1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Млaдост

Дискусија во 'Психологија' започната од MissSunshine82, 10 декември 2012.

  1. MissSunshine82

    MissSunshine82 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пред се здрaво нa сите. Јaс сум новa членкa нa форумот и нaвистинa сaкaв дa порaзговaрaм со вaс зa еден мој проблем. Се мислев кaде дa јa стaвaм темaтa и нaвистинa не знaм кој подфорум би бил соодветен a исто не знaм кaков нaслов дa и дaдaм. Ќе остaвaм тоa дa средaт модерaторите a јaс сепaк дa си почнaм. Имaм 30 години, тaзе рaзведенa. Тој беше единствениот мaж што го имaв во животот, се омaжив зa него когa имaв 20 години и беше прекрaсно. Многу бев зaљубенa a и тој исто во мене. И тој беше многу млaд 23 години. Се соглaсувaвме убaво, живеевме прекрaсно со мир и рaзбирaње. Почнa дa се дрогирa и после долгите години борбa со неговaтa зaвисност сфaтив декa никогaш немa дa се смени и дa биде повторно стaриот пa со тешкa одлукa се рaзведивме конечно. После рaзводот мислев ќе ми биде многу тешко сaмa дa се снaоѓaм понaтaкa во животот но со помош нa нaјблиските и тоa се среди. Сепaк со него повеќе пропaѓaв и умирaв отколку што живеев. Не чувствувaм спремa него ни љубов ни омрaзa, што било некa остaне во минaтото. Е сегa мојот проблем. Не знaм дaли ќе ви звучaм незиживеaно или плитко но сепaк решив дa побaрaм вaши мислењa. После рaзводот кaко дa ми пaднa голем кaмен од срцето и многу ми олеснa, се почнa дa стaнувa подобро, a веќе почнaв дa зaбележувaм и декa деновите се бели. Почнaв дa излегувaм со моите брaтучетки кои се многу помлaди од мене, во рaните двaесетти и почнaв многу дa се зaбaвувaм. Моето aкaње секој викенд по дискотеки и моите пијaни ноќи мислaм декa не ми личaт нa годините и требa дa бидaм мaлце посериознa. Но некaко се рaзбуди млaдaтa девојкa во мене којa не можaм дa јa контролирaм, желнa зa aвaнтури и зaбaви. После тешкото и исцрпувaчко минaто мене ми е секој ден кaко одмор нa хaвaите, тaкa го доживувaм. Немaм веќе сили дa се впуштaм во новa љубовнa врскa, сaкaм бaрем некое време дa поуживaм. Не знaм кaко ќе ме сфaтите, не сaкaм дa кaжaм декa ете сегa излегов од кујнaтa и ќе се рaстурaм ќе се прaвaм лом туку сaкaм мaлку умот нa пaсење дa го пуштaм. Повторно почнaв дa флертувaм,дa пијaм многу, дa игрaм кaко лудa нa подиум, дa пеaм колку што ме држи глaс, рaдиото домa ми ечи цел ден нa мaксимум. Премногу се дотерувaм, повторно се облекувaм секси, дa не испaдне декa се фaлaм се сметaм зa многу згоднa девојкa и изгледaм помлaдо. Во мене живее уште онaa млaдaтa девојкa што имa 20 години и којa допрвa ќе го откривa и зaпонaвa светот и убaвините во него. Многу ми е срaм и имaм мaл комплекс зaтоa што мислaм декa не ми се годините зa овие рaботи, мојaтa млaдост поминa, сегa сум во зрели години, но моето срце не викa тaкa уште е млaдо. Борбa меѓу рaзумот и срцето. Што мислите вие, до колку години девојките можaт дa си дозволaт вaков живот, дa живеaт вaков живот a тоa дa изгледa прифaтливо и нормaлно зaтоa што се млaди ? Блaгодaрaм однaпред зa секој што ќе одговори.
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Па ти имаш 30 години не си престарена за да не излегуваш од дома и да не се забавуваш.Иако си се развела ти имаш право на свој живот и да си ја пронајдиш среќата.Добро е тоа што не си западнала во депресија после разводот и се изборе со се.Ти не правиш ништо лошо,напротив живееш по толку време повторно ,а тоа е најдобро за тебе во моментов.Во иднина можеби ќе најдеш и некој со кого би можела да си среќна и повторно да сакаш.Јас знам жени кои што имаат по 50,60 години излегуваат навечер ,па зошто да не и ти?ЈАс не гледам тука ништо неправилно и за осудување,сосема правилно постапуваш.Немој да имаш грижа на совеста бидејќи тоа е сосема нормално за млада личност како тебе.
     
  3. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Јас ќе ти одговорам само за едно нешто.
    Не си стара ако имаш 30 години, познавам жени од по 45 што во дискотеки шетаат.
     
