Мотивациони книги, дали се корисни за менталното здравје?

Дискусија во 'Психологија' започната од hellocity, 23 јануари 2021.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Или мотиватирите само за пари и популарност ги пишуваат и дали воопшто ви помагаат или одмагаат пример како моќта на потсвеста, моќта на позитивното мислење?
     
    На Dimi_ и daylight им се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    58.117
    Никогаш не сум читала таква книга. Може ова се некои мои предрасуди ама сметам дека не би помогнале многу. Премногу ми е ,,теоретски'' да учам од книга како треба да живеам... секоја ситуација си бара различно да постапуваме. А и како карактери сме сите премногу различни за тоа да може да се сумира во книга.
     
    На Peperutce1115, poi, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    36.096
    Пол:
    Женски
    Сум пишувала за темава веќе, си правев експеримент на себе да видам што толку ги фалат и воспеваат книгиве, животот им го промениле.

    Сфатив неколку работи. На почетокот низ читањето ќе се почувствуваш како конечно да си разбран од некого, како конечно да си го нашол решението за сѐ во животот.
    Ист рецепт за среќа, стратегија за решавање проблеми - нема. Не сме сите исти. Не реагираме сите на ист начин.
    И не пали кај сите она од денес сум друг човек/вртам нов лист итн. Да се менуваа така работите во истата секунда штом ќе речеш дека си поинаков, многу нешта ќе беа поинакви.

    За секој проблем треба време да се сталожиш, смириш и да размислиш за можни стратегии и тактики за да изнајдеш решение, а во голем процент понекогаш и околните фактори што се надвор од наша контрола имаат огромно влијание врз тоа како се одвива ситуацијата.

    Не е сѐ само мисли позитивно и сѐ само ќе си дојде.
    Тој притисок дека мора во истиов момент ти да се насмееш, да станеш позитивен човек може да има само контра ефект.
    За мене лично, од она што го увидов, овие се тотална глупост.
    Апсолутно немам ништо против некој да се мотивира себеси со помош на вакви книги, баш би ми било драго ако навистина му помогнале некому, ама за мене лично или како препорака за некого (ако е во ситуација каде што му треба поттик/совет) не е опција што воопшто би ја разгледала.
     
    На Peperutce1115, Ivan4e04, grungy и 9 други им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    3.162
    Читав многу такви книги едно време. Воглавно охрабруваат да веруваме во себе, дека сме нешто посебно од другите, зголемувајќи го нашето его, дури и нашиот нарцизам и поради тоа привремено прават да се чувствуваме подобро. Некому можеби е токму тоа потребно во моментот, но некому кој можеби има нарцисоидно растројство, би можеле да ги засилат нивните погрешни ставови и начини на однесување.


    Книги што мене најмногу ми помогнале, воопшто не беа тнр. мотивациони книги, туку духовни. Знаев за нив релативно долго време, но не им обрнував внимание, дел од насловите на прв поглед ми делуваа некако обично. Тоа беа книгите на Универзален живот, сосема малечки по обем. Особено насловите „Беседа на Гората„ ; „Сила на молитвата„ ; и „Лиобани - Јас објаснувам - учествуваш ли?„ .
    И тоа не од самото читање и верување во истото, туку дури по примената на прочитаното... :)


    Во воведот спомнатите наслови како „Моќта на потсвеста додуша„ (површно) ги запознаваат читателите со моќта на мислите, но не им ги објаснуваат духовните законитости и евентуалните опасности кои произлегуваат од погрешното користење на силата на мислите за себични цели. Повеќето луѓе дури и не се познаваат вистински себе си, па мислат дека нивните цели се веќе несебични или дека ионака никому не би наштетиле. Но луѓето кои имаат увид во невидливите димензији предупредуваат за последиците од играње со „духот од волшебната ламба„ (или како книгите велат „универзумот„) кој потоа и те како ќе си ја побара позајмената енергија назад, по можност со камата што пак доведува до разни видови на страдања. Повеќе информации во книгата „Сам во бракт и партнеството? Сам во староста? - Живот во единство!„ од Габриеле (изд. Универзален живот).

