им кажав дека чека и дете, сменија фреквенција и ме оставија раат да си терам постапките. Утре да ја убие како очекувате некој да сочувствува со неа ...еве не знам. Инаку тој е многу добро ситуиран човек,има неколку бизниси. Пред извесно време и средил да работи и со деца,па си велам може ќе биде луѓе од нив. Но кога ќе го погледнам разочарувањето,несигурноста, тагата во очите на ќерка ни(заедничко дете) , сфаќам дека ниту еден роденден не и честитал,ниту за еден септември не ја спремил,не и се јавува ,не ја гледа,понекогаш таа ќе го побара а тој веднаш со навреди ,,ти текна ли дека имаш татко,, ,, шо ти треба,, ,,ѓубре едно невоспитано,, ,,ќе завршиш како и сите други деца на разведени родители,, ,,ќе се откажам од тебе,, .... швалерката успеа да ми го избрка и детето од дома ,,мама јас не сакам повеќе да одам дома кај тато многу ми е непријатно околу неа,а тој мене ме обвинува,, И сфаќаш дека таквите НЕ се поправаат никогаш. Децата им се родија предвреме на иста дата со нашата ќерка ... случајност, карма...Бог знае. Од страна некои што посматраат се уште знаат да ми речат ,,ех будала си мори, види сега оваа како се намести да живее,, . Ама јас знам како навистина живее а тоа не е ни близу до ова што го гледаат од надвор луѓето. И не,не сме исти, мислам евидентно е според изборите кои ги правиме,но сме еднакви ама само пред закон. Јас го напуштив насилникот и го изведов пред суд а таа одбра пари и му роди нови жртви. Не знам како поинаку би гледале луѓето кога некој свесно дури и лукаво го прави својот избор знаејќи со какви последици ќе се соочи.
Јас никогаш не сум се чувстувала толку поразено на форумов како кога дебатирав на темата за судењето на Амбер Херд. Мислам дека не постоеше некој кој ме разбираше што сакам да кажам кога велев дека Амбер Херд е жртва на семејно насилство - точка, и целото тоа јавно судење и кампања на социјалните мрежи беше само продолжеток на насилството. И таква врска, таква динамика не е уникатна, туку баш мислам дека е типична слика за насилни врски. Да биде токсичен однос од двете страни, јесте, ама насилство како насилство не може да е обострано. Зависи од мнооогу фактори, прво од тоа што значи да си маж, а што значи да си жена во нашето општество, потоа од финансискиот аспект во врската, разлика во години, социјална позиција во општеството и едноставно од биологија, логично, мажите имаат многу повеќе физичка сила од жените. Луѓето не можат да сварат дека една жена и кога не е добра особа, и кога урла во врски, кога е токсично љубоморна, провокативна, дрска и слично, никогаш нема да го има истиот ефект како кога мажот со кој е во врска ги прави тие работи додека има моќ поради факторите кои ги погоре спомнав. Ниту пак жртвата може да направи нешто со кое ќе заслужи насилство. И мислам дека е многу битно да разговараме за овој поим во контекст на женска жртва. Кога некои девојки и жени се постојано изложуваат на опасни ситуации во кои можат да бидат сексуално злоупотребени, пример да се со мажи само заради пари за да можат да преживеат, а за возврат они прават со жената што сакаат, тоа се сепак избори и ситуации произлезени од патријахатот. И иако го избираат тоа, не се помалку жртви.
