Здраво, ја отворам темава за сите оние мајки кои се интересираат за Монтесори методот. Во светот е доста актуелно овој метод да се применува во домашното воспитување, особено до 3тата година. Доколку има и други мајки кои се интересираат за примена на Монтесори методот во домот, тука можеме да разменуваме идеи, предлози, совети, искуства...
Прв пат слушам за ова, те молам за подетални информации за што поточно се работи. Кога веќе има тема мислам подобро е да објасниш што вклучува методот.
@mamaJana ќе се обидам накусо да го претставам, има доста информации за самиот метод и за Марија Монтесори, се надевам неколку реченици ќе добиеш претстава за што се работи. Методот е развиен од италијанската докторка и едукатор Марија Монтесори почетокот на 20 век. Таа отвора центар за деца од сиромашните квартови во Рим и со нив ја развива ова иновативна метода во едукацијата. Забележала дека децата го апсорбираат знаењето од опружувањето во кое се наоѓаат и дека имаат природна потреба да учат. Така таа развила посебни материјали кои ќе го поттикнат развојот и учењето. Понатаму се отвораат градинки и училишта каде се применува нејзиниот метод, а резултатите кај децата се неверојатни. Значи првично методот е осмислен за во училница, но се развива и како пристап/филозофија која родителите може да ја применат во домот. Најважно е на бебињата и децата да им се овозможи подготвена средина, која ќе одговара на нивните потреби - играчки кои ќе имаат едукативна цел, практични секојдневни предмети кои ќе ги користат, слобода на движење, слобода на избор (се разбира водена од роителот), учење на практични животни вештини и сл. Многу сликовници, книги, ротација и мал избор на играчки кои ќе имаат едукативна цел, допир со уметноста... Постои некакво мислење дека играчките треба да бидат само дрвени (реално се доста скапи, а и кај нас нема баш некој голем избор), но кога ќе се сфати идејата на методот, секако дека не е тоа така како што е искомерцијализирано од некои. Може да се најдат еден тон DIY идеи за активности на интернет Еве некои линкови https://www.youtube.com/channel/UCB-K5gTqid2M9qRkNc04EJg https://sapientiamontessori.com/montessori/montessori-at-home/ https://www.mother.ly/how-to-incorp...birth/1-create-a-development-centered-nursery https://www.youtube.com/channel/UCDs6BiaaXKiPy28wNpyUpoQ И на ФБ има доста добра група https://www.facebook.com/groups/Montessoriathome0to3years
Уште еден New Age bull*hit. Знам луѓе, што ко мали посетувале Монтесори школи. Не се ништо посебно, во однос на останатите.
Јас мислам дека ова би било идила за мирно детенце што сака да си игра тивко, само, а на пример го замислувам овој мојот во таква средина има да ги исфрли сите играчки и да плаче за надвор. Можеби би играл во градинка или едукативен центар со други деца, па да се излаже со нив, инаку вака дома нема шанси. Неговите игри се живи, активни. Од вчера навака омилена игра му е вртење во круг и паѓање така да... Сериозно, има деца што си играат во ваква средина дома? Дрвени играчки, сликовници итн?
Методот уствари вели следи го детето, и единствено се применуваат реалистични играчки. Родителите кои и дома вака ги воспитуваат децата, им создаваат безбедна средина каде детето само истражува. Пример, од најмала возраст им се дава да користат прибор за јадење, помагаат со мали куќни обврски, спијат на душек на земја за сами да легнуваат и стануваат, им прават соодветен простор за хигиена ( ниско огледало и лавабо за сами да одржуваат хигиена), со еден збор ги учат децата од мали нозе да бидат самостојни. Во воспоставувањето не го користат зборот НЕ, и не ги прекоруваат малечките кога прават нешто опасно. Има еден куп вакви профили и групи, Монтесори ет Хоум, кој сака нека виде. Можеби и за потемпераментни деца успева, ако видат дека имаш доверба во нив и ги едначиш со себе, па ќе се заиграат со нешто што уствари не е игра Има некои аспекти кои ми се допаѓаат, ама некогаш се ту мач.