    Додуша не можат сите наслови да се стават во ист кош, но мислам дека би важело да 90% од нив.

    Во повеќето случаи мислам дека го прават било поради пари било поради потреба од самоистакнување или комбинација на двете.

    Понекогаш се напишани од луѓе кои се фалат со своите „успеси„ но во реалноста постигнале многу малку. Таков случај беше „Богат татко - сиромашен татко„ ... демек тој бил милијардер со недвижнини, потоа испадна дека одвај има некое милионче во банка и тоа од продажба токму на неговите книги и предавања. Денешно време 2-3 милиона долари во САД и не се нешто многу, во Њујорк не може ни стан да се купи за тие пари.
    Додуша имаше некои добри поенти, но тие поенти воглавно би можеле да се раскажат на неколку страни, наместо на неколку стотици, на пр: повеќето луѓе се обидуваат да ги имитираат богатите така што си купуваат скапи предмети (скап часовник, скапа кола, луксузна куќа, скап тв, и тн.) бидејќи тоа се нешта кои не произведуваат пари туку дури можат да ги голтаат (куќата и колата треба да се одржуваат, данок да се плаќа и тн.) Но како предупредуваа некои економисти содржеа и опасни совети, како на пр. затајување на данок а тоа спаѓа во кривични дела.

    Потоа има книги кои верувам дека се напишани со благородна цел, но иако интересни, ќе ги разберете подобро само ако и самите барем делумно сте го поминале процесот опишан во нив, како на пр. психотерапијата - работење врз себе со помош на советник кој исто така го поминал целиот процес. Такви се книгите на Морган Скот Пек : „Патот по кој поретко се оди„; „Луѓето на лагата

    Кога бев средно книга што ми помогнала да научам да не купувам без врска сè и сешто и да си заштедам пари беше „Да или Не? Пат до подобра одлука„ не се сеќавам на авторот ниту издавачот, но беше токму од тие мотивациони книги раскажана низ планинарски прошетки. Поентата може да се сведе повторно на неколку реченици: Ако сакаме нешто да купиме, направиме, постигнеме треба да се прашаме зошто го сакаме тоа и дали ни е тоа навистина потребно и што ќе правиме откако тоа нешто ќе го купиме или постигнеме.„
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.425
    Пол:
    Женски
    Без навреда, ама јас овие книги не можам да ги смислам.
     
    На daylight, Peperutce1115, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Исто.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    15.959
    Имам прочитано неколку и... не знам, 50:50 сум, некогаш ме живцираат, некогаш ми се океј да ги читам.
    Зависи во какво расположение сум.
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    11.672
    Пол:
    Женски
    Мислам дека можат да бидат од корист книгите кои предложуваат реални начини како да се подобриш и како подобро да се разбереш себе си, со совети и примери, или пак предложувајќи нови животни навики.
    Ама некои едноставно се сведуваат на празни филозофии од кои не можеш да имаш скоро никаква придобивка во реалниот живот.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    16.099
    Мене овие книги ми се безвезе.
    Ни им верувам ни ми требаат. Чиста маркетиншка глупост.
     
    На Peperutce1115, Celltica и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    13.388
    Допаѓања:
    134.877
    Пол:
    Женски
    И мене ми се глупост овие книги, дур сама не решам нешто да сменам, не книга, ни св. Петар, ни св. Павле не може да ми помогнат.
    Ама имам другар што кога беше во депресија дијагнозирана од психијатар и како препорака од докторот добил да чита вакви книги и навистина му помогнале, дали така се вклопиле во периодот не знам, но рече дека го освестиле многу и му биле од помош. Сепак чим се популарни сигурно на некого му влијаат добро, сите сме различни... :)
     
    На WildMk и Elf им се допаѓа ова.
  11. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    2.090
    Пол:
    Женски
    Ако немате самодоверба и немате со кој да правите моабет, да корисни се. На мене ми имаат помогнато премногу, за да поминам тежок период. Не само тоа ти нудат и методи како да се справиш со стрес зошто не секого ја има привелегијата да оди на психијатар.
     
