Морална поддршка за сите оние кои се болни од рак

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од dzvezdicka12, 16 октомври 2012.

  1. dzvezdicka12

    dzvezdicka12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    12
    Не сретнав ваква тема. Ако веќе има, простете.
    Ја отворив со цел да им помогнеме колку што можеме на луѓето кои се болни од рак. Секакви совети, што сте чуле, што сте испробале, споделете. И јас колку што ќе можам и знам ќе помогнам.
    Мајка ми имаше рак на матка пред 10тина година. Фала му на Бога, сега е жива и здрава! Но, за жал пред неколку недели изгубив братучед... ;(
     
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Мое сочуство ѕвездичка.Баш ми е мило што мајкати го победила ракот.Навистина се плашам од оваа болест недај Боже на никој.Среќна сум за сите што ја пребродиле оваа болест а тие што ја имаат ова болест нека бидат издржливи до крај сепак надежта последна умира...
     
  3. dzvezdicka12

    dzvezdicka12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    12
    Tи благодарам Jule.Sk.

    Страшно е што оваа болест не бира пол, боја на кожа или вера. Не бира по старост и професија. За жал не можеме да предвидиме дали и кога ќе дојде и дали успешно ќе помине. Но, нешто што може да направиме е да водиме поздрав живот и редовно да одиме на прегледи.

    И секако, како што кажа, надежта последна умира!

    Не можам да бидам сигурна 100%, но мислам дека на мајка ми многу и помогна силната желба за живот. Таа го сфати сето тоа како работа што мора успешно да се заврши. Знаеше дека се може да отиде и во друга насока, но не се предаваше!
     
  4. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.023
    темата е многу потресна и страшно е што помислуваме на неа баш кога имаме некој во фамилија
    истото се случи и со мене
    имам близок роднина кој неодамна доби ваква страшна дијагноза,но за чудо тој многу добро ја прифати дијагнозата
    сега прима хемотерапија веќе трет пат,и до сега се добро поднесува освен психичкиот дел кој неможам да му го средам,многу често запаѓа во депресија,па постојано прашува што после терапијата дали ќе умре?го организира животот целосно на другите што да правеле без него,некако како да се спрема за нешто.
    после сите терапии се чувствува супер освен гадењето кое го има за време на терапијата,косата полека почнува да му паѓа.има еден рак кој се вика сарком и кој е доста агресивен,има метастази во бели дробови
    но тој верува,верува многу дека ќе се излечи,тој е многу побожен човек,верува во господ посетува често цркви,оди по секакви луѓе и многу верува дека ќе се случи чудо.
    јас отпочеток бев скептична и не верував,ми беше тешко но сега сум иста како него и целосно верувам во чуда,многу верувам дека можеби нема целосно да се излечи но дека ке поживее повеќе со својата болест и се молам само да помине повеќе време додека не метастазира во мозокот.
    пред некој ден зборевме многу,устата пења ми фати од зборење и тој се расплака,колку сум верувала во него,затоа следниот ден беше како нов со нови посветли верувања.
    ви кажувам и ве советувам многу да верувате,со психа се може да с епобеди,споедлете некои ваши искуства,да се консултираме,што понатака
    како да го советувам?
    тој беше кај иван исцелител од куманово и од тогаш му е многу подобро на 20-ти ке порави контролна рендген слика на бели дробови да виде дали болеста и метастазите му се повлекуваат
    силно вреувам дека нешто ново ќе се случе :)
     
  5. dzvezdicka12

    dzvezdicka12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    12
    anastasija85, посакувам успех и со помош од Бога да се излечи човекот! Да, тешко е, но не и невозможно!
     
  6. dzvezdicka12

    dzvezdicka12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    12
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    (РЕЦЕПТ) Ако никогаш не сакате да заболите од рак, ова мора да го направите!

    Викторија Семјонова е експерт за природно лекување. Со светот го споделила својот рецепт за радикално чистење на цревата. За овој рецепт ќе ви бидат потребни следните состојки:

    -пола килограм моркови

    -пола килограм цвекло

    -рака суви кајсии

    -рака суво грозје

    -лажичка мед

    Би било идеално кога состојките би биле од органско земјоделско производство.

    Земете половина килограм свежи моркови и исто толку сирово цвекло. Ситно исецкајте и ставете во неоштетено тенџере. Прелијте со зовриена вода така што водата да биде два прста над зеленчукот.

    Потоа додајте по една рака сецкани суви кајсии и суво грозје. Ставете го тенџерето на оган водата да зоврие. Веднаш потоа тргнете го лонецот од оган. Кога малку се излади, додајте во тоа една лажичка мед и оставете да отстои поклопено 12 часа на ладно и суво место. После тоа течноста добро исцедете ја и процедете. Течноста ќе ја пиете, а останатото можете да го искористите за кулинарски цели.

    Ова е количина за отприлика 2 дена. Пијте по пола чаша (1-1,5 дл) три пати дневно пред оброк. Чистење на цревата со помош на овој рецепт нека трае месец дена. После тоа, цревата ќе ви бидат како препородени. Преостанатата течност чувајте ја во фрижидер. Оваа течност е корисна за лекување на рак, но и за превентива како такво нешто никогаш не би се случило.

     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    кај 4 стадиум рак на дебело црево... метастазирано... се прекина и хемотерапијата поради покачен билирубин... докторите кренаја раце... па дали некој би знаел да прогнозира уште колку време му останува на пациентот за живот? при тоа зафатени се најголем број од абдоменалните органи... :(
     
  9. Херкул

    Херкул Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Машки
    Еве еден линк каде што се разобличени 10 митови за ракот кои упорно се пропагираат низ луѓето и медиумите. Ви ги преведов на англиски насловите за оние кои слабо стојат со англискиот јазик да знаат за што станува збор, па ако ги заинтригира, нека си најдат пријател да им преведе.
    Здравиот начин на исхрана и живот, умерен спорт, избегнување стресови итн. се само помошни алатки, но сеуште најдобрите и проверени начини за лекување на ракот се хирургијата, хемотерапијата и зрачењето. Во тек е развој и на други методи, но сеуште не се доволно научно испитани и усовршени за да бидат поефикасни од наведените три.

    http://scienceblog.cancerresearchuk...the-hype-10-persistent-cancer-myths-debunked/

    1. Ракот е вештачка (создадена од човекот) модерна болест.
    2. Постои „супер храна“ што лечи рак.
    3. Исхраната со кисела PH вредност предизвикува рак
    4. Шеќерите ги хранат клетките на ракот.
    5. Ракот е габична инфекција и сода бикарбона е лекот
    6. Постои „магичен лек“ за ракот
    7. Лекот се знае, ама големите фармации го кријат
    8. Хемотерапиите и зрачењето повеќе убива него што лечи.
    9. Немаме прогрес во битката со ракот
    10. Ајкулите не заболуваат од рак. Маслото од ајкула е лекот.