1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Имам пријатели таа Македонка, тој од татко Албанец и мајка Србинка. Имаат керки со интернационални имиња, функционираат супер, ги слават сите празници, прават и баклава и фарбаат јајца, и никому тоа не му пречи. Нивниот дом е секогаш полн со луѓе, таму ми е најпријатно кога сум на гости.
    На почетокот немаа коментари од родителите, нешто како размислете дали ке функционира.
    Размислија и еве - не згрешија.
     
    На LadyyGaga му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Opasnica

    Opasnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1

    Прво фала на сите кои ме поддржаа и оние кои ме неѓираа
    а за кика да и одговрам :
    душо јас не мислев одма на толку многу сериозна врска.....па и да дојде до тоа
    ако љубовта не завлада и двата што има од тоа имињата или слично ...
    секако дека ке ги прифатам вашите празници и христинајската вера....море сее шо треба :lol:
    ахахах е така срцке....инаку ваков е случајот значи дедо е албанец по таткому а по мајкаму македонец
    а баба ми е т.е.женаму на дедо ми е ромка (муслиманка) и мама е ромка
    толку ми е тешко да сватам што всушност сум :?:
    ии помогнете ми што да правам со детевоо ....?
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    едни од ретките ама секоја чест...не сум против овие бракови и јас знам кој имаат успеано но знам и кој биле на прагот да дојдат до тоа и на крај се отажале а пред тоа ја истрпиле цела тортура жалосно ако љубовта е силна против све и сите нека се оди...
     
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Размисли си дали ќе дозволиш оваа занесеност твоја да ти ги разниша стабилноста и среќата...

    Со твојот живот што ќе правиш те засега само тебе,но сепак некои работи имаат висока цена,така да самата преслушај се дали си спремна да ја платиш!!
     
  5. Opasnica

    Opasnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1

    душички јас не мислев на сериозна врска...мислев само да ни одат заедно добро школските денови ...тој е трета јас сум втора год....и онака двајца се шмекаме ама он има девојка.....:С
    но од чиста очигледност не им оди добро....4 пати видоф како се караат
     
  6. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    добро бе тој ако е турЧин не Човек ли?нема крв?или сто ке имас проблеми со него или незнам сто па сто ако е од др.националност или религија да се омазис со некој од твоја националност мислис нема да имас проблеми ке биде се сјајно.и ако некој некого сака спремен е на се и да го прифати таков/а каков/а сто е
     
    На DirtyQueen и LadyyGaga им се допаѓа ова.
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    Искрено не оправдувам ваква врска..
    не сум националист и немам ништо против тие луѓе , но сепак за врска не !
    зарем мислите ке опстаневме толку векови како народ ако се мешавме со другите? дали имате учено историја и прочитано некоја книга од турското ропство.. ТОГАШ МАКЕДОНКИТЕ ПОСЕГНУВАЛЕ ПО СВОЈОТ ЖИВОТ САМО ЗА ДА НЕ СЕ ОМАЖАТ СО НЕКОЈ ТУРЧИН, АЛБАНЕЦ.., да не го изгубат својот идентитет..
    дали размислувате дека ако таа врска прерасне во брак треба да ја смениш својата религија, на своите деца да им правиш сунет, а не крштевка, дека името на детето ке треба да биде АЗЕМ наместо АЦЕ..
     
    На Ella.313 и amberr им се допаѓа ова.
  8. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Велесанке сунетот е чиста работа кај муслиманите (не сакам да се мешам во другите религии, го почитувам нивното) а пак за име можеш да ставиш било какво име не е битно дали валентин или оливер или агим, зошто ти претставува проблем толку кога еве читаме дека нивната лубов е во прашање, просто си се сакаат луѓето бре, не се ни први, ни последни!
     
  9. Opasnica

    Opasnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1

    Ti go postovam ova !
     
  10. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Јас имам еден свеж пример,па ја видов темата и да искоментирам..Значи вие сите верувате многу во љубов па по секоја цена и мислите нема проблем религијата,нема проблем името турско или македонско и ништо нема проблем,се‘ е ствар на договор...Ама па и не е баш така.Може младите ќе се договорат,ама родителите не сум баш сигурна..Посебно момчето ако е муслиман,кај нив е како ќе каже фамилијата и тоа знам дека е така..Вчера моја комшивка се вери со муслиман.Идеа многу години и очигледно беше љубов во прашање..Дечкото потекнува од современо муслиманско семејство,кое целиот свој живот го има поминато во соживот со христијани,ама за снаа не сакаа христијанка па колку и да се современи..И така девојчето си ја прифати неговата религија,за да после толку години се земат..Значи сепак има правила и не е кој како сака.Исто така муслиманите стојат цврсто на тоа да децата се воспитуваат како муслимани и тоа го знам сигурно дека е така,а од друга страна па се многу против нивни девојки да стапуваат во врска или брак со христијанин..Така да има многу причини од кои ваква заедница може да наиде на проблеми,посебно во средина како нашата..Не сакате да знаете колку народ се насобра да гледа,кога излегоа на улицата да играат,затоа што се случуваше ''чудото на векот''-христијанка се мажи со муслиман.Ова е уште табу кај нас,сакале ние или нејќеле!
     