    На Guns N` Roses, edna_malecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Ќе се сложам со ова.
    Дефинитивно книги кои ми помогнаа и мене во животот се духовните, спиритуални книги.

    Мотивационите книги да онака добри се, но премногу е исфорсирана таа позитивност што ја прикажуваат и ни ја пренесуваат на нас читателите.
    Да во ред е да си позитивен, но неможеш постојано бидејќи животот не е една боја.
    Затоа не се сложувам со нивната постојана позитивност убаво е за моментален поттик, но сепак не е едноставно ниту па совршено за човек да е постојано среќен и тоа е во ред зошо секоја емоција е правилна и треба да си ја дозволиме.
     
    На Guns N` Roses, MeowMeow, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Јас имам една придобивка од овие книги тоа е што ми го подобрија ренчникот и изразувањето. Многу се убаво пишувани.
     
    На edna_malecka, злоба и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.869
    Допаѓања:
    125.497
    Пол:
    Женски
    Да не е слично со ова тема?

    Како и да е, не ги држам ваквите книги високо. Дават моментална помош и утеха и не работат на подлабокиот проблем и многу често луѓе се навлекват на нив место да одат на терапија. Моментално решение, на долгорочен проблем. Турнат проблем под теших - се појавува пак. Ако ваква книга не е единствен извор на барање решение можи да е полезна и да дај некаква поткрепа на тој шо чита и уствари многу да помогни зошто во моментот дава енергија и снага и мотивација шо е како туркање во точниот правец ако има кој да те усмери на тој правец, а ако е единствен извор на барање решение таа поткрепа залудно ќе се потроши и ќе има потреба постојано да се бара нешто слично постојано и буквално да се скока од книга на книга. И зато толку многу вакви мотивациони книги и книги за самопомош излегуваат на годишно ниво. Неопходно е да прифатиме дека ако не направиме промена, наредната книга за самопомош нема да ја направи промената за нас. Истото шо го кажав само подетално - линк.
     
    На edna_malecka, daylight, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.230
    Немам многу прочитано, две, три максимум и дури ги читав бев као ‘ваууу,браво’ на моменти, после тоа се враќав во реалноста и бев nah :^).

    Не сум сигурна дали беше во ‘Моќта на потсвеста’ (простете ми ако сум грешка, пред 15 год. ова), имаше еден пример како некој врвел пред извесна продавница и секој ден застанувал пред излогот и посакувал нешто, и ‘нештото’ после извесно време ‘оп’ во негови раце!

    Да, ако си го купиш брат!

    Инаку во глобала верувам во позитивни мисли, силна воља и моќта на молитвата, а тоа дека ако секоја вечер пред да заспијам си замислувам како сум CEO во Силиконска долина и за три години стварно станам...што знам, пораснав одамна.
     
    На edna_malecka, Traveler91, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    11.672
    Пол:
    Женски
    А под мотивациски книги ги подразбирате само овие што се занимаваат со позитивни мисли и слични работи? :?:
     
  17. Celltica

    Celltica Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    7.944
    Пол:
    Женски
    Немам добро мислење за книги од овој тип.

    Неколку имам прочитано. Освен што некои содржеа нешта кои е лесно да се кажат, ама не толку лесно да се применат, некои од нив беа тотална глупост како "со добри мисли ќе повикаш добри нешта". Исто така, во животот факт е дека постојат многу многу непознати, на кои секој разумен човек е свесен дека нема да ги одбегне ако само мисли позитивно. Не велам дека треба да сме песимисти, туку едноставно сметам дека треба да сме реални и тоа е многу поздраво за да се справиш со потешкотиите во животот или да постигнеш нешто, отколку лажниот оптимизам кој се продава во книгиве.