Јас прочитав и лајкнав оти да се сетам, ама еден памет и тој малце изветреан На темава имам да зборувам на долго и на широко, толку многу што ако измешам лончиња - проштевајте Овака - иако сакаме да тврдиме како е по "светот", факт е дека никаде не е различно потполно. Жените во буквално секое општество се не де јуре, ама де факто битија од втор ред. Како такви, не секоја виктимизација се прифаќа за виктимизација. Што мислам под ова: жените, од најмали девојчиња се сексуализирани, истовремено воспитувани "што не е океј за женско". Од сам почеток на животот имаат контрадикција со која треба да се справат и некако да ја сфатат. Да го скокнам целиов развоен период, сè има свое потекло, а виктимизацијата потекнува од сфаќањата како треба да изгледа/да се однесува една жена, односно што треба сè да прави (или не прави) за да добие елементарна, човечка почит. Постојат (најмалку) два типа на "совршени" жртви. Велам најмалку оти тие се најочигледни, секако дека не е црно и бело. Првите се оние кои се гласни. Гласни за своите права, своите избори, својот живот, своите сфаќања, оние кои не се потчинуваат - самиот факт што имаат глас и го користат, ги прави мета на насилниците, посебно на сексуално насилство оти "кур им фали уствари". Нема ништо сексуално во приказнава, целта е доминација и надмоќ, да и' покаже насилникот кој е надмоќен и каде и' е местото. Во оваа група ќе ги ставам и оние кои "сами си го барале" од било која причина, носеле кратка сукња, сами на улица биле навечер итн. односно живееле "недоволно чесно" или отишле некаде без "чувар". Втори жртви, за овие и повеќе сум загрижена (првите обично добро знаат што не е во ред и се гласни и погласни кога се жртви - така и треба) се тивките жртви. Ова се жртвите кои се нечии сопруги најчесто. Не само сексуално насилство, секакво насилство е во прашање тука - физичко, финансиско итн. Овие жртви молчат затоа што никогаш и не го добиле својот глас, од најмали се воспитувани да бидат потчинети, самите мислат дека немаат право да се побунат, се плашат од реакциите на околината, а многу често немаат поддршка и најстрашно, немаат доверба во системот дека ќе им помогне да излезат од таа ситуација. Ова се жени кои се практично "заробени" во тој насилен круг и не гледаат излез. Дури и кога ќе излезат, се трудат тие искуства да ги сокријат бидејќи ги чувствуваат како сопствен срам. Трета подгрупа, која е сама по себе интересна (на тажен начин интересна) за набљудување е жените кои активно се привлечени од насилни партнери. И кога ќе излезат од една насилна врска, повторно се враќаат кај сличен партнер, повторно се виктимизирани, и така во круг. За овие мислам и најчесто слушам дека "сама си го бара" или "сама си го одбра". Точно, но ЗОШТО? Цела тема може да разврземе како насилникот и жртвата "се бираат" меѓусебно, а и за двајцата тоа е многу несвесен процес. За жртвата, најчесто (не секогаш) не добивала никогаш љубов поинаку, од сопствените родители и семејство, па насилството е начин да ја доживее онаа љубов која ја научила, онаа за која смета дека е начин да се пружи. "Ме сака, затоа е љубоморен", "Маж е, потешко се контролира", "Претерав, затоа ме удри"... итн. Во овој случај, оваа жртва НЕ ЗНАЕ дека е жртва. Не мисли дека заслужува подобар третман, не мисли дека љубов е нешто поразлично. Овие жртви имаат потреба од долгорочна психотерапија пред сè за справување со сопствените сфаќања и трауми од пред да постои насилникот-маж, по што може значајно да се разликуваат од првите две групи, кои ЗНААТ дека не треба да живеат како што живеат, дека не е во ред, само вторите не гледаат излез. . . Интернетот даде простор за сите патологии да можат да се зборуваат слободно и неказнето, законите каскаат позади нашата реалност. Оттаму и 10 години (10 ГОДИНИ!!!!!) Жизел била нудена и силувана без ниту една државна агенција воопшто да е свесна за постоење на оваа страна како таква, што ме доведува до мислење дека постојат уште "неми жртви". Од друга страна, Амбер и Џони... не мислам дека е таа баш толку жртва. Мислам дека двајцата се насилници и жртви истовремено. Мислењево сама ми е тешко да си го препрочитам. Кој го прочита, благодарам
