Монтажни куќи

Дискусија во 'Дом' започната од MacaLove, 8 ноември 2016.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Компанијата Hot-Hot има 10 годишно искуство во градба на семејни ЕКО куќи и брвнари.
    Решив да ја отворам темава и да соберам мислења од вас феминки.

    Што мислите за компанијава, поточно за типот на куќи кои тие ги градат?

    Релативно се ефтини во споредба со купување на стан или градење на куќа, и за оние што немаат доволно средства да изградат куќи од бетон или да купат стан, за некои 28.000 евра би имале куќа од околу 100 квадрати (со ваш плац)
    Дали некоја феминка веќе има купено ваква куќа, дали сметате дека се квалитетни и издржливи, и кои би биле предности/негативности да се живее во ваква дрвена куќа?

    Еве неколку слики што ги преземав од нивниот сајт :
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Prijatelot, theowndemon, TRANSPORTER086 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    На изглед се ок
    Со оглед на тоа дека за 30000 евра едвај можеш да купиш стан од 40 квадрати, јас би сакала ваква куќа.
    Не го сакам оној наш менталитет од градење куќа цел живот за 3-4 генерации. Човек да не може да здивне од долгови и кредити, а да не зборувам дека се штеди на се.
    Познавам многумина таквии кои кревале куќи по 3-4 ката, сите живеат набутани во 1 и пак старите еден ден ако дадат кат на синот и преговаараат на сната.
    Свекрвите сеуште готват на старите шпорети, перат и на раце иако на вториот кат имаат нови кујни, нова бела техника и нови теписи, но никој не смее тој кат да го користи, се додека синот или синовите не се оженат, па после тој музеј станува бојно поле и преговарање од типот “ јас на одмор не отидов, јас сукња не купив, за снатаа да спие гола или да не смеам да се качам.“
    Абе не.
    Ке дадам 30000 ке живеам тука, ке стварам колку можам повеке за детето и без да се затуцувам и да си стварам фрустрации, а и ке го пушам да си има свое гнездо, за да во староста раат пијам винце а може ке почнам и мара да пушам, не знам може и шах ке научам
     
    На AlexaHard, eliesaab, Malesia и 21 други им се допаѓа ова.
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Женски
    Абе зависи каде живееш во кој град. Кај мене во мојот град не се исплати. За 28000 евра се зема средно голем стан, доволен за една фамилија. Ама па две фамилии да се напикаат во таков стан не чини. Да да земаат огромна куќа градат, и на крајот - како во комшии кај мене - снаата сосе синот и децата си замина заради тоа што на горниот спрат од куќата не му беше дозволено да живеј. И си се спакуваа сите и австралија си заминаа. Е сега стариот е стар и болен и не можи да живеј сам - куќата си остана ко споменик. Тој живеј во старечки дом и не можи ни да ја продај куќата. Све има по светот. А во светот некогаш не се ни мачат да се задолжуваат за да купат куќа или стан - живеат под кирија и баш му е гајле
     
    На EminemsGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Женски
    Ќе ме викниш за друштво за винцето хахах
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Обавезно.
     
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.852
    Допаѓања:
    25.187
    Пол:
    Женски
    Искрено ,одсекогаш сум сакала ниска но пространа куќа , баш како овие на сликите , конкретно претпоследната . И мене не ми се допаѓа огромна куќа како касарна , која утре ќе стои празна и ќе се распадне ако не ја одржува некој . Би сакала да вложувам за моите деца да имаат свое катче , кога ќе пораснат здравје , со девојки/дечковци , да не се мислат дали мајка и татко се дома , да си имаат по едно вакво бегалиште , немора да е којзнае колку големо , чисто за спокој на сите . Кај нас еден тоалет од 50 квадрати фаќа 1000€ а камо ли куќа да фатиш да градиш . Не те оправаат 10.000€ . Кирија за соба со тоалет само е 100 € а да не зборувам за поголеми станови
     
    На Victorian и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.857
    Допаѓања:
    158.140
    Пол:
    Женски
    Леле првата и последната куќа :inlove:
    Ги сакам, не знам шо да кажам друго.
    Многу ми се допаѓаат :o
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Мислам дека мора сами да си ја направите плочата (99% сум сигурен дека е така). Така да, 28.000 евра се многу пари за дрвенарија. Во ред, може цената е за клуч на рака, но распрашај се, карабина еден спрат од 100м2 не би требало да кошта повеќе од 15-16 илјади евра, ако ти ја прават мајстори (со фирма 30.000 сигурно). И брзо се прави, практично за месец дена е готова. Па ти види сега.
     
