1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно ли е младите во Македонија да живеат самостојно?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 31 јули 2017.

?

Дали младите во Македонија можат да живеат самостојно?

  1. Да

    81 глас(а)
    32,0%
  2. Не

    180 глас(а)
    71,1%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Темава ја мислам некое време. Прво мислев темата да биде дали младите во Македонија можат да живеат самостојно после полнолетство, меѓутоа со оглед на тоа дека некои студираат и имаат дополнителни трошоци си реков ајде да не претерувам. Па затоа ги земав општо младите.

    Во Америка постои овој тренд на осамостојување после полнолетсво. Младите живеат сами, работат и заработуваат за себе, се прехрануваат и подмируваат дополнителни трошоци.
    Дали овде младите им е поудобно кај мама и тато па затоа не ни помислуваат на самостаен живот или пак финансиите не го дозволуваат тоа?
    Или пак мислите дека родителите премногу им дозволуваат на своите деца и дека премногу ги жалат, мазат и пазат?

    Овде можете и да дадете свој конкретен пример, дали свој или за некој од вашата околина. Како некои живеат самостојно или пак ако не живеат самостојно туку со своите родители, зошто е тоа така?
     
    Последна измена: 31 јули 2017
    На Kaetana, sofijanoka, "Zoki" и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    21.853
    Пол:
    Женски
    Во нашава држава ретки се оние кои живеат самостојно. И свака им част на храброста сами да се снаоѓаат во животот, бидејќи сите знаеме колку е тоа тешко овде. Сѐ повеќе ги има оние кои на 30 и кусур години сеуште се без работа и чекаат на мама и тато. Кој е крив за ваквите ситуации? Родителите секако.
    И финансиите имаат голем удел во пречката за самостоен живот, но не колку родителите.
    Ако може некој на 18 години да работи и заработува за себе или за да помогне дома, небитно, може секој.
    Родителите се тие кои ги мазат и пазат децата мислејќи дека на тој начин ги заштитуваат, а всушност го прават спротивното. Прават паразити од нив кои не знаат да се грижат за себе. Како тоа дете утре ќе гледа свои деца?
    Зошто да работи кога мама и тато плаќаат сметки, јадење има во секое време, пари за кафе исто така.
    Муабетот ми е, тука младите не сакаат воопшто да работат, а не пак да се осамостојат.
     
    На Dashing:), mama31, Matotheja и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.561
    И да можат не сакаат.
    И да имаат плата од 300 еу не се делат од своите.
    Девојките од кај мама право кај свекрва одат оти момчето сака со мама и тато да живее.
    Не сакаат да живеат со цимери.
    Не сакаат да живеат сами пред брак.

    Побитно им е да одат на фризер, маникир, да купуваат партали и да одат по кафичи и да пијат овошје од тегло отколку да се сами. Јас тоа не го сфаќам.
     
    На ninavila, mama31, Lux и 18 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Не можат, од повеќе аспекти
    Прв, и според мене најважен е финансискиот, секако...
    Немаме стандард за таков, да го наречам луксуз. Луѓево околу мене во просек имаат плата од 300€. Со неа да платиш кирија/рата за кредит, сметки, храна...Не стигнува
    Второ е,како што спомнавте размазувањето...Сеуште има такви кои ќе чекаат мајка им да им зачисти и испере...Не само машки, и женски такви познавам за жал...

    Ги спомна Американците...Кај нив е поинаков менталитетот...Тие се спремни дека на 18 години ќе одат на факултет и во интернати...Е таму нема мама и тато, како кај нас...Поинаков е системот

    Ја имав таа т.н. среќа да мајка ми ме тера да се осамостојам од ,,домаќински" аспект,па така знам и да готвам, перам...Многу мои врснички, па и поголеми, не знаат...Ајде, модерно време е, ќе јадат надвор, ама со овие плати и ,,приоритетите" што ги спомна @Cka :shake:
     
    На Dashing:), ninavila, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тоа се тие муабети во кои одењето во кафиќ е пречка за стамбена самосталност.
    За неколку години ќе се тераат муабети во стилот "што, јаде денешен леб и очекуваш после да се осамостали...па и се тушира летно време ццц...два пати неделно еееј, се бриши гз со тоалетна наместо со стари весници, аздисана младина" :devil:

    Инаку тешко, среќна околност е што стамбениот фонд бил таков каков што бил од времето на Тито иначе ќе беше многу поцрно него што е, а е многу црно. Настрана и огромната емиграција надвор што помага да не седат во стан од 60м2 7 души него само 5...
    Иако кириите во места како Ресен или Делчево веројатно се смешни, исти такви се и примањата и така останува Скопје како некакво место кое може да се анализира во склоп на темава.