Сега во посебно мислење, кое е до некаде и поврзано со претходното, но сепак. Имаме потреба да рангираме кој е највеќе жртва, без да сфатиме дека секоја планина има своја тежина, односно секому својата болка највеќе го боли. Бидејќи темава е за жртви, ќе ги изземам сите оние кои се борат со некаква болест оти нема поента, друг ракав е тоа иако и таму постои рангирање. На пример, она што забележав и што искрено ме вознемирува, е бирање на "кој му е потешко", конкретно за жртвите во двата масакри во Србија, Рибникар и Мало Орашје/Дубона. Родителите кои имале само едно дете (или во случајот Дубона, каде што брат и сестра настрадаа) се гледаат како поголеми жртви од оние кои имаат уште едно дете кое е живо. Фактот што едното дете им е убиено, а другото не, или имале повеќе од едно дете, не ги прави помалку жртви, нивната болка не е помала. Често читам "им беше единец" или "и двете деца ги изгубија" како да овие другиве што имаат живи деца им е било како полесно. Не, не им е. Едно дете не може да го замени изгубеното, посебно не на ваков начин убиено каде што свирепоста на целиот чин додава слој на уште поголема траума и болка. Тие семејства се уништени, и останатите живи деца нема да имаат лесен живот никогаш, со огромна траума ќе го живеат својот живот. Втора споредба на жртви, е кога се потенцира за некоја жртва дека е син/ќерка, мајка/татко итн. И да немаме родители, и да не сме самите родители, ова градирање не е океј, затоа што некоја што е карикирам мајка, нејзиниот живот/здравје не се поважни од некоја која не е. Исто и за некој помлад, што "им е единствено дете на родителите". Независно и да е едно од 10 или единствено, неговата болка, страдање е еднакво важна. За несреќата во Нови Сад, се утепаа од зборување за едната преживеана од аспект на тоа дека е мајка на мало дете, мислам сите што починаа, и тие што преживеаа (поточно еден младич е преживеан сега) се нечии родители, нечии деца. Ничија болка не е помала, никоја жртва не е повеќе жртва од некоја друга. Имаме потреба да градираме зависно од себе. Односно колку можеме да се поврземе со нечие страдање и колку резонира со нас истото, колку "можев да бидам тоа јас" или "можеше да биде мајка ми/син ми". Иако тоа го правиме инстиктивно и е нормално, мораме да размислиме пред да изустиме (напишеме) затоа што многу лесно нашите зборови можат да звучат како да анулираме, не признаваме или не прифаќаме нечија болка за вистинска или еднакво страшна. Секоја жртва е еднакво жртва, освен каде што апсолутно жртвата максимално придонела за да и' се случи тоа што се случило (пример, возела во алкохолизирана состојба и предизвикала сообраќајка, одземала нечиј живот). Овие луѓе, можат да го добијат својот статус на "жртва" откако ќе се рехабилитираат и ќе сфатат што направиле, и затоа ги сметам за исклучок бидејќи се жртви на несреќа која сами ја предизвикале. Постојат бројни примери за ова каде што луѓето се "попаметни" од оние кои пропишале одреден начин за зачувување на безбедноста. Ќе ја додадам и Пале. Добар дел од македонската јавност (не само мажи) не можат да прифатат дека доби ослободителна пресуда иако беше убиство во самоодбрана, иако претходно го пријавувала, иако негови претходни партнерки сведочеа каква тортура живееле. Мајка му на убиениот не се вклучи во кривичното гонење, татко му рече судот нека одлучи, сопствените родители добро знаеле дека е насилен, но јавноста наша упорна е во тоа дека "сама си го одбрала" или "се курвала". Мене не ми се верува кога читам, но тоа е нашата реалност. Моментално трае процесот за жената која ги уби сопругот и свекорот, многу слична ситуација, каде што пријавувала, доаѓале социјални служби итн. и за тоа има и записи и сведоци, но пак јавноста не може да сфати како дошло до овој момент, зошто. Овде морам да спомнам и многу важен дел, БАШ ЗАРАДИ ОВА, жените мораат да имаат свој имот, да бидат поддржувани од своите родители, да "му земат на братот" итн. затоа што кога имаат поддршка и имаат каде да одат, едноставно не ескалираат до оваа мера ситуациите. . . . . . Скоро на жолтиот форум се разврза дебата за жена која во 24 часа имала секс со 100 мажи. По свој избор. Тоа беше претставено како нешто што е производ на феминизмот (а е буквално спротивно, се шокираа патријархалните, феминистките освен жал не верувам друго да чувствуваат). Сега, можеме да кажеме дека е нејзин избор и да оставиме на тоа. Но, ако се запрашаме зошто го направила тој избор, кои се мотивите, која е целта - не верувам дека ќе дојдеме до некој многу среќен заклучок. За мои сфаќања таа жена е жртва (родителите и' се менаџери колку што сфатив), а тоа што сама "го одбра" го сметам за експлоатација.
