Hey... има многу различни мислења за модните трендови денес. Еден од нив е мрежасти хулахопки или чорапи под искинати фармерки,или пак светки на лице. Ја отворив оваа тема,овој форум за да слушнам повеќе мислења,дали ги практикувате овие трендови и што мислите за нив. Јас мислам дека мрежастите хулахопки се океј исто како и светките за лице.
@A.M.M навистина интересна тема Модните трендови не се постојани, како што доаѓаат, така и си одат. Постојат луѓе кои постојано ги следат модните трендови со цел да се докажат се современи додека од другата страна некои луѓе воопшто не го практикуваат тоа бидејќи веќе си имаат изградено сопствен стил на облекување кој го изразува нивниот карактер. Јас лично скоро никогаш не сум ги следела најновите модни трендови бидејќи точно знам кои парчиња облека и кои начини на шминкање ми се допаѓаат и ми одговараат на телото и лицето.