Имам дечко со кој сме заедно веќе 2 години. Многу се боревме да го прифатат моите,поминавме низ се,никогаш не сме се разделиле.Ако дојде до кавга,решаваме на смирен начин. Но тој има проблеми и мора да е отсутен некое време,поточно 3 години . Си ветивме дека ке си останеме верни.. Но имам само 18 год,дали да се врзам за некого уште сега? Или да продолжам понатаму,па кога ке се врати ако ни било судено ке биднеме пак заедно?
Имаш право, имаш 18 години, можеби не е убаво да си врзана, животот е пред тебе, можеби понатака ќе запознаеш некого... размисли убаво, некогаш ќе ти треба да го гушнеш, да го бакнеш. Да бидеш гушната, бакната.. Дали ќе успееш да му бидеш верна, а и тој тебе? Одлуката е твоја, стави се на една вага, добри и лоши работи, за скарување или не, и самата пресуди како е најубаво за тебе. Со среќа
Ако стварно се сакате остани со него и биду му верна ако и тој тебе ти е, но тешко и ретко успеваат врските на далечина
Јас сум во врска 6 години, ама во последно време сум јас таа што заминува....прво на два пати бев одсутна по 3 месеци , а сега сум 1 година одсутна,..... мој совет...многу си мала за сериозна врска...па поготово на далечина....подобро е да си разговарате...секој по свој пат и кога ке се врати ако има уште чувства...ке си бидите заедно, верувај многу е тешко...Јас сум врзана од 17 години...и сега и мене да ме прашаш и дечко ми ке го добијаш истиот одговор.... многу рано се врзавме.....ама што викам и јас си се фатил за оро и ке играш.....
Јас мислам дека 3 години е многу без него, ќе ти биде тешко секако .Ако се сакате многу и има можност оди со него Љубовта не е играчка
Јас да се најдам во твоја ситуција не би останала со дечкото. Но тоа е само мое мислење. И како што велиш самата ако ви е судено ќе бидете заедно, а и 3 години не се мал период. Навистина добро размисли што навистина сакаш. Млада си зошто од сега да се обврзуваш, но сепак љубовта е силна. Сепак и зависи од твојот карактер дали ти ќе можеш да издржиш тие 3 години и дали и тој може да издржи. Направете директен муабет и ќе одлучите. Но доколку сакате да продолжите, зошто да не, додека иде-иде после ќе му ја мислите. поздрав и се најдобро
Да имам можност да одам со него, но школото .. A има и можност тој побргу да се врати, можеби за 6 месеци :/ не се знае.. затоа сум во дилемаа ..А за љубовта,стварно се сакаме и имаме мн романтична врска..
Пробајте. Ако не бива тогаш раскинете. Сепак 3год е долг период. Зависи колку можете и двајцата да издржите.
Направивме муабет,и одлучивме да останеме заедно.. Тој сега отиде, и се слушаме преку скајп и преку мобилен.. Но незнам дали е се тоа изводливо...Сега за сега уште сме она загреани,а натаму како ке оди се? ипак е тоа голема далечина..
3 години верни???? без да се видите мислиш, 3 години така да си се чекате? дај бре не се будли, 17 години имаш, од сега ќе чекаш некој 3 години? цели 3 години девојче, не се три месеци....Mислиш дека тој, машко ќе чека 3 години? Hема шанса, што е многу-многу е! Hајубаво стави си крај на ова, ќе се најде друг, уште си млада не ти треба ова! што мислиш до 20 години без дечко и мувач да седиш? Aко си будалче- седи!
Тогаш се е решено. Ќе видиш како ке се одвиваат работите. Дали ќе можете да си останете верни еден на друг. Како и да е ако навистина се сакате продолжете со врската, но не се надевај мн зошто можеби ќе се разочараш. Имаш две опции или навистина ќе успеете или пак после ќе жалиш за изгубеното време. Но барем обиди се нели ? Повеќе ќе се каеш ако не пробаш, барем така јас мислам.
