1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модни брендови од кои сум (не)задоволна

Дискусија во 'Мода и стил' започната од kolovoz, 19 ноември 2011.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Во денешно време се почесто барем ни во нашата земја како прво правило за да купиме некое парче е добро да ни стои, второ правило ни е да има достапна цена , и како трето да е квалитетно-односно, пред се да нема дупче -оти кај нас и тоа е можно, потоа пријатен матрејал кои може да се носи, боја која не е до толку избледена, добро сошиено -да не крив работ де- на тоа мислев, кожа...?-па и немора да е кожено важно е да не изгледа премногу ефтино и лажно.....И вака кажано и самата дури се запрашав дали зборам сеуште за брендови, или за локални продавници, и да, заклучив дека зборувам кај нас и кога се работи за брендови и ова е возможно...
    -Па прашањето ми е од кои брендови сте задоволни- кои до сега ниту еднаш не ве изневериле?
    -Од кои брендови не сте задоволни, или од кои сте очекувале повеке па ве разочарале?
    -Кои брендови го погодуваат постојано вашиот вкус-стил на облекување?
    -А кои иако поставени постојано на тапет, просто се чудите како лугето купуваат од нив кога вие неможете ни едно добро парче да најдете?
    -Дали постои бренд од кои во минатото постојано го купувавте а денес ниту влегувате во продавницата?
    Заради фактот што во македонија има малку брендови слободно можете да именувате продавници
     
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    модни брендови од кои сум задоволна/ од кои не сум

    мене на пример
    Бенетон до сега не ме изневериле ниту еднаш,но морам да признаам дека еден период немаа баш избор
    Не сум задоволна од геокс и од бата-истите модели можам да ги најдам и во некое поефтино кинеско продавниче а и квалитетот не им е баш толку различен, од кара не сум задоволна ни од матрејалот ни од шивалокот но пак влегувам од чиста радозналост и надеж дека можеби ке најдам нешто
    Бренд во минатото кој го купував често е манго...моменталната колекција на манго е прилично скапа - барем за мојот џеб , порано можев да си дозволам многу повеке парчиња од новата колекција а сега не, а мислам дека и квалитетот им е сменет, порано чанта што си имав купено од манго можев да ја носам 5 до 6 години а сега едвај две, џемперите од лани изгледаат како да сум ги носела 10 години-изгубија на боја и на форма, иако морам да признаам дека сеуште купувам но разликата е очигледна
    Бренд кој постојано го погодува мојот вкус е мисс сиксти но ретко кога можам да си го дозволам-односно купувам само на попуст, да си бидам искрена
    Фиори во рамстор е бренд во кој не се пронаогам незнам зошто таму неможам да најдам баш ништо
     
    На Beatriche19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    модни брендови од кои сум задоволна/ од кои не сум

    Па нешто од ова кај нас што има... Пример Спрингфилд јас треба да ринам низ алиштата за да најдам нешто убаво и женствено, све е нешто неструкирано, огромно, ко вреќа. Капут или јакна има многу убави, ама фустан или маица, за мене се катастрофа, ко три пати поголем број да носам. А ни моделите не се нешто.
    Котон има убави работи, сукњи високи особено, омилени ми се нивните. Фина бижутерија, ама скапа, исти ствари на женски пазар можам да најдам.
    Теранова и Калиопе се океј, ма да сметам дека Теранова има астрономски цени на нова колекција, а парчињата ни пола од тоа не вредат, па после на попуст се четвртина од оригиналната цена. Ко за маички и такви лесни, летни ствари може, инаку не сум воопшто воодушевена, не ги сакам.

    ЊуЈоркер, абе тие токму ли се. Цена мислиш у Зара пазарам, све живо полиестер, полиамид или уште некоја варијација со поли-нешто. Има убави алишта, ама неквалитетни. А има и од природен материјал, ем убави, но се поретки и треба да ги барам и барам. Затоа пример ташни, марами, капи, каиши и слично се сосема во ред со цената, а и убави.

    А што се однесува на Манго, повеќе од пола од колекција секогаш ми се допаѓа, ама морам да кажам, оние што се како маичка - џемперче, тенка плетка, па со дупчиња, секоја година слични, дрн дрн, не траат. Година и толку, се скусува ракав, млитаво станува и на ништо не личи. Од друга страна, кошула од Манго нема промашај, со години и години носење, ко нова. Фармерките се океј, но има и поквалитетни од фирми на кои примарен материјал за партали им е баш тексасот и прават каде каде поубави. И фустан исто нема лош таму. Чевли ама ич не ми се допаѓаат нивни, па и за тие пари не вредат ама ни малце. Сако ни у лудило не плаќам тука.

