1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли македонскиот маж сам да издржува семејство денес?

Дискусија во 'Брак' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Дали мажите во Македонија денеска можат самите да го издржуваат семејството финансиски или тоа е нешто што ретко кој може да го доживее? колку мажите се способни да се грижат за семејството финансиски? Очекувам и мажите и жените да се изјаснат на темава рационално.
    Тука имате многу прашања на кои можете да си го искажете ставот. Како на пример:

    1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа?

    2. Дали и покрај тоа што како маж заработувате доволно пари, повеќе би сакале сопругата да има своја кариера и да заработува?

    3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера?

    4. Прашање до мажите. Мислите ли дека би можеле да стигнете до степен да го издржувате самите семејството?
     
    На cresa-jagoda, Mr. Right, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Во Македонија тешко да се издржува семејство со една плата, освен ако сопругот не зима плата од 1.000 евра па нагоре.
    Не. Не сакам сопруга која седи дома и ќе чува деца. Сакам сопруга која ќе напредува и ќе се надоградува себе си во кариерата, ќе работи и ќе заработува.

    Одговорив во претходното. Да, сакам. И да имам доволно пари за да издржувам семејство сепак добродојдени се пари и од двајцата партнери.
     
    На Herrera, PaLaVa, SV1911 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Просечен маж во Македонија, со просечна плата, не би можел. Едноставно нема да може да ги задоволи најнеоходните трошоци, а да не зборувам за друго. Доколку зема над 1000 евра плата, можеби. Јас како жена не го прифаќам тоа. Прво, затоашто ми е понижувачки ако сум здрава права, од некој финансиски да бидам зависна. Целосно да го посветам животот на децата и семејството, не можам. Не се само парите во прашање, може да заработува и 4000 евра месечно, ама ако мене ми причинува задоволство некоја работа, и за незначителна сума ќе работам. Второ, затоашто сакам да се надоградам себе си, да ги проширам гледиштата. Потоа, затошато ќе придонесам за општеството, а ќе можам и да им помогнам на многу луѓе. Потоа колеги, пријатели, контакти, дружба. Можност и за професионален и за личен напредок. Верувам дека мојот иден сопруг не би сакал жена покрај него која ќе биде домаќинка и ќе чува деца. Не сакам ни да замислам како би изгледало тоа. За мене е премногу понижувачки, една емаципирана жена не би требало да сака да биде финансиски зависна од сопругот.
    Освен ако се работи за јавна функција на сопругот, па во тој случај не може другиот да работи. На пример: Претседател, првата дама не може да работи, туку се занимава со друго. Во тој случај, не се противам.
    Некогаш тоа било одлика на семејството, денес семејството негува други вредности.
     
    На PaLaVa, Mari*, duffi и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Со платите во Македонија тешко дека е возможно такво нешто, освен ако зема плата над 1000евра.
    Иначе јас лично не би сакала да зависам од никој, сакам сама да си работам и да заработувам, без разлика и колкава да е платата на мојот партнер, не би сакала да бидам само жена, домаќинка и мајка.
     
    На marchi-cool, cresa-jagoda, SeaMermaid и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Човек со македонска плата не може да си дозволи воздух, а не па да издржува семејство. Како сите преживуваме е вистински екстремен спорт :drunk:
     
    На AngIv, Вереничка, VDT2906 и 24 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.425
    Пол:
    Женски
    Процентот на луѓе каде едниот работи, а другиот одржува дом, мислам дека е мал. Затоа ќе зборам хипотетички, зошто јас не сум во тој процент.

    Јас радо би работела. Имам и онака сиромашен социјален живот, ако не работам и само гледам деца, ќе имам уште посиромашен, ќе бидам осамена, и кога ќе имам деца ќе ми бидат цел живот и кога ќе го напуштат домот јас ќе останам сама и депресивна. Од овој аспект, убедливо би работела, можеби не би бркала кариера, ама би работела, макар и на пола работно време ако не морам да работам, макар и би волонтирала негде. Само дома да седиш, да чистиш и деца да гледаш не би ми било здраво за психава.
     
    На PaLaVa, CameliaMiller, Dream-Girl и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Во Македонија не можеш да издржуваш семејство со само една плата освен ако е голема. Ама се знае каков е животот овде и ретко кој тоа може да си го дозволи.

    Од друга страна, јас како жена не би седела дома додека само мажот работи. Сакам и јас да придонесувам за семејството, не сакам да сум финансиски зависна од него и за се' што ќе посакам да си купам да го прашувам него за пари. Барем сега во денешно време жените можат да бркаат кариера и да се успешни, не како порано кога знаеле дека бидењето домаќинка им е единствена "професија".

    Не мора ни да се брка кариера, доволно е да се работи за соодветна плата. А домашните обврски да се делат помеѓу двајцата партнери, ништо да не е на товар само на едниот. И децата не се само на мајката, туку и таткото треба да се грижи за нив исто толку.

    Со согласност и разбирање меѓу партнерите, верувам дека ова може да се постигне во семејството и дека е најдобро решение.
     
    На PaLaVa, CameliaMiller, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Можат мажи воодреден круг професии и бизниси. Претпоставувам повеќето можат ама со прилично неудобен живот. Од лично искуство, да се биде издржуван не делува убаво на мојата психа, ме тишти, плус тука е стравот ако му се случи нешто, како ќе се справуваме. Подобро и жената да работи. Еден од најубавите аспекти во странството е работењето парт тајм. Ем не работиш за кикирики, ем имаш време за логистика в куќи. А доста работат по 4 дена и мажот и жената , особено на бебиња родители, па 2 дена беба има родител дома. Или комбинација со работа од дома. Се надевам и во мк ќе биде така еден убав ден.
     
