Агенцијата за млади и спорт пред некое време ја промовираше Европската младинска картичка-Youth card. Станува збор за картика која обезбедува над 400 попусти во ресторани, продавници, како и одредени услуги. Можат да ја користат лица од 15 до 29 години и пријавивањето е бесплатно. Можете да се пријавите на веб страната и да дознаете каде можете да ги искотистите попустите.
Катастрофа. Две години ја имам и секаде каде пробувам да ја искористам ми наоѓаат изговор зошто не може да добијам попуст. Фатив мејл да им пишувам за да видам што е проблемот и мејлот не им постои А пишан им е на самата картичка... Боже ме зачувај уште еден лажен проект за да се исперат пари.
Пробај ако можеш да си извадиш ISIC. И во македонија и во странство важи и има многу опции и места каде што може да се искористи. Особено во странство има доста попусти.
Може некој да ми објасни подетално за картицава? Отворив на веб страната да прочитам нема ништо подетално напишано...
Џабе ќе ја извадиш. Јас нигде не сум успеала да ја искористам. Мејлот што им го пишува на самата картичка воопшто не постои. Им пишав на фејсбук и нормално и таму не постојат тоест никој не ти враќа. Скроз е фејк работата и мене дури ми е страв зошто им дадов мои лични податоци и слика од мене им пратив.
Средношколци и студенти можат да извадат ISIC младинска картичка. Мислам дека единствени кај кои може да се направи тоа во македонија се Аурора Турс, освен ако во меѓувреме не се приклучил уште некој. За средношколци не знам што треба, а за студенти треба потврда (или копија од потврда) за студент и мала сликичка. Чинеше 300денари, мислам дека сега е 400 (може и повеќе да станала во меѓувреме, навистина не знам).
Јас ја имав и така ми пропадна никогаш не ја употребив никаде. Не се ни сеќавам зошто аплицирав кога не ни се потрудив да ја користам…