1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми призна дека ме изневерувал

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од kayra, 23 јули 2011.

  1. kayra

    kayra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    па вака нова сум на форумов и имам еден проблем па би сакала да слушнам и ваше мислење што да направам зашто самата немозам со разум да пресудам. па вака со дечко ми идеме четири ипол години веке. поцетокот ни бесе мн бурен јас не бев заинтересирана за него баш мн мн затоа што знаев дека е покварен и ку*вар ама со тек на време ми се вовлече под кожа и врската ни стана сериозна е сега после толку време ми призна под дејство на алкохол дека првите година две ме варал. јас колку толку го знаев тоа случајно некоја од неговите ороспии ке му се јавеше по тел ама не обрнував мн внимание на тоа тогаш имаше мн лошо друштво целосно потпадна под нивно влијание криеше од мене мн лоши раб демек да не сум го оставела зашто ме сакал за жена бла бла е сега он упорно ми се колне и ми тврди дека сега нема ништо од тоа и ме форсира да правиме веридба демек сите услови ги имаме стан кола... незнам дали да му го простам тоа од минатото на пола пола сум ве молам за мислење искрено мн ми би значело
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.344
    да се прости неверство од минатото или не

    Ако во последниов период не си забележала ништо сомнително, ако бил искрен, внимателен и ако го сакаш навистина мислам да му простиш.И самата викаш дека тој период и ти си била незаинтересирана и дек не било ништо сериозно.
    Што се однесува до веридбата, јас мислам да му кажеш да почекате, зашто сакаш да го видиш неговото днесување во иднина, дека ти треба време целосно да си ја вратиш довербата и дека веридба не е туку-така.Плус си многу млада, гледам 19 години имаш. ;)
     
  3. kayra

    kayra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    да се прости неверство од минатото или не

    фала ти мн за мислењето ми олесни малку ептен во депресија паднав цел ден сега е све ок само искрено некако не му верувам баш колку и да се труди само мн ми е криво затоа што од тој ден значи после 2 или 3 месеци врската ни стана сериозна а затоа што верата ни наложува колку толку (ислам) за да се има нешто повеке мора да е сериозна врската и незнам зошто ама сега некако се каам за тоа што тогаш го засакав и мн му верував а он беше и сеуште е премногу љубоморен и понекогаш се осекам како заробена ама веке неможам назад зашто нашиот народ е мн заостанат посебно во поглед кон девојчињата :(
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.344
    да се прости неверство од минатото или не

    Па токму затоа што ти е таква околината, не брзај со веридба и слично.Остави го да видиш како ќе се однесува и времето само ќе ти каже.Никој нема да те беси ако не ти одговара и го оставиш сигурно ;)
    И ете ти сега прилика да му кажеш работи што ти сметаат-кажи му дека не ја поднесуваш љубомората и ако сака да е со тебе цел живот како што вика, да си ја смени таа особина :)
     
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    да се прости неверство од минатото или не

    Ти си знаела дека те вара првите година две па си била со него, зашто сега би ти сметало? Не мораш мене да ми одговориш сама за себе размисли си.
     
  6. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    да се прости неверство од минатото или не

    Во минатото и ти велиш дека не си била заинтересирана за него и плус си знаела дека е покварен и к***ар мислам дека требало да го очекуваш тоа, но ете ти признал дека било на почетокот и сега има сериозни планови, да обрниш внимание на неговото однесување и потоа да го направиш поголем чекор во врска со веридбата
    поздрав и пиши што направи :*
     
  7. kayra

    kayra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    да се прости неверство од минатото или не

    не знаев дека е толкав период мислев дека тоа е недела две или можеби месец немало љубов и сл ама оваа раб стварно е мн комплицирана и ни на најголем душман не му ја посакувам искрено...али тоа е :(
    loly89 и јас така мислев ама се плашев да не грешам ке видиме каков ке биде па што ке направиме најголем проблем е тоа што е премногу наивен и секогаш другарите го местат але сега веке му дојде памет ваљда...ке видиме :)
     
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.341
    Кајра ,факт е дека доста време сте поминале заедно ,но дали сметаш дека би можела да живееш со тоа до крајот на животот?
    Врската е една работа ,бракот е друга ,врската може да се прекине лесно ,но за бракот не би рекла,тогаш веќе се уништува семејство .
    Јас искрено би ти дала предлог да го оставиш и да си најдеш стабилен дечко ,кој ќе те сака и цени ,само немој да си го упропастуваш животот со некој ваков .
    Без оглед на религијата и сфаќањата.
    Размисли добро ,сепак ситуацијата е доста ранлива ,но и алармантна .Подобро да реагираш сега ,отколку да биде прекасно.

