1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можеме ли да бидеме совршени родители во денешново време?

Дискусија во 'Дете' започната од baba Rada, 12 април 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ако има ваква или слична тема Ви се извинувам, кантосајте ја одма.

    Многумина го поставиле ова прашање но точен одговор нема, не постои...свештените лица одговараат дека нема точна формула освен само молење за децата да бидат добри и послушни.

    Денешниве родители толку се исцрпуваат во обид да ги конторлираат сите аспекти од детскиот живот, од најдобра градинка, најдобра учителка, најдобар тренер, разни најдобри вон училишни активности и едноставно родителите немаат време да уживаат во родителството.:(

    Па и овој нарцисоиден амбиент на друштвениве мрежи каде секој успех на своето дете треба да се сподели и произлегуват многу фрустрирани родители кои немаат со што да се пофалат.

    Порано се знаело кои биле главните советници во воспитувањето на детето, нели бабите, тетките, стрините, соседите...и учителката имала главен збор, кога ке оделе родителите на родителски состанок, малтене ко да иделе пред страшниот суд:?:

    А сега современиве родители, со вибер групна порака се обавестуваат што треба и како треба8-|

    Никогаш не постоле толку книги, учебници, психолошки научни трудови за тоа како треба правилно да се воспита дете и ...и...од толку многу можности, родителите се збунети, неодлучни, како да постапат и што да применат за да бидат нели совршени родители..хмммммм:?:

    Заборавате Вие млади родители дека детето не е пластелин или тесто како што некој член спомна, па да го месиме како знаеме и умееме читајќи од некои си научници...заборавивте на гените и :?:..пр. близнаци кои се раздвоени веднаш по раѓањето и одгледани се во различни средини, имале различно воспитувње, сепак горе-доле постигнале слични резултати во животот.

    Прашањето ми е дали сте Вие добар родител и дали ја знаете формулата како да се биде совршен родител и дали воопшто е можно тоа??
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Ти зошто не си кажеш? Теми за млади мајки еден куп, изназборени веќе за мали деца, тантруми, воспитување...твоите како? Дали си ти совршен родител и зошто не/да?
     
    На DAngel и baba Rada им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Кажав јас дека не сум совршен родител и дека не бев совршено дете...родител сум кој употребил ќотек кога фитилот ми догорувал, кога бесот не можев на магарето па го истурав на самарот, родител кој им купувал се што посакале децата, родител кој им спремал за јадење по желба, родител кој плачел навечер и барал прошка од бога што го удрил своето дете, родител на кој пења му фаќала устата од зворување....но, нешто што етака скроено колку и да го откројуваш и прекројуваш, тоа пак ке си пука по неговите вродени шафови.

    Моите деца мислат за мене дека сум добар родител кој ништо не успеал да им створи....хмммм
     
    На Summer16 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  4. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Изгледа повеќето родители оделе во твојата црква бабе, оти ми се чини како истите свештеници да ги слушале.
    Се молат децата да им бидат добри и послушни, а не да се потрудат и заложат да ги actually воспитаат :drunk:
     
    На Gosh, Alisa22, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    грешка си душо, сите родители се заложуваат добро да ги воспитат децата, сега барем родителството е јавно, но како што реков, многу методи, многу начини, незнаат кој модел да го одберат а да не бидат искритикувани .
     
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Не можеме да бидеме совршени родители. И не треба. Од едноставна причина што совршенството не постои. И затоа совршенство не треба да се бара ниту од децата. И во ред е да им се покаже дека и возрасните грешат.

    Епа, ако порано децата, ги воспитувале тетките, бабите, дедовците и околна фамилија, не значи дека така треба да биде и во денешно време. А најмалку пак значи дека тоа е правилно. Она што вие не го разбирате се вика прогрес. Се откриваат нови работи, се доаѓа до нови сознанија.

    И јас нема да дозволам да сечам компири во кујна, а бабите да ми го воспитуваат детето по нивна замисла, оти така било порано. И пази те молам, било правилно.

    Не постои ниту совршен модел на родителство. Но постои еден, кој се смета за подобар од останатите. Кој и да се употребува, трпи прилагодувања и отстапки соодветни за детето, оти секое дете е индивидуа за себе.

    Контрола не е избор на најдобра градинка, најдобар тренер и активности. Повеќе контролирале и моделирале постарите генерации, кога ќотекот од рајот излегол (со чесни исклучоци).

    И никој не моделира деца по книга, особено не ако се одбере добра градинка или останатите нешта од примерите погоре. Но нема ништо лошо во тоа, да се едуцираме на темата. Многу подобро, отколку да ги употребуваме старинските традиционални методи на баба и дедо, само затоа што некој не нарекол модерни мајки, а за да бидеме нели, совршени како старите.

    Такво нешто, ниту постоело, ниту постои. Иако стариве се фураат дека тие се совршените што се знаат.
     
