Моја диета

Дискусија во 'Диети' започната од stojanovskata, 17 август 2012.

  1. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    122
    Веке 3 години се расправам со диети и вишок на килограми .Пред 1 недела направив своја диета што кај мене има голем ефект.Секој дневно ослабувам по 600,700,800 грама.Еве ја содржината на диетата

    *За доручек јадам 2 овошки од ист или различен вид .Јас доручекот го јадам во 11 саат .
    *Послем 3 саати од доручекот односно по мое во 13 е ужина.За ужина јадам благо или солено односно ако избереш благо тоа мозе да биде 4 наполитанки,2 крембанани,2 реда чоколадо,4 медени срца,200 грама пудинг,2 топки сладолед,2 мачмалоу и др. , а ако избереш солено можеш да изедеш 50 грама смоки,чипс,пуканки и др.
    *Откако ке ја изедам узината пијам 1 литар вода тоа може ама и немора
    *Послем 2 саати од узината доага ручекот за ручек треба да изедеш парче месо или јајца со нешто мелчно + 2 кришки црн леб или 1 кришка бел леб.По мое ручекот е во 15 саат
    *Во 19 саат односно послем 4 саати од ручекот е вечера ,за вечера јадам зеленчук .
    *Послем 2 сати од вечерата пак јадеш благо можеш да изедеш пола од тоа што го набројав погоре односно2 наполитанки,1 крембнана,1 ред чоколадо,2 медени срца ,100 грама пудинг,1 топка сладолед,1 мачмалоу и др.

    *Послем 1 саат од благото пијам 1 литар вода
    *Ако во текот на денот ми се јаде мозе да изедем лубеница,динја,краставица или домат

    Кој има проблеми со тежината нека ја проба мене ми е идеална а зависи од организмот можеби на некој не му е !!!
     
    На angelche16 и machhe им се допаѓа ова.
  2. lil13

    lil13 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    И колку ослабна за 1 недела?
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    58.654
    Јас од ова ќе се здебелам, најозбилно. :D

    Во денови кога не сум на диета не си лапкам волку. Мене ми треба многу малку и многу лесна храна за да слабеам. Ама се е до организмот, ако ви функционира, само напред. :)
     
  4. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    122
    Да се е до организмот иначе јас има писано за еден ден се ослабнува по 600,700,800 грама
     
  5. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Значи нема нешто значително. Јас сум 14 години и бидејќи неможев многу строги диети да држам, одлучив јас да си направам. :) Диетата е ваква:
    Ќе почнеш постепено да се одвикнуваш од чоколадите, соковите, грицките и најважно да се одвикнеш да вечераш. Јас од вечерата едвај се одвикнав, но сега неможам ни да помислам да земам нешто после 7 да јадам. Се одвикнуваш од големите количини леб и мрсни производи (Ако треба да изедеш 2 парчиња леб изеди 1) Јас се навикнав исто така повеќе интегрален црн леб да јадам, веќе не ми е вкусен белиот со повеќе количество на адетиви. Јас првите 2 недели јадев три пати во неделата по едно чоколатце,а последните 2 недели само еднаш. И еве го резултатот од 68 ги слегнав до 58 кг, 80% од целулитот намалив. Но за време на диетата вежбав, а и тоа ми помогна. Диетата ја држев цел август, а кога почнавме на училиште мозокот повторно почна малце повеќе да ми бара благо сега секој ден јадам по малку и се држам меѓу 58-59 кг. :rofl: :rofl:
    