    Ти посакувам многу среќа и што побрзо да најдеш вистински одговор . :*
     
  9. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    kayra јас само ќе ти кажам, да не избрзуваш со веридба! :!:

    Тоа што ти признал е затоа што го мачело, неможел а да не ти каже.
    Ти си била свесна за сето тоа ама ете пак те повредило тоа! Сега можеби не, ама во брак сметам дека ќе имаш последици. :!:
    Постојано ќе мислиш на тоа каде е, што прави, кога тој ќе излезе од дома! А тоа според мене е тежок живот! :^) Затоа не избрзувај со веридба! Кај сте оделе 4ипол години идете уште година, две па да увидиш што понатаму ќе се случува.
    После неговото признание ти си му дала втора шанса (на некој начин!) па затоа почекај да видиш како ќе се покаже понатаму. Не да испадне (Не Дај Боже!) после некое време дека и претходните 2 години те изневерувал, па кога ќе се собере се‘ на се дека тој цело време те изневерувал! :shake:
    Биди со него, олабависе ти-дрќи се маце на дистанца од него, нека напнува тој-ти не се давај :) и чекај да покаже времето, тоа е единствен лек и решение за секој проблем. Ништо неможеш да одлучиш преку ноќ.
    До негде свесна си дека тој е таков, си се помирила со тоа, ама сега сте во врска-не е исто кога еден ден ќе бидеш во брак со него и кога ќе имате деца! Ти посакувам се да помине во најдобра ред, да се средиш себе и да донесеш најправилна одлука! :*
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Не брзај со веридба, млада си. Тој можеби се плаши дека ќе го оставиш па затоа те форсира. А ти не гледам зошто би го оставила. Во периодот кога те изневерувал и ти не си била многу заинтересирана за него и за врската, тоа тогаш не ти пречело. Не знам зошто сега тоа ти пречи.
    Види како ќе се понаша, биди почесто со него, внимавај со кого се дружи Ако пак ти е сомнителен, испитај што е како е и ако увидиш дека те изневерил, најдобро е да го оставиш. Не за џабе рекле кој еднаш те изневери, неверен останува.
     
  11. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Кајра ти си го знаела тоа но кога ти го признал он тоа сепак те повредило, не се сомневам дека го сакаш и дека те сака(оти не може 4 и пол години да се глуми љубов). Но за веридба е друго, рече дека си од друга вера и дека на некој начин тоа ви наложува, но размисли што ако се верите и после ја раскинете веридбата? Верувам ќе има уште повеќе осудувања. А и млада си, продолжете заедно, година, две или колку ќе биде потребно и види што и како се случува. Дајте си време.
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Јас не би му простила. Си знаела уште од почеток што мустра си имаш. Еднаш женскар, секогаш женскар. :) Сигурно не сакаш некој ден со дете да те остави и тој да оди по друга некоја? :)
     
