1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли љубовта да се купи со пари

Дискусија во 'Врски' започната од Idonea, 11 октомври 2013.

  1. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Парите неможат да ви овозможат љубов и среќа на долг рок, но секако дека можат да поттикнат да се роди љубовта. Парите неможат да купат љубов, ниту љубовта може да купи пари, но парите ја зголемуваат можноста за љубов, а љубовта ја намалува потребата за пари.

    Што мислите, може ли љубовта да ја купите со пари? Или можеби да jа задржите? Каква улога имаат парите во вашата врска ? Сите финансиско-љубовни проблеми -тука :lol:
     
  2. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Парите не можат да купат љубов. Парите може да купат само задоволство. И жал ми е за богаташите кои мислат дека купуваат љубов со пари и мислат дека најјаките женски се со нив затоа што ги сакаат. Тие се со нив зошто добиваат задоволство со туѓи пари и тоа ќе трае се додека не се најде некоја побогата варијанта.
     
  3. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    *Со пари можеш да купиш часовник, но не и време.
    *Со пари можеш да купиш кревет, но не и сон.
    *Со пари можеш да купиш книга, но не и знаење.
    *Со пари можеш да купиш куќа, но не и дом.
    *Со пари можеш да купиш секс, но не и ЉУБОВ..
    Најважните работи во животот не можат да се купат со пари.

    Постојат многу сиромашни деца, на кои родителите не им дале ништо друго, освен пари.

    (Оваа мисла некаде пред скоро ја прочитав и секогаш кон неа се наслонувам, кога со другарки и блиски па и вака на форум има некоја слична тема ... ТОТАЛНО се согласувам со ова ... Чувствата не се купуваат со пари.)
     
    На magic.girl, sweet-star, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Дефинитивно не! Ниедна цена на светот не може да ме натера да бидам со некој, доколку нема љубов. Не ми треба материјално богатство, ми треба душевна исполнетост, куќа полна со деца, среќа, и благодет.
     
  5. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Ова некако не можам да го разберам; Парите неможат да ви овозможат љубов и среќа на долг рок, но секако дека можат да поттикнат да се роди љубовта.
    Како тоа? Ако ме однесе на првиот состанок во најлуксузниот ресторан на вечера ќе се заљубам, ако ме однесе само на сокче тогаш нема?

    Парите не купуваат ни здравје, ни љубов, ни среќа.
    Сум поминала многу прекрасни вечери исполнети со љубов а без скршен денар во џебот.
    Не велам дека не се парите потребни, го олеснуваат животот и тоа многу, барем во ова наше време, но само полното срце, а не полните џебови може да ти го донесат мирот и хармонијата во душата.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Убаво сте напишале.
    Само реалноста е друга.Барем јас сум била сведок на такви настани.
    Љубовта на другарки подалечни да биде купена за пари.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки

    Како може парите да поттикнат љубов? Освен секс за една ноќ или секс без обврски друго неможат да поттикнат. Тие што се во врска само заради другата страна има ненормално многу пари, тие живеат во лажна љубов.
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Како може да се мери духовното со материјалното? :|
    Дефинитивно,не.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    12.312
    Какво време дојде може и да се купи. Мој роднина зема жена која е помоќна финаниски од него. Убава е , не дека не, ама и парите го влечат и колку само ја почитува, се однесува фино, сака да ја прошета негде. Затоа што знае дека кога тогаш се што таа поседува ќе биде на нејзе и на сестра и, т.е на него и неговите деца утре. Некоја бивша што го сакала ќе си каже - да ете љубов и внимание се купува со пари.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Кога напишав дека парите можат да поттикнат љубов , ете на случај како овој за кој зборуваше tanjamm. Денес многумина се во врска или брак со некој поради финансиите...за жал
     
  11. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Парите можат да ни овозможат полна трпеза со најубава храна, најскапа и најубава гардероба, прошетки низ цел свет, но не можат да ни го купат здравјето, среќата, љубовта... Џабе имаш пари ако немаш здравје и љубов. Зарем полната трпеза и добрата гардероба можат да не направат среќни ако во тоа задоволство уживаме сами? Многу пари го прават човекот лош, себичен, а со тоа и да ја имал љубовта покрај себе ќе ја изгуби.
     
