барав ваква тема, ама не најдов... ако е дупла клуч... другарка ми вика: за бившиот и за мртвиот се најдобро...поминаа скоро 3 години и јас сеуште после секоја кавга со мојот сегашен дечко мислам на бившиот...тоа ми беше првата доолга врска и не беше нешто нај нај... барав причини да му раскинам и на крај раскинавме...сега имам врска со дечко кој мн го сакам и мн ме сака, ама имам периоди во месецот кога сакам да го видам, да си направиме муабет,да го гушнам...а да биде уште потешко овој месец мн често го гледам..... сакам да знам дали само јас сум ненормална што се враќам назад во минатото кое тогаш едвај чекав да заврши... споделете и вие некое вакво искуство....
бившиот ... Не си ненормална, не со такви изрази Често ми текнува на бившиот, иако имам прекрасна врска. Не се тоа мисли дека го сакам назад, едноставно ми текнуваат убави момнти, убаво беше додека траеше. сосема нормално е, според мене. тоа не значи дека не го сакаш твојот сегашен дечко, си имаш минато како и сите други што неможе никој да го избрише.. Сосема нормално..
бившиот ... се надевам дека е нормално, зошто несакам врската да си ја расипам со глупости. не дај боже да дознае дечко ми на што мислам... оф леле
од време на време и мене ми текнува на тој со кој бев во врска најдолго време (и покрај се, многу се сакавме, но ете не ни било пишано да бидеме заедно, па се разделивме) така беше најдобро, секој по својот пат си го жевее својот живот на онаков начин како што сака да биде
Не мора да значи не го сакаш... Едноставно секоја индивидуа има поинакви карактеристики обелжја својствени само за него, со тоа се дели од другите . Едноставно постоеле некои ситници кои тебе сега ти фалат на пр. начинот на кој сте се смееле на кој се шегувал со тебе начинот на кој зборувал и мал милион други работи .... Тие работи ти биле драги па затоа и на нив се сеќаваш а моментално ги немаш , сосема природно и сосема нормално .... На пример бифшиот со кој можев да направам најдобар муабет до сега и да ми даде најдобар совет кај наредниот таа црта нема да постои и нормално ти фали секому фалат работи кои ни годат кои не правеле среќни .
Со мојот дечко сум 4 години, али се чувствувам како да сум со него цела вечност. ПОстојат толку многу работи што сме ги правеле заедно, толкумногу заеднички моменти, толку спомени... безразлика колку време и да помине и утре ако не останеме заедно, тие работи никогаш не би можела да ги заборавам и да сакам. Изгледа дека кога се заљубуваме за прв пат, сакаме со најголем интензитет и чувствата ни се најсилни. Токму затоа таа љубов никогаш не се заборава, а зошто и да се заборави кога тие се убави спомени кои треба да се негуваат и чуваат. И сепак никој неможе да знае што се случува во нашите мисли. Женското срце е длабок океан од тајни
I jas se naogjam vo istata sitoacija so toj shto kje pomislam na bivsiot me tera da mislam dali jas navistina go sakam segasniot, no mislam deka e normalno da se sekjavas na neshto shto bilo del od tvojot zhivot :0
јас сум мажена, со мм сум заедно скоро 8 години но сепак одвреме на време помислувам на бившиот од пред 10 год, не дека го сакам ама ете, имавме некое разбирање во некои работи бевме многу складни, со мм во тие работи не сме па кога има такви моменти ми текнува на него, како е, што има ново кај него, ама не сме во контакт, плус живее на друг континент.
probaj da go izvadish od glava toj ne e eden i edinstven, znam deka ke ti bide tesko no probaj zaboravigo ednostavno misli na deckoto so koj sega si probaj mozebi ke uspes da go zaboravis !!1
и јас барав причини да му раскинам .. и од кога раскинав сфатив дека ми значел нешто ,малце ми е криво ама тоа е... ама не сакам да го вратам назад .. знм дека ќе си најдам подобар =))
хах..и јас така му раскинав ми беше здодевно од него не можев повеке :/ и откако раскинавме сватив колку ми значи и колку го сакам и колку сум осамена без него ... но за среќа повторно си го вратив и сега си уживам со него )) <3
Тоа што ти се случува е сосема нормално и не мора да значи дека сеуште ги имаш истите чувства кон него. Иако си сакала да заврши таа врска, сепак сте имале убави моменти. На сите одвреме навреме ни текнува на бившите. Но тоа е минато, сега си со друг и се сакате, а тоа е најважното. Мисли на својата сегашна врска, не се оптоварувај со минатото.
