Ние земавме црн костум,ни фалат уште чевлите . Колку го мрзи да шета ,не сте свесни ! Се изнамачив дури го убедам! Имало време,ден пред свадбата ќе излезел и се ќе си купел за 2 саати! Како не,кога баравме одело виде дека не е баш лесно Ако сте во потрага по пристојна сума,одете во Максим Кисела Вода,ма да избор на црно немаше многу.Бициани беа по 300 евра,мене лично не ме воодушевија.ми се допаднаа повеќе од Атила ,беа 21.000.Зедовме од фокабо,за 9000 ден.Оделото е супер,струкирано,а и висок е,му стои преубаво
Мене најмногу ми се допаѓаат класично облечените мчадоженци, значи црн костум, бела кошула, вратоврска каква сака (ако јас бирам, тогаш црвена или пак како бојата на некои мали додатоци на невестата) и иста боја шамивче во џебот. Никако бели, светкави костуми
Се согласувам со The-Queen, воопшто не ми се допаѓаат тие светкавите костуми, посебно ако се во златна боја Сега кога ќе го видам татко ми на снимката од свадба, каде бил потполно во бело и носел само црна вратоврска Мојот (кога ќе дојде време) ќе носи класичен црн костум, по можност струкиран да е, бела кошула и виолетова вратоврска. Е таков си го замислувам
Ајде женски помош, каде да најдам комплет каиш, манжетни и кравата, ама да се спакувани во кутија. Едни најдов, и толку им биле, немало да нарачуваат веке. Или пак каде се продаваат такви кутии па сама да си направам комплет. Се изнабарав!
Господ здравје да ти даде, се нанервирав за кутијата, хахахахаха! Каде и да праша, ми ги туткаа оние никаквите картонски ама со нивна кравата и манжетни, никакви. Фала ти многу!