Значи нова тукаа.. хелооу ќе ме дружите можно е да има нешто слично со темава али простете нова сум . Значи ми треба помош од вас као да се смирам со бившиот ми рече да ставам крај на таа тема и него дека му е тешко но несакам знам дека месака. што да ми пишам ве молам кажете како би постапиле на мое место поздравчинаа
што да пишам Боже господе,ти рекол да го оставиш,кој дел не го разбираш?!Па уште со розевки букви и е убедена дека ја сака и ќе го враќа назад. Ама умисленост...остај го на раат,не те сака,да те сакал ќе бил со тебе.
што да пишам БРАВОС!!! ама осудувате веднаш цццц. само побарав помош од вас и знам дека сеуште ме сака пошто јас знам како и што пишуваме сеуштее :/
што да пишам насловот на темата ти е страшен Бог да чува...и јас како Лилипут ке те прашам кој дел од неговите зборови не ти се јасни кога сам ти кажал да го оставиш.....и да имаш тема од типот (љубовни проблеми) итн..немора на секоја мака нова тема...
што да пишам Мислев ќе се дружиме и ќе си помагаме :/ ама нема врска сепак фала на осудите а не на помошта :'(
што да пишам Абе не е осуда,реалност.Праша,ти одговорив.Плус не си кажала колку долга врска,зошто пукнала,кој бил проблемот,од каде знаеш дека уште те сака...колку пари,толку музика.Пиши нешо поише,може ќе ти кажеме нешо друго.Вака ко шо си пишала,дечково не сака да биде со тебе и крај...само за да не те повреди ти направил филм.
што да пишам Идевме 8 месеци. Прво ја му раскинав поради не знам која причина. Бевме скарани само два дена . се смиривме и идевме уште 2 месеци се беше како во рај значи :/ и кога одеднасх он пуф крај и тоа ми рече као те сакам и ќе те сакам ама подобро е за двајцата така не знам од која причина само знам дека сеуште ме сака па како сакате сфатете ме :/
Ако ти рекол да го оставиш - остави го, верувај и за твое добро ќе е. Што мајка ќе бараш со некој кој не сака да биде со тебе, ќе го присилиш? Поарно времето што го трошиш за да го вратиш покрај себе искористи го за да го заборавиш.
Ако те сакал нема да те каже да го оставише Ајде бркај си работа со друг дечко овој очигледно не те сака!
остави го. јас не би се понижувала кога ке ме избрка некој од себе да го молам пак. би имала осеќај дека не е со мене ради љубов, туку од сожалување (да не се сватиме погрешно, не доколку прекинеме и се смириме тука ако ми рече ОСТАВИ МЕ и јас го молам па вика ОК АЈДЕ КЕ БИДЕМЕ ЗАЕДНО.. )
Ништо во животот не е случајно и ништо не се случува без причина. Мора да постои причина зашто те оставил, или ти него, небитно. И не ми е јасно, некој толку да се сака, а да не се заедно Ако сакаш да го вратиш, разговарај со него, а ако одбие, е тука веќе нема љубов! Најпаметно ќе ти биде да си свртиш нова страница во животот и да не му се понижуваш и бламираш.
Бившиот твој гледал многу шпански серии. „Остави ме, те сакам, ама подобро е за двајцата“? Што е подобро? Во војна живеете па мора да иде на фронт, смртно е болен, живее на крајот на светот, брат му е на Каспер, или? Па на 19 години треба да знаеш да забележиш суптилни пораки, иако ова е прилично директно.
Јасно ставил крај од којзнае која причина , позади тоа : Подобро е за двајцата ама те сакам мислам дека се крие друга , појака причина .. Убаво кажаа погоре , ако те сака , подобро за двајцата ќе е да сте заедно , а не да раскинете Си има некој разлог ама не ти го кажува .
чим ти рекол да го оставиш,ОСТАВИ ГО! Ако те сакал ќе бидел со тебе.Тоа што ти го зборел се типични детски муабети.
Нема да те критикувам ниту да те охрабрувам, сметам дека треба да рзговараш со дечкото да го прашаш која е причината за да биде крај на врската помеѓу вас двајцата. Вака само можеш да нагодуваш дека те сака и дека повторно ќе бидеш со него, но по муабетот мислам дека ќе сватиш дека дечкото може има добра причина за крај . Така да развоговарај со него само речените работи во лице се вистински и мислам дека ќе сватиш зошто е крај на вашата врска.
остави го немаш ......остави да легнат работите на свое место....а на крајот од краиштата не ни прв ни последен
Не дозволувај некој да си играе со тебе! Ако некој те пуде и ти вика „остави ме„ „крај е со нас„ не биди глупа да молеш. Остави они да те молат, он да трча по тебе. Ама ако он ти рекол така, тогај- глава горе, и само му речи/ „ок ти губеш јас не„. 8 Месеци не ногу долго време ни пак кратко, ама поарно спречи отколку после да си имаш поголеми нервози. Ако некој те сака НИКОГАШ НЕМА ДА ТИ КАЖЕ ТАКА Тоа е за мене кукавица, наместо да седне и да ти каже што е проблемо и зашо нејке веке да биде со тебе... он само „остави ме„....епа нека го , не му се моли, нека осете (ако те стварно сака) колку е болно без тебе.