1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојата психа и јас

Дискусија во 'Психологија' започната од MalataNena, 14 јануари 2013.

  1. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Незнам колку ќе ви се допадне темава и колку ќе извлечете од неа но според темите што ги прочитав на конкретната секвенца/Психологија и прашањата што ги поставуваат форумџиките сметам дека е добро да го прочитате ова
    *Несакам никој ова да го свати како солење памет од некој што сеуште студира,само сакам да помогнам,а ако здравје боже ми ја издадат книгата и повеќе (си се пофалив :lol: )

    Прво што треба да знаете дека вие немате душа,вие сте душа,имате тело (научно докажано дека човечкото тело содржи 6,7 гр. материја која најверојатно живее во белата маса на мозокот).
    Вашиот престој на светот е привремен,искористете го правилно,за да се случи тоа прво треба да направите корелација или да создадете хармонија помеѓу трите делово од вас.
    1.Телото,да се грижите за единственото место во кое ќе престојувате целиот ваш живот.
    2.Психата,лично не препорачувам да се занимавате со неа бидејќи човечкиот мозок е најсовшеното нешто и од него произлего се што гледате или на кратко од таму излегла идеата.Не пробувајте да го контролирате бидејќи тој ја презема поголемиот дел од контролата врз вас и не пробувајте да го манипулирате,не за друго луѓе умреле поради тоа (последно што случнав е дека еден неискусен психолог пробал да го открие спектарот на животот и сам себе си се ставил во кома одприлика 4 дена, да човекот не успеал ,последното што го видел е виолетова боја која му ги стопила ганглиите и по 27 часа умрел).
    3.Душата, нашата душа сме ние. Една здрава и стабилна особа првата и најдолга врска што треба да ја постави е со сопствената душа или со јас,сите ние имаме различни врска фамилијарни,пријателски, љубовни но врската што ја имаме со себе е најдолга трае засекогаш, штета што некои луѓе не ја ставаат на прво место. Нема многу да ви зборувам за неа бидејќи секој од нас има посебна поврзаност со сопствената душа,а ако сакате подобро да ја запознаете зборувајте си со неа (најдобро во огледало) и не не сте луди доколку го правите тоа,се е во ред додека вие му зборувате на огледалото,не е добро ако почне да ви враќа!

    Се надевам дека малку од малку ќе ви се најде. Ако некој сака нешто да праша јас сум тука :)
     
    На Srckata28, okcenzi, owl-ribbon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
    Интересно, но невозможно.
    Мислам дека огледалото ќе распука ако почнам да говорам со него.
    Психата е најчудно работа, најмногу мака мачи со надворешни влијанија, а кога телото ќе почне да старее, тогаш и она се буни што безпотребно губела денови, години во маки, во преиспитување, анализирање.
    Јас сум у фаза на распаѓање, полека секое делче од телото ми откажува послушност, психата е уморна од младоста а душата нема веќе сила да го носи товарот од животот.
    Мојата психа и јас, сме како две различни страни на светот, а душата растегната од еден крај до друг.
    Кој разбра, разбрал.
     
    На R.i.n.a1 и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  3. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    2.293
    Пол:
    Женски
    Help ;( Јас со години се трудам да ја разберам психата и кога конечно мислам дека сум сватила дека тоа нешто е правилно излегува на крај дека не е. Секако дека никој не би сакал да се доведе до овој степен како мене пробувајќи да ја разбере психата и да западне во кризи. На моменти се мислам дека сум глупава зашто не можам да ја разберам али и други ми кажуваат не се труди за џабе не можеш:(Ако ми верувате цела библиотека психилошки книги прочитав трудејќи се да разберам и сепак не успеав. Секој си има свое гледиште на работите и уште толку станува не сватливо. Сватив дека нема универзално решение за проблемите, а и точно дека со мозокот не можеш да си играш како сакаш. Еве на пример јас кога се трудам да ги контролирам паничните напади тие стануваат се појаки. Џабе ми беше и толку техники читање како да се справиш со нив едноставно искуството си го прави своето. Дали можеби постои некое решение на мозокот да му кажеш СТОП не гледај назад терај од таму каде што застана пред да почне да се буни зашто му се спротиставуваш и уште толку да те бутне во депресија?:^)
     