    Единствено лицата со високи примања, партиско-административните чиреви и понекој среќник кој добил стан во наследство.

    Иако во зародиш е интересна ситуација, алтернативен пристап, познавам неколку брачни парови кои живеат надвор од урбаните џунгли, ситуација која можеби вреди да се погледне посериозно.
     
    На WildMk, BoaVista, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Она со осамостојувањето веднаш после полнолетство во странство, реално е далеку од можностите кај нас во глобала. Зборувам највеќе за личности што имаат намера да го продолжат образованието после средно.
    Нема такви работни места за луѓе без високо образование, со плата доволна да стигне и за целосно самостојно покривање и на сите трошоци, па и за школарина и сите дополнителни триста ситници околу факултетот. Младите што доаѓаат од помалите градови во Скопје се посамостојни од нас Скопјани, но јас не познавам ниту еден што не му се праќа од дома пари и за кирија и за школувањето, и секако дома се враќаат повеќето од викендите. И тоа е многу разбирливо и логично според мене, со оглед на нашиот тажен стандард.

    Е сега, за луѓе со завршен факултет – познавам еден пример на ептен ситуирани родители со две деца (и двајцата сега над 25 години) што се изнашетаа досега без речиси воопшто да се обидуваат да најдат постојана работа. Но општо таа ,,висока класа“ што овозможува навистина разгалување и безгрижно уживање на младите и што е навистина за плукање и осуда – е малцинство, a голем дел посебно во помалите градови имаат навистина долго време и по дипломирањето проблем со наоѓање работа и создавање услови за самостоен живот.

    Така што, мислам дека големата слика е дека мизерниот стандард е во најголем дел виновен за тапкањето во место на многу млади, меѓу кои и многу одговорни личности што не ги заслужуваат вообичаените генерализации.
     
    На WildMk, sweet-cherry, ludoto19 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Некои можат а некои не. Зависи од тоа дали се вработени и колкави им се примањата. Има и такви кои можат а не се осмелуваат на таков чекор од причина што додека се во домот кај своите родетели најчесто давачките им се подмирени од нивна страна па целата плата им е на располагање за задоволување на свои потреби што не би било случај ако од истата треба да одвојат за кирија, сметки, храна....
    Што се однесува до мене, не ги обвинувам оние кои не се одделиле самостојно да живеат со цел да тргнат на страна некој денар плус во својата заштеда. Ама пак затоа цревата ми се превртуваат од оние кои чекаат дома мајките да им изигруваат слуги додека 30 годишните принцови и принцези се излежуваат со слушалките на уши и на кои единствена преокупација во животот им е во кој кафич да седнат вечерта и да ги трошат парите кои нивните родители се мачеле да ги заработат. И сето тоа затоа што господата нели се со кралско потекло па не може да работат што било. :devil:
     
    На WildMk, Skorpija25, La.loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.561
    Познавате некој млад 25 годишен, вработен во истиот град, а да не живее со мама и тато, туку со цимери под кирија?
    Нити било некогаш нити ќе се случи.

    Мајката у несвест ќе падне, детето од дома избегало. А и на детето поокеј му е да му готви мама и да му пере, а оно со платата да си купува сваровски и да полни фрижидер 2 пати месечно со изговор дека придонесува.

    Тука не зборувам за студенти издржувани од дома. За млади вработени кои можат со цимери да се одвојат од гнездото и да полетаат. Да скусат од задоволствата во име на осамостојувањето.
     
    На potatoface, moonlight-girl.55, TutiFuti и 10 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Познавам :) Јесте да е една само што ја знам, и баш беше во одлични односи со нејзините, ама сметаше дека и е време да "порасне" и да се оддели. No hard feelings, сите си останаа во одлични односи.

