1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Младенци

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 22 март 2012.

  1. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. Знам дека тој ден во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат. Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат.
    Може да подискутираме околу вашиот начин на славење на Младенци. Посебно ме интересира дали ги каневте гостите да ви дојдат или тие си доаѓаа сами, не поканети?!?
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Aјде јас прва :lol:
    Јас не канев гости,моментално сум во Скопје,така се погоди четврток да не можеме да бидеме дома.Моите и неговите се договориле да дојдат тука во Ск,ама сабајлево неговите откажаа |( не се ни надевав дека ќе дојдат,а мајка ми и сестра ми ги чекам да пристигнат.И кумот се јави и на смешка рече каде да дојдеме дома или во кафана :lol:
    Се мислам дали да ги повикам другарите и другарките,ако некоја има искуство нека ми каже до вечер имам време,или само најблиските се викаат :?: ?
    Ќе дојдат и двајца мои први братучеди и толку.
    Старосватицата не ми е тука,утре доаѓа па ќе ја почастам утре.
    Младенци се слави само на 22ри,тоа го знам,неможе друг ден.Прашавме зошто не сме дома,дали може утре да си одиме и да славиме ама сите ми рекоа дека не може така.
    За спремање си направив во неделата кифлички,сега ќе правам една мајонезна и една свежа салата,мафини проички,и ќе испечам пилешко и свинско ,плус ордевери нели.Мислам дека е доволно,битно е да се одбележи денот :)


    Едит-Саншајн 22 Март имаш грешка во датумот :)
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Денес се денес.
    Според мене тоа се непотребни трошоци ем за младите ем за гостите. Се викаат најблиски, обично кум, старосват, брат/сестра на младите и старите (нивни мајка/татко). Ако одиш по линија на најблиски 30 души кај ќе ги собереш по дома. На крај кој како сака и колкав му е џебот.
    Јас имам 2, кај едни вечер одам а други се закажани за во сабота. Е сега за вечер си зедов подарок а за во сабота се мислам. Кума сум на двете места. Овие од сабота рекоа као ништо официјално онака да се видиме некаде на страна во некој ресторан. Знам дека се слават само денес ама па ми напомнаа дека тие слават во сабота и што сега?!?
     
  4. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    И ние сме кумови али нашиве немало да го слават па не ни одиме.Другарка ми вика како д апојдиме само на кафе али овој мојов не сака да слушне за да оди се запнал за тоа дека не го викнале и нема да одиме што од една страна дури и го оправдувам. :) Од една страна и тие се спасиле од трошоци што не го прават а од друга и мене ме спасиле :D Барем нема да тупам глава што и како да им земам и парите ќе си ги потрошам на мене :D иако морам да признаам дека сакав да прават и да не викнат али тоа е :worried: :worried:
     
  5. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Само со го пишав мислењево и ми звони тел.кумо поминете вечер на кафе :D лелеееееееееееееее :lol: и сега и јас да одам по поклон хахах Ми вика не го славиме ние само вие и моите ќе дојдат и јас ок ќе дојдиме што да кажам хаха а поклон немам ништо купено :( И сега што се носи?Што да одам да им купам?Ми вика не го славиме смао онака на кафе, ама па и срам ми е да појдам со празни раце :tmi: Славица ти погоре пиша дека си купила поклон веќе, дај идеја што да купам и јас :D
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Па убав ден е денес,незнам зошто некој да не слави.Нема потреба од свадба,ама може да се обележи.
    Моја другарка,ги викнала само кумот,кумата и старосват, старосватица,зошто нејзините не се во Скопје,и рече дека си порачала торта,и ќе спреми нешто мезе.Кога ќе видиш не е голем трошок а и поклонот не мора да биде :o
    Мислам дека е некулурно барем најблиските да не се повикаат.
    Јас ете никој не повикав сами с е најавија :lol: по некоја логика нели,а мислам дека друштвото нема да го викам уште се мислам :?:


    Теди-можеш да им купиш нешто за дома,мене мајка ми пример ми купила Делимано :lol: уште од онојпат ми го даде :lol: А од свеки имам тостер :D
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Јас ја фатив за рака и ја одведов сама да си избере. Си зема убава здела голема за овошје за голем астал и една рамка за слика. Таа си бираше
    А за оваа друга појма немам, затоа што е од Ск. немам близина да ја фатам за рака и во продавница а и нешто ми се испонаша и така сум малку безвезе
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Утре и да имам и да немам финансии,не би правела којзнае што. Би ги викнала дома најблиските моите,неговите,девер,кум,старосватица.Доколку џебот ми дозволува можеби и првите пријатели-луѓето со кои си живееме. Колку да се одбележи денот.
     
