Би сакала да ги дознаам вашите мислења,теории и одговори на прашањето што се однесува на моралните вредности кај младината.Која е разликата помеѓу моралните вредности кај постарите генерации и помладите?Кои биле тие морални вредности во минатото и дали сеуште се присутни и се почитуваат или не?Кој ни ги пренесува тие вредности?Дали постојат морални вредности кај младите кои важат во целиот свет, или само во одредени култури,земји или области?
Отсекогаш имало повеќе и помалку морални, во секоја генерација. Слободата дадена од окружувањето одредува дали тоа ќе биде лесно видливо или вешто сокриено.
Во принцип сметам дека моралните вредности се изгубени не само кај нас туку и општо во светот, и не само во младата популација туку и обратно. Порано се знаело по кој ред течат работите, младите пристојно ги поздравуваа постарите лица на улица, им стануваа во автобус, им помагаа за торбите од пазар, имаше голема почит кон таткото како главатар на куќата и семејството, сега се е во обратен тек, непристојно се облекуваат младите, се дрогираат, девијантно се однесуваат низ дома и по улици, вршат кражби, тепачки , малтретираат изнемоштени лица за пари ако им се укаже шанса. Е сега за оние постарите кои не се ни малку посјајни од младите, одат на работа а таму место да си го вадат чесно лебот тие се занимааат со швалериштини, обавезно еден од родителите се однесува неморално, се пијани, врши семејно насилство , не им посветуваат внимание на децата доволно и затоа некои тргаат по лош пат , чест на исклучоците. Можам да набројувам до сабајле, ама заклучокот е јасен, светот оди во пропаст ,се повеќе никнуваат педофили, убијци, лезбејки , педери и разно разни други фактори кои го нарушуваат природниот баланс на човештвото. 21 век, браво за тебе, кој знае што уште не чека натаму.
Само еден поглед на татко ми ми беше доволен да знам се. Се сеќавам дека имав 16 години и се договаравме со другарки да одиме Маврово на зимување. Вечеравме и тивко го прашав татко ми дали може. Замислете не ми одговори туку само ме погледна и знаев дека одговорот е НЕ. Повеќе не се ни обидов да прашам. Тоа не постои денес.
Како прво отворив да гласам на поставеното прашање Дали мислите дека денес младите ги почитуваат моралните вредности? и по кратко размислување НЕГЛАСАВ затоа што неможам да се решам меѓу ДА и НЕ!!! Еве зошто... Во последниве години имам чувство дека ние повозрасните имаме обичај ПРЕМНОГУ да ги критикуваме младите!!! И тоа без право... Некако ги ставаме сите млади во ист кош - ако некое дете било неучтиво и не станало во автобус на повозрасен одма тоа го генерализираме за сите млади луѓе! Ако некој млад човек излаже за нешто, се степа, украде, вози пребрзо, вербално нападне професор или друг повозрасен... пак сите млади во ист кош!!! Не треба така - сите млади не се исти!!! И НЕ Е ВИСТИНА дека само денешниве млади се непочитувачи на моралните вредности. Во секоја генерација од памтивек до денес имало и ќе има поединци кои што ќе измрдуваат од моралните вредности!!! И во МОЕ ВРЕМЕ имаше млади кои што се однесуваа НЕКУЛТУРНО, ПРОБЛЕМАТИЧНО, НЕИСКРЕНО... а денес истите тие се родители на некои млади луѓе!!! И да се прашаме дали децата на тие неморални луѓе од мојата младост се тие што денес ги критикуваме за изгубените морални вредности??? Или тоа се децата на новонастанатите транзициски богаташи, или децата на оној човек кој стана стечаец во 90-тите години од минатиот век па ги израсна децата плашејки се дали утре ќе има леб на трпезата??? Можеби тоа се младите кои се непочитувачи на моралните вредности, но можеби и детето од некое „обично семејство“!!! Без разлика од какво семејство е тој млад човек значи дека неговите родители не ѓи знаеле моралните вредности и не му ѓи пренеле на своето дете!!! Еве што требало да знаат родителите за да ние денес имаме МЛАДИНА КОЈА ГИ ПОЧИТУВА МОРАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ!! И за крај - одговорот на анкетното прашање можеше да ми биде и ДА и НЕ!!! (сепак нема да гласам!) Само да се разбереме НЕ СЕ СИТЕ МЛАДИ НЕПОЧИТУВАЧИ НА МОРАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ!!! Имам деца дома кои од пелени ги учам и мислам дека ги научив на морал, имам млади луѓе во опкружувањето кои секој ден учтиво се однесуваат со мене, имам млади колеги на работа од кои што и многу постари можат да научат нешто за моралноста!!! Има толку многу млади луѓе кои знаат да кажат ВЕ МОЛАМ, ВИ БЛАГОДАРАМ, ПОВЕЛЕТЕ, ЧЕКАЈТЕ НЕ СЕ МАЧЕТЕ, ЈАС ЌЕ ГО НАПРАВАМ ТОА...
