1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Многу пати имам зборено на оваа тема и знам дека повеќето нема да се согласат со мене но ете ке пробам да дадам мое мислење.
    Јас сум од мешан брак и никогаш не сум ги гледала разликите, етничките и националните. Но сето тоа зависи во средината каде што сме израснати. кај нас се зголемува бројот на парови од различни вери, со оглед на тоа што живееме во мултиетничко општество. Ваквата појава во светот е нормална и речиси прифатена..Јас искрено не правам разлики и никогаш не потпаѓам под злобни коментари или прерасуди.
    Колку и да сакаме, не сме во состојба да го контролираме центарот одговорен за привлекување на спротивниот пол. Да, можеме свесно да си забраниме дека нема да имаме ништо со човекот, но во никој случај не можеме да ги запреме чувствата...
    Кога влегуваме во врска, без разлика дали со македонец или албанец или турчин итн. бараме некој со заеднички поглед на светот, заеднички верувања, слична визија за иднината. Некој со кого ќе можете да се споиме како на емоционално така и на физичко ниво. А кога зборуваме за заеднички верувања, не мислиме на ист бог, туку на моралните вредности..
    Ако најдам некој таков, ништо нема да ми застане на пат...
     
    На eloves, lolita97, portokalcemace и 3 други им се допаѓа ова.
  2. nenus16

    nenus16 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Дали е во ред да се има дечко од кој не од наша вера?

    значи ми се бендисва дете кое не е од наша вера ,муслиман е,имам неколку пати излезено со него ,се имаме смувано и гледам дека почнува шо поќе да ми се бендисва;/
    од една стр би сакала да бидам со него многу е добар има карактер и сл а од друга тоа е невозможно. :worried: и плус е една година помал од мене .незнам шо да прам ;( дали да заборавам на се ...
     
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    Мене ми се допаѓа девојка која е од друга релегија (ако може да се каже дека имам некаква религија па јас...) и единствената кочница иде од неа. Ако мислиш дека и двајцата можете да прескокнете преку таа чисто психолошка пречка, која во реалноста нема ништо видливо, тогаш обидете се.
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ако љубовта е силна, вреди да се обидеш. Но секако треба да бидеш подготвена и на различни реакции од околината. Јас лично немам ништо против ваквите врски, но не би се согласила на нешто такво. Причината е тоа што може многу да си го искомплицираш животот.
     
  5. nenus16

    nenus16 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    подобро е да се спречи -отколку да се лечи,сепак лјубовта е еден вид на навика ,опсесија да треба да помини време и се кје се заборај , има наши деца со кои можам да бидам во врска .подобро сега да се свестам отколку да патам потоа.
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не мора да значи дека ќе патиш, но големи се шансите. Кога ќе се сетиш на него, кога ќе ти стане тешко, едноставно помисли на тоа дека си се поштедила од многу непотребни страдања. Ќе заборавиш ако сакаш. :)
     
  7. nenus16

    nenus16 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Да ,се се можи ко кје се сака.:D
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Ги листам темиве и приметувам дека на крај се сведува на врската муслиманска-христијанска вероисповед.

    Не сфаќам како може да ве кочи еден општо прифатен инструмент за манипулација на големите маси, т.н. религија?
    Се додека партнерот не е некој религиски фанатик не гледам причина да не се препуштите на врската.

    Многу често националноста игра поголема улога од религијата, само сите затвораме очи пред тоа.
     
    На eloves, lolita97, Dgirlll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама мене ми е многу битно дали ќе одам во црква или во џамија, дали ќе носам шамија или не, дали детето ќе ми има христијанско или муслиманско име, дали ќе биде крстено или сунетисано, дали заедно со мм ќе правиме свадба или посебно, дали ќе празнувам Велигден или Бајрам, дали ќе се молам со Оче наш или ќе му се поклонувам на Алах итн.итн. (ова се религиски моменти, а не националистички, а ич не сум религиски фанатик, туку само обичен верник кој си ја сака и почитува религијата и традицијата).
    Едноставно христијанството е дел од мене, со него растев, бев и сум воспитувана во духот на христијанството и така воспитувам и не сметам дека некој ме изманипулирал.