    Јас би сакала да можев уште од факултет да живеам самостојно, ама не е средено образованието и законите кај нас, речиси невозможно е да работиш и да се школуваш истовремено.
    Во принцип, кај нас, секој кој има родители кои можат да му овозможат да седи дома и да не работи ништо - со задоволство го прифаќа тоа. (секоја чест на исклучоците)
    Не гледам ништо лошо во тоа да живееш со родителите ако работиш во истиот град. Лошо е да планираш целиот живот да го поминеш со нив, и жена да си донесеш таму, или да чекаш да отидеш кај сопругот/сопругата, да живееш пак со родителите. Јас сум за целосно осамостојување во еден дел од животот. Имав еден дечко, се одолговлече врската, до 5 години стигна. Почнаа сериозни теми за муабет, јас бев спремна киријата целосно да ја покривам ама да знам дека ќе живеам самостојно, а не со свекрва. После излезе дека сум била разгалена па сум го терала стан да ми купи (facepalm)
    Јас сум самостојна, живеам сама, сама си ги подмирувам сите трошоци, ама кај нас многу погрешно се гледа на тоа. Сум добивала коментари дека сум глупава што не барам пари од родителите, дека не ме сакаат затоа што не ми праќаат секој месец барем по 50-100 евра, или оние стандардните, дека сум дошла од Свирипичино да се мажам во Скопје, а не да си го барам моето место под сонцето.
     
    На stranger2, 1209, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Не е само во Америка вака, туку и овде во Европа(Германија, Белгија).
    Мм има една роднина во Белгија, кажуваше за син ѝ и неговата женска кои на 18,19 год. живеат сами во стан кои сами го плаќаат. Ја прашав дали таму одат на факултет, ми рече само дека таму не е како овде, дека после средно повеќето се вработуваат на струката која ја училе во средно, а на факс многу малку се запишуваат. Кај нас проблемот е што после средно скоро сите се запишуваат на факултет кој го плаќаат родителите, па наредните 3,4,5 год додека студира 'детето' живее на грбот на родителите, зашто ретко кој работи и учи истовремено. Не ја гледам вината само во родителите и децата, туку и во општеството и државата која едноставно ни го наметнува тоа дека мора да одеме на факултет оти полесно ќе си најдеме работа. Но не е така. А и да е така, со плата од 200,250 евра не можеш да платеш кирија, сметки, храна и плус да ти остане за друштвен живот да тераш. Таму во странство имаат поголеми плати и можат да си дозволат да се осамостојат на 18, овде многу тешко е тоа. За тоа дека како нација сме малку мрзливки и разлигавени од мама и тато се сложувам. Но верувам дека ниеден родител не би сакал детето да му преживува со 200 евра плата. Оние со поголема плата можат да си го дозволат тоа, ама тие се многу ретки за жал. Си ги знаеме условите во државава и не треба да се преценуваме.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Не дај Боже па влошки да купува... море стар партал и ќе си го пере, за навек има да и трае!:!:

    Муабетиве на некои членки како @Cka се човек да падне во несвест! И одма сите се ставаат во исти кош. Нема сиво тука, се е или црно или бело. Одма маникири, фризери, кафичи... дали е дозволено и да се дише којзнае?

    За мене со македонски примања доволно е млада личност која е работоспособна да НЕ БАРА од родителите за сопствените потреби, да заработува за себе, да дава по некој денар за дома и тоа е тоа. Осамосталување, малку потешко, нажалост. А кој не сака сам, нека пукне. Ако има такви, будали се дефинитивно.
    Не е само да се осамосталиш, треба тоа живеалиште и да се одржува! Ако е само работата - собери парталите и се осамосталувам, ај да се осамосталиме сите. Јас прва идам.
     
    Последна измена: 31 јули 2017
    На Belgin1, WildMk, Quincy и 25 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.561
    Абе не е лесно и мамина маза да си. Не е лесно да ризикуваш.
    најубаво, земи си плата, мама ќе ти готви, ти еднаш полниш фрижидер за да си наполниш его како тоа придонесуваш, не се замараш со сметки, твоите пари се твои, се задоволуваш со малку, ама па и со партали и купечки нокти, обвинуваш држава, и чекаш да ти ја пејат черешма се корен коренеше, мома се од мајка делеше за да свршаваш на следна строфа, досега си мајка слушала,од сега ќе слушаш свекрва, оти и тоа е доволно. За некој што нема свој став, своја слобода, чувство за независност при донесување на одлуки и самостојност при извршување на истите, нема подобра опција од комотното гнездо.

    Храброст треба. За жал преголеми се стегите на патријахалните фамилии и момите да се при мајка до мажење оти конзервативното општество тоа го наметнало.

    2 другарки со плати по 300 еу можат да живеат сами, ама срам ке им биде од комшиите. Време е да се ослободат од ограничените умови на комшиките и да пробаат сами.
     
    На hermosa, moonlight-girl.55, TutiFuti и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Такви сте вие неколку на форумов - семоќни! Сите моќи Бог кај вас ги дал, па нас другите не оставил без ништо:(.