    И Мотиви би ги пофалила, пред 3-4-5 години ужасии од алишта имаа, престанав да влегувам еден период, ама сега ко друг дуќан, преубави парчиња. Соленки се, ама се наоѓаат и со нормален однос цена-квалитет. Секогаш така купувам, ако е жива синтетика а со налупана цена не доаѓа предвид. Ако е памук пр., со нормална цена, е тоа е за мене.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    модни брендови од кои сум задоволна/ од кои не сум

    Моден бренд си е моден бренд само квалитетот е во прашање. СДК дека не е исто кога се прави за Мк пазар или лупам Франција на пр. Не е иста колекција (одамна позната фора дека кај нас доцнат со по 1-2 год. моделите и самите колекции на модели не се сите донасаат кај нас) кај нас и во странство.

    Секој моден брен си има и свој стил само прашање е каде се пронаоѓаме самите. Некој бренд (да не потенцирам) мене не ми се допаѓа воопшто а на некого му се допаѓа или знае како да го носи, му стои.

    Моите ценети години :D и мојот стил :$ на облекување, начин на живот и функционирање перцепираат бренд во стил на Зара и H&M, Страдивариус, Сфера па може и некое парче на Манго и Риплеј. Од овие може да кажам дека сум задоволна а од кои не сум - сите оние кои не се мој стил (Тајли Вејл, Бенетон, Спринфилд) ама сепак пак ке повторам квалитетот е во прашање.
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    модни брендови од кои сум задоволна/ од кои не сум

    Од NIKE!
     
  6. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    111
    Од чии производи сте задоволни, а од чии не?

    Не знам дали правилно го формулирав насловот на темата, а целта ми е тука да дискутираме за нашите искуства во врска со некое купено парче облека или чевли. Најчесто се водам од девизата ако не знаеш што е подобро, прашај што е поскапо, значи сакам да купам поскапо нешто за да добијам квалитет. Меѓутоа повеќе пати не испаднало така, па затоа решив тука да си ги споделам своите искуства, да не речам разочарувања. Последниве години чизмите што ги купувам од Пеко ужасно ги замирисуваат нозете (што не ми се случува кога носам чизми од друга фирма) и нема шанси да се среди тој проблем. Сум зборела и со другарки и едната од нив ми се пожали дека истото и се случува и нејзе. Друго лошо искуство имам со сандали купени од Адамс шус, од продавничката спроти градска болница. Беа, бели, летни, ги платив 4300,00 и ми се распаднаа за две недели. Ги рекламирав, само ги залепија и ми рекоа дека јас сум ги носела со месеци, па сега ги правам будали. Бидејќи ми дадоа само парагон блок, а не и фискална, иако и на чевлите и на кутијата пишуваше дека се Адамс, не можев ништо да направам. Испаднав овца, ама памет за друг пат. Чевлите и чизмите од Биана иако се поефтини од горенаведените фирми, досега се покажале како одлични.
    Имам купено кошулка и два пара панталони од кара, ама не сум задоволна од квалитетот. Истото важи и за маички од теранова, кога ги пеглам и не можам да поверувам колку криво се сошиени.
    Задоволна сум од секое парче облека што сум го купила од Хепенинг, Васидора, Манго, капутите од Макпримат и долниот веш од Лисца (го носам по неколку години, го перам во машина и нема гајле).
    Од продавничките каде има редовно поефтина облека, секогаш си наоѓам убави парчиња во "Купи ефтино" и во некои збутани продавници, кои продаваат облека од македонско производство. Лошо искуство имам само со една продавничка кај зелено пазарче, Калина се вика, сите производи се од 200-400 денари, ама на две блузички што ги купив, после неколку перења им се појавија ситни дупчиња.
    Какви се вашите искуства?
     
  7. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    модни брендови од кои сум задоволна/ од кои не сум

    Од Теранова-презадоволна.Имаат навистина преубави работи,е сега скапички се некои малце,ама не за џабе го измислиле попустот :D
    Од Бенетон-не сум задоволна баш.Абе цените еј.Здрави ли се они?За обични фармерки 3000,а за маица 1700?Ја стоа неможам да си го дозволам,така да...
     
  8. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Terranova |(

    Едно перење и во канта. :emo:
    А и моделите ми се секогаш одвратни. :puke:
     
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Bershka...
    Во последно време немаат убави модели,едвај едно две парчиња можат да се најдат,ама секако материјалот е катастрофа.
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Можам да кажам дека иако не се ни во сон бренд најомразени ми се кинескине продавници и продавниците за чевли кај бит-пазар. Мислам дека тие треба со закон да ги забранат. Се прашувам како лугево можат од таму да купуваат обувки кога секоја чевла им мириса на картон, она на лошо мириса. Еднаш се излажав и никад веке.