    На Цвет88, slobodka, Gosh и 15 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Како да ги сочуваме нервите и да не експлодираме кога треба на тинејџер да му поставиш граница, кога треба од еден тон обврски да ја запоставиш улогата на мајка и да бидеш по дома чистачка, куварка, запослена жена, сопруга, свекрва, снаа, ќерка на мајка...како??
    Знам дека мајка може секогаш да биде подобра мајка, но како во ова лудо време?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Родител сум. За 'совршен' нема место.
    И, како што веќе имам споменато по темиве: Секој ќе си го за*би детето на свој начин.
     
    На M&M, candy.cane, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Го забораваш делот каде што заебани сме се родиле, кој малку, некој малку повеќе а најголема мака во денешницава е што родителството е под мониторинг 24 часа и секој има право да те оценува.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    42.890
    Пол:
    Женски
    Совршен родител нема, може да биде блиску до совршен.
    Не ме сфаќајте погрешно ама нема совршен родител, ни јас нема да бидам.
    Не може да е сè толку сјајно, децата и родителите да се слагаат.Децата да ги слушат родителите а притоа на истите сите сите работи да им бидат задоволени и попуштени.
    Еве пример мене се ми е удоволено од моите, не сум разгалена ама секоја потреба која сум ја имала била удоволена, но ете пример некогаш не можеме да се согласиме за нешто и имаме различни мислења и пак не е се совршено, не може ни да биде.Сепак разликата во генерациите си го прави своето.
     
    На candy.cane и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Ако постапуваш по своја совест, фидбек е важен од детето мање више. Другите што мислеле , нивна работа. Е сега, некогаш требс дс сме спремни на промени, јас тоа им го сметам за најголема грешка на моите родители- никогаш не се признава дека се направила грешка во нешто, и ај мање битно тоа, извини не ми значи многу, ако немало корекција.
    И плус да не забораваме, не се сите деца исти , некои се по темперамент покомплицирани од други, бара повеќе напор од родител да допре до нив.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Дa јa зaпoстaвиш улoгaтa нa мaјкa зa дa бидеш кувaркa, снaa, женa, чистaчкa пo дoмa? Уште oд стaрт прaшaњетo ти е бесмисленo. Ај ќе се зaмaрaм штo вели свекрвaтa и јaтрвaтa зa мене, дaли нa мaжoт ручекoт ќе му гo пoгoдaм, дaли кoмшивкaтa ќе рече декa дoмa ми свети oд чистoчa и кифлите сoн ми се, aмa дететo ќе гo зaпoстaвaм? Типичен рoдител oд вaшетo време. И вие нaјдoвте дa ги критикувaте млaдите рoдители денес нa кoи фoкусoт првенственo им е нa дететo. Читaле прирaчници, пa фaлa Бoгу aкo е тaкa и aкo бaрaaт пoдoбри нaчини нa вoспитувaње. Тoa немa дa ги нaпрaви сoвршени aмa пoдoбри oд oнa штo гo знaaт oд пoстaрите генерaции -секaкo.
     
    На Lady*Bug, SexiLy, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не верувам во совршенство од било каков тип, па така ни од аспект на родителството.
    Нема совршени родители, ниту совршени деца. Возрасните како и децата се живи суштества со свој идентитет, секој со свои мани и врлини, слабости, лоши денови.
    Ова секако не треба да биде изговор на родителите за оправдување на некои нецивилизирани методи на воспитување и постапување, јер иако не можеш да бидеш совршен, можеш во најмала рака да бидеш доволно добар родител. И за да дојдеш до тој степен, мислам дека не треба многу.
    Едноставно треба да разберат дека секое дете е посебна приказна и единка, треба да се набљудува и да се почитуваат неговите желби и потреби, неговата личност. Родителот воедно треба и психолог да биде, да знае да слуша и да му даде за право на своето дете, да има право на сопствена мисла и збор. Со зборови да се стимулира одредено непосакувано однесување кај малите деца, да знаеш како да допреш до него со убаво, а не со варварски мерки, кои никако позитивно нема да се одразат врз детето на подолги стази.
    Искрено, од постарите генерации на родители, што ги гледам околу себе, повеќе проценувам на лошо родителство. На прстите на една рака можам да набројам за успешна, пред се здрава врска меѓу родителите од една страна и децата од другата. Од пустата желба да бидат подмирени комшиите и околината, старите сезнаевци од фамилијата и сите кои се пикаат кај што не им е место, јер многу е битно што ќе кажат сите од нив, по пат сте го изгубиле своето дете, занемарувајќи го неговиот индивидуализам.
    Кога би требала да споредам, предност би дала на денешниот начин на воспитување, пошто 'традиционалниот ' во целина, има фејлнато, big time.
     
    На Nigredo Odor, irrelevant, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Секој родител може да биде добар и совршен, само доколку го сака тоа.
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Нема совршен родител и не може да има. Ама проблем е кога оние токсичните родители со ова се правдаат. Затоа има добри родители и има лоши (токсични) кои како ден и ноќ се разликуваат. Добрите му мислат добро на детето, лошите само го уништуваат. А совршени нема.
     
