1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се свиѓа девојка што работи на..

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од momcemalo, 5 јули 2011.

  1. momcemalo

    momcemalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Океј прв пост па сакав да побарам совет од вас Феминки (како женска перспектива)...

    Има една девојка што ми се свиѓа доста, а работата е дека мислам дека и јас нејзе и се свиѓам...и се ова ќе беше супер освен ако...она не работеше на шалтер на банка :rofl: Кога одам таму (сум приметил не го прави ова со други) ме прашува онака прашања од типот како си што правиш и ја онака одговарам океј добро ти како си али тоа е тоа отприлика.

    Сега клучното прашање е...Што мислите дека е најдобро да направам за да дознаам како прво..дали уопште ме свиѓа пошто ако е ова само обична (психолошка) илузија од моја страна тогаш нема потреба да правам ништо нема поента ако едниот не го свиѓа другиот а не е обратно и како второ...во случај да ме свиѓа како да и дадам на знаење дека и јас ја свиѓам и добога сакам да излезам на кафе со нејзе.

    Позз

    Едит: НЕМАМ 39 години, туку сум од 19-22 да речеме.
     
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Момче мало :D сметам дека ти како машко треба да го направиш првиот чекор. Оди во банка за некој банални работи, смешкај се и ти :D прашај ја прв како е, што прави :D до колку е на работи и обидисе да го дознаеш нејзиното име...ако имаш фејсбук аднија па пишии и сл... Поинаку незнам како би можел да дознаеш дали и таа те свиѓа! :o
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Море арно мал токмак си,39 години.
    Не туку се нечкај,пушти и ливче со број со се налозите или шо и да праиш таму и намигни и или хукни и на стаклото од шалтерот и напиши и го со едно срценце под него.
     
    На mims-89, SunFlower94, OrdinaryGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Љубов преку шалтер слатко.......
    Со сигурност неможе никој да ти каже ,сепак ако мислиш дека и ти нејзе и се допаѓаш направи го првиот чекор,за да се поштедиш од јавно одбивање во случај да каже не,(а и сигурно нема и нејзе да и биде пријатно да ја прашуваш преку шалтер од колешките) но можеш следниот пат кога ке идеш во банка да и дадеш ливче на кое пишува сакаш ли да идеме на кафе да или не ?Ако не биде ништо барем ке ја насмееш :)
     
  5. momcemalo

    momcemalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    39 жими (не пишувам такви работи онлајн)...помал сум од нејзе (да речеме од 18 до 22).
    Претпоставувам дека ќе направам нешто такво, у смисла..еј ако има некој проблем контактирај ме еве можеш слободно тука (на ливчето ќе го пишува FB профилот lol)
     
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Сериозен си???
    Имаш 39 години и се замараш со вакви работи?
    Епа еве ти совет, не седи и не чекај други да ти кажуваат што да правиш. Уште утре спреми се да отидеш у банка, и отвори муабет за прости работи. Се понатака иде спонтано
     
  7. momcemalo

    momcemalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Уште еднаш тоа што го кажав горе: помал сум од нејзе (да речеме од 18 до 22). Али фала на мислењево, добра перспектива, ако се замислам како да сум 39 годишен некако добивам поинаква перспектива на целава ситуација хм..
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    А ти мислиш ние тука сите сме теткици и ќе ти се смееме,па се пиша 39?!
    Дај пиши си ги правите години,не биди ко девојче,плус понејезиво делува да 20 годишен дечко бара ваков совет.
    И фб профил?!Молам?!Не дечко,бројче,бројче!
     
    На easyyyyy и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. momcemalo

    momcemalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Не туку откако ја слушнав тетка ми како ме прашува дали читам фемина (а тетка ми е ЛАИК И САМО ШТО СТАВИ ИНТЕРНЕТ!!!) добив некоја перспектива дека најмалце 50% од жениве во државава читаат фемина па сакам што повеќе анонимост хаха.

    Иначе да, вистинските години, само што го сменив профилот така што слободно можеш да видиш.

    Зошто број а не FB профил иначе?
     