    На Shalitra, CameliaMiller, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Токму во оваа тема се крие причината зошто се уште не сум се одлучил да стапам во брак, имено, вложувам многу труд да го постигнам посакуваното ниво и воедно внимавам да не ми пројде времето. :)
    Мојата филозофија е дека мажот треба да заработува доволно за да го издржува своето семејство, да овозможи да бидат задоволени основните потреби на семејството, жената е во ред да помогне во семејниот буџет со нејзините лични примања, но сопругата да го издржува семејството, за мене е не сфатливо, тогаш за што ќе им се мажите на жените, ако мажот не може да пружи основна грижа и заштита на сопственото семејство?
    Обезбедување на покрив над глава, плаќање месечни сметки, за храна, и задоволување на основни потреби на сопругата и децата, тоа е обврска на таткото, па макар бидат и најмодерно семејство.
    Ова е мое мислење, но и утре како татко за мене ќе биде срам да не можам да овозможам задоволување на основни потреби на моето семејство, токму затоа сега работам многу и се жртвувам многу на сопствен план, па ако треба меѓу последните од моја генерација ќе се оженам, со цел утре на моето семејство да овозможам пристоен и нормален живот. Тоа е тоа ;)
     
    На LiliBoz, Milobebence, Makedonka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Може.. и сам маж, и сама жена.
    Ако се во бранша која е добро платена.
     
    На Вереничка, PaLaVa, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    21.026
    Пол:
    Женски
    Велат ако се сака се се може.
    Мм вели ќе работам од дома плус ако треба, не дозволувам да работиш за никакви пари и било каква работа.
    Тоа не значи дека нема да работам, секако дека не е на одмет плата плус.
    Е сега, не дека јас дома само седам. Или гледам само куќа и дете.
    И од дома гледам да заработам колку можам.
    Тешко е со една плата, но сите се трудиме да постигнеме нешто повеќе.
    Ако јас најдам работа, тој ќе може да се опушти и повеќе да се посвети да бара подобро платена работа.
    Повеќе ме плаши што во денешно време ниедна работа не е сигурна со оглед на тоа дека повеќето работат во приватен сектор.
    Друг момент е колку е позитивно да излезеш од дома, малце да се тргнеш од секојдневието.
    Не се доседува дома.
     
    На CameliaMiller, LiliBoz и marchi-cool им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    33.951
    Пол:
    Женски
    Може, во странство.
     
    На Makedonka007, Animali и WildMk им се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Зависно што работи, може. Но зошто?
     
    На Ariel и Schwanger им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.918
    Допаѓања:
    49.975
    Пол:
    Женски
    Зависи што работи, голема улога играе платата.
    Ако е голема може да го издржува семејството, но можеби за повеќето основни работи, а за многу повеќе не би рекла, за повеќе опуштање подобро е и жената да работи. За во странство секако дека може со една плата.
     
    На gjoker4e, Makedonka007 и Animali им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Некои денови како ми иде да баталам и работа и све, ама не можам.
    Заработувам повеќе од маж ми, така да, и да сакам, не сум баш во можност да ја баталам работата, доста зависиме од мојата плата.
     
    Последна измена: 13 март 2019
    На CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Не може и не треба.
    Јас никогаш не би сакала да зависам од идниот ми маж, жените се на денешно време самостални и не бараат од мажите пари за влошки или за пудра.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.001
    Допаѓања:
    11.121
    Не сакам да зависам од маж, не би оставила работа дури и ако тој добро заработува. Сакам да придонесувам, но она што го гледам во пракса, мислат дека мажите не се независни, има многу од нив што скоро накај 40 години се, а живеат во домот на родителите, немаат свое и не планираат да прават, сметки не плаќаат сами, значи заработуваат за себе, но не и за жена да издржуваат. Тоа е мое мислење.
     
    На PaLaVa, Herrera и Ursi им се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    59.333
    1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа?

    Алергична сум на коментари од други што и како да правам со животот. Не би била со некој кој ќе ме ограничува.

    3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера?

    Извесен период да, првите неколку месеци, иако не е факт, зависи од работата секако. Повеќе задоволство ми носи градењето на себе си како личност, тоа секогаш ќе ми биде приоритет, а работата која што ја сакам е само еден од начините.

    Познавам жени кои не би сакале да работат, повеќето се нешто постари, ама знам и помлади од мене кои радо би се грижеле за децата и домот, вложувајќи го своето време исклучиво таму. Лично, ова не ми е разбирливо, ама нивен живот, нивно право.

    Што се однесува до тоа дали со платата на мажот може да се прхрани едно семејство, плус да се покријат сите останати трошоци - во најголем број од случаите не.
     
    На CameliaMiller и Amellie13 им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.699
    Допаѓања:
    42.900
    Пол:
    Женски
    Може.
    Мајка ми не работи веќе 5 год.
    Сметки, патувања, храна, облеки се тоа плаќа татко ми.
    Моите си се имаат договорено како ќе функционираат и не сум чула да се жалат досега.
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Од сам старт темава, односно од самиот наслов не ми се допаѓа.
    Зашто сам маж!? Еве јас сум жена, маж ми веќе месец дена ако не и повеќе е дома чува дете.
    Под кирија сме и немаме никаква финансиска помош од никој од страна (фала богу) и добро се држиме.
    Е сега, се зависи од две работи. Од примањата и од човекот.
    Ако примањата се многу ниски тешко дека ќе издржи. Но ако примањата се во ред а човекот не знае да води рачун кај троши и на што троши... Џабе е и високи примања.
     
    На Annora, PaLaVa, Pcelka1315 и 4 други им се допаѓа ова.