Многу ова сакав да коментирам. Еве година-две покасно мојот поглед е многу сменат по ова прашање. И не бев тим Џони тогаш. Ама не бев ни тим Амбер. Сметав дека двата не чинат на свој начин и бев on the fence. И ова ми е точка на каење последнава година зошто од кога се смири пропагандата, на која веројатно бев потпадната (до негде зошто не бев тим Џони) ги сфатив сите поенти шо ги пиша. Publicly taking responsibility ми е ова. Зато и сега со Џастин Балдони и Блејк Лајвли, првото црвено знаме ми е дека Џастин користи ист PR тим ко Џони, и секој еден маж шо ќе ги користи секогаш ќе е sus во мои очи. А-у да. Болка на губење дете е преголема, па имал уште 10 други. Мене ич не ми текна на вакво сценарио и добро е шо го спомна. Ама генерално насилство врз деца е тема шо активно ја избегнувам оти ме вознемирва можи најмногу, па никогаш не ја напрајв конекцијата. Но, знаејќи го општиот менталитет бар на балканот, не ме изненадва дека има такви коментари. Гледав едно видео со девојката каде објаснува како се "исклучва" и беше така опишано шо можи многу лесно да се заклучи дека е траума. Само оти се согласи не значи дека телото и мозокот не го прифатија како траума шо е типична кај SA жртви. Фактот дека ќе прај уште еден предизвик ми е жал. Нејзино право, ама ми е жал. И се надевам дека некогаш ќе има можност да разработи шо се случи и шо осеќа во поглед со то и да најди парче среќа. Ја спомна и Пале инаку, жена лавица на наши простори. Шо во очи на многу (шо би рекла јас "потенцијални" насилници) требало да е казнета. За мене, girlie е победник. Пак, жал ми е низ шо помина, ама среќна сум дека успеа да се извлечи. Не памтам многу конкретни случаеви, ама вака низ магла ми текнува за младо девојче силовано од поќе па го наоѓаа криво зошто "се знај кога се почнува со најстариот занает", "таман години има и знај шо прај", "ко да не ги заведи та мажите" итн. Истите глупи изговори на наши простори се користат за груминг, и пак се бара кривицата во детето или околината на детето, а никогаш во насилникот. И страшно, страшно, е колку груминг на наши простори е оправдан и нормализиран шо дури ми се лоши. Ко ќе речат: "па не ја тера некој со сила". ДЕТЕ Е!?!?! Гомнаро е возрасен?!???? Како ме ја гледат динамиката и кој има многу поќе моќ од старт.
Насилство над децата произлегува од сосема истото место од каде што произлегува и насилството врз жените - односно оние кои се физички послаби. Јас се вознемирувам кога ќе се нафрлат над некое дете и го третираат како возрасен и одговорен за своите постапки, колку и да е лошо и монструозно тоа што го прави, децата се директен производ на сопствените родители и средината во која се развиваат, затоа не можам да "исклучам" емпатија кон било кое дете. Пример ми се Коста, или третоодделенецот за кој пола Скопје се дигна, секако дека однесувањето минато на децава е ужасно (иако различно, сепак) вината не можам да ја барам во нив, за мене се жртви. Децата не можат да се воспитуваат сами, а овие деца станале насилни затоа што апсолутно никој не се занимавал со нивното воспитување и благосостојба, затоа и ги перцепирам како жртви, иако и самите истовремено се нели и насилници. Барем за мене, поголеми виновници се возрасните и во двата случаја, ние како возрасни сме должни да го менаџираме општеството во кој правец сакаме да оди, очигледно ние сите потфрламе чим децата ни стануваат диви ѕверови.
