Ми се допаѓа братучед му на дечко ми

Дискусија во 'Канта' започната од Emili123, 1 август 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emili123

    Emili123 Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Ве следам долго време и давате стварно супер совети се надевам и мене ќе ми помогнете. Имам дечко од друг град заедно сме речиси година дена. Пред 1 недела додека зборувавме на телефон тој работел нешто и на звучник му беше пуштено ама и братучед му беше таму и ние си зборевме и од време нешто и братучед му ќе кажеше се смеевме и се ок и дечко ми нели во меѓувреме ко го прашав кој е со него ми одговори братучед ми ... (името и презимето) и викам не го знам вика најди го на фб. И јас навистина пишав на фб го видов доста симпатичен човек. По 2 дена дојде тој во мојот град со некои неговите другари/братучеди и таму беше и тој братучед ми ама повозрасен околу 30 години и женет бил и имал 2 деца. И со дечко ми седевме што седевме во еден парк и јас требаше да си одам и дечко ми ме испрати до една фонтана и му ѕвона тие неговите да дошле и ми рече остани уште 5 минути дури да дојдат моите и коа дојдоа таму беше и тој братучед му и само Здраво си кажавме и толку. Од тој ден има 1 недела постојано мислам на братучед му некако многу ме привлече мислам дека се заљубувам. Дечко ми ми е некако одбивен дури пред некоја вечер додека збориме со дечко ми на тел го прашав кај е братучед ти и тој ми вика шо ти е гајле за него кај жена му си е. Многу ми се допаѓа и многу ми е тешко. Сакам да му раскинам на дечко ми но незнам како понатаму. Повеќе неможам. Сакам барем еднаш да се смувам со братучед му.
     
  2. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    189
    Тоа не е љубов драга, симпатија ете тоа ти е. Ни се случило на сите, со него шансите ти се 0% и затоа немој заради едни обични глупави сништа да си ја расипеш врската. Поздрав
     
    На Lovely93, okcenzi и Arthur им се допаѓа ова.
  3. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    2.513
    Пол:
    Женски
    ама тој е женет не е убаво да им квариш хармонија во семејството мислам дека не е убаво така+ имаш дечко и да се караш за едно мување за со женет човек мислам дека не вреди инаку колку год си ти ?
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.518
    Девојче дали ти си го видела Бред Пит или Роналдо? Јас секој ден се заљубувам во нив. Може Анѓелина Џоли да дојде да ме претепа ако им се замешам во бракот.
    Дете, пред некое време и објаснував на друга феминка што е љубов а што фантазија или заљубеност. Ти не си заљубена. Ти не се заљубуваш. Ти само си фантазираш. Нормално е да ти се допадне некој толку постар, затоа што тој знае како да третира девојка, знае како да се испонаша, знае да биде постабилен итн. Но еден ден и твојот дечко сето тоа ке го усоврши, затоа не си фантазирај за други, туку за твојот дечко.
    Реално ти немаш никакви шанси кај него. Прво затоа што тој е братучед на твојот дечко. Второ затоа што тој е оженет. Трето ( лошото) ако примети твојот дечко, ке те шутне. Четврто ( најлошото) тој може само да те искористи, но никогаш нема да биде твој. Петто ( ужасното) ке си ја чукаш главата еден ден.

    Љубов е кога со некој делиш се: духовно, психички, физички итн ( ако не сфакаш пиши ке ти пообјаснам)
    Заљубеност е пред љубовта односно период кога ти и тој се спојувате и доживувате работи кои подеднакво ви се убави на двајцата.
    Симпатија е некој кој ти се допаѓа на изглед и кој на некој начин може да те привлече.
    Фантазија ( како во твојов случај) е широк поим и една девојка на твои години секој ден може да си фантазира за различен. Фантазијата исто така може да биде могу опасна и да доведе до опсесија.
    Опсесија може да премине во манијачење, а може да биде за различни работи или за човечки суштества.
    Манијачењето води до криминал.
    Криминалот води до затвор.
    Затворот води до ...... живот.

    И сега да се вратиме кај тебе. Значи ти го виде дечкото и уште на слика ти се допадна (полусимпатија) и тој го деносе твојот дечко кај тебе и ти го виде во живо. Си направивте два три реда ( реченици) муабет и ти стана симпатија. И после си дојде дома и си почна да фантазираш за вас. И тука се треба да престане. ЗНачи мораш да сфатиш дека тој ти е ЗАБРАНЕТ. Тој не е за тебе. Тој никогаш нема да биде твој. И мораш да сфатиш дека твојот дечко се потрудил да дојде во твојот град за да биде со тебе, а тоа значи дека тој те сака. И ти го сакаш. И многу ви е убаво заедно. Тоа да си го ставиш во главчето твое и се ке биде добро.
     
    На Someonespecial, tessie, nena2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Катастрофа.
    :devil:
    Дај прибери се малце,какво мување со женет човек,зарем до таму си стигнала?
     
  6. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.429
    Пол:
    Женски
    Емили имаш само 17 години и дечко една година. Прво одвај те сватив што сакаш да ни кажеш, многу неразбирливо. Друго сите ние може во одреден период сме шмекнале некој од фамилјата на тогашен дечко или сопруг, но немој ни да помислуваш да раскинеш со дечкото заради како што кажуваш едно мување. Бидејки тој негов братучет сигурно нема да го сака тоа, а ти секако ке си останеш сама на крај.
     