Исто. Ми се допаѓа идејата за floor bed во безбедна соба што може да ја истражува, и веќе направивме таков избор за моето малечко. И ред други аспекти, како тие за имитирање и вклучување во активности низ домот, ми се допаѓаат. Ми се допаѓа што од се' можеш да направиш активност што на детето ќе му биде интересна. Исто и пристапот на почит наместо командатски однос кон детето. Ту мач ми е претераното инсистирање на "вистински" игри, реалистични играчки, и исклучиво реалистични книги а никако приказни. Некако ми е предосадно за дете. Сепак децата имаат природен порив да фантазираат и лудуваат по малку. Јас сум за да си го следиш детето, да му нудиш разни активности и да гледаш што го привлекува најмногу. Не ми се допаѓа стриктно следење на еден "метод". Интересно ми е да се информирам за различни, па тоа што ми се допаѓа би го искористила. Со многу учење за вакви методи се ставаме во некои рамки што ја потиснуваат интуицијата на родителот.
Ма какво Монтесори, во мое време се користеше ,,Сори нот сори", високоефективна метода која се базираше шамарче и ,,мрш у соба". Warning: Don't try this at home.
Дрвени играчки и тракатанци се подобри од многу аспекти споредено со пластичните, покрај тоа мене ми се многу слатки, ама се скроз небезбедни за бебиња и мали деца. Моја бебла има многу и сите ми беа тргнати на страна од таа причина. Вадам по некоја тук и таму како расте, а сметам дека тогаш веќе може да си игра со неа, а и имам уште доста скриени. Има многу методи за работа со деца денеска и сите даваат по некој добар патоказ не дека не, ама едноставно не се сите еднакво применливи на сите деца. Затоа, треба да се земат во предвид низа фактори кои се однесуваат на самото дете како посебна индивидуа и да се примени она што кај него би имало импакт. Како и земајќи ја во предвид возраста, соодветно да се мотивира. Секогаш бев и сеуште сум против било какво форсирање и наметнување на децата. Напротив, пожелно е дете да се следи и стимулира соодветно на возраста и интересите што ги пројавува.
@Jana06 секако дека не е така "мирно" во реалниот живот не значи дека тие деца кои играат со такви играчки и сакаат сликовници не се активни и не играат и други физички игри. Еве на пример, методот доста добро функционира кај деца со ADHD и аутизам. @Mia Fuentes Ова е идеја на respectful parenting, но не е буквално да не се кажува не. Еве нешто за тоа од немонтесори авторка https://www.janetlansbury.com/2014/05/the-most-loving-way-to-say-no/ @LivingGlam на која возраст се решивте за floor bed? Инаку и мене тој дел со реалистичните книги и слики ми е премногу. Сфаќам зошто се инсистира на тоа, но во детството е потребно развивање на фантазијата, а со тоа и на креативноста. Реално никој не може 100% да следи одреден метод, секако дека се прилагодува на условите во кои живее семејството и карактеристиките на детето. @Yowannty и јас го имав тој проблем со некои играчки до кај 12 месеци но на оваа возраст (14м е моментално) немаме толку многу кои би биле ризични, а тие кои имаат некаков ризик ги игра само во мое присуство. Инаку идејата на методот е токму стимулирање согласно возраста и следење на интересите на детето, не се работи за никакво наметнување.
Мало е моето, уште не спие само во соба и не ползи. 6 месеци има, засега некои од дневните дремки ги тераме во тој кревет. Има време додека да го оставам сам, посебно навечер. Ама секако ја уредувавме собата па решивме од старт да биде вака. Мојов е контакт спијач, се надевам дека во ваков кревет ќе можам да го заспијам и полека да се извлечам. Ама работа на пракса е, ќе видиме како ќе оди. Кога ќе биде спремен сакам да го оставам да истражува сам, ама секако ќе надгледувам на камера. Инаку друго нешто што ми се допаѓа е минимализмот, и во уредувањето на собите и со играчките. Во право се за тоа дека премногу се трупаме со непотребни играчки и премногу визуелна стимулација во собата, навистина се претерува. Филотеа пиши и ти, што практикувате и како. Па да се инспирираме. Да не случајно си нарачувала баланс даска и триаголник од мк страните? Гледав нешто на Али, ама не знам како би биле со квалитет.