    Исто така мегу наомразените ми се Теранова и Калиопе. Освен партали ништо убаво немам видено. Цена неразумна ,квалитет помал од 0.

    Исто така и Тип-тап (така мислам дека се викаше) ми е мегу неомилените продавници,пошто уште пред да влезеш осекаш некој ефтин мирис на неквалитет.


    Мегу омилените можам да ги ставам Графити и Бата. Имаат убави модели и најбитно од се Квалитетни се . До скоро и Манго ми беше мегу омилените се додека не приметив дека секоја сезона ги носат истите парчиња облека но им накачуваат цена. Ако пред 3 години Дизни мајците им беа од 800-1000, сега се од 1000-1300 и сл. Но од друга страна па сметам дека се доста квалитетни а и ми се допагаат моделите на облека. Би ги издвоила и Макпримат кои според мене се неприкосновени на тема Капути,имам 3 од таму и деф. нема зима со нив. Квалитетни и топли,за мерак.Исто и ЊуЈоркер си го поштувам,има убави работи приступачни за мој џеб дури и кога не се на попуст. Не сум имала до сега со таа продавница некое негативно искуство, се што сум купила од таму добро си е.
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Од Бершка купив 2-3 маици на попуст, и дома заприметив дека сите имаат фелер. |(
     
  12. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.484
    Допаѓања:
    5.830
    Пол:
    Женски
    H&M купив пред некое време од Виена фустан и суќна. На фустанот после прво перење се појавија дупчиња а суќната тотално ја смени бојата.
     
  13. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Во последно време изборот во Страдивариус е 0. Порано имаа така помладешки парчиња сега последен пат кога бев во сити мол се беше од типот "сериозноста пред се " тоа беше пред 1 месец некаде па сега како е незнам, а и во ццените немаше никаков попуст па им беа соленки по малку..
     
  14. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Не сум задоволна од Бершка. Имаат предобри модели на фармерки ама кога е квалитетот во прашање едно големо НЕ после неколку перења се шират и не стојат добро.
     
  15. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    ^ Eдно големо не, за Бершка и од мене, навистина не знам што толку трчаат сите по оваа извикана и демек квалитетна марка. |( За Тејли Вејл, пример, ок ми се немам жалби и поплаки (за нив пример), ама еве една маичка што ми е купена од Бершка,а од пред 3 години,(Фиренца), кога уште немаше тука бершки и мершки, многу ми се растегна, развлече некако. :^) Не ми се мерило за квалитет, апсолутно.
     
  16. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Манго ми е бр. 1 за квалитет! (од оние брендови кои јас можам да си ги дозволам)
    Од обични маички кои се перени стопати и се сеуште како нови, до тегет/црни фармерки/панталони кои и после толку време сеуште не се избелени.

    Пулл енд Беар на второ место!
    Овде најчесто наоѓам работи по мој вкус, а и квалитетот ми се покажал добар. Едни балетанки што ги земав минатата есен, ги утепав од носење и есента и пролетта и сега ги носам и сеуште се во "првобитната" состојба. За тие пари од друго место ќе купев 2-3 пара, ама сигурно истите досега ќе беа во канта.

    Зара - имам два џемпери кои ги носам со години и сеуште нигде ниту се растегнати, ниту упкосани, но од минатата есен кога земав тренерки за син ми и после една недела се направи една линија на нив (како искинато), а не ги платив ефтино, за тие пари небрендирани можев два пара да земам, почнав да ја избегнувам, иако тоа не значи дека никогаш повеќе нема да влезам да купам нешто.

    Бершка и Страдивариус - имам некое парче од минатите години, ама во последно време ништо не можам да си најдам по мој вкус, така да скоро и да не влегувам веќе во нив.

    Мене ми фали Бланко, не знам зошто го затворија.

    И да Асос морам да го спомнам, пошто не сум од Ск, во помал град живеам кадешто изборот на гардероба, а поготово на чевли е 0, во последно време се' што ми треба си порачувам преку Асос, а она што ми фали си го докупувам кога доаѓаме накај Скопје.

    Доста работи добиваме од блиски роднини од Германија, поготово за син ми скоро целата облека му е од таму (С&А најдобри, од маички, тренерки, фармерки...), има и од H&M доста работи, единствено патики и чизми купуваме од тука, Адидас ни се покажале како најдобри, а за чизми Цицибан уште од раѓање пошто има проблеми со рамни стапала.