Ја отварам оваа тема со цел да ги коментираме модните комбинации на македонските јавни фаци. Правила за оние кои ќе постираат комбинации од јавните фаци: -ставајте слики само од македонски јавни личности (глумци, политичари, водители, пеачи, старлети итн), -пожелно е на сликата да нема други луѓе (овде мислам на лица од приватниот живот на личноста што се коментира), а доколку ставате таква слика лицата на другите нека бидат заштитени, посебно ако на сликата има дете. Правила за модните критичари: -коментирајте го изгледот во однос на гардеробата односно комбинацијата, -не го коментирајте физичкиот изглед, -не навредувајте. И да, имам предлог да постираме само по една комбинација и да ја коментираме само таа комбинација, а не општиот впечаток за стилот на личноста. Значи вие постирајте една слика, другите ќе коментираат и така. Да не постираме слики само од комбинации кои ни се допаѓаат или од личности чиј стил ни се свиѓа. Значи еве на пример јас сум ја постирала Милена, кој сака нека повели и нека искоментира. Само за оваа комбинација, а не за општиот впечаток. Ова не значи дека мене овој аутфит на Милена ми се свиѓа, ама пошто го изнела јавно, да ја прокоментираме. Како во нашите модни критики, на тој принцип. Редактирано од модератор , дополнето мислење по барање на феминката
Физичкиот изглед нема да се коментира. Темава нека биде за коментари за аутфитот, без притоа да се споменува физички изглед, силикони и трач муабети. Да ја задржиме темата на ниво на конструктивна модна критика, да не ја претвориме во трач муабети и навреди.
Па ајде, започнете со постирање. Јас воопшто не ги следам нив за да прикачувам комбинации. Се прашувам кој ќе го скрши мразот.
Ај јас да кршам лед Од Македонски јавни личности мене Каролина Гочева ми е нај ин. Многу ми се допаѓа како се средува и ептен ми се допаѓа тоа што секогаш стајлингот и е во склоп на изведбата. До сеа, не сум и забележала утка. Секогаш знае да искомбинира и едноставни парчиња да ги носи како да се нешто посебно. Едноставно знае да го носи и изнесе најдобро она што го облака. И ги обожавам фустаните Во прилог неколку слики што ги најдов на нет, пошо неам инстаграм и не знам да баратам таму. Спојлер: К.Г
Јас ја обожавам Дани, мене секогаш ми е тип топ. Инаку си кажав според мене ова е струкче од соништата.
Сум го грешел темата требало да објаснам за Дани. ОК да почнеме ми се допаѓа што не се шминка премногу нападно, се гледа дека лицето и е негувано. Облеката според мене и е во склад со карактерот и не ми изгледа преслабо. Спојлер: Слики од Дани
И мене многу ми се свиѓа стилот на Каролина, секогаш е умерена и ретко кога прави утка во однос на гардеробата. Првите две фотографии што ги постирала @Yowannty се најверојатно студиски фотографии за фото сесија, она што се гледа е ок, ама не се целосни, така да тука и нема многу што да се каже. Онаму каде што се гледа целата комбинација немам никакви замерки, се е со вкус. Фаворит ми е последната комбинација. Мелита, конкретно на сликата комбинацијата која ја носи не ми се свиѓа. Прво, не ми се свиѓаат пантолоните, ниту дезенот ниту моделот. Чизмите не се вклопуваат во аутфитот никако. Лила Филиповска, првата комбинација не ми се свиѓа воопшто. Чизма, најверојатно и хулахопка има, е таква хулахопка ич не ми иде со џинс шорцеви. Милена Антовска
@BoaVista а ако сеуште можеш да редактираш во првото мислење, за да дообјасниш да се коментира одредена комбинација, зошто иначе генерално се сфаќа, и да не доаѓа понатака до забуни. А пошто ти ја отвори темата, предлогот твој слободно можеш да го вметнеш во правило.
Па така помислив и јас, ама неможам да редактирам, најверојатно истекло времето. Па еве модератор нека дополни.
Мн убав модел на панталони само материјалот ми е чуден како хеланка материјал делуваат и исцртуваат каде што не треба.И марамата ми е убав детал за ваков морнарски изглед
На мене делумно ми се допаѓа комбинацијата.Мислам дека марамата е непотребна како детал бидејки самите панталони имаат детали, а нема ни некаква поврзаност со стилот на комбинацијата. Ми се допаѓа поврзаноста помеѓу панталоните и топот, боите се складни.Не знам тоа белото одозгора што е, дали е перелина или сако, ако е сако наметнато океј е, а ако е перелина, јас би одела со бело сако и тоа пократко за да дојдат до израз панталоните некако они ми се центарот на целокупниот изглед.Ми се допаѓа што чевлите и ташната се црвени да се разбие монотонијата, само не ми се допаѓа што ташната е мала и се носи на рамо мислам дека таква ташна одговара на покежуал комбинација, за ваква поелегантна ја вака би одиграла: *Не сум моден експерт, ова е субјективно мислење. Сега како е правилото, јас ли треба да поставам комбинација што ќе ја коментирате?
Од македонските јавни фаци, многу ми се допаѓа стилот на водителката Симона Николовска.Црната комбинација ми е беспрекорна.
А може и негативно мислење за облеката да се коментира? Бидејќи за најскоцкана наша фаца не можам да се сетам Ама стилот на Катица ми боде очи Дефинитивно треба да проработи малку на стилот ...........лошо Бонус Фетаи супер скоцкана Ми се допаѓа едноставно и елегантно.