    На Rebecca_R и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Превземено од нивнтата facebook страна, за

    ТИП 178:
    -178 м2
    -300€ за м2
    53,400€

    Ова е прескапо. За истите пари од 300€ од м2 ти можеш да направиш цврста градба, со дрвени прозорци (кои се поскапи од ПВЦ), со паркет (не ламинат кој е поевтин) и плочки со средна цена. Да се разбереме, зборувам за градење на куќа, без плац. Јасно е дека цена на плацот варира, дали е во село, приградска населба или центар, па затоа тој дел ќе го изоставам.
    Дозвола за градба е околу 5000€.

    Огромен недостаток на овие куќи е тоа што ние живееме во Македонија, каде има 4 годишни времиња и температури од +40 па се до -15. Дрвенаријава може, ама во некое потопло место.


    @doubleg токму така. Карабина за 400 квадрати на 3 спрата е нешто помалку од 30,000 евра.
     
    На Cinderfakinrella, Dust, doubleg и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Дрвенарија може и на овие температурни разлики, не е проблемот тоа. Проблемот им се цените.
    За таа цена ке направиш дом од бетон иста квадратура иста цена тоа е точно.
    разликата е што дрвото е поздраво и сеизмички по флексибилно во случај на земјотрес што кај нас и се случува. Негативно е берзината на ветер ( која не е висока кај нас) и недај Боже поплави ( последниве 3 год беа страшни)
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.558
    Допаѓања:
    265.098
    Ние планираме куќата да ни ја прави или Хот или Еко Хаус.
    Инаку;
    - нормална цена е 295е/м2, со субвенција 280е/м2
    - ако сакаш да имаш легална куќа, МОРАШ со фирма-изведувач да ја градиш, така излегува ѕидана поскапо
    - самиот збор еко кажува многу, буквално цела може да се рециклира :)

    - во Еко Хаус м2 е 250е, или 300е ако они прават плоча
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.680
    Допаѓања:
    172.498
    Пол:
    Женски
    Дури и со фирма изведувач, цената е скоро иста со ХОТ и ХОТ а квалитетот поголем.
    Со оглед на тоа што треба до плоча да изградиш секако, темели (гаража ако сакаш), да спроведеш струја и вода и одвод до таму.. А тоа чини поприлично...
    За дрвенарија не се исплати.

    Повеќе од 220-250 евра за м2 не вредат :)

    Инаку, кога ќе ставиш и плац во сметкава, испаѓа фали куќа - живеј во стан
     
    На CameliaMiller и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.558
    Допаѓања:
    265.098
    Цел живот живеам во куќа, не сакам стан. Во Скопје се околу 900е/м2 па и не се исплаќа.
    Ако имаш линк од градежни фирми пушти :)
     
  15. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има искуство со hot-hot да сподели некоја информација?
     
  16. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Некоја информација или наградна игра за хот и хот ве молам .. Не навистина ако може некој кој има искуство да ни сподели мислење .. На изглед се убави а дали се исплатливи ?
     
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    5.823
    Гледам не е активна многу темата. Има некој искусто да сподели? Како е задоволен од куќите, дали е навистина поисплатливо од градење обична куќа? Како е со изолацијата и затоплувањето?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.537
    Допаѓања:
    128.293
    Живеев 2 години у ХОТ ХОТ. Ужас. Како у секој момент да се распадне.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    5.823
    Здраво

    Периодов стануваат се поактуелни куќите од овој тип. И зголемен е и бројот на фирми кои ги работат:

    - Sweet Home MK
    - Ken Panel Monting
    - Hot & Hot
    - Bulart Construction
    - Modular Design Architects
    - EcoHouse Mk
    - Tecobal Global
    - Swiss Gradba

    Овие се некои од фирмите кои јас ги знам.

    Дали имате искуство со вакви градби? Колко е поекономично фрадењето ваков тип на куќа? Доколку живеете подолго време, дали бара некое специјално одржување?

    Би било супер секој кој има искуство да го сподели.
     
    На CareTee, Honey Eyes и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.230
    Допаѓања:
    3.547
    Пол:
    Женски
    Во периодот кога сеуште не знаевме дали монтажна или цврста градба, имав информативен состанок со EcoHouse Mk. Дечкото ми остави убав впечаток, знам имав спремно многу прашања и се ми одговори.

    Но на крајот дома си разговаравме и не ни одеше математиката, за истата цена направивме цврста градба, но ова пред поскапувањата на материјалите. Тогаш ми кажаа цена околу 300-350 евра од метар квадрат, клуч на рака, но ти треба да ја обезбедиш основата, односно плочата и секако струја, вода. Мислам дека повеќето вака функционираат.

    Ние тогаш немавме доволно информации, и јас барав сакав да слушнам мислење од некој што стварно има искуство и живеено во монтажни куќи но не успеав и затоа се одлучивме за цврста градба.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.