Па, ни јас, оти премногу имам емпатија и љубов за деца, ме повредва многу поќе од било која друга тема. :') И често избегнувам детали зошто доволно е постоењето на чин/настан ко општа информација да ме "фрли" во многу, многу лошо место. Ако седнам да читам детали можам со деној да западнам во многу, многу лошо место. Па дури и недели (ако се опседнам, а ако се повредам се опседнувам, можи и недели да трај, шо на крај е на моја штета). Ако читам и коментари - I'm enraged. Ко шо велат некогаш: "да не ми е пред очи (дур решава вака да коментира за дете)". До толку. Неќам да речам дека имам слаба контрола на емоции, ама... Апсолутно точно. Ова мислам дека во темите за булинг го имав пишано. Сите имаме поќе улоги и поќе ситуации во кои се наоѓаме. Дете-насилник е во една ситуација, ама исто дете е и дете-жртва во друга ситуација. И најчесто втората, ја "креира" првата ситуација. И најважно, шо секогаш го зборам во дете теми - и запоставување Е насилство.
Ме вознемирува, но дефинитивно не во толкава мера како тебе, можеби од толку што се нафрлаат на одредено дете станувам дефанзивна бидејќи мене мислата ме води кон "низ што ли поминувало, за да го направи ова?". Запоставувањето е можеби најстрашно насилство, оти не остава модрици и луѓето не го препознаваат, ПОСЕБНО ако детето материјално е обезбедено и не зборуваме дека е небањато, ненахрането и слично. Ако се сеќаваш баш за Коста имаше реакција од една прилично хистерична жена (нејзиното дете не беше директна жртва) дека "ништо не му фалело и има прекрасни родители". Многумина се закачија на оваа изјава. Мене во целиот процес најпотресно и најемотивно ми беше однесувањето на одредени родители, чии деца беа жртви, а сепак можеа и го зборуваа ова што ние тука го зборуваме - горчина кон родителите, но жал бидејќи и неговиот живот (точно) го сметаат за изгубен. Од таков настан едноставно нема назад, тоа дете - насилник, но и жртва, го изгуби и својот живот и сето она што нè прави луѓе, иако физички телото му е сосема живо.
И да се дополнам дур сум на темава, нешто што ужасно ми смета, а општо е занемарено и во медиумите, и по форумите. При масакрот на Урош Блажиќ, пукал со калашноков во жртвите. Многу луѓе ги слушнале истрелите, но никому не му било аларм дека нешто не е во ред. До таа мера што сфаќаат дека нешто лошо се случува ОТКАКО повредените се јавуваат по дома и кажуваат дека некој пука на нив. На сите прва мисла им е дека "некој нешто слави". Мене лично тоа ми е фрапантно како информација, можеби дека во моја околина петарда да пукне па те вознемирува, а не единечен истрел со пиштол, а не па да земе некој рафално да пука. Мене ова ми зборува дека сите имаат оружје таму и дека сите пукаат на прослави, посебно кога ќе им се роди дете (што е и првата помисла на повеќето). Значи не зборуваме за изолиран случај чим е до таа мера нормално да не реагира никој никако, што пак значи дека е пошироко нешто прифатено од околината како нормално, морално исправно, во ред (мислам на пукањето, чувањето оружје..). Е сега, жртвите се жртви и не предизвикале никако да станат жртви, но дали само семејството Блажиќ е виновно за "походот" на синот, или пак можеби вината е поширока, во едно општество каде што е нормализирано користење на оружје? Има една, народна, вика "за жртвите сè најдобро", но сè додека така размислуваме и не гледаме пошироко, само чекаме нови жртви, нов настан, ново вперување прст во индивидуа. А сите ние сме производ на нашата средина. Никој од нас не е толку "различен и посебен" колку што сакаме да мислиме дека сме.