    Немам вештачки нокти и никогаш сум немала, ако сум свршавала на Черешна се од корен корнеше немаше на 31г да сум немажена и да мислам каде и како да се снајдам за да бидам ЦЕЛОСНО самостојна па после да стварам семејство и уште мал милион други работи кои на таквите како тебе нема никогаш да им бидат јасни и доволни за да разберат дека НЕ СЕ САМО тие самосвесни и не само тие мислат дека треба да створат нешто за себе и иднината на своите деца.

    Има паразити, не велам дека нема, секаде ги има. Има и такви кои се секираат што ќе каже комшивката, тие таквите нека се засрамат! Ама бре аман од луѓе кои во секоја тема се чукаат во гради и само ЈАС, ЈАС па ЈАС! Аман!
     
    На WildMk, Petar80, BoaVista и 28 други им се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Влошки? Какви влошки, сунѓер златен како оние за бришење табла од 20 денари меѓу нозе и крај приче :devil: Лесно се цеди и трае со години.
    Или меѓу машка популација нешто се распекмезиле ќе се бричат со мах-3 не знам што, пена за бричење виделе на реклама, се знае, си пушташ брада фино лепо и тераш, еднаш годишно ќе ја поткастриш со нож.

    Инаку не се толку приврзани кон живот со родители па и баби и дедовци :worried: под ист кров младите колку што реалноста е таква да нема опции за осамосталување. Огромното мнозинство нема шанси, освен некои алтернативи (сквот, оф-д-грид) кои се сеуште непознати тука но и за тоа треба поинаква перцепција.

    Ете пример, млад пар сака да се осамостои во да речеме, не знам...Кичево. Како тоа би изгледало во реалноста?
     
    На WildMk, Daydream и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Другарка која имаше неверојатна среќа при вработување живее сама ама зема плата над 1000 евра. Одлуката да оди под кирија ја донесе дури откако прошета, си купи кола и тргна завидна сума на пари на страна, за не дај боже. Приоритети.
    Ама другаркава е искучок од просечниот вработен, преретка е со таква добра плата. Повеќето млади знам дека би сакале да можат да живеат сами ама не само што самите немаат доволно пари за себе, за да се осамостојат, туку мораат и дома финансиски да помагаат зошто едноставно не стигнува.

    Тоа што младите не одат да живеат сами не е ниту поради патријахалност, ниту поради срам што ќе кажат комшиите, туку е поради- немањето пари! Шокантно, нели? Кој би рекол...
     
    На WildMk, BoaVista, stranger2 и 30 други им се допаѓа ова.
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Работата е во тоа што овој проблем има два извора, 1). менталитет и 2). финансии, кои во комбинација заедно прават да и оној што сака нешто скоро па и не може да го оствари.
    Колку за споредба.

    Прво; познавам девојче од САД, 16 години има, се бори со анксиозност и уште неколку психолошки проблеми, не се битни детали, и од оваа есен ќе треба сама да живее бидејќи мајка и службено ќе доаѓа во Европа на повеќе месеци. На моето прашање како ќе се справи сама со лековите и паничните напади и зошто не седи кај татко и дури да се врати мајка и (имено, тие се разведени), или макар кај баба и, таа ми одговори дека тие и рекле дека кај нив би можела да седи неколку дена, ништо повеќе. И не, тие тоа не го гледаат како суровост или незаинтересираност кон детето, туку го гледаат како начин на осамостојување и градење на сопствена личност. Според нив, уште од 15/16 треба да бараат работа и да се снаоѓаат сами, а да имаат веќе 18 и сѐ уште да живеат со родителите, со нејзини зборови, е голем срам и неспособност.
    Па луѓе, кај нас најголем срам и резил би било да сакаш на 20 и кусур да имаш свој стан, да си ги плаќаш своите сметки, да не зависиш од никого, да не бидеш товар на родителите, а ако се венчаш - да не седиш со свекор и свекрва. Чувај Боже па уште да живееш под ист кров со партнер(ка) со кој(а) не сте земени, резил невиден за наредни 6 поколенија, па што ќе кажат комшиите, народ гледа, ќе се смее и зборува?