2 години наполни месецов, сеуште имам играчки што не сум ги дала, преголеми и претешки се. За дел имам помали пластични замени. Скоро сите методи се водат според тоа да се следи детето, меѓутоа во некои случаи многу е тенка линијата меѓу форсирање/наметнување и стимулирање. Кога се работи за мојот комфорт во домот минимализам е нешто што без размислување секогаш ми е прва опција, но кога се работи за бебиња и мали деца, каде посебно е битна сензорна стимулација, односно игри за когнитивен развој, за развој на фина и груба моторика итн, итн, итн, претпочитам асиметрија од шаренила во просторот. Имам монтесори градинка во близина, мене лично негативните коментари низ интернет ме премислија за неа. Иначе, секогаш е убаво да се прочита дека некое дете се пронашло во методот.
Низ домот и надвор има безброј можности за сензорна стимулација. Логиката зад минимализам во собата и играчките е да не му се распрсне вниманието. Има играчки, но се собираат во корпи и се ротираат. Се вади омилената во моментот со уште неколку други. Детето одбира и има можност да се фокусира подолго време кога не е визуелно престимулирано одоколу. Во теорија ми има логика, а во пракса не знам како е. Сепак треба да се пробаат различни нешта за да знам што му одговара на детето.
Активни деца, а повеќето се, захтеваат постојана стимулација, а практично е невозможно цел ден да биде надвор, додека пак едно катче во домот е добро да е адаптирано соодветно нивните потреби. На пример, посебно кај бебе кое допрва почнува да лазе а сигурно нема да лазе надвор, истовремено треба да гледа, допира, мириса, различни бои, текстури, мириси и сл. Корпата ни е полна со играчки, самата "копа" во неа и сама одлучува што да извади. Ротирам само големи играчки што ми зафаќаат многу простор. Е сега, интерес пројавува често и за различни работи. Затоа не ротирам со 5-6 играчки at a time. Интересот исто така најчесто е краток, ама тоа и овозможува да го проучи предметот и да научи нешто повеќе за истиот, оти веќе следниот пат памти и повторува, и од таа причина се и е достапно. Друга работа што ја научив за овие 2 години е тоа што не постојат само едукативни играчки и не едукативни. Буквално од се учи по нешто. Иако има многу играчки, сепак знае да се закачи неколку дена на вентилаторот, столната ламба или најчесто празната кутија од самата играчка. Па така учиме бои, форми, имитираме звуци. Тоа го сфатив кога и купив кујна, и додека кујната фаќаше прашина неколку дена, таа си играше во кутијата од кујната со сосем други играчки. Маж ми ја потсреди кутијата и така научи што е куќичка, прозорче, покрив, оџак... Не само за мое дете, мислам воопшто минимализам за деца само ќе им биде досаден. Сметам дека кај бебиња и деца во оваа рана фаза од развој, кога природно се многу љубопитни и сакаат постојано да истражуваат подобро е да имаат поголем избор што ќе го стимулира нивниот интерес иако честопати е пократок од 3 минути. И се ова го пишува невротик што долго време одеше по бебето, собираше играчки и ги редеше во совршена симетрија по полици милион пати на ден. А оние што не се совпаѓаа во просторот по боја ги криеше во корпата. Додека еднаш конечно не се откажав и го прегрнав хаосот, оти таа учи многу повеќе од него, а јас учам на трпение.