  10. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    ако е на смена од сабјале гарант работното време и завршува во 3 или 4 додуше можеш да се информираш за потопчно, а фала богу таа немора да знае и така еден ден прошетај околу банка додека да излезе и направи муабет саглам со неа, вака преку шалтер не е згодоно башка ѕиркаат и љубопитни колешки. ;)

    штом сте на здраво и правите веќе муабет, би требало да ти е полесно, само поканија на кафе.
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Затоа што директно преземаш иницијатива...и зошто стварно е веќе глупо и досадно и преекспонирано да речеш еве ти ФБ, досаден е тој ФБ. :!:
    Оди во банка, свртете како и обично два-три реда муабет и нормално прашај ја дали после работното време би сакала да одите на кафе на пр.
    Не се срами, преземи иницијатива, па и да те одбие големо чудо, ништо страшно, барем ќе знаеш на што си. :)
     
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    чим сте од ист град значи можеш да дознаеш повеке информации за неа, дознај каде испаѓа и "случајно" со твоето друштво појави се таму.. или па банките работат до 16 и 30 ти врткај се околу и после работа викни ја на кафе, само немој да се обидеш да и се приближиш преку шалтер оти сум 80% убедена дека ке и биде многу непријатно и дека ке бидеш одбиен од нејзина страна иако може и и се допаѓаш
     
  13. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Хм да и оставиш фб на лисче |( Според мене тоа е смешно и јас како женско тоа би го сватила како зафрканција.Значи ако си сериозен со намерата биди сериозен и во потезите бидејки ова со фб ми е ептен нездрела работа.
     
  14. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Абе арно ти рече лилит таму, остави и ливче со ТЕЛ.БРОЈ. Број, а не фб профил (аман веке од него, побанално нешто уште немаат измислено, ама и тоа ке биде).

    Мислам глупо е, у смисол еве ти го мојот профил адни ме и ке ми ги гледаш сликите, а ја ке дремам на пц за да те начекам, па ке се мислам едно 2-3 дена дали да те заденам на чатот, па што да ти пишам.па ај едно лајк на некоа слика демек да знае оти си заинтересиран за неа... маа јок.
    Телефонски бре, се знае и гласот ке и го слушнеш, е или не е возбудена во врска со поканата на кафе. Ме свати, така?


    П.С. Замисли па да е срамежлива па да не те адне? А за кај си тогаш, м? :D :D
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    да, да заборави на фб :) и јас мислам исто, дај и некој налог со твојот број на него или начекај ја негде надвор, никако пред колеги и клиенти :x
    и не комплицирај многу, исли ќе прифати или не, штом си помал да не добие одма впечаток дека си незрел, бидејќи работи в банка, постара е од тебе, веројатно очекува позрел и постабилен маж. А, заради последново, ништо чудно и да се двоуми во однос на тебе :?:
    ајде па пиши што стори !!!!!
     
  16. momcemalo

    momcemalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Бев и ја направив финтата со ливчето. Изгледа го виде некако почна малце да се смее и ништо не рече :rofl:
     
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    офф маки.. ако неа и било дојдено до тоа да те аддне на фб она може слободно да дојде до твоите податоци, сепак работи на шалтер и кога уплакаш или примаш пари ги гледа твоите лични податоци.
    и се насмеала, како нема да се изнасмее на таков чекор :rofl:
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Абе мајмун, ти тетка ми да не ја манијачиш ?? :fubar:

    Кидинг. :rofl:

    Мислам дека не може да ти рече ништо затоа што прво си помлад, сметај дека сигурно има некои 24-5 години НАЈМАЛКУ. Не знам, јас лично не би ни погледнала некој помал од мене за толку години. Плус, глупо е пред сите колеги таа да се договара за кафенце со тебе.

    И викаш не ти врати назад бројче, а ? :|
     
  19. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    можеби е срамежлива или држи до гордоста, ако нека се обиде штом решил, подобро да проба и да знае на што е отоколку да чека на неа.
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Леле момче колку си интересен :lol: 100 пати ни повтори дека си од 18-22 :lol: Па кажи колку си што има везе од до,ај ние златна средина ќе најдеме....а слободен си или имаш девојка...ако си слободен ,почни муабет и ти со неа,некогаш отиди при крај на работно време и прашај ја ако завршува скоро да одите на некое кафенце ,па ќе се запознаете поубаво...good luck :P