    Сметам дека се исклучително штетни за луѓе со аксиозност, панични растројства и стравови, зошто сметам дека во така ранлива состојба, може само да се зголеми притисокот кој и онака постои од околината и да се набие чувство на вина, од аспект, јас не сум способен/способна за позитивни мисли. Секаде го начекувам тој момент на мисли позитивно, а никаде не сум начекала техники за справување на пример, со негативните мисли. Многу е лесно да се каже мисли позитивно од некој кој не искусил како е да се мисли негативно и едноставно самиот да не можеш да се справиш со тоа.

    Друг тип на мотивациски книги од типот на како да стигнете до врвот и да си ги остварите целите исто така сметам дека се скоро па невозможни. Книги од типот станувајте во 5 наутро и правете некоја "рутина за успех" ги сметам за апсолутно бескорисни, зошто сметам дека успехот за било што доаѓа само со посветеност, љубов и работа на нештото, а не со некога магична формула како станете во 5, трчајте 2 километри наутро и направете vision board, само кажано на малку поелабортивен начин.

    На крај да кажам, сметам дека доколку кај некој предизвикуваат некаков позитивен ефект, тоа е добро и немам против да бидат читани. Само не сметам дека можат да донесат некаква значајна промена, и ако може нас останатите да не не' прават песимисти и негативни ако не веруваме во начелата од книгата, би било супер :D
     
    Последна измена: 24 јануари 2021
    На Peperutce1115, noteforself и Autumn Love им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    2.272
    Пред да се почне да се чита книга од овој карактер, битно е да се тргнат тие бариери и стигми кои ги имаме замислено/зацртано во глава. Треба да и дадете шанса на книгата, и да размислувате за тоа што го читате и да размислете како би влијаело на вас како личност доколку одредени работи ги примените. Најбитно е дали вие самите сакате да се подобрите или не. Доколку не сте решиле да работите на самите себе и да сте истрајни во тоа, џабе е и 10000 книги вакви да прочитате.

    Јас имам читано некои, но како најдобри би ги издвоила:

    - Патот по кој поретко се оди.
    - Клубот 5 наутро.
    - Моќта на позитивното размислување.
    - Моќта на потсвеста.
    - Алхемичарот.
    - Калуѓерот што го продаде своето ферари.
    - Таблета против стравот.
    - На англиски ја читав „The Saint, the Surfer and the CEO".

    Мене искрено ми се од полза. Имам променето многу работи кај мене, и знам дека голем дел од мотивацијата ми беа книгите.
     
    На Bojana890, LaTama, Guns N` Roses и 13 други им се допаѓа ова.
  19. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    4.250
    Ми имаат доста помогнато, ако знаеш да ги искористиш можеш да научиш доста корисни работи за дисциплина, менаџирање на време, финансиска слобода, работа на своите цели, почитување и сакање на себеси итн.
    Постојано читам ваков тип на литература. Овие книги се вели дека се за нешто што ти треба моментално, односно обрнуваш внимание на тие работи додека читаш, не се романчиња па за да ти е интересно или не. Имам многу почнато и недовршено па по некој период ќе ги дочитам, а некој со еден здив. Зависи што ми е потребно во моментот.
    Еден од подобрите автори на ваков тип на книги ми е Брајан Трејси, а најдобри книги што ги имам прочитано ми се:

    1. Моќта на самодисциплината
    2. Богат татко сиромашен татко
    3. Уметноста на почетокот
     
    На Guns N` Roses, simoncelicius, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    3.870
    Пол:
    Женски
    Во овие книги обично не пишува нешто кое не го знам или самата не сум го заклучила, единствено што таму е подетално образложено.
    Јас немам ништо против нив, ниту ми влијаеле, можеби затоа што никогаш не сум им пристапила како на четива за самопомош, туку сум ги читала од љубопитност, како и секоја друга книга. Повеќе ми се нашле во животот книги кои не припаѓаат на овој жанр.
     
    На poenta, edna_malecka и Celltica им се допаѓа ова.