    И според мене љубовта има и познава граници. Тоа сум јас и така мислам и размислувам, не сакам да навлегувам во конфликти, веќе си се имам изјаснето на темава, ама не секогаш спротивностите се привлекуваат и некои разлики не можат туку така да се проголтаат и да се прогледаат низ прсти.
     
    На LoveIsAllAround му/ѝ се допаѓа ова.
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Мој совет, не се впуштајте во таква врска, сите ние ги знаеме размислувањата, гледиштата и ставовите во врска со ова. Одма ќе бидеме негативно сфатени од нашата околина, а што е најважно и од нашите најблиски. Според мене ретки се оние врски кои успеале. Се работи за две различни култури, религија, обичаи, воспитувања...
    Но сите размислуваме различно, различно гледаме на работите...така да според мене ништо не е невозможно.
     
  11. Ma12la

    Ma12la Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Epa vaka...Idam veke 3 godini so momce so razlicna religa od mojata t.e musliman...Zuveam vo mal kade sto sekoj znae za sekogo,i mi e stav da prodolzam so nego... a mnogu se sakame,mislam 3 godini ne e ni malce i nemozam da si go zamislam zivotot bez nego... Mi e staf koga moite doma ke doznaat misla tia doznaa samo deka mu se pustal i nemozam da vi kazam kakva bese situacijata doma,zasega e se vo red no postojano me prasuvaat dali sum fatila decko i zosto ne. Ne mozam da se zamislam so dr a da ne bide toj..Sto da pravam...? :worried:
     
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Токму болдираното си го сфатила погрешно.
    Јас сум дете од мешан брак, и двете со сестра ми имаме интернационални имиња, христијанска сум по мој избор, иако не се сметам за некаков верник. Имам сосема нормален живот.
    И се чувствувам попривилегирана што сум запознаена со две сосем различни култури и религии.

    Доколку се одлучува една единка за врска или еден ден брак со друга единка значи постои компромис, разбирање и почит помеѓу нив.
    А тоа значи дека никој нема да влече на својата страна, ставање на христијански или муслимански или еврејски имиња на децата, влечење строго по џамии или цркви.
    Можат децата да се воспитуваат да почитуваат

    Да љубовта познава граници, но за мене религијата не е една од нив.
    Разликата од 20години, насилството, понижувањето, се и те какви граници.
     
    На TheDevilAngel, eloves, lolita97 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Апсолутно се согласувам со ставот на Ноеми.Додека постои љубов зошто да не опстои ваква врска???Факт е дека во нашето општество ваквите врски тешко се прифаќаат,но дали вреди поради заостанатоста на општеството да се изгуби вистинската љубов??Доколку постои љубов,почитување,разбирање и доверба сметам дека и ваквата љубов ке успее.А каде има љубов таму постои и компромис така да како ќе се викаат децата е еден од помалите проблеми :)
     
  14. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам да се има било каква врска со припадници од други религии.. Малку ли има наши?? Навистина не можам да сфатам.. :^) :^)

    Девојки, и мување да е само, таа девојка што ќе прифати таква игра ќе остане запаметена како некоја тешка ороспија со извинување...

    Зарем нема да осеќате одредена доза срам од вашите родители, од вашите пријатели, родинини??

    Знам пример муслиманка( босанка) мажена за македонец.. Децата имаат македонски имиња... Ќерката се омажи со албанец.. Нејзините беа скршени од болка... Имаше и други причини меѓутоа и тоа доволно ги повредило...