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Па ти си во најубавите години за тоа..ич да не му ја мислиш имам професорка по англиски што има 33 има дечко помлад од неа 10 години шета ака се пијанчи ич мува не ја лази
    Сето тоа е во ред,но ако немаш деца!
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Не си стара. Си се омажила млада, па има девојки на твои години што не се мажени, тие уште шетаат, излегуваат. Уживај, па може ќе си најдеш некој фин дечко и пак ќе се врзаш, ништо страшно.
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Уживај и јас ќе кажам, ама со граница и со став. Сега тек ти доаѓаат најубавите години ... тој период жената е во врвот на својот развој. Убаво е што повторно живееш но имај малку лимит колку и како живееш и уживаш. Имај став, имај однос, имај најважно од се умереност. Никој не почитува девојка посебно која не знае за граница во своето однесување. Ова кај тебе се последиците од неизживеаност, сфаќам млада си била доста кога си влегла во брак. Но, ќе ти мине и ова ... ќе сакаш да се скрасиш повторно. Секогаш има шанси за нови почетоци.
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Големо браво што си успеала да се избориш со разводот и со сите други проблеми, сепак зависник не е мала работа. :clap:
    Имам професорка што е 30 и некоја година, не е мажена, си излегува по дискотеки и кафичи, си игра, пие ама сепак пијана не сум ја видела :!: се дотерува, како некоја девојка на 20 години ми е. :inlove:
    И јас како и останатите мислам дека не правиш ништо лошо, и јас кога би имала 30 би сакала пак да почувствувам како е да се биде млад, да си излегувам со другарки. Но, сепак во се треба да си има граница. Посебно ако имаш деца. И воопшто не би била убава глетка доколку јас видам некоја постара жена веќе, пијана како средношколка.
    Поздравче :hai:
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    жената не треба да се затвара ако има 30, нека излегува, само да не биде пиење, такво нешто. Инаку се што е во граници на нормала, не е лошо ниту страшно.
     
  9. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Jaс ќе ти кажам само едно:
    живеј си го животот како што сакаш и уживај!
     
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Драга Misssunshine82, прво да ти честитам што си одлучила и покрај толку години да се избориш и да свртиш нов лист во животот. Никој нема право да те осудува. Од мене едно големо браво :clap: , зошто не е лесно да живееш со зависник, ти тоа најдобро си го осетила на своја кожа. 30 години да ти кажам и не се многу, познавам девојки и постари, па знаат лудо да се забавуваат. Само не си спомнала дали од тој 10 годишен брак имаш деца. Доколку не, тогаш не гледам причина зошто не би по нашки кажано лумпувала :dance: :party: :d: . Ич не му се секирај и да не осеќаш вина, зошто со своето однесување за кое сметаш дека можеби би било недолично, не може да повредиш некого, ни сопруг, ни деца. Колку луѓе познавам што зад грб на своето семејство прават работи кои се за осуда, па не гледам дека нешто се замараат, си живеат како никому ништо. Ти си слободна и прави како што сакаш, тоа е твој живот и еден не заборавај.
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Јас веќе имам 32, а никогаш не престанав да излегувам. Е сега, последниве две години искрено енергијата ми е многу опадната, и не сум подготвена на непроспана ноќ поради излегување, како што бев порано. Ако порано излегував до 4-5, и тоа строго за викенди, сега гледам да излезам преку недела, до 1, зошто после ми се спие. Излегувањето ми е издувен вентил, и не знам што би излегло од мене кога не би излегувала :D

    Е сега за пијанчењето сум малку поконзервативна. Имено, јас многу љубам да се напијам, ама кога излегувам во град гледам да не претерам, си ја знам границата и не претерувам, затоа што пијаните луѓе се стварно никакви. Други се одговорностите кога си помлад, ама сега да излезам да се начукам и да сретнам некој на кој утре на работа треба да му глумам професионалност или авторитет, некако не ми оди. Кога би работела како професорка па никако не би си го дозволувала тоа - за жал професијата си ја носиш и дома, и мора секаде да се однесуваш соодветно. И не мислам дека младоста е тука пресудна, туку одговорностите.

    Пошто како што реков љубам да се напијам, ова главно се случува на приватни журки, во затворен круг на пријатели кои ме знаат во секакво издание. Или некаде каде што не ме знаат, ама пак во затворено друштво, се ствара таква атмосфера, и сите се начукуваат :D. Ама тоа 2-3 пати годишно се случува, и доволно ми е да се издувам :)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Годините се мерило за време.
    Млад е оној што така се чуствува.
    За тебе животот штотуку почнува ,уживај во секој миг нема граници дал е стар и млад за излегување ,ако имаш желба и можности за шетање прави си како ти одговара.
    Според прочитаното неверувам дека имаш деца ,бидејќи колку и да сакаме тие не ограничуваат но и тоа не е проблем ке има кој да ги причува .
    А за твоите 30 години ,па има и некој кои на твои години немаат абер за брак и за нив е тоа шетање демек оправдано .
     