    На amberr му/ѝ се допаѓа ова.
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426

    не е работата за името.. што мислиш нејзините родители ке прифатат зет некој различен од нашата вера?? НЕ !! а неговите ке ја прифатат неа? ПАК НЕ!!
    ке смее да отиде во црква? да ја има библијата дома? да се моли на Мајка Богородица и на Исус??да ги празнува нашите празници? НЕ! ке биде муслиманка и ке оди во џамија, а ако родителите на машкото се позаостанати ке ја натераат и шамија да носи..
    мислиш нејзините родители ке можат да го поднесат сето тоа? да нема веке заедничи ручек, вечера со својата керка и нејзиното семејство за бадник, божик, велигден...
     
    На red и mila-vanila им се допаѓа ова.
  12. Opasnica

    Opasnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1


    Душички што е со вас ....? ова ќе биде...(ако воопшто биде) авантурааа !!!
    никој не спомна бракк или сличноо избегавтее од тематааа !!
     
  13. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Многу пати имам размислувано на оваа тема, а и разговарано со моите.
    Проблемот е што иако овие врски може да бидат комплицирани, можат да опстојат, ако има разбирање и почитување од двете страни, но не во Македонија.
    Лугето се премногу опседнати со туѓите животи и стално си го пикаат носот каде што не треба.
    Така сме воспитани, лично и јас. Уште од мала , моите ми зборувале дека врска со некој којшто е од друга религија е тешка и да се обидам да останам настрана од тоа за да не си го комплицирам животот.
    Но, понекогаш се случуваат работи коишто не можеш да ги контролираш, не можеш да одбираш кого ке запознаеш во животот, а уште помалце во кој ке се заљубиш.
    Така да, во нашава Македонија , треба да помине многу време за ваквите врски да бидат прифатени како нормални од страна на општеството и да фукнционираат нормално.

    А би ве прашала , сте размислиле за врска со друга раса?
    Некој имал искуство можеби?
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    душо нема врска со тебе уживај девојките општо коментираат после врска секој сонува за брак добро е што се дискутира има поделени мислења се разбира... :$
     
  15. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Aко двајца се сакаат,не треба да им сметаат религиите.Jас си ја сакам својата религија,но ја поштувам било која религија.Kај нас менталитетот ни е таков,ама секој си има свој став.Nа пример...Kумата е мажена за англичанец,природно католик,а она православна.Aма си живеат нормално и си се сакаат,а што ќе речат другите баш не им е гајле :D A во Aнглија луѓето не се како кај нас,со предрасуди :) Aма добро тој е католик,ама ако е муслиман...Kај нас ке те зборат и предрасуди,колку сакаш...LELEEEE Jас се дружам со различни луѓе,вери,сум запознала црнкиња и црнец,австриец,италианец...Sакам добри луѓе :D
     
  16. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    (не е работата за името.. што мислиш нејзините родители ке прифатат зет некој различен од нашата вера?? НЕ !! а неговите ке ја прифатат неа? ПАК НЕ!!
    ке смее да отиде во црква? да ја има библијата дома? да се моли на Мајка Богородица и на Исус??да ги празнува нашите празници? НЕ! ке биде муслиманка и ке оди во џамија, а ако родителите на машкото се позаостанати ке ја натераат и шамија да носи..
    мислиш нејзините родители ке можат да го поднесат сето тоа? да нема веке заедничи ручек, вечера со својата керка и нејзиното семејство за бадник, божик, велигден...[/quote]


    Многу грешиш Велешанке со овие зборови, не ти личи на навредиш друга религија, дали црква или џамија, дали Куран или Библија, што има грешка ако биде пак и муслиманка кога е во прашање лубовта, не ги сфаќам тие луѓе што иммат вакви мислења како твоите, како не ти е срам да зборуваш за заостанати родители или за шамија, жените што носат шамии не се заостанати, напротив многу образовани ги има и попаметни од некои други, шамијата кај муслиманите е чест, дури и соремената жена муслиманка треба да носи шамија, оти тоа го определува религијата.

    Да не излегуваме многу од тема, но сакам да кажам дека тука лубовта е во прашање, не беше муабетот за брак или нешто посериозно, едноставно тој партнер повеќе и се допаѓа на девојката и можеби поубаво ги исполнува нејзините соништа

    чао
     
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    многу погрешно си го сфатила мојот коментар.. не навредувам ниту една религија, само се прашувам дали она ке може сето тоа да го прави?? дали може да се откаже од својата религија, празнувањето на нашите празници, нашите обичаи.. итн итн..
    далеку од тоа дека навредувам, имам пријатели и познаници муслимани кои ги почитувам, кои се паметни луѓе, но сепак сум строго против љубовна врска со нив (мешање на 2 религии)
     
  18. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    40
    Јас за мене можам да кажам дека не би можела да бидам со некој од друга религија иако ги почитувам сите, но не се знае што ми носи утре затоа не можам да тврдам.. Прочитав тука коментари дека нема да може Велигден да слави, наши празници.. Има веројатност да. Но јас позанавам еден пар жената е Православен Христијанин мажот е Муслиман па си функционираат совршено.. Велигден, Бајрам се си слават. Така да кога на некој ќе му се случи вистинска љубов не е важно какви сме, која религија кога под кожата сме сите исти и сите ќе завршиме на исто место.
     
    На LadyyGaga му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cornelia

    cornelia Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    hehehehe se iznacudiv ****** dali vie na denesno vreme veruvate vo prava ljubov???? Nema**
     
    На amberr му/ѝ се допаѓа ова.
  20. seni.seviyorum

    seni.seviyorum Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    19
    Но кога човек ке се најде во таква ситуација не го користи паметот туку срцето, јас имам почнато врска со турчин и се додека не и дојде крајот јас не го употребив умот го следев срцето
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.