Дали некогаш ви здосадува од дечкото со кого имате подолг период односи, станува ли монотоно, дали чувствувате потреба за нешто ново?
дали подолго време здосадува од партнерот нормално ама мислам дека тоа се надоврзува и со врската.. не е само до сексот.. и јас имав долга врска скроз оладив значи . и кога имавме односи се беше тоа на молење на ајде де.. па ај да му го направам кејфот.. послем кога раскинав имав еден дечко што онака само ме привлекуваше значи не можев да го сакам како мојот бивши кој иначе ми беше прв ама сексот беше супер.. ама мислам дека и со него ке ми здосадеше послем тоа
дали подолго време здосадува од партнерот мене не ми здосадува ако го сакаш некого мислам нема да ти здосади никогаш верувам во љубов. можда и си сум малку старомодна не знам
Ако здосади значи нешто фали, а ако фали тогаш го бараш. Де пробај таму некои перверзии, набилдај се со порниќи, смени нешто.
Девојки јас имам врска од 4 години. Сексот на почетокот беше супер ама сега со текот на времето не е тоа вистинското. Незнам ни како да му кажам дека не ме задоволува. Тој гледа само тој да си заврши работа а јас дали сум задоволна не му е ни гајле.. оргазам доживувам еднаш на 2 месеци што се вели зборот .. а добар секс само 1 во месецот ако се погоди...Пробав отворено да разговарам и му кажав што ме задоволува и дека треба повеќе да се потруди но нема ефект како да не му е воопшто ни гајле за тоа... што да правам дајте некој совет како да постапам, како да ја освежам врскава...?
Исто и јас. Во врска сме скоро 4 години и на почетокот беше супер, интересно, ново. Функционира и сега, и секогаш ме става во преден план, за разлика од порано кога понекогаш знаеше да си гледа само за себе, ама се трудеше Е сега чинот како чин е супер, на моменти феноменален, ама романтиката тапа. За никаде е во тој поглед. Никогаш не направил атмосфера, не запалил свеќи, немало некоја музика, а јас обожавам еве пример да пушти некој smooth jazz. Е јас тука ја гледам нашата монотонија. Му кажував и порано и сега знам да му подречам, ама не бре луѓе, не влегува во неговата глава. Ок, забегав малце Имаше еден период кога сексот скоро и да ни премина во навика, ама сменивме пози, добро излезе Единствено кога сме малку повеќе поднапиени (или јас) сексот е скоро тапа, не се задоволувам воопшто. До алкохолот ќе е
Како да не ни се здосади..? Здраво! Имам партнер за секс, не сме во врска. Кога се гледаме тој секогаш доаѓа во мојот град, и одиме во некое блиско село каде што никој не гледа и имаме односи, во последно време некако многу досаден ни стана сексот, се плашам да не му се здосадам а и не сакам да му биде монотоно. Што би можела да направам за да биде поинтересно. Инаку мислам дека не постои љубов помеѓу нас, односно тој не чувствува ништо за мене, со мене е зошто му е убав сексот, а јас некако се приврзав за него иако во сексот не сум баш задоволна затоа што тој кога е со мене важно му е само тој да е задоволен, ретко кога мисли и на моето задоволство, а јас не знам како да му го кажам тоа и како да ми биде и мене убаво. Не ме бидува во изразувањево, но ве молам за некој совет. А и не сакам за го оставам и да го заменам за друг зошто не би сакала да имам друг партнер, а не би можела да бидам сама.
Како да не ни се здосади..? Ти сериозно имаш големи проблеми! Доколку ти сама не се почитуваш, зошто очекуваш такво нешто од него? Па дури гледаш да му биде поинтересно? Во случајот ти би дошла нешто како влажна марамица после секс, ете толку си битна.
Како да не ни се здосади..? Но, зошто? Зарем не смее да се има пријател за секс? Не можам да бидам сама... А со его започнав и сакам да продолжам...
Како да не ни се здосади..? Зошто ти е "пријател" за секс ако ти не уживаш во сексот? Нели поентата е двете страни да бидат задоволени а притоа да немате други обврски еден спрема друг. Доколку тој воопшто не се труди да те задоволи дефинитивно си го избрала погрешниот партнер за "дружба". Незнам колку години имаш ама немој да мислиш дека е Cool да имаш секс "другарче"од таквите врски едниот секогаш останува повреден.И уште нешто, зошто не можеш да си сама?
Имам 19 години. Не можам да сум сама заоа што нема да можам без секс, кога немам односи многу сум нервозна и не ми е убаво, на многу работи ми влијае негативно тоа...
Епа најискрено незнам како можеш после таков секс да се чувствуваш подобро.. Делува како самата да сакаш да се повредуваш. Мој совет ти е да си го запознаеш телото, посвети си внимание сама на себе, ќе откриеш како ти е најлесно да доживееш оргазам па потоа можеш да го практикуваш тоа со твој "пријател" за секс.. Или уште подобро може ќе сватиш дека не ти треба
Јас за разбивање монотонија оставам деца на чување на неколку саати и го наб'цкувам маж ми да одиме некаде . Додека се спремиме , додека тргнеме , веќе е ноќ . А по пат се авантурите .