  7. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    941
    Стависе на местото од дечкоти...пр. на дечкоти да му се допадни твоја братучеда (мажена и со деца) ...па размисли тебе како ќе ти биди :^)
     
  8. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    уште еден трол кој нема што да прави и незнае како да си го исполни слободното време

    извинете офф топик
     
    На Lovely93, cresa-jagoda, Saricko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Тоа не е заљубување туку физичка привлечност,до заљубување има уште,прибери се со време,после да не останеш и без дечко и без "заљубеникот твој".
     
  10. Emili123

    Emili123 Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Можно ли е дечко ми да приметил нешто? Оовј братучед му го немам за пријател ама лајкови може да се ставаат на неговите слики и денес ставив на една и изгледа на почетна му излегло тоа и ми го копирал тоа На Емилија ... и се допаѓа фотографијата на ... и ми пратил вакво ;) што намигнува офф како да постапам можно ли е да забележел?
     
  11. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Па како што викаш,ако си го прашувала за него,сигурно си помислил нешто и не му било сеедно.Девојче сочувај си ја врската доколку се сакате,немој поради невозможни работи после да си ја чукаш главата.
     
  12. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.978
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како само за една недела си развила толкава заљубеност, дури и ти текнало да раскинеш со дечко ти :rofl: Како чуда се случуваат за толку кратко време, ех... До вчера дечко ти арен ти беше, а од пред една недела не ти чини. Хелоуууууууууу :D :D
    Мислам дека не треба да се поигруваш со никого. Ако ти е до зезање, најди нов начин и лек против досада. Ова твоево не ми изгледа сериозно. Извини, таков впечаток добив. :)
     
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Женски
    Како тоа да се смуваш со женет човек, многу постар од тебе? Ај остај тоа ама па и братучед на дечко ти?
    Еве се смуваш и што???
    Не дека сега ти изигруваме светици на форумов ама смешно е ова. А ако не сакаш да ја продолжиш врската тоа е друга работа, ама немој да останеш во врска само ради реда или да не ја "чукаш" главата после.
    Прво размисли дали го сакаш дечко ти, за некој што некого сака не ми е баш нормално ова твоево.

    И чекај малку зарем ти навистина мислиш дека женет зрел 30 годишен човек би се смувал со 17 годишна, бивша на братучед му, притоа да ризикува да си го растури семејство ? Ако одговорот ти е да, размисли дали ти треба таков човек до тебе :)
     
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.888
    Раскини му на дечко ти.
     
    На tessie и natemila им се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    7.602
    Пол:
    Женски
    Имам доста за дискутирање на оваа тема ама ќе се потрудам да бидам колку што е можно пократка. Ако не си сигурна во љубовта кон дечко ти раксини му сепак имаш 17 години неможе на овие години некого да сакаш вечно. Најголем проблем во целата ситуација е тоа што човекот бил женет. Башка ако не се лажам прочитав дека имал и деца. Добро бе па ти мислеш ли дека и да се обидеш да привлечеш внимание со нешто зарем мислеш дека он ќе ја оставе жена му и децата и ќе долета кај тебе? Сигурно дека НЕ. Меѓу вас може да се случи нешто не викам не, но нека ти бдие јасно дека само ќе те искористи и шутне. А после се ти си бивша на братучед му. Така да машко е може да те искористи и фрли и мислиш ти дека со 30 годишен маж ќе останете само на мување? Не ме смеј жити мене. И што ако дознае жена му? Најголем грев е да уништиш нечие семејство. Затоа дете собери си го умот во глава и не фантазирај за глупости за кои ако ги направиш после ќе се каеш, чукни ја таа глава малку.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    16.846
    Пол:
    Женски
    Со овие три реченици ти кажуваш буквално се.

    Ако пасе трева и истовремено пие нафта - може не приметил :^)

    Мене ми мириса дека и двајцата ќе те искористат и заебат (бидејќи веќе приметиле колку си наивна и лесна, извини, ама навистина си таква после се што изнапиша)

    Наравоучение-ти не си заљубена во братучедот на дечко ти, туку сакаш само барем еднаш да го смуваш, самата си кажа.

    После ќе те читаме во тема љубовни совети како да го вратиш, или евентуално може ќе отвориш некоја нова тема, еднакво бесмислена како оваа, на пример-го смував братучед му, знам погрешив, но сега како да го вратам дечко ми, како да ми прости, хелп ми плиииз итно ми е, ќе се самоубијам ако не ми се врати, тој е љубовта на мојот живот :lol:

    А може ќе го видиш и чичко му на слика, па и тој ќе ти се допадне, па кој ќе чита после за траголни љубовни проблеми. Јас мислам дека дечково треба да ти забрани пристап до фб-профилите на цела негова фамилија, може ќе ти се засвиѓа и некоја негова братучедка утре.
     
    На Lovely93, cresa-jagoda, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.429
    Пол:
    Женски
    хахаха сирот тој подобро со никого нека не ја запознава :lol: :lol:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emili123

    Emili123 Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Не се шегувајте туку сериозно ве прашувам за мислење? братучед му навистина ми се допаѓа непрестано мислам на него. А после ова со лајкот ако дечко ми примети уште нешто готова сум. Мислите дека имам шанса кај братучед му? И како може да сака да ме искористи женет човек?
     
  19. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Па уште и прашуваш како..Па кој 30годишен има потреба само од мување,него поминати му се тие години за гледање на црно , бакнување вамо тамо,ќе си сака и нешто повеќе,мислам дека разбра.А ти реши се што сакаш, сакаш да продолжиш со дечко ти или сакаш да си фантазираш за невозможни работи.?
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emili123

    Emili123 Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Јас почнувам да сфаќам дека го сакам братучед му и нормално сакам да биде со него. Мислите дека имам шанси?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.