Ајде да бидеме заедно во трендот. Тука можете да прикажувате фотографии од парче облека кои ќе бидаат тренд за оваа пролет и лето
Не мора да биде само за слики темава, добро е да биде слободна за да си зборуваме за актуелните трендови. Мене ова ми е една од најнеомилените години од аспект на модата - станаа модерни некои чудни кроеви со карнери, голи раменици, голи стомаци, морнарски принт (иако тоа е класика). Најмногу ме иритира форсирањето на везените амблеми - не можам да најдам нормално пролетно палто, а да не е „уништено“ со некои везови. Еј, да - ремените во облик на корсети - ни во најлошиот кошмар не би ставила вакво нешто на себе. Не ми е ниту секси. Ми се допаѓа само актуелноста на белата боја, лелеавите сукњи и фустани. Друго ништо.
Мене па ми се допаѓаат некој работи со везени аблеми и размислувам да си купам. Исто и голи раменици. Мразам работи со морнарски принт и карнери.
Везени фармерки. Повторно се вратија фармерки како избелени. Ич не ми се допаѓаат актуелниве најави за тренд. Не се носам трендовски,ама сакам да гледам и да сум во тек.
Не ми се допаѓаат цветните везови и карнерите, тоа секогаш го одминувам. Во однос на останатото, модата е генерално ОК.
Не ми се допаѓаат фармерките со реси на ногавиците, и тоа што истите се значително над глужд... Везеното исто не ми се допаѓа... Општо не сум фан на гол стомак/ рамена од причина што сите ги носат, без разлика дали им стои
Ајде кога е под скината фармерка ми е прифатливо, само да не се навлечени хулахопките над струкот од фармерките - многу лошо изгледа кога се гледаат рабовите на хулахопките. Така кога е под фармерки знае да биде и секси, ама мрежасти хулахопки под шорцеви е апсурдот на годината.
Мене па тие карнерите на ракавите на кошулите воопшто не ме бендисуваат, сите ко шпањолки ми се. Мрежестите хулахопки па воопшто ни под фармерки, ни така само, видов едно девојче со такви и сукња ми идеше да ја вратам дома да ја преслечам
Ги мразам чокерите, претпоставувам ке продолжат да бидат во тренд оваа пролет, ама толку што не можам да ги гледам. Посебно тие дебелите како каиш околу вратот. Никогаш не би ги носела. Некои девојки стварно знаат да искомбинираат облека, чевли, но кога ке го видам чокерот .. зошто?!
Најпромашено оваа пролет ми се фармерките и палтињата со цветни дезени. Потоа карнерите на се и сешто. И рамните дебели ѓонови на кондури, поточно тие со машна, а баш ми се свиѓаше дизајнот ама ѓонот дебел ги грди.
Moze mislenje podrzano so slika pa da vidime za sto se zbori. Ne deka sum po modata ama neko parce si kupuvam da go oznacam periodot.
Малце е претерано со карнерите. Ај на ракави и кошули, но еве гледам има и на панталони. Баш овие прееска ги видов во излог и многу ми се видоа смешни. Ми се допаѓаат цветните дезени, но и хипи-кошулките. Во тренд се и многу лоши обувки, патики и салонки со пуфки напред, чизми длабоки со отворени прсти и со милион принтови по нив, салонки со дебела проѕирна пластична штикла, или пак со проѕирни гумени ремчиња....многу евтино сето ова ми изгледа.
Не знам баш дали се афирмирани трендови, ама еве ќе го коментирам тоа што во последно време го гледам зачестено по излозите. За почеток, премногу ми се допаѓаат оние mom jeans, зошто првенствено имаат висок струк и убаво ми стојат на задникот што баш и го немам ,посебно оние со некои мотиви исцртани на нив, ми го имаат оној 80s feel, а тоа ми е омилената декада. Исто ми се допаѓаат оние сребрени ранчиња, или општо ранчиња, многу повеќе ми одговараат на стилот од обичните, "дамски" ташни. Убави ми се и bomber jackets и oversized тексас јакните, може и да се извезени со цвеќиња и чуда, што знам, не дека го обожавам цветниот дезен, ама кул ми е во умерени количини. Оние прозирните штикли.. хмм, не знам што да искоментирам. Имам некое поделено мислење за нив, во еден момент викам, што е ова побогу, а во другиот ми се допаѓаат. Можеби ќе ги носев, ама не носам баш штикли, така што... сепак не. Трендот со карнерите го немам приметено до сега, ама не ми се допаѓа баш, не знам дали би го носела.
Ова што е сега во мода ми е некако ко повеќе за тинејџерки, или за некој што си го има тој стил. На пример не на секој би му стоеле фармерки со рандом стикерчиња, или пак со Дизни принцези. Мене сè тоа ми делува ептен кул, но ко што кажав не му стои на секој. Бомбер шушкавциве ми се свиѓаат ептен. Можеш да ги комбинираш со сè. Сега во мода се и Пума патиките, кај женските посебно оние од колекцијата на Ријана и Кара, само што кај нас ги нема.
Компчетно се слагам за фармерките и ранчињата. Но овие проѕирниве штикли ми се најсељачко нешто на свет, исто и чокерите... Проѕирнине пер, каков кич
Јас не пратам слепо трендови. Ако нешто ми се допадне и ако сметам дека можам да го вметнам во мојот стил на облекување, тогаш го купувам. Мене везените флорални работи ми се cute до некаде , кога не е пренатрупано. Фан на карнери не сум, исто и на mom jeans, како и на пластичните штикли(запотени нозе ) Мрежаста хулахопка интересно стои на некои, ама лично сметам дека зависи од стилот што го тераш. Не може на girly стајл да лупнеш мрежаста хулахопка. И не ми се свиѓа кога се гледа хулахопката над фармерките. Ќе додадам уште некои трендови за 2017. Mule Shoes WHY?! Mене овие ептен ми се бапски Puffball shoulders Robes И најбоље нешто е што graphic tees are making a comeback. Јас и онака постојано си ги носам