    И секако, вториот неизоставен фактор, кој @forumce убаво го споменала, е фактот што тука сме и обврзани со недостиг на време и многу ниска плата во комбинација со прескапи стандарди. Еве да се земам за пример, како студент на општа медицина не можам да студирам вонредно, само редовно, и секој ден морам да сум и на предавања и на вежби, да не зборуваме за тоа што заглавувам по пола ден на факс, и кога ќе се приберам имам брдо материјал за спремање, а полагања има на секои три недели, па и да сакаш не можеш да имаш стабилна работа со каква-таква плата. И кога си скоро та шворц, како треба да плаќаш кирија, сметки за струја, вода, греење итн., да купуваш храна, основна козметика, а да не ја ни вклучам тука научната фантастика - да ти остане да прошеташ, да се подновиш со нешто итн.
    И пак, врти сучи, сакале не сакале, дури и оние млади кои сакаат да се самостојни, не можат бидејќи многу работи кај нас не функционираат. За оние кои можат, секоја чест, ама тие се премногу ретки, и апсурдно би било да тврдиме дека лесно стигнале и го одржуваат она што го имаат.
    Ете, од тоа ние си патиме најмногу од сѐ.
     
    На Chickadeer, sweet-cherry, Skorpija25 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со сите вас кои велите дека не можат да се осамостојат поради финансиски причини. За жал кај нас скоро и да не можеш да најдеш работа, а и ако ја најдеш имаш плата од 200 евра со која реално е тешко да го пројдеш месецот.

    Спомнавте и одење по кафичи, фризери, маникири. Кој нормален човек не го сака ова? Плус, тие што студираат и не можат да работат затоа што на некои факултети нема вонредно студирање.

    Желба ми е еден ден да си одам од дома за да го искусам тој дел од животот и да си бидам сам свој газда, па макар би се пикнал во гарсоњера и ќе чекам да дојдат подобри денови за нешто поудобно од тоа.
    Останатите млади кои можат да си дозволат и со 300 евра плата под кирија не го прават тоа затоа што се навикнати дома сѐ мајките да им работат, на пример брат ми.
     
    На WildMk, Artemission, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  18. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Излишна е темава. Се знае што е главна причина да не се може веднаш одделување од родители и дома во ново,свое дома дал кирија/дал кредит на отплаќање за купување, се знае проблемот се ПАРИТЕ. Парите се отепувачка ама тешко му на тој што ги нема за егзистенцијални потреби задоволување не коментирам за луксузи,козметички авангарди на денешницата и кафанско/кафичко стихијно арчење.
     
    На Tanjamm, forumce, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.251
    Јас живеам сама бе, во посебен дел ( цел стан ) од куќата на моите. Сама се одделив. Тогаш земав 8,000 илјади плата, па скокнав на 11,000, и еве сега 16,000.

    Сама купувам јадење, сама плаќам сметки, сама се облекувам, исплаќам и кредит...Ама преку зима не се греам, спијам у вреќа за спиење под јорган, се туширам секој ден со вода греена на шпорет, преку лето и пролет одам со точак, не со бус, јадам макарони и палента, и пак не ми стига да тргнам нешто на страна...

    Да немав место кај што не се плаќа кирија, не се тргав од дома. Со кои пари бе? Која храброст? Со 18,000 илјади наместо да си ја прчам со другарка под кирија, подобро на моите дома ќе им помагам, и ќе тргам за еден ден фамилија кога ќе створам, да си се тргнам, а не бајрам на ку*от ќе си правам на 20 години.

    И овие што се дојденци во Скопје, и плукаат по Скопјаниве што уште живат дома со своите - вие да останевте во ваш град, ќе се одселевте од дома? Жими таквото...Се удирате у гради со храброст и снаодливост, а од дома пари и ајвар ви праќаат...Ај да сте отишле во странство, па да ве разберам, али у Скопје?
    На почеток со цимери, па потоа со маж / жена делите трошоци за кирија по пола, и не од што сакате , него од што морате, оти нема леб у ваше место, иначе на што ќе си отидевте од дома...

    И не дека нема леб у ваше место од што не ни ја бива државава, него од што паразитиве не сакаат да се осамостојат со плата од 300 евра, од кои 200евра е само кирија без комуналии...
    И тоа да не правиме муабет дека ретко кој зема 300 евра, туку скоро се е на минималец, и треба ептен да ти се ,, посреќи ,, да земаш толку плата, и после да се удараш у гради како се сам си постигнал...(fingers)
     
    На WildMk, Mini90, Quincy и 33 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Не, значи не те можам. :rofl:
    Единствена си.
     
    На cresa-jagoda, Gosh, Viktorijaaa5 и 5 други им се допаѓа ова.