    На Nigredo Odor, WildMk, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Не сум совршена,не само како мајка туку и како личност .Секој има свои маани па така и јас а и сите ние.
    Децата на денешно време се премногу разгалени буквално задоволени со се. Играчки еден куп и пак им купуваме што ќе посакаат,киндер,игтачка,сокче па после се лутат во продавница и се валкаат на под ако нешто не добијат.
    Еве моиве имаат играчки многу (повеќето поклонети)секој месец едни кријам други им вадам ама искрено ретко се заигруваат или тоа е пола саат максимум, пд што е тоа ,презаситеност?задоволено со се? Крицацата е во нас немаат ограничување,денес постои некој нарпревар меѓу родители кој повеќе ќе купи на своето дете, најмодерни телефони, маркирана облека ....алишта не по десет туку по дваесет пара панталони и блузи па јакни....
    Што вели свеќи имале по два пара фармерко ги исперам на рака ,сушам на парно па им ги облечам утрото за во школо ило една играчка па знаат да ја ценат и си играат , а не моиве од толју ограчки тропаат тенџериња и тави,вратите од кујна ги лупаат и треба да не ги карам, да не ги удрам?
    мебелот од нашите родители е прелу 40 години и уште е добар а нашиот но 5 години неможе да издрже. Родендените ги славевме со слатка и една лимоната а денес децата во кафич,поклони моловче и тетрарки а денес блузи се носат по 300 денари поклон.Слатки маси се трошат по 100 евра ,сетоа тоа е чепатлак.
    Убаво велат старите не им давај цела рака ,оти ќе те изедат.
    Многу размислувам на оваа тема, уште се мали, ама се трудамда ум ставам некој ограничувања, во однос на купување,телефон..сакам да ги научам на правите вредности да бидат луѓе,да ги ценат парите,да ги изведам на прав пат, да аопрат моите зборови до неив, совшенство не постои.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Јас веќе ти одговорив на ова, без да прашаш.
    Или пак не дај боже да си ги запоставам децата, оти требало куќата да се исчисти и да се биде снаа на совршената свекрва.

    Тоа е проблемот во постарата генерација. Не можете да се помирите со тоа дека децата ни се на прво место. А тоа најмалку значи дека се под мониторинг 24 часа. Никако да разберете дека така било порано. Добро и сега, некаде каде свекрвите се главни и го оценуваат секое дело на снаата.

    И дај веќе престанете со споредбиве, порано било вака, порано така. Ако толку многу ви фали тоа време како сте растеле вие гледајте си ги децата на истиот начин и оставете ги другите. Купувајте само една играчка, два пара пантолони итн.

    Никој не ви е виновен, а најмалку децата, што вие не знаете да поставите граници, па макар и милион играчки имале. Се почнува од мали. Подоцна е доцна. Разберете дека времињата се менуваат. И тоа е нормално.

    Грешките во воспитувањето, најмногу доаѓаат до израз во тинејџерството. Тогаш ќе видиме каде сме подвалиле. И бабе, нема потреба од експлозии, па сигурно нема со тинејџер да се тепаш.

    И за тој период постојат стручни лица, кои можат да помогнат. Многу подобар избор од вашиот, а уште повеќе од баби, тетки, свекрви.
     
    На M&M, WildMk, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Зарем постои родител што нејќе да биде добар!??

    Ете, јас сакам, кажи како, кои се твоите" цаки" на пример!?
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    на оваа тема ќе ставам две линкови што сметам дека треба да се прочитаат.
    https://www.fakulteti.mk/news/16-10...F_uB5E3pnL2AtZGuP9EiMCcBqX2TqOYCeDY3Y3LvN4VxU

    https://deca.mk/detsata-denes-ne-se...G4vqErUn20jLFlPfoUsdBtFQXP_JENL087JtgnT2IHA8E

    мој став околу темава е дека се зависи од детето. не верувам дека некој родител ќе го учи детето на негативни работи непочитување нелојалност и сл. моите родители биле строги и со мене и со сестра ми. јас имав страв од нив таа не ги шмиргла. не им ни кажува каде ќе оди ко ќе тргне некаде. излага со реченицата одам на кафе а ја нема цел ден. јас на пр немаше шанси да излезам ако не кажев каде сум и со кого. и јас мораше да се вратам кога тие ќе речеа. не е до родителите до децата е. никој родител не сака неговото девојце да се врати бремена од некаде или нејзиното дете да силува девојче ама се тоа зависи од децата.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Да, јас сум совршена мајка на моите деца. Ги сакам безусловно, се трудам со сите мои сили да им овозможам пристоен живот. Секогаш се сити, облечени, згрижени, сакани. Ние како родители сме одговорни за нив, ние ги чуваме, ги воспитуваме, ги носиме по доктори, дежураме секогаш кога се болни, играме заедно, ги шетаме, ги караме... И навечер кога ги заспиваме и ги гледам колку се спокојни и среќни знам дека јас и татко им сме за нив совршени родители.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.