Паметам кога одев во основно училиште, па така и до 18 год.возраст, времето ми течеше премногу споро. Некаде околу 25 год. почна времето да ми се забрзува, колку повеќе стареев, толку повеќе времето иташе...додека се завртам беше петок, нов месец, нова година Мене ме интересира дали и на вас времето ви тече брзо и ако е така, што мислите која е причината за тој брз живот!? -Дали се согласувате со тезата дека колку старееш толку брзо ти поминува време? -Дали е поради климатскиве промени? -Дали сме преокупирани со небитни размислувања, со други животи и немаме време да се завртиме кон нашиот живот кој ни лизга како песок низ рака? -Можеби некоја друга идеја?
Темава си ја отворив, ете сама и да си одговорам од денешниов нов заклучок, т.с.брзината на времето зависи и од емоционалниот квалитет на дневните збиднувања. Денешново чувство на тага и преплавеноста на негативности ми го успорија времето, тежок ДОЛГ ден, за разлика од деновите кога сум среќна и времето ми поминува додека трепнам со око.
Највеќе зависи од тоа како го поминувам секојдневието. Доколку работам, се социјализирам, заљубена сум, патувам, тогаш и времето го поминувам во разни обврски и активности и деновите ми се исполнети. Секако, брзо поминува времето но не го жалам, имам далеку повеќе интересни моменти и спомени за сеќавање и тој период го паметам по тие работи што ми се случувале. Обратно на тоа, доколку секојдневието го поминувам пасивно, не работејќи ништо, досадувајќи се по дома (особено ако ова трае подолг временски период) тогаш депресивното расположение ми го "забрзува" времето, барем кај мене е вака обратно. Кога ќе погледнам наназад, веќе поминал извесен период а не се случило ништо интересно, тогаш тој период го чувствувам буквално како "губење време" од животот не правејќи ништо што би го променило и тоа уште повеќе ме депримира. Како и да е, животот е навистина краток и треба да се потрудиме да ни помине што е можно позабавно или како што велат: One day your life will flash before your eyes. Make sure it's worth watching.
Која контрадикторност кога сакаме времето подолго да ни потрае, тогаш како за инат побрзо ни прелетува
Кога си мал - едвај чекаш да пораснеш незнаејќи колкава одговорност и тежина носат возрасните, затоа времето бавно ти одминува, тоа е исто и кога чекаш некого, но деновите не поминуваат Кога си веќе зрел- жалиш за тие тинејџерски денови, почнуваш да ги губиш постарите луѓе, сфаќаш колку животот е краток Би го додала и брзото темпо на живот кој го живееме баш како програмирани....
Штета што не можеме да го запρеме вρемето. Многу бρзо ми помина детството, сρедношκолсκите денови. Κаκо вчеρа да беше κога завρшив сρедно. Туκа би го запρела вρемето. Тој пеρиод беше најубав во мојот живот. А κога ќе се потсетам на свадбата не ми се веρува деκа толκу бρзо поминаа 5 години. Децава бρзо ρастат. Жалам за многу ρаботи.
За жал не можеме да го запреме времето но би можеле барем да се потрудиме да живееме поквалитетен и поисполнет живот. На мене ми се чини дека времето ми минува бавно, ми трае цела вечност, колку и да имам активности во текот на денот сепак после 16 часот имам вишок на слободно време. Бавно ми минува денот кога не сум постојано со обврски и не сум фокусирана на нешто продуктивно. На пример додека студирав денот ми беше поисполнет, со тоа што патував , учев, излегував, идев на забави, се ми беше динамично и времето ми беше исполнето. Кога сум среќна исто минат убавите работи дур да трепнеш, а неубави, тажни денови и ноќи долги како вечност ми се.
времето е како ролна тоалет хартија, што помалку ја има, тоа побрзо се троши..а кога ке си го погледнам изводот на родените, ехх, тек тогаш гледам дека со луда брзина времето ме извози
Јас изводот на ρодени не го ни погледнувам. Κога ќе ми теκне деκа дρугата година полнам 30 години, ми се κρева κосата на глава.
Добρо е што изгледам помладо. Ми даваат најмногу 25 години. Пρед неκој ден бев во еден бутиκ да κупувам облеκа за внуκа ми и саκав да си κупам за мене блуза. Газдата на бутиκот ми дава една блуза, ама таа беше за постаρи. Му велам - таа е за постаρи. Јас немам ни 30. Он ме пρашува - κолκу имаш? Јас му одговаρам - 29. Он ми виκа - 25
Изгледа. Многу не ми веρуваат κога ќе им κажам κолκу години имам. Го зафρκавам маж ми - што убаво е да имаш млада жена. На стаρи години ќе мислат деκа сум ти ќеρκа. Он изгледа постаρ за годините што ги има (неполни 30 години).
Не можеме да бираме како и каде ќе умреме... можеме само да одлучиме како ќе живееме.Некои работи најбрзо се работат полека.Уживајте во животот, смртта трае цела вечност. И се сложувам со @baba Rada дека времето е најдобриот советник.
Мене времето ми течеше нормално, споро, до 17 години. После 17 почна неконтролирано да лета. Мислев дека е тоа нормално поради возраста така да биде, ама слушам како постари се жалат дека изминатава деценија времето им поминува побрзо отколку што биле навикнати. Не би ме чудело нешто да е сјебано преку современава технологија, којзнае што чепкале. Не баш, ама секогаш можеме да се залажуваме дека одлучуваме.
Најголемиот парадокс е дека во моментите кога посакуваме времето побрзо да тече, една минута изгледа како еден час. Памтам, на пример, како во основно и во средно едвај чекав да завршат часовите по историја (за мене најдосадниот предмет) и да дојде голем одмор. Колку повеќе гледав во часовникот полошо беше. Важи и обратното... кога сакаме моментот/денот да трае и трае... се чини дека лета и минутите како песок ни се лизгаат низ прстите Ако можев да имам натприродна способност, ќе изберев да можам да манипулирам со времето.
Времето е бесконечна секвенца во која се подредени моменти, ситуации, настани што не секогаш се случуваат според нашите планови, потреби и желби. Низ хронолошката променливост учиме, растеме, созреваме и ја искусуваме големината и вредноста на животната слика. Непречениот тек е потврда дека универзумот моќно манипулира со човечкото битие. Во таа континуирана неизвесност што го подгрева исчекувањето се има свое место и значење.