Ти ги закитуваш кумот,кумата,старосватицата и младоженецот, а деверушата го врзува деверот.Сите останати сватови се закитуваат на самото пристигаше од твоите други другарки.
Е, сега ќе ви напрам мала забуна... Китењето на сватовите вклучително и зетот барем на мојата свадба не го правеше невестата, т.е. јас За таа работа се сестрите, братучетките, другарките итн... Ме побара деверот, ме даде братот, а зетот ме изнесе тек од црква...
Хехехе ќе исправите...нема шанси да се утне, логично е младоженецот се знае кој е, кумата носи бидермаер и оди заедно со кумот, тука е и старосватицата до нив први влегуваат.
Девојки, каква боја на костим ќе носи идниот ви маж? Потемна, посветла? Ние се мислиме, не знаеме баш, запнавме на бојата. Свекрва ми и мајка ми запнале дека треба бела или слична да биде, ама он, а богами и јас сакавме нешто потемно.
Мене младоженците ми се најубави кога се во црно или темно сиво, тие белите, светло сивите и светлуцави материјали ич не ми се убави. Но, се си е вкус.
Мм за свадбата сакаше да се дотера од глава до петици во црно Црн костим, црна кошула, црна вратоврска, е сега не дека не изгледаше крајно секси така облечен ама од моја страна сите ќе прашуваа дали човекот е тргнат на свадба или погреб. Од кога му објаснив дека кај нас Македониците вака целосно во црно се оди само на погреб, купи бела кошула и вратоврска а остана црниот костим. И мене не ми се допаѓаат бели или светли костими, каде после свадбата би го облекол тој костим?
И јас не сум за бел костум,нити мојот сакаше.Воопшто не ми изгледа убаво маж со бел костум и бела кондура Мислам дека црн костум е најприкладен и најелегантен за таа пригода.Најубаво е да се искомбинира со бела кошула. Сепак црното отвора безброј комбинации
Не се мажи ни она, ни мајка ми, ама го почитуваме нивното мислење. Ќе видиме како ќе биде, уште не сме почнале да бараме за него, па не знаеме што ќе ни се допадне. Он нема ни некоја замисла како треба да биде. Ама има време и за тоа, ќе се среди.
далеку од тоа дека не треба да се почитува мислењето на родителите, ама па да не бидат тие за се главни да не испадне како филмот our wedding
За мене совршена облека за младоженец е црно одело, бела кошула со убави украсни копчиња на манжетните, црна кравата и може украсно марамче на ревер. Толку. Други бои на одело, па уште и сјајни, па шарени кравати...