    На c00kie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.296
    Допаѓања:
    6.650
    Пол:
    Женски
    и јас би ти го рекла истото што ти го рекоа и повеќето од феминките, никако не избрзувај со веридбата. те изварал но не еднаш туку тоа траело година две не сваќам како може некој година две да вара некого а потоа истата таа личност да ја сака за жена не ме сваќај погрешно но нели година две е повеќе од доволен период да сватиш дали некој го сакаш и дали ти значи. се зачудев како можел да те изневерува толку долго време. убаво ти кажаа бракот не е само играчка ќе се земеме па ако не ни оди ќе се разведеме. мој совет ти е да не прифаќаш да се верите сега, почекај некој период и види дали можеш да му ја простиш грешката (иако јас искрено не би простила) и ако веќе се согласиш да ја продолжите врската или да стапите во брак тоа значи да го заборавиш ударот што ти го нанел и да почнеш од ново без да му ја споменуваш таа грешка ( размисли дали го можеш ова зошто каков би ви бил односот ако ти постојано му префрлаш за тоа што те изварал). искрено јас би го оставила, иако се 4 год во прашање сепак 2 год тој ги поминал со друга. освен тоа не гледај на тоа што ќе кажат другите, без разлика што правиш секогаш ќе има некој што ќе те озборува, ако му простиш и продолжиш понатаму мислиш дека нема да оговараат глупава е ваква е таква е ја варал му простила па он пак ке ја вара и незз што. не се оптеретувај со тоа што ќе кажат гледај да го најдеш тоа што е најдобро за тебе, сепак се работи за тебе а не за др. почекај некој период види како ќе се одвиваат работите,а ако не успееш да поминеш преку тоа остави го, не е единствениот можеби ќе те зборат ама тоа ќе трае одреден период не вреди да си го уништиш животот поради тоа што ќе мислат другите за твоите постапки. се најдобро
     
  14. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Јас имав тригодишна врска, раскинавме, но не беше официјално, ама злите јазици веќе почнаа да кажуваат дека првите две години од врската тој ме варал со која ќе стигнел! Се се дозна за многу кратко време и кога и како и со кој... Око не ми трепна за да ставам цврст крај на таа врска и веќе не го ни познавам кога ќе го видам! Извини, ама млади сме и не заслужуваме никој да се игра со нас ако ние сме фер!
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Koга веке сме кај зборувањето кој бил фер,во право си,секогаш сум била јас фер во однесувањето,не сум мамела ниту изневерувала,и очекуваме од другата страна исто но го добиваме сосема спротивното,мамење лажење па дури и префрлање на вината.

    Девојко,биди срекна што ти признал дека те изневерувал зошто постојат случаеви кога нема да ти признае и притоа ке те направи луда дека сето тоа е плод на твојата фантазија.
    Никогаш не би простила неверство.Да ме сакал,немало да има место за друга,па макар и во пијанство,тоа воопшто не ми е никаков изговор :^) Секако ако искрено се кае,можеби ке размислам дали да му простам или не.
     
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    578
    Јас не би простила....Не би можела да издржам. Дури и да простам, кога тогаш ќе промрчам за тоа и ќе сакам да ставам крај. Ако ти му простиш, тој ќе мисли со тек на време во брак, дека и тогаш ќе простиш. Зошто нели си простила во врска, а не па во брак. Јас стојам на тоа , дека таков човек тешко се менува.
    Да има машки, кои менувале, шетале, варале..но кога ќе решат да се со некоја се со таа. А на ваквите не треба да им се прости.
     
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.830
    Пол:
    Женски
    Ako go sakas i ako osekas deka toj te saka mislam deka treba da zaboravite na toa sto te izneveril (sepak golema ljubov e vo prasanje ako zboruvas za veridba ) megutoa ako doznaes i ako se somnevas deka uste go pravi toa raskini mu ako te saka toj ke te pobara veruvaj ;) :*
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.946
    Пол:
    Женски
    не би простила и точка
    те изневерувал 2 години? :o остави што е стамно незнам ти како сето тоа си го издржала толку време а и ако ти понудил као демек да се верите девојко ти искрено запрашајсе дали некогаш во овај ти ќе имаш доверба
    најповеќе мразам женкари и незнам некој таков што се сменил |( искрено женкари до крај си остануваат
     
  19. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    јас да сум не би му простила али не знам ти си знаеш сепак немпј да избрзуваш со веридба оти после можи ќе се каеш или пак тој ке си продолжи по старрите навики
     
  20. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    што беше во мојот случај! Секогаш јас бев крива што не верував и што си “умислував“ дека ме изневерувал! А излезе дека сум била во право за се. Нема простување за такво нешто! Ти да седиш мирна, да одбиваш прекрасни дечки за некој што трча по секоја сукња??? Толку многу ги презирам таквите што нема зборови да опишам! Ако се цениш себеси, ќе знаеш што треба да направиш! Немој да се каеш и цел живот покрај него да живееш со сомнеж!