  4. Angel111

    Angel111 Нов член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Oplakuvaj gi svoite grevovi Gospod e veren da ti gi prosti
     
  5. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    2.293
    Пол:
    Женски
    Јас немам гревови :rofl:

    Не постои човек без грев. Сме грешеле и ќе продолжиме да грешиме и во иднина. Кој свесно кој не.Кога ќе подразмислиш така е. Не постои совршенство. Али некој кога ќе ми го спомне Господ ми иде на живци, извини не го сфаќај ова лично. Истото важи и кога ќе ми предложат да идам во некој манастир или во црква да оставам зејтин.:@
    И сега немој да ме нападнете тие што верувате во Господ. Секој човек си е различен.Или да ме мразите ради ова, ако на некој тоа му помагнало.
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.776
    Допаѓања:
    157.081
    Пол:
    Женски
    Дали си била на терапија? Ако не, оди. :D Психолошка книга, ко книга, поразбирлива е за некој од областа, него за некој надвор од неа. Ама и то не е важно. Еве и сум учела то, и доучвам терапија ама пак без поддршка сама и не е лесно да си поможиш, зато си имаме супервизори и терапевти и групни сесии. Пошто и ние шо сме учеле сами - не можиме. И то е океј. Ако немаш размислено за професионална помош - сега е моментот. Ќе се разбериш и то шо те мачи ко ќе го кажиш, професионалец друго ќе слушни и ќе те насочи. На крај до заклучок пак сама ќе стигниш. Терапевтот само ќе те насочи. :hai:
     
    На Guns N` Roses и Hisha им се допаѓа ова.
  7. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    2.293
    Пол:
    Женски
    Јас кога побарав поддршка си добив нож у грб. Не зборам за фамилија туку за другарки. Ти изгледа прв пат читаш мој коментар. Јас сум долго време под терапија и се трудам самата да си најдам излез кој најмногу ми одговара мене. А тоа преку помош и совети од фемина. Ама ако на некој нешто му помогнало како решение не значи дека и на друг истото ќе му помогне. Затоа сакам и да зборам со различни личности али веќе имам чуство како досадна да им станувам ;(
     
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    8.895
    Пол:
    Женски
    А да почнеш да одиш на јога или медитација?
     
  9. Hisha

    Hisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.413
    Допаѓања:
    5.081
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов у тоа што си напишала, како што пишале горе терапија ќе те насочи ама трудот е твој. Панични напади ок прифати ги запознај ги , и убеди се дека нема да ти биде ништо и дека си пре анксиозна ( испи нешто ако пиеш) и тоа е тоа. Проблеми секогаш ќе има, у суштина секогаш има нешто тоа е животот. И паметно е тоа што збориш ( само напрај проценка на кого можеш кој ќе те сфати). Мене баш тоа ми помогна читање тон селф хелп книги, зборење со стручно лице, вежбање т е работа на себе, правилна исхрана, јога , прошетка,зборење со тие блиски луѓе што ги имам и бришење на сите апликации на некое време едноставно лабавење сама со себе. Патем борбата никогаш не престанува ама учиш како да ја keep it under control . А и фемина помогна, гледаш колку луѓе се in the same boat, не си сам..
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.776
    Допаѓања:
    157.081
    Пол:
    Женски
    Можеби. Не гледам имиња. Јас пак ќе ти речам, д о б а р терапевт. Таква поддршка. Пошто не знам кај каков одиш. Сама е тешко. На фемина коментари е ... Нерелевантно. Али ти си знајш.
     
    Последна измена: 18 март 2022
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    @Dashing:)

    Ti spomna deka nejkes da ti spomenuvaat, jas samo spodeluvam moe iskustvo kako sto kaza sakas da cues razlicni iskustva, licno jas otkako se pokajav Bog mi go dade najgolemiot komfor i duseven mir, no ti si znaes.

