1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моите родители се......

Дискусија во 'Дете' започната од mihaela.barbi, 26 октомври 2012.

  1. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Размислувајќи за моите ќерки, дојдов на идеа да ја поставам оваа тема.
    Ја нареков моите родители се.... ке ја зборуваме за тоа што ние мислиме за нашите родители, пофалби, критики, што ви се допага кај вашите родители што не итн.
    Темава ја поставив бидејки секогаш ме интересирало што за мене мислат моите деца, кои сега се полнолетни и имаат сопствени семејства, но одсекогаш ме интересирало какво е нивното мислење. Не она што ми го кажуваат туку она што длабоко во себе го мислат за мене. отсекогаш сум се прашувала како тие ме перципираат дали некаде погрешив, дали се гордеат со мене или се срамат од мене итн.
    Бидејки сигурно никој од вас не им кажал на своите родители баш се особено ако е тоа негативно. Па затоа ова нека биде местото каде што ќе зборуваме токму за тоа, а можеби со нашата искреност ќе им помогнеме на некои идни родители кои ќе ги прочитаат нашите постови, и ќе знаат што нетреба да прават или како нетреба да постапуваат со своите деца.
     
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Еве гледна точка од едно дете.
    Мајка ми и татко ми се разведени. Не се компатибилни, тоа е. Мајка ми е ептен чувствителна, наивна, добра личност... Татко ми е борец. Се бори за тоа што го сака, од рана возраст. Посветен, принципиелен, ветува а не исполнува... За мене, двајцата ми се херои.
     
  3. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163

    Слично,само моите не се разведени.
    Мајка ми мислам дека до крајот на животот ќе изиграва жртва ( |( ) и после сака некој тоа да и го испоштува и да и каже браво!Е нема како до сега не сватила дека луѓето нема да сватат што правиш за нив додека не престанеш.На волкот дебел му е вратот затоа што сам си ги лови овците!Тоа што го прави она не е ценето,а за да биде треба да се спроведе друга тактита а она е толку “осетлива“ да не им скрати нешто на децата.Сме правеле муабет на темава ама ете,таква е,добра и наивна во тој поглед (на децата).Додека татко ми е херој да,се борел уште од мал.Ни има кажувано таму за некои ниви бла бла кога бил осмо оделение..Он е поитар ама и многу по себичен.Ветува а не исполнува,нема разбирање и понекогаш не гледа подалеку од носот кога се работи за мислења на децата.Може мисли дека неговото мислење е најправилно,ама тоа е.Понекогаш е во право,ама незнае да си го искаже мислењето како што треба ,со доза на разбирање и тако даље.Се на се и двајцата се супер за некои работи и двајцата се лоши за некои работи.Тоа е,родители какви и да се ги сакаме. :inlove:
    патем имам 17 години
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    Kлимактерични, здодевни, на моменти тотално неразбирливи сами по себе, а камоли во пар, но во целата своја суштина, заљубени еден во друг уште од моментот на нивното венчавање.

    Мајка ми е вечно дете, човек што сака да кажува мрсни вицови, да биде видена и да види, домаќински тип што се завалува да плете и гледа турска серија, а од друга страна оди во Мартини на мартини со колешки, се пицнува и лицнува, трачари, си купува чизми од никаде нигде или организира домашни збиранки со скара и алкохол, Харис Џиновиќ, Мишо Ковач и Стиви Вондер. Љутка, емотивец најголем на свет, прав профил на учителка.
    Татко ми си е во свој свет. Цел живот сака куќа, земја, градина, овци, селско дете. Учел занает за да заработи, ама му пропадна МЗТ уште во рани девеести. Мирен, тивок, сака да гледа акциони филмови и да учи на глас англиски реченици, вози точак цел живот (фала за тој ген тато!), перфектен тестоправач и пинџуроправач, ги остава наочарите каде годе, имам чувство дека станува микросенилен или така му одговара, никогаш во живот не кренал рака, ама не ни кажал нешто посебно за мене и сестра ми (можеби не знае како, кутриот!), само знам дека ќе плаче кога ќе се мажиме. Профил на неостварен океанолог или зоолог што морал да работи како машинист и техничар за да нахрани фамилија.
    Уште се љубат пред да се разделат пред работа. Татко ми и носи свежо цвеќе од дворот во фабриката кај што работи. Мајка ми му се потресува зошто е дијабетичар, па крие од него благи работи или го подмитува со малтекс колачиња. И двајцата се ракови во хороскоп, со тоа што мајка ми има лав во подзнак и тоа ужасно ја издава :) А татко ми е дупли рак и скроз интровертен.

    Ги сакам, колку и да ме нервираат, од нив научив што е Љубов, жртвување, компромис и како никогаш да не се откажувам од желбите и идеите што ги имам.
    Им благодарам.
     