    Доколку ви се свиѓа некој, обидете се да заборавите... Немојте да правите нешто за што подоцна цел живот ќе жалите... Може ќе речете аа јас зна пример, останале заедно, ама луѓе тоа е реткост и има многу мали шанси да ви се случи на вам...

    Против сум за вакви врски и никогаш не би се согласила на вакво нешто...
     
    На LoveIsAllAround му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ако има љубов, секогаш има решение. Ете го пак нашиот балкански, ограничен менталитет..и никој нема право никому да суди. Не ми е јасно само зошто сте полни со омраза и навреди..
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    WomanInRed мислам дека твојот пост се однесуваше на мене.. Ако не, занемари го овој мој пост..

    Нашето општество е такво, ретко кој прифаќа нешто ново па така и ова.. Кај младите, ваквата врска е поприфатена меѓутоа ретко кој малку постар човек ќе прифати нешто вакво...

    Кажав и погоре, доколку се работи за вистинска љубов да, и јас со мојот ограничен балкански менталитет и полна со омраза |( ќе прифатам таков брак...
    Сите тежнееме да најдеме сродна душа и доколку тој е муслиман ок, љубов е во прашање.. Но, такви случаеви се ретки...


    п.с никого не судив ниту пак навредив... Доколку сепак, ти се најде навредена ти се извинувам, немам намера да се расправам тука и да делам правда само искажувам мислење.. Поздрав
     
  17. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364

    Седни и поразговарај со твоите . Објасни им ја ситуацијата и кажи им што ти сакаш. Родителите секогаш имаат разбирање за своите деца без разлика каков е проблемот. Доколку добиеш одобрение од твоите , продолжи ја врската и види до каде ке те води па самата ке процениш колку си спремна да останиш со тоа момче и колку е силна вашата љубов.

    Со среќа.
     
  18. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Хмм, па не би рекла дека родителите секогаш имаат разбирање за своите деца. Овде се работи за нешто подлабоко од разбирање.
    Јас мислам дека девојчево треба да остане со дечково, да, нека види времето ке покаже дали вреди да се бори оваа љубов. За жал мислам дека според тоа што го напишала дека нејзините родители никогаш нема да го прифатат тоа, и мислам дека ако и двајцата останат во Македонија секогаш ќе бидете осудувани (посебно во мал град).
    Ако мислиш дека стварно ама стварно сакаш да останеш со него засекогаш мораш да бидеш спремна на сите различности од неговата религија, тоес моралните вредности кои ги налага неговата религија.
    Но понекогаш забранетото овошје е послатко, можеби дури и кога ке се тргнат сите препреки и кога никој не би ви забранувал ништо, ќе исчезне сета таа магија на забранета љубов...којзнае...
     
  19. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Е сега така јас имам пријател муслиман и тој одеше со наша девојка и тоа мош две три години,нејзините немаа никаков проблем демек и неговите немаа никаков проблем,но се се одвиваше скришно и тајно раскинаа за да не речам глупости,одма неговите му најдоа девојка муслиманка и скоро за еден месец го оженија,не сакам да бидам песимист зошто јас најмногу верував во нивната врска беа многу сложен пар,така најдобро е ти сама да си ги преиспиташ работите со неговите зошто мош нема да имаш проблем со нив ,но тука се многу зивкатори роднини ,пријатели и така натаму,зошто имам и пријателка муслиманка и таа кога се ожени за наш ја откажаа од дома посебно таттко и не сакаше да ја види,има две дечиња а он не ги смета за внучиња,мајка како мајка скришно оди ги причувава ги гледа
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ќе се самоцитирам т.е. копирам
    Љубовта има и познава граници, НО за мене и религијата Е една од нив.
    Тоа сум јас и така мислам и размислувам, не сакам да навлегувам во конфликти, да се дообјаснувам, реплицирам, цитирам, убедувам, уверувам итн. итн. веќе си се имам изјаснето на темава.
    Поздрав и тука завршува секое мое обраќање на темава.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.