Да внук ми беше таков бајче кај го оставиш таму го наоѓаш на кауч седел сам ти можеш комотно да се тушираш ако сакаш он ќе седи ќе гледа цртани на 1г. Исто си седеше и играше со вакви дрвени играчки само не сме ја знаеле методава. А син ми ќе ти ги акне од глава играчките и ќе го најдеш негде на плафон качен
@LivingGlam баш супер што толку рано сте се решиле за кревет на под, таман ќе има време да се навикне. Јас се уште не се одлучив за таа опција, се уште спие до нас во дрвено креветче, кога ќе го префрлам во негова соба мислам дека ќе поставиме. Инаку има дел од собата кој е т.н. подготвена средина за активности - стандардна Икеа полица со активностите и играчките кои ги игра одреден период, мал сталак за сликовници и корпа/количка со играчки кои не ги игра во моментот. Знае што каде му стои, си ги зема, си ги истражува... не секогаш е заинтересиран за се' (што е нормално), има ситуации кога поинтересни се каблите на компјутерот од се' друго ама по некое време пак ќе си се наврати на активностите. Многу сака да му читам сликовници, да гледа слики во книги. Го вклучувам во секојдневни домакински обврски да „помага“ Како што расте и почнува да станува поподвижен, (кај и да е ќе проодува) , ќе ставам столче во купатило за да може да си мие рачиња, а во ходник ќе му ставам закачалка на негово ниво за јакна. Немам искуство со Пиклеровиот триаголник или баланс даска, во план сум да земам понатаму. Пред некое време видов дека прават кај нас Монтесори кула/столче, па тоа прво ќе земам. Мислам дека многу ќе ни користи за во кујна и трпезарија, да се вклучува малку и во тој практичен дел Дефинитивно, така многу се учи, и јас реискористувам многу амбалажи, предмети од домот, и ете активност од која нешто ќе научи. Некогаш само ги открива овие предмети, па кога ќе забележам дека го интересираат и ги истражува, му ги оставам заедно со играчките да ги игра одреден период. И јас не сум за целосен минимализам, но убава организација и подготвена средина гледам дека многу помага за фокусот и концентрацијата кај детето.
Ми се допаѓа пристапот на оваа школа кон децата. Сакам кога децата се почитуваат и ценат како личности, со потенцијали во затишје. Да застанеме со баби и дедовци и деца кои си играат што ќе слушаме почесто? -Не, дедо таму, мал си, не баба тоа ќе се удриш, не ова не тоа... И децава стварно само НЕ слушаат. Да ти се збоктиса. Син ми периодов го научи НЕ-то, така му доаѓа се почесто тоа да го вели, развлечено и слатко "нјеее" Дедо му го слуша и му вели - Не, дедо, прво ДА да речиш. Му велам учат прво НЕ дека ја осознавата способноста да изберат, да покажат авторитет. Ок, не ме сфати, сигурно ќе тера по негово. Што фајде од тоа трештење ако детето вели не почесто?? Ајде кажете ми што е толку за поправка? Аман! Нека си бидат свои децава. Друго. Мојов е растен на под, од мал на тврд под. Свекор ми како беше запнат да сум земела кош да седел внатре, како другите двајца внуци што растеле. Секако дека си направив по моја замисла. Сега син ми има рефлекси брзи и отсечни. Како ја чувата главата! Верувам дека се должи на тоа што растеше и се тегнеше на под. Ела докажи му на дедово. Мене ми се допаѓаат тие дрвени играчки. Избегнувам пластичарија, многу евтино ми изгледа, особено ако нештото можам во дрвена форма да го најдам. За над 14/15 месеци возраст најпогодни се, од мое искуство. А и тоа ротирање и помал број на играчки го применувам и функционира. Како првпат да ги гледа играчките. Од пред месеци му имав купено неколку книгички, ги гледавме заедно, после почна да ги кине, а сега на нецели 18 месеци ги отвора и самиот ги гледа, се загледува во илустрациите. Исто така, на 8 месеци му купив ваква дрвена играчка почна да ја глода, па тоа од бојата остануваа раски. Ја скрив и пак ја извадов сега на 17 месеци. Пред некој ден почна да ги става на стапчето тие круговите. Лелее Се` во свое време дефинитивно. Ама за методот ми се допаѓа тој начин на следење на детето, развивање на неговите вештини, допир со природата, сетилото за допир како нешто што најмногу го стимулира мозокот. А да, му дозволив да ја фаќа храната, сам се храни и од пред некој ден и со вилушка му давам да боцка и во устата да си става. Сакам да му верувам на детето дека е способно.
@Филотеа може да знам какво столче ќе земаш? И за Пиклеровиот триаголник го најдов на Инстаграм на Smarttoys.mk. Колку се отприлика цена? Немам прашано се уште...