    На Crna Dama, Valentina.Vaki, senza.parole и 10 други им се допаѓа ова.
  5. VanillaSky

    VanillaSky Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    13
    Моите родители се на постара возраст,јас сум како сто вика мајками последна шанса за светла точка во нивните животи. Приметувам дека со текот на времето во споредба со минатите години се повеќе се расправаат во овој случај за финансии,а во глобала имаат складен и полн со разбирање брак и силна воља и борба за да ме изнесат на прав пат и да бидам среќна. Но среќна не со тоа што тие го создале туку со тоа што сама ќе го создадам.
    Ме научиле да се борам за тоа што го сакам во животот и да работам за да имам,но и да трошам колку што можам да си дозволам.
    Татко ми е тврд човек,зборувам од страна на покажување на емоции и проблеми,и таква ме учел да бидам цел живот. Разбирам дека неговата цел била да не ме размази (да не палчам секогаш кога нема да добијам нешто и сл.),да не покажувам емоции за луѓето да не можат да ме повредат,со еден збор ме челичел за тоа што понатака ме чека во животот, но како што ми пројде детството а еве сега и крајот на пубертетот јас навистина станав таква (добро си ја завршил работата ) но тоа сега почнува да ми смета бидејќи станав и јас тврда на искажување и покажување емоции,не покажувам созажување,не плачам........
    Да не ме сватите погрешно,не станав злобна боже сачувај.
    Но тешко ми е да покажам кога се грижам за нив,тешко ми е да им кажам колку некогаш ми недостасуваат,да им кажам дека имам некој проблем,имам тешкотија да споделам нешто со нив,мислејќи дека е тоа слабост, и нормално знам колку проблеми имаат несакам да се нервираат и загрижуваат.
    Но последниве месеци,откако имам многу новости во животов (се заљубив,се верив и сл.) чуствувам толкава потреба да седам со мајка ми и да муабетам,или на тако ми да му кажам нешто,едноставно да бидам блиска со нив и почнав да го правам тоа и согледав дека многу добро го прифаќаат односно не го гледаат како слабост туку како нешто нормално,и се чуствувам многу убаво додека седиме и муабетиме баш како другари :inlove: :inlove: :inlove: :* :* :$
    И многу им благодарам што направиле ваков човек од мене,затоа што сега сваќам дека нормално не сакале да ме оттуѓат од нив недај боже туку да не потклекнувам во животот поради тоа што ке бидам сентиментална.

    И за сите родители што ќе го прочитаат ова и ете можеби ќе си ги препознаат своите деца во овој пост или ке видат барем мала сличност немојте да мислите дека вашите деца не ве сакаат или не се грижат за вас,тоа е така зошто премногу ве сакаат и премногу се грижат и не сакаат повеќе да ве нервираат и да ве загрижуваат,а не дека не сакаат да споделат со вас. ;) ;)
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Токму тоа беше и мојата цел со поставување на оаа теме да им помогнеме, а сегашните и идни родители што подобро да ги разберат сопствените деца и да се ободат да не ги прават истите грешки што можеби ги направиле нашите родители.
     
  7. VanillaSky

    VanillaSky Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    13
    Драга мајка,го ценам твоето искуство,но и од моето иако е помало сакам да ти кажам дека тука нема грешки и дека ние вашите деца еден период од животот тоа го сваќаме грубо речено како гестапо да имаме по дома,но сепак не и категорично не тоа не се грешки тоа е една голема грижа за вашите деца,што еден ден ке ве направат горди и ке ви се заблагодарат за таа грижа кон нив.
    Можеби не со зборови како во мојот случај но за постапките не се потребни зборови. :)
    Малку испоетизирав ама така е :$
     
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Па се запрашувам понекогаш дали воопшто го заслужуваат зборот родители.. можеби со исклучоци некогаш мајка ми, знае екстремно да се жртвува, ама понекогаш и да подзаборави, ама ајде и простувам.. а татко ми? Посакувам дедо ми да го исплескаше на некој камен, отколку во баба ми. Пардон на изразување..
     
    На SiMpAtIcNaTa, Kitten, La.Reina.Del.Sur и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Моите родители се најдобрите луѓе кои сум ѓи сретнала во животот.Тие се прават за мене.Секогаш се тука кога ми треба помош,кога ми треба совет.Тие се тука се за мене моите сестри и братот.Многу се сложувам со нив.Но,не им кажувам за симпатии и слични работи.Само правам муабет за општи работи или за училиштето.Как мала ме гледаа како принцеза,а и сеуште ме гледаат.Имам една сестра,а имам и еднен полубрат и полусестра од првата жена на татко ми.Ама мајка ми и нив ѓи прифати ако се големи секој ден се кај нас многу се имаме.Моитре родители воопшто не не делат на нас децата,на сите е исто.Моите родители ѓи сакам најмногу на светот...
     
