Се изнашетавме за оделава, и сите продавници ги поминавме, ама на мојов не му стојат убаво овие смокинзиве со едно копче, па најдовме еден преубаво му стои во Битсиани и не е скап ама панталоните се цевка-не убедуваа дека тоа е сега мода, ама мене бре смешно ми делува тоа тесни панталони доле. И не знам више што да се прави
Најдобри костуми за свадба а и за секој ден имате во Тивес, тоа ви е бутик во Т.Ц. Лептокарија. Имаат голем избор на свечени модели а и модели за секој ден. Девојчињата се многу љубезни, така да и не мора да се разбирате било што, само им казжувате за што ви е и они ке ве спастрат. Имаат и страничка на FB може да ги дзирнете и тамо : http://www.facebook.com/TIVESitalianstyle
Мојов за два саати се опреми од глава до пети најде се што му треба на едно место и тоа доста евтино. За 14.500 зеде одело ( црна боја со малку сатен) бела кошула, црна тенка пократка вратоврска, кожен каиш и чевли во бутик Тивес во Лептокарија .
феминки знаете ли каде може да се изнајмат костуми за другарите на малдоженецот.. ке имам деверуши и машки деверуши од машката страна. затоа ми треба продавница за инајмување на костуми за свдаби . ве молам пишете ако знаете.
Видете и во Фокабо. Имаат навистина квалитетни материјали. Моделите на оделата им се прекрасни. Мојот вереник од таму си купи одело, кошула и лептир машна.
Можеш ли да ми кажеш како се движат цените во Singoni, имаат доста уникатни одела. Или па ако некој знае да ми препорачате некои други фирми што исто така прават custom-fit одела. Поздтав Т.