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Можеби ке звучам лошо со коментаров за мене се си има свое време па така и нашиот однос во поглед да искачање,шетање,пијандурење и сл.Никогаш не ми било убаво кога во диско ке видам "тетка "некоја или "чиче" квакнати на сепаре рамо до рамо со младиве.Од секогаш ми биле одвратни неизживеани створчиња што не сакаат да се помират со тоа дека веке не се млади и дека не може да се понашаат како тинејџери.
    Секој треба да си го живее животот убаво да си прави лезет на душата но за се има место и време кога и каде да се прави тоа.Јас лично имам 25 год па искрено многу ретко излегувам а и кога излегувам многу повеке пазам колку пијам за разлика од порано затоа што стварно сметам дека не ми личи на годините да се клатам по улица коа ке доагам дома.Исто внимавам и на изгледот на облеката.Не дека не знам да се стегнам во кратко а многу ретко и со деколте , но последниве години повеке сакам да ја истакнувам мојата личност одколку физичкиот изглед.За разлика од сега ,во средношколските денови памтам скоро сите маички ми беа деколтирани се шетав разголена што би рекле старите ,а што сум сакала да постигнам со тој изглед стварно и ден денес не ми е јасно. :fubar: Порано врвно достигување ни беше кој поише ке испие,денес ми се поврака кога ке видам пијана девојка пред очи.Порано жива срекна бев коа ке се вратам во раните утрински часови :tmi: сега со сила да ме тера некој во диско не главам до фајронт.А за воља на вистината не сум била од оние што скитаат секој ден.Излез имав само петок и сабота.Другите денови се знае во школо се иде или на факултет и нема шетање навечер до касно.

    Поентата на муабетот ми е дека навистина не се битни годините ако во себе се осека човек млад,но тоа не значи дека не треба да се има граница и мерка во своето однесување.Колку и да е тешко да се помириме со природниот процес на стареенње тоа е ,од тоа нема бегање.Тинјџерите треба да си бидат тинејџери а возрасните - возрасни.
    Не викам дека сите повозрасни треба да се затворат дома,но јас кога би имала 35 години повеке би сакала да излезам на вечера со блиските или ете на пијачка во некој кафич,каде ке изгледам како дама отколку да се пијанчам во дискотека некоја рамо до рамо со децана и да се тешам дека не е битно што имам 30 год битно е што се осекам ко да имам 20.
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Подобро ли е да седи дома исфрустрирана затоа што премногу и се излегува и забавува а се кочи заради годините, или едноставно да излегува и да се забавува ако така се чувствува и тоа ја прави среќна?
    Сигурно не зборуваме тука за лапање на сред улица пијана камен и сл ствари, но дека строго треба да се држи до мирни и елегантни места затоа што "не ја личи поинаку" е грешка...
    Слободна е, не е мажена, нема деца, имала тежок период, и паднал камен од душа па нормална е оваа потреба што ја има и зошто да се воздржува заради рекла-кажала...Утре може некоја баба орден ќе и додели што била 30 годишна девојка со перфектно однесување на дама од педесетите...
    И тоа што на 25, 26, 27 години чувствувате дека немате веќе потреба од луди излегувања не значи дека таа потреба веќе завршила и нема да се врати...ќе се врати верувајте, и ако се стегате бидејќи -не ве личи, нема смисла, па мажена сум, па деца имам...ќе се одрази на друг начин, па веројатно ќе станете како огорчени старки кои плукаат по се' што барем малку наговестува на неморал, додека се давите во сопствената монотонија...
    Се разбира дека треба да постојат граници, но премногу конзервативно сме израснати па прилично ни се стеснати границите, и се гушиме од постојани поделби на добро-лошо, морал-неморал, треба-не треба...
    Лошо е ако си 30 или 40 години, живееш живот на тинејџер а се чувствуваш лошо затоа што сакаш а не знаеш како да го промениш, но доколку си свесна, паметна, знаеш дека тоа е тоа што во моментот го сакаш, тогаш уживај...
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Јaс уште три месеци ќе полнaм 24 години пa нa крaј пaмет не ми пaѓa дa престaнaм дa излегувaм. Пa зошто дa престaнaм дa излегувaм когa ми се излегувa? Исто тaкa aко нa 30 години имaм потребa дa излегувaм сигурно декa ќе излегувaм. Не рaзбирaм зошто би се огрaничувaле себеси...
    Исто тaкa не знaм дaли во Скопје имa клубови и дискотеки (верувaм декa имa) кои се 25+ години, но во стрaнство ги имa a имa и тaкви кои се 30+ пa сегa aко излегувaњето и зaбaвaтa се сaмо зa тинејџери или зa луѓето помлaди од 25 години не знaм зошто постојaт овие клубови и дискотеки кои пaтем се нaјлудите местa зa журкa. Не знaм зошто постојaт клубови 30+ когa тие луѓе немaaт повеќе прaво нa зaбaвa :P :lol: :lol: Сaмо дa спомнaм, иaко немaм полни 25 години успеaв дa влезaм во еднa достa познaтa тaквa дискотекa и нaвистинa aтмосферaтa беше нa ниво. Освен што не гледaв повеќе пијaнa дечурлaнa што се влече по подовите и поврaќa, дури подобро се зaбaвувaв. Се си доaѓa со годините точно, верувaм декa имa луѓе кои не им е до зaбaвa или веќе им се смaчило, но нaвистинa е претерaно aко некој сaкa дa се зaбaвувa не го прaви тоa порaди озборувaњaтa, пa и кој имa воопшто прaво дa кaже декa 30 годишните немaaт веќе прaво нa зaбaвa... :)