  10. LOmikol

    LOmikol Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Моите родители се прекрасни родители ;)
     
  11. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Па вака, ред е и јас да го кажам својот став по оваа тема.
    Јас живеев во семејство во кое мајками го имаше главниот збор, таа беше онаа кој одлучува за се таткоми не се прашуваше за ништо, а неретко беше многу груба и кон него за што навистина ми беше жал, бидејки тој е душа човек. Но тој слепо и веруваше за се и секогаш ја подржуваше без разлика што за некои работи беше длабоко убеден деа греши. И, кон мене и сестрами не се однесуваше ништо подобро, ни бранеше да излегуваме до касно, дечко да дојдеше кај нас немаше теоретски шанси а да поразговараме како мајка и ќерка за некои женски теми или недај боже за секс не стануваше ни збор.
    Секогаш ни велеше дека треба да бидеме домаќинки да се грижиме за куќата и да гледаме да им удоволиме на нашите идни мажи кои секако таа ќе ни ги избере(барем она имаше таков филм во глава) а она правеше се спротивно од она што нас не учеше. Воопшто не се грижеше за таткоми гледаше она да ужива дури имам слушнато и гласини дека се гледала во тоа време и со други мажи.
    Но тоа нејзино строго воспитување немаше никако ефект барем на мене, јас воопшто не ја слушав за што често доивав и ќотек. Многу мала уште во тинејџерските денови почнав слободно да се однесувам и да стапувам во интимни односи со тогашните партнери се за нејзин инат. Се омажив млада на 19 години само за да не ја слушам неа и нејзините филозофии. Се трудев со моите ќерки да изградам многу поинаков однос од тој што јас го имав со мајками. Се обидов со нив да бидам пред се другарка на која может да и се доверат за се иако некогаш кога ќе ми се довереа за некоја работа што мислев дека е погршна се трудев да не бидам толку стога за да не ја изгубам нивната доверба, туку по заобиколен пат се труде да им укажам дека грешат.
    Секако и јас грешев невелам дека јас бев светица особено што бев малку послободна со мажите па понекогаш од злобните соседки можеше да се слушне некој непријатен коментар, кој секако допираше до нив и секако не им беше сеедно но тие секогаш имаа разбирање за мене и за моите постапки. Но и покрај тоа секогаш се прашував кое е нивното интимно чувство за мене она што навистина го чувствуваат длабоко во себе.
     
  12. Angie.Angie

    Angie.Angie Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    9
    Моите родители се најпрекрасните личности во мојот живот и ги сакам најмногу на цел свет! :inlove:
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Мама е голем паничар,строга,спортист,силна е,се нервира за безпотребни работи,им придава значење на небитни работи,без шминка не живее.....
    За разлика од тато кој е борбр,стабилен,либерален,советнички и пријателски настроен,сталожен,војник :)

    Искрено многу различни карактери се, еднаш дури на мајка ми и кажав: не ми е јасно како се заедно :lol: но ете љубов е тоа... :)
     
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Само ќе кажам дека се најсаканите родители на цел свет. Сега мајка ми ќе дојде да спие со мене во големиот стан при бидејќи либето е на пат. Ја љубам, дури ми зготвила и ручек. А татко ми, тој е тврд камен кој има топло срце. Камо само да се научам и јас да се справувам со моите проблеми на начин на кој тие се справуваат со нивните.
     
    На Crna Dama и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Најдобри на свет :D Конзервативни се и двајцата , како тинејџер имав многу забрани не ова не она и баш им бев лута :lol: ама сега гледам за се биле во право , и им сум благодарна што така ме воспитувале сега за се советувам со нив тие секоаш ни мислат добро , а колку жртви направиле мене да ми обезбедат се што ми треба не можам никогаш да вратам , ги сакам најмногу на свет :inlove: и кога ке бидам мајка еден ден да бидам пола од тоа што се моите родители за мене ке бидам задоволна
     
  16. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Најпрекрасните личности на цел свет и ги сакам премногу ,не би можела да се замислам себеси без нив !!! :) :) :) :) ^_^ ^_^ ^_^ :) :)
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Моите најдобри пријатели многу си ги сакам :inlove: :inlove: :inlove:
     
  18. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    153
    Моите родители се мојата основа. Јас стојам на нив. Се што правам во животов, го правам знаејќи дека што и да се случи, колку и длабоко да паднам, тие ќе бидат таму со испружени раце и цела торба од совети. Кога нив не им е добро, тлото на кое стојам почнува да се тресе и тогаш животот ми е најстрашен.
    Тие ми се пример за се во животот. Толку многу имам научено од нив, а верувам дека и уште многу ќе научам. Само нека ми се здрави и живи и многу весели како и досега..оти само така и јас ќе бидам :)
     
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е невиден паничар, за се се нервира, силна и храбра жена, се бори за она што го сака и го чува она што го има, се гордеам со неа.

    Можеби приметивте дека неколку пати редактирам, размислувам да најдам што поблаги зборови за да го опишам Татко ми, човекот кој ме створил, човекот поради кој јас постојам, човек строг, со свои принципи, во еден момент рамнодушен, а во следниот е загрижен родител кој се ќе направи неговото дете да е среќно, човек кој иако си полнолетен командува а притоа кога ќе го прашаш за совет ти вели, па незнам, возрасна си како што мислиш дека е во ред така прави, човек кој во најтешките моменти кренал раце од семејството и заминал.
    Човекот кој иако направи се најлошо го сакам и би умрела доколку му се случи нешто, тоа е Татко ми.
     
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Чудни, незнам како не се развеле до сега?