1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мое студио-Дадар

Дискусија во 'Коса' започната од DigY, 4 мај 2012.

  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Девојки би ве замолила ако имате искуство од фризерот кај Дадар да кажете импресии и ако знаете каде поточно се наоѓа студиото. Фала ви пунооо :) :inlove:
     
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Мое студио е сега преместено на Ленинова, на раскрсницата со Илинденска, пред семафорите во кафеавите постари згради- нема шанси да го утнеш.
    За фризерот незнам, знам само дека претерал Дадар со пакетиве (матурски, невестински) последниве 2 години барем.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Има убава понуда. Третман на коса, шишање и фенирање за 590 ден. Што не е и баш скапо во споредба со тоа дека испод 500 за шишање не сум, затоа и ме интересираше. Фала ти :*
     
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Е тој па Дадар еј ! Мислам стварно претера со цените,пред некое време ставил слика на фб со натпис - Еве да ве увериме дека не сме нај скапи во градот како што се зборува? Мислам му ја ценам работата и се ама за мој личен стандарт е многу, 590 шишање и фенирање на коса и после демек косата ќе ми се позлати или дека ми ја направил Дадар нема да ја измијам и да нема ни ф од фенирано,или ќе ми стави некое чири ба третманче да не ми се оштети косата никогаш?
    150 ден кај комшиката во зграда и шишање и фенирање ! коа ќе бидам жена на некој министер ќе го дружиме Дадарчо а вака може само да си мисли дека ќе му бидам дел од тимот 8)
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Во право си и ти. Ама јас се шишам еднаш на година дена или на две години. И бидејќи мојата фризерка не е тука, мислев кај него да одам. Уште и тој еден пат што се шишам некој да ме утне фали па да се упуцам. Кога ќе размислам 450 ми е фенирање и шишање кај мојата. Па 140 ден мање више ми е ако со сигурност ме погоди ко што сакам. Затоа и ме интересира некој дали има искуство. :)
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    590 е шишање и фенирање? Па тоа е дури и евтино за некој толку познат и експониран ко него. Јас мислев дека е минимум 1000.
    Јас лично толку пари би дала само кога би се шишала поспецифично, кога умешноста би била пресудна за крајниот резултат. Вака кога се шишам рамно и не ми е така битно. Макар што и квалитетот на ножичките со кои те шишаат е битен, а реални да бидеме фризерите што шишаат за 100 денари и немаат баш најдобри.
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Да да, некој си пакет. Заправо не шиша Дадар туку фризерот на Дадар. Од тоа што видов по слики дефинитивно ми се свиѓа како работи дечкото.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Луѓе Дадар не шиша. Дадар е професионалец за шминкање. Си шишаат и фенираат други дечки и девојки.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    кај дадар кога работеше ирена (сега има свое студио мислам ) тогаш идев редовно и ми бесе ок , тогаш беше почетник даниел ама сега тој шминка мислам и он убаво шишаше . од кога си отиде ирена отидов и ме шишаше андреј(тој пеач да ти бил) ме напари катастрофа луге не знаете не можев да се препознаам и од тогаш не сум стапнала таму
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Сакам да ве прашам дали некој бил од вас на солариум кај Дадар и како е задоволен? Турбо е или обичен? За лежење или за стоење? Има фина понуда на овие страниве, а и блиску ми е, па би ми помогнало многу ако некој ми каже од сопствено искуство.
     
  11. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    А јас пошто неам фб а гледам сите понуди му се истакнати таму, мене ме интересира само за фризура како му одат цените?
     
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Ова му е пост од 17.04.2012 и се надевам важи уште.
    Инаку за да ја гледаш неговата страна на ФБ не мора да имаш ти твоја. Ко што можам да забележам отворен му е профилот се секого.
    Други понуди не можам да видам, или сум слепа или стварно нема истакнато :)
    И моето прашање сеуште виси во воздух, или ја најдобро да си се јавам и да прашам, хм...
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilitka

    Lilitka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    Јас се шишав кај Дадар, пред 4 недели и уште ми е супер фризурата. Според мое мислење фризерот му е супер, се гледа дека знае што прави со косата. Мислам дека е ова доволно за да ти одговорам на прашањето.

    Предходниот пат се шишав во силуете и ич не сум задоволна, таа ме ишиша за 15 минути и ми го наплати сушењето на косата и покрај тоа што не ме фенираше и потенциарв дека не сакам фенирање, а сепак ми го наплати пола цена од фенирање заради тоа што не ме пушти да си одам со мокра коса...

    И следниот пат ќе се шишам кај Дадар.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    многу ме интересира колку зема Дадар за шминкање.
    има ли некој ваква информација? :)
     
  15. NewBeginning

    NewBeginning Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    23
    Фризерите кај Дадар се вистинска утка, може ќе ти се погоди добро (ако е нешто ептен лесно за работа), ама за малце покомплицирано, ќе те утнат нешто сто посто, многу се мутави, јас партал ги правев кога бев
     
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш бев кај Дадар на третман за костата. Искрено си излегов не задоволна. Значи маските што ми ги ставаа девојчињата таму ок, тоа е тоа. НО кога ме фати дечкото да ме фенира(незнам име, ист стил на однесување како Дадар има) мила мори мајко. Прво ми се лепеше, второ вртлозите(она каде што се двои косата) ми беа раздвоени, исто како кога ми е не миена. Дали не ми ја исплавија добро, дали овој не ме исфенира одпозади добро појма немам.
     
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Како им иде шишањето?
    Има ли некој што се шишал кај Дадар со виткана коса,и колку кошта?
    Убаво ли ја оформува?
     
  18. Nonence_1_9_9_2

    Nonence_1_9_9_2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Девојки има ли некоја правено јапонска метода за исцртување на веѓи кај Дадар и како е задоволна со резултатот?!
     
    На Тианче му/ѝ се допаѓа ова.
  19. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Има нркој правено нокти кај дадср да сподели искуство?
     
  20. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Стар е постот ама ќе ти одговорам. Моја пријателка беше кај него. Не знам дали ме излажа или стварно платила многу за јапонско исцртување. Веѓите и беа прекрасни цели 2 месеци. Потоа катастрофа и беа.