    Joga i meditacija ne preporacuvam.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    2.293
    Пол:
    Женски
    Мене пак медитацијата највеќе ми има помогнато и еден од форумов ме научи се во врска со тоа. Али кога ќе се изложам на стресни ситуации кои ја ги сметам за такви како се што ќе научам тука или на интернетов пропаѓа во вода додека сама после некое време видам ахам во ред е. Последниот пат во таква ситуација страшно ме стегаше срцето и пробував да се убедам дека не ми е ништо и за кратко време поминува. Но додека помине е страшното ни два дијазепами од 5 не ми помагаат во таква ситуација.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Ете сама можеш да процениш дали медитацијата помага или одмага,
    иако дава моментални позитивни резултати, долгорочните резултати се или непроменети или негативни затоа што пред се влече корени од хиндуистичката религија која е окултна, на крајот ти одлучуваш но секако треба добра информираност кога се работи за духовни активности.

    Во мојот случај веднаш по искреното каење почувствував леснотија но со тек на време како се зближував со Бог преку молитви и искрени разговори комфорот и душевниот мир се зголемуваше се повеќе. Лековите можат само моментално да делуваат, да блокираат одредени рецептори итн. но проблемот останува затоа што е од духовна природа а само Бог може да исцели душевен проблем.
     
    Последна измена: 18 март 2022
  14. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    2.293
    Пол:
    Женски
    Тоа што останува проблемот тоа е ПРОБЛЕМ. Но, некои ми имаа напишано да не барам трајно решение за стравот зашто не поминува и е дел од нас како сите останати чуства. Само треба да се навикнам и да знам да го контролирам. Али со такви ситуации кога ќе морам да се соочам ми се плаче од дома не ми се излегува ;( затоа и барам чаре и досаѓам;(
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Nejkjam da mislis deka ti pametuvam skroz te sfakjam i ja sum bila vo slicna situacija, mene Bog mi pomogna, mi uslisi mnogu molitvi i me izbavi od mnogu stravovi, znam deka od aspekt na ateist ili agnostik vakvoto tvrdenje deluva zaludno no i ja sum bila vo takva pozicija i fala Bogu vekje ne sum, za zal lugjeto sami biraat potezok pat namesto da se povrzat na izvorot na zivot.
     
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Женски
    Работиш?? Струдираш?? Имаш цели во животот??
     
  17. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    2.293
    Пол:
    Женски
    Судирам и имам цели али оваа состојба се ми поремети... Ми го успори времето,а се добро ми одеше :@
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    16.138
    Пол:
    Женски
    Па не, има нешто нешто те пореметило и те довело до таа состојба, а тоа нешто ти го знае што е. Остави се настрана, и фокусирај се на сегашноста, фокусирај се на учењето. Дали кога ќе станеш правиш планови денес што ќе правиш?? Денес треба да го завршам тоа и тоа, денес треба да учам, денес треба да вежбам, денес треба да испаднам на кафе. Кога ќе ти биде потполнет денот со активности, нема да имаш време да размислуваш за анксиозноста и што би било кога би било. Јас со години сум анксиозна, сум била и во тој зачаран круг и знам дека не е лесно да излезеш. Знаат одненадеж да се појават симптоми на анксиозност, ама не им обрнувам внимание. Денес треба да правам ова и ова, ако постојано размислувам нема ништо да направам, само уште повеќе ќе ја хранам анксиозноста, симптомите ќе стануваат се поинтензивни и се така во круг.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    2.293
    Пол:
    Женски
    Дали светот ти се сруши кога ја доби анскиозноста? Дали имаше амнезија? Не знаеш до кој степен беше кај мене ова и не ми беше ама ич лесно. Кога ме однесоа на психијатар јас не знаев што кажувам. Жената ме сфати дека кажувам неповрзани работи сега кога се сеќавам.Ама тогаш не бев при свест. Таа и кажала на мајка ми дека ме донеле во 5 до 12. Веднаш ми даде терапија која ме поврати за месец дена. Али благодарјќи на таа амензија јас ја изгубив ако може да се рече суштината, односот кон луѓето. Заборавив како да се понашам, што и каде да кажам и се треба од почеток да се учам. А кој ме познава знае дека сум позитивно луда и дека со сите сум се дружела. Ама сега не е така, се плашам. Кога некој ќе ми каже нешто мене ми требаат неколку секунди да скапирам за што ми збори и понекогаш се здткувам.Кога ќе излезам цела сум напната и се препотувам па ми треба некое време додека се опуштам и да почнам да зборам. Сега се затворив во себе избегнувам контакт со луѓето само за да се средам повеќе и да се вратам во нормала колку што можам. На некои сум им чудна.А дали некои се преправаат дека не разбираат? И тоа е можно. Долго време сум на форумов и гледам се што се случува али не се правам паметна да коментирам на сите теми ако не сум доволно информирана за тоа.Колку што гледаш највеќе ме има во психологија. Се опседнав со тоа сега додека не го совладам, па после друго.