Постарите генерации имаат само митови за тоа колку биле чесни и морални Често се жалат на расипана или не знам каква младина а тие ја одраснале и воспитале баш таквата младина. Не само моралот туку и логиката не им е јака страна на постарите како што изгледа. Многу јасно дека постои морал кој е присутен уште од камено време, некои работи се универзални и никогаш нема да се променат. Фундаменталните кодекси како ``не убивај`` или ``не кради`` секогаш ќе бидат на сцена.
За да се одговори на ова прашање најпрво мора да се одговори какво е значењето на моралот како поим, и како е стациониран авторитетот кон самите морални вредности кон младите. Сметам дека кога овие две прашања би биле одговорени, многу подобра проценка би можело да се даде дали поголем број од младите денес се следбеници на моралот. Е сега, дефакто за секого моралот не е ист. На пример во комунистичкото општествено уредување значајно беше потчинувањето на младите кон авторитетот и угнетување на бунтовноста. Додека денес, со оглед на тоа како се нарушени прангите кои би требало да ги претставуваат генерациските разлики, не е ни чудо што младите имаат се` послободен пристап, што апсолутно не се согласувам дека е рамно на не етично или морално однесување. Башка, како и секогаш е прашање на индивидуалност и не треба да се генерализира.
Кога станува збор за моралните вредности треба да се согледа системот на општествено уредување кој е во корелација со економските параметри на државата што во голема мера ги диктираат нормите и принципите на однесување кај популацијата.Секое нарушување на значењето на поимот морал како најчувствителна ја опфаќа младата генерација, а се одразува глобално на општествениот начин на живеење. Кога личниот избор на живот на поединецот ќе ја премине границата на пристојно и етично однесување, алармантно се отсликува состојбата во системот.Тоа поттикнува да се даваат генерални проценки за моралните вредности, иако исклучоци постојат секогаш и секаде, па и во овој домен. Младите со убави манири на однесување се реткост на денешницата што не воодушевува можноста да отпоздравиме некој што би ни возвратил со својата учтивост и почит.
Ние учиме етика ама што ако наа етика затоа што е добар наставникон го снимаат сликаат музика пуштаат леле за греота, ама не ги почитуваат не
Секако дека постојат и морални; културни млади индивидуи, не значи дека сите се неморални и некултурни. Секако дека се среќаваат млади од двете категории.
Не можеме да генерализираме дека сите млади се неморални и без култура и однесување со манири, си има и исклучоци, но некако се во помал број од другите.
О, тешко е денес да се држиш до вистинските вредности. Гледаш разни ѓубренца, оправдуваат се и сешто, па си викаш што, за овие ли ќе имам осет и свест. И си тераш како најмногу ти се исплати.
Кој ја воскресна темата - скарана. Очобол ме фати. Кои се уствари вистински вредности? Она шо ние сме решиле да го сметаме за испавно. И секогаш за некој ќе бидиме неморални и гнили, а за други очовечен ангел. И ете, првиот глас нека е од мене за "да". Има морални млади и тоа поќе од шо сакате да видите. Само зошто не ви се поклонуваат на традиција, кој патем не е по дифолт морал, не значи дека немаат/ немаме морал.
За некои морал е да немаш дечко пред брак. За некои морал е да не носиш кратко. 200 луѓе 200 дефиниции. Јас едно мислам. Моралот, што и да претставува се наоѓа во мозокот и во срцето на еден човек. Ако се фокусираме на надворешната слика, ништо не правиме. Има луѓе сите жени со кратки здолништа ги сметаат за неморални и сите извалкани, во искинати алишта мажи ги сметаат за разбојници и крадци, па поради тоа не им помагаат, не им плаќаат еден оброк во бурекчилница и така. После ова и моралот на тие коишто вака осудуваат се става под знак прашалник.