  9. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Жениии, се испомаживме во годинава а не нема во темава ич! Планира некој да слави Младенци!
    Ние ќе славиме сигурно, веќе ни се најавуваат! Арно ама во пост е...! Што ќе биде на мени и дали има некој адет како што читам во Србија праат некој колачиња со мед, за кај нас не знам! Не сум била до сега на Младенци и појма немам што се прави!
    А си личи да се слави сепак, барем оние што се венчале во црква и што се верници!
     
    На Biljana 93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.715
    Допаѓања:
    122.028
    Е не сум знаела дека е во пост :( Ништо,секако нема нешто да го славиме.
    Планираме само нашите фамилиите на ручек во кафанче и толку.Кумовите не ни се тука па кога ќе се видиме наредно ќе ги почастиме ручек,а старосватите исто не се оттука ама се договоривме наредната недела ќе доаѓаат во Ск исто ќе ги почастиме ручекче.
    Што,знам не ми се слави ова сакам само со најблиските да си се почастиме.
    А за адети,знам дека се оди во црква кај нас,има молитва и се догоруваат свеќите од свадбата.Во црква се идело со свеки :P
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ти потребала свеки па со неа во црква да одиш.... :rofl: Првпат слушам ова, јас знам само дека си одат младенците со свеките во црква, сами. Ама како што е кај нас секоја улица различен адет, а и црквата си игра мајтап со нас... :^)
     
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ние не сме венчани во црква така да претпоставувам дека не треба ни да го чекам овој празник. плус ич не ми е по ќејф, петок цел ден на работа кога да го спремам?? мислам дека ќе ги викнеме брат му и еден пар пријатели чисто на кафе незнам се немаме уште договорено ама искрено нема да се прави ништо посебно. неговите воопшто не ни прашаа а моиве се лутат демек не сме чекале :D на никој не му се погодува...
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    За славење мислам дека нема да го славиме. евентуално се мислиме само за кумовите и старосватите онака на кафе моабет. Пред се се паѓа петок и сите сме на работа а јас трудничка па неможам да се замарам да спремам, и пред се финансиски треба да се спремаме за бебче па мекици :lol: :lol: некако би ги рипнала младенци. Ете моите да не се осеќаат запоставено во недела на еден ручек и тоа ќе биде тоа. Инаку како адет знам дека треба да се однесат свеќите од свадба да догорат во црква друго незнам што се прави.
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    Ние не славевме младенци, бидејќи не сме венчани во црква. Тој ден отидовме на младенци кај сестра ми.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Дали некој прашал во Црква дали за Младенци ќе се пости или мрси? Ама само ако прашал и ако знае сигурно . Не дека ќе славиме којзнае колку, кум, старосват, родители, браќа, сестри. Со сестра ми во иста година правевме свадба па наредени денови ќе си одиме една кај друга.
    Ако биде посно, потешко ќе биде за спремање, зашто веќе си испланирав мрсни рецепти.
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Великиот пост почна денеска, и трае сѐ до Велигден. Така да на Младенци се пости. Плус оваа година се во петок...
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    355
    Посни ќе се бидејки се во петок. А не поради Велигденските пости, нив не секој ги пости.
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.715
    Допаѓања:
    122.028
    Ние прашавме поп,ни рече дека се посни пошто е петок,а не заради постите,ако Младенци се паѓало среда или петок секогаш требало да се пости :^) .
    Ние организиравме во кафанче,ручекче-риби,салати,компири,тиквици,печурки посно,тоа е...Свеки многу се замара ,сабајле ми соопшти дека земала слободни денови да спрема,ќе правела посно благо,посна торта,посни салати,посни кифли |( Што сака нека прави ,кој ќе се расправа :tmi:
    Инаку ќе бидеме само ние најблиските,и кумовите ако дојдат пошто не се тука,нити старосватите ќе дојдат исто не се тука,само деверот моите и неговите.Нема потреба од нешто големо,чисто да се обележи :)
     
  19. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    И ние само најблиските дома ќе спремам нешто ама не посно.
     
  20. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    И ние само најблиските ќе се собереме кај нас дома (и нема да биде посно).