    Намерно ја опишав состојбава тука за да ако има некој нешто ко моево да не губи надеж и може да се поврати.

    Заборавив да напишам, некое време не можев да пишувам десната рака цела ми се тресеше, а сега на левата рака понекогаш ми се случува да чуствувам слабост.

    Па ме интересира дали било кај тебе вака? До кој степен си била? Ако ти била некоја блага форма може и затоа си се снашла толку лесно. А јас не можев да станам од кревет цела се тресев. Не можев да јадам, не можев да се избањам. Не можев основните работи да ги правам. Некогаш кога се движев нозете ми се кочеа, па барав симптоми за тоа на интернет и пишуваше дека е рак. Па бев да се испитувам. Меѓувреме и тироидна жлезда. Се беше океј. Не знаев како да си помогнам и до тој степен бев да.

    Ако на некој му е смешно ова нека се смее слободно, не му бранам. Ова се симптомите што јас ги имав. А за случките можам во лп да ти раскажам зашто сигурно не ни се исти и не сме добиле од иста причина анскиозност.

    Сега сум како бебе кое излегло од утробата на мајка му каде што му било убаво и се соочува со реалноста.
     
    Последна измена од модератор: 22 март 2022
  20. R.i.n.a1

    R.i.n.a1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Јас можам да те разберам. Не бев од никој во друштво разбрана за што ми беа мене ваквите проблеми, ама како што гледам тебе ти било нешто од тоа што и јас сум го имала и чувствувала, па гледам дека ни се слични проблемите, ама кај мене мајка ми не ме разбираше ниту пак тетка ми и таа другарка која ја сметав како поблиска ама со тек на време си ги решавав сама тие панични напади, како тоа се случи? Јас се оттргнав од сите тие лоши работи што ги гледав тука и правев се што можам за да се социјализирам доволно и да ги разберам сите околу мене што сакаат да постигнат и да искажат за мене или поточно да се разјаснат сите проблеми до каде се. Многу бев во депресија, па незнам ни како да го опишам сега веќе тоа дека подруго размислувам и повеќе сум свесна што правам и со кого се дружам, после тоа откако се оттргнав правев се што мене ми одговараше, слушав убава музика, почнав да вежбам и да се грижам за телото дека бев долго време дома затворена и од лошите влијанија што ги имав ете од надворешните за да си помгонам на себе како да ги решам тие мои проблеми, се фокусирав на најважните работи што ми беа во тоа време, а тоа беше да гледам што се моите планови за во иднина, кои и какви се целите кои ги имав, и така дознав во себе каква е мојата душа и што навистина сакав да правам а што правев од несакање или од што бев премногу тажна. Исто така прекинав да пушам од тие причини што и тоа ми беше штетно што го правев и беше негативно за мене, ме затвараше дома и мислев со никој да немам контакт дека многу ми сметаа тие друштва што не ме разбираа па ме мислеа за психички пореметена дека не сум нормална што мислам и што не е нормално кај мене си мислеа. Ама најважното ми беше да се фокусирам пак на моите причини зошто го зборувам тоа со нив дека и јас имам потреба од нешто тука да разберам да добијам помош или некаква потребна информација за мене. Па ако сакаш пиши ми да се консултираме подетално ако имаш потреба од друго нешто за совет. :)
     
    На Cosmic Girl и Dashing:) им се допаѓа ова.