    На Sunshine88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CrnceSK

    CrnceSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    59
    може може , ако вие женските тука пишувате нема шанси и сл.
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Па нормално дека може, како во другана тема девојчето што се прашуваше дали да оди со „дебелиот дечко“ кој ја шетал по фенси ресторани, хотели, места, ама не баш многу го обичала оти не изгледал како таа има замислено.
    Ќе се залетаат тие што немаат толку пари дома, ќе им се види интересен целиот тој процес на осознавање „фенси“ работи, ќе си мислат дека со принцот го достигнале врвот на социјалниот живот и скалило, и со сила ќе се заљубат. Т.е. ќе мислат дека се вљубени, се` додека течат парите.
    После доаѓа поплавата, која „слаткиот медо“ ќе го претвори во „вол дебел“ и тоа е тоа :D

    Може, ама не е вечна, дури и да нема поплава....зошто човековото око се учи и навикнува многу лесно на убавини, па после се` материјално пробано, кад тад ќе дојде момент кога ќе треба да се сврти кон душата на човекот кој и` ги овозможил тие искуства.
    Голема е веројатноста дека на крај ќе најде многу маани и ќе констатира дека „парите го промениле“, не е тоа ТОА веќе, чао пријатно. До следниот извор, упс ЉУБОВ :D
     
    На karenin и mimiiiii им се допаѓа ова.
  14. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    За жал да денес се е во парите затоа што таа вистинска љубов полека изумре, ретко некој вистинска сака.
     
    На Lost_L му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Според мене вистинската љубов не може да се купи со пари. Љубовта треба да се гради помеѓу две личности, а не помеѓу една индивидуа и банкарска сметка. Љубовта треба да се базира на заедничка доверба, заедничка подршка и уште многу други заеднички споделени нешта. :)
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кога се фаќа дечко се гледа дали е богат или дали ќе ни се допадне неговиот карактер, изглед, нарав, памет, хумор, неговите секс способности...?! Челото, дланките, нозете, очите.

    Среќата со пари не се купува... А љубовта:

    Можеби може љубовта да се купи со пари за ден-два, година до три. Но сепак тоа ќе биде пропратено со мали испади настрана. И се зависи од тоа како се перцепира љубовта.

    off
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... j3kyg#t=25

    :D :D :D
     
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека форумов е место каде што треба да бидеме искрени а не да влегуваме во филм. Доколку запознаете некој кој „нема вода во очи“ и некој кој има доста, кого и го избрале? Верувајте ми дека 90% ќе го избереме оној што има повеќе пари, а ке тврдиме дека не сте со него заради парите.
    Сум се нашла многу пати пред тој предизвик и знам како е, бидејки нема девојка која несака да се облекува добро, да биде видена на места каде што неможе да влезе некој со 10000 плата, да не се грижи кога ќе влезе во кафана што да нарача, и колку тоа кошта, да не дреме по автобуски станици туку да биде вратена дома со убава кола.... И верувајте никоја од нас нема да признае дека е со некого заради парите. А ако има човек пари мислам дека и лесно ке го засакаш, бидејки нон стоп ке бидете де ваму де таму и ке немате време да се карате. Каренин вели: „Среќата со пари не се купува“. Ама без пари тешко дека ќе бидеш среќна.
     
    На okcenzi и Marjan007 им се допаѓа ова.
  18. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    познавам многу девојки кои се поради парите со дечковците... мене лично не ми беше воопшто битно тоа, и се омажив за дечко кој си зима 10000 плата, и има скромен дом, се омажив поради тоа што го сакав, сега можеби ни е тешко, тешко се снаваѓаме, но сепак имаме доволно, за понатака кога ќе почнам да работам и јас знам дека ќе ни биде многу подобро... така да не е се во парите, слогата е најбитна ;) ахх тие пусти пари
     
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.947
    Пол:
    Женски
    Ќе ти го купат парите најубавото можно нешто од целиот свет, ќе одиш до крај на светот ќе уживаш да, ама што потоа кога ќе треба вечерта да легнеш со тој што ти овозможувал преку дента се? ке можеш тогаш да го гледаш до тебе и дали ке можеш да го поднесеш секој негов допир по твоето тело? жалосно е колку девојки се продаваат за пари !
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    кратко и јасно НЕ !