Не најдов ваква тема па да отворам, можеби некој се бави со Youtube за озбилно и ќе може да си помогнеме. Да направам вовед. За да ви биде каналот монетизиран, мора да имате минимум 1000 субскрајбери и да имате 4000+ часови гледаност севкупно на вашите видеа во последната година. Уплатите легнуваат еднаш месечно. Е сега, колку ќе ви платат зависи највеќе од земјата од каде е гледано видеото и од должината на истото. Јас ја остварив монетизацијата во април и сега ме интересираат други работи. На мејл неколку пати ми стигнаа понуди од фирми/поединци кои сакаат да се рекламираат на мојот канал. Сфатив дека тие беа спамери, дали сте добиле и озбилни понуди? Видов и дека има други начини за реклама преку каналот и околу ова највише ме занима.