И ние направиве муабет.... дека 1 година е долг период и дека моќи се да се случи.....а не пак како кај вас 3 години....ама ако има љубов се е можно.... Ќе се среди се....
Да бидам искрена, малку сум скептична во врска со темава. Цели 3 години. Не го негирам тоа дека се сакате, дека сакате да останете заедно, но ова е премногу долг период. Се зависи од вашите карактери, колку и двајцата сте цврсти и си стоите на зборот. Немој сега за сега да прекинуваш со дечкото, нека помине некое време за да видиш како ќе ви оди. Не сакам да те разочарам, ама многу си млада и ти си знаеш дали можеш уште од сега да се врзеш за некого.
Девојче, оди си по патот и остави го него да си оди. Од каде знаеш што може да се случи во текот на тие 3 години? -Јас така чекав еден 3 месеци да се врати, и тука златна шанса си пропуштив поради него - затоа што го чекав, за кога си дојде да не ми се ни јави дека си дошол, и наредниот ден да раскинеме! Ослободи го, незнаеш дали ќе вреди или не!
Ако си сигурна во твојата и во неговата љубов секако дека е изводливо. Ако вистински го сакаш ти нема да погледнеш друг. Сепак и мала си за да знаеш дали е вистинско или не. Ова свати го како тест на времето. Тест на љубовта. Ако требало да бидете заедно-ќе бидете. Сега не се преоптоварувај со тоа. Гледајте се на скајп, слушајте се .... Ако евентуално се појави некој друг во твојот живот тоа е тоа. Па некој може да се појави и да не сте на оддалеченост. Едноставно работите се случуваат. Како требало да биде така. Како ќе дојде така ќе тргаме. Затоа не се замарај, остави на времето-само ќе покаже.
Уште и помислата дека 3 години треба да живее без секс, а е во годините кога сексот треба да и цвета Мене не ми е изводливо никако да го чека. Само себеси ќе се ограничи, ништо друго нема да постигне, а и од каде ќе знае дали тој седи мирен таму, да не ќе има кој да и каже? Тоа секако дека нема да седи мирен де, ама тоа е друга работа. Да има над 20 па да има таква врска ај ќе сфатам, ама на 17 години да седи и деа чека некој 3 години? На 17 кога треба да излегува, да се забавува, да се секса и.т.н.
Далеку од очи , ни не и од СРЦЕ... Мислам дека најпрво треба да се проба, ништо неможеш да ѕнаеш ако не пробаш.. можеби сепак првата година ке биде се во ред ама после ..... ке се види.. најпрво ПРОБАЈТЕ
Јас би ти рекла да се договорите официјално раскинати,а кога ќе се врати тој ако се сакате доволно пак ќе бидете заедно ако не ништо. Ајде што си во најубавите години,ама знаеш ли и која психа ќе те измачува ќе мислиш нонстоп каде е,дали е со некоја,што прави....исто и тој за тебе.Батали доверба,денес човек на сенката не треба да си верува не вака да се обврзува
Маж да ми е бре, за кој сум рекла тој е тој и со кој сум една декада заедно(поврзана здравје), па нема да дозволам да немам физички контакт од 3 години. Нека е за работа еве, на оној крај на светот да има можност, нека оди и никогаш нема да го сопрам од амбициите негови, ама ќе си доаѓа, или ќе одам јас да го видам. Зашто да не го видам 3 години кога за 24 саата највеќе се стигнува ама баш секаде. Остави ти скајп и телефони и вистинска неизмерна љубов, летање во облаци. Летањето во облаци еден за друг ама во буквална смисла на зборот ако е може. Ние сме луѓе, зависиме од физичка близина, а не виртуална животинка на некоја таму фејсбук игра, па ајде рани ја и гали ја секој ден со кликови на маусот.