Мислам дека тоа не е нешто ненормално, бидејќи има моменти кога и мене истото ми се случува. Имам прекрасна врска со сегашниот дечко, ме сака, го сакам.. Ама сепак на моменти само се присетувам на убавите мигови со бившиот. Не значи тоа дека го сакам него или дека сонувам за тоа пак да бидеме заедно, само се присетувам на се тоа што сме поминале заедно... Сите си имаме минато, и тоа неможе никој да ни го избрише ни земе, убавите моменти што сме ги поминале секогаш ќе ги паметиме... Затоа викаат дека спомените се единствено нешто кое никој неможе да ти го одземе. Имаме пракрасна сегашност, но и оние убави мигови од минатото не се забораваат лесно..
Жени...многу сакаме да се навраќаме на минатото, а и машките не се поарни, посебно ако им е прва подолга врска. Затоа јас кога ќе слушнам имаше долга врска раскина ова она, веднаш го губам интересот затоа што нема кој не им се навраќа (барем на моменти и со мислите) на тие стари, би ги рекла навики, не љубови. Сосема нормална работа, но мора да продолжиш да се бориш да не те совлада желбата затоа што дури тогаш постојат шанси да си ја уништиш сегашнава убава врска. Зацртај си во главата дека тоа е минато и ќе видиш, ќе помине време, но ќе бидеш победник на крај. Среќно
враќањето во минатото е нормално зошто таму си сигурна во придобивките и губењата ,во целата рамнотежа, кога во сегашноста ке си изградиш едно катче кое ке ги сочинува сигурните моменти и поуки од својот живот , вракањето во минатото нема да претставува никаква болка (освен во пмс) ,само срека за иднината.се нешто губиме но за повеќе да добиеме.не создавај бивша идила и тоа како ке дозволи другите додека трпнеш да ти ја срушат сегашната,а тоа никако не се дозволува зошто единственото задоволство да бидеш сега и твојата идила е само твоја реалност да ја чуваш.Поздрав
Пред 2 недели раскинав со бившиот. Малку смешно звучи но го засакав за 1 месец...многу брзо ја почнавме врската, по нашето запознавање..и се беше супер, јас на почеток го заебавав малку, и цело време му викав да прекинеме...ми викаше како ме сака...како неможе без мене, по 15 саати бевме заедно и цело врееме не телефон.. Идев кај него секој ден, неговите беа у Дубаи..и преубаво ни беше..среќа што не му дадов...од кога се врати од екскурзија ми беше малку чуден..ама пак ни беше убаво..последниот пат кога му раскинаав..за првпат не се противеше..прифати да раскинеме..и после 2 дена се смиривме и кога искочивме не ме ни бакна..чекаше само да ми каже дека сака да раскинеме и он и дека му е сеедно дали ке ме види..дека сите девојки на почеток на врска ги сака као..и после крај..ми кажа дека само му се свиѓав цело време..е тоа ми е криво..што толку многу го заебавав а сега колку го сакам само..за мал период се сврти за 180 степени...го гледам често..и на крај дознав дека на екскурзија ме изневерил со бивша му..и утредента од коа раскинавме се мувал со друга..се до ден денес се гледаат секој ден..дечкото учи у САБА у скопје а од Куманово е , се расфрла со парите..не знае што праи...никад не сум го гледала материјално и многу го ценев, посебно на крај..али тоа е...ми се идеше да се убијам..незнам више што да праам....
Па ништо не ти преостанува освен да го молиш, не сфаќам само како можел сите да ги сака на почеток а потоа не, место обратно. Има и други машки, ќе си најдеш друг.
И покрај фактов што е КРЕТЕН ти размислуваш за него ? ! Јасно ти кажал тука нема што повеќе да бараш ... Освен ако не сакаш да му дадеш и после да те испрати ве неповрат. Те сакал ? Со помислила ли дека не го мислел тоа , дека ти спуштал месечини од некои причини . И да го имаш еднаш кретен секогаш кретен .
За првпат ми се дешава да се осеќам толку мизерно...Никад не сум му поверувала коа ке ми кажеел дека ме сакаа..све му викав ај бе не ме заебавај..еднаш го расплакав дури...и колку пати го зезав му гасев мобилен он прашува други да ми кажат на фејсбук да го укључам , што све му праев...грев беше..и сите го знаат ко глуп..ми викаат знаеш ли шо си за него..е тоа баш ми е криво..дечкото си има пари и сеа ке се курчи..со никој вака не ми било а колку сум имала бољи од него шо сум ги откачила...:/ незнам више што да праам колку сакам да се откачам и да го забораам..ама пак ке станам-он ке си легнам-он , вчера баш на Црвена Јабука у Куманово дојде и ми вика нешто кај си бе..ми се иде да го испљукам гадот што ме изневери и што вака ми напраи...друга да е нема ни здраво да му каже, ке полудам.. морав да ви пишам и тука незнам више што ке праам сама со себе..
Имав преубај моменти со бившиот кој НИКОГАШ нема да ги заборам..и ден денес се сеќавам на нивв ..се сакавме многуу..ама за жал далечината и љубомората не разделија