Ти си типичен пример зошто всушност е отворена темава Сама си го барала, ако и е на растурикуќата и слични наративи Не си ништо подобра од неа, чисто да си знаеш
Концептот идеална жртва, не се однесува исклучиво на жените, но несомнено, најчесто и најсистематски ги засегнува нив, особено во случаи на семејно насилство и други облици на родово засновано насилство. Затоа, дискусијата би требало да се движи во правец што ги адресира жените и нивните искуства. Општеството има тенденција да ја анализира заслугата на жртвата, што честопати служи како изговор за минимизирање или оправдување на постапките на сторителот. Овој феномен произлегува од патријархалните структури кои ги ставаат жените на повисоки морални стандарди и ги држат за одговорни за насилството што им е нанесено. Дополнително, е и начин на одбрана на општеството, да се избегне реалниот обем на проблемот. Оти обвинувањето на жртвата нели, го исклучува признанието дека постои системски проблем кој бара внимание и решенија. Е сега, ова е детерминирано од културни, социјални и психолошки фактори. А родовите стереотипи, кои ја фаворизираат идејата дека жените се виновни за насилството кое им се случува, се секако носечка улога. И луѓето веројатно се чувствуваат побезбедни, ако веруваат дека насилството може да се избегне со соодветно однесување. Ова е став кој им овозможува да ја рационализираат својата незаинтересираност или неспособност да интервенираат. Секоја жртва заслужува еднаков третман и поддршка, независно од нејзиниот изглед, однесување или социјален статус. Префрлувањето на фокусот од карактерот на жртвата кон постапките на сторителот и доказите за неговите дела е клучно за надминување на овој проблем. Али ова бара длабоки промени во стандардните наративи. Во контекст на судскиот процес меѓу Амбер Херд и Џони Деп, непобитен факт е дека и двајцата беа изложени на интензивен јавен притисок. Точно е дека Амбер беше значително повеќе таргетирана, особено на социјалните мрежи, каде што нејзината репутација беше често предмет на исмевање и осуда. Наместо да се фокусираат на правните аспекти на случајот, јавноста и медиумите беа опседнати со нивните лични животи. Ова беше/е одличен пример за тоа како општеството ја применува идејата за совршена жртва и како истото може да го измести фокусот од суштината на проблемот. Што е најзагрижувачко, ваквите наративи ја спречуваат правдата и ја отежнуваат поддршката за жртвите. Адресирањето на овие проблеми бара системски промени, образовни напори и поголема емпатија од општеството кон жртвите на насилство.
Жртва може да е секој, нема никој "ексклузивно право" да може да е жртва додека друг не може. Но, како што се кажа и погоре, системски жените се многу повеќе погодени од ова и затоа се обрнува на нив поголемо внимание, како што и треба да е. Сите жртви заслужуваат емпатија, без разлика дали биле "совршени" или не. Дали биле патријархални или модерни жени, дали биле сингл, во врска или во брак, со или без деца. Никоја жртва не вреди повеќе од друга, бидејќи секоја приказна своја тежина, секој човек различно поднесува и се носи со траума. Јас искрено не знам кои параметри треба ги има еден човек за да е совршена жртва, дека имало вакво нешто тука прочитав прв пат. Жртва е едноставно жртва, секоја подеднакво битна. И секој кој криви било каква жртва значи дека нешто не е во ред со него и неговата (селективна) емпатија. Жените се многу попогодени и кога станува збор за како општеството гледа на нив како жртви. Сама си го барала, што се облекувала така, што барала да бира таков партнер (па и деца да прави со него) итн итн. И мажите жртви не се поштедени многу, иако ги има помалку, тие наидуваат на потсмев демек каков маж е тој што жена го истепала и сл. Поделби на вакви и такви жртви уште повеќе ја отежнуваат поддршката која ним им е толку потребна. Особено во случај на жените жртви. Во такво општество живееме што попрво се бара причина, се гледа со осуда, наместо да се покажи емпатија и да се даде поддршка во справување со последиците.