Здраво и однапред благодарам на сите што ќе споделат искуство за градинката без разлика дали искуството е лично или го чуле од некој близок чие дете одело или оди во таа градинка. Ме интересира дали некој испратил дете во Изворче на 15 месечна возраст. Како сте задоволни од програмата, особено ме интересира некој кој би можел да сподели каков резултат имала монтесори педагогијата на развојот на неговото дете. Како сте задоволни од персоналот, храната, дневните активности и сите останати услови во градинката.
Моето дете одеше од 20 -30 месеци. Не сум воопшто задоволна, еднаш паднал се удрил од парното, го шиевме со два конци на задниот дел на главата, друг пат паднал на челото напрваил огоромен хематом (се соменвам дека повратил во сон), а никој не ми се јави. Почна да му се случува регресија и го извадив. Односот катастрофа.
Боже, неможам да верувам, а толку многу извикана градинка, ви благодарам што споделивте, ова што ви се случило е сериозна работа. Не смее да се дозволи да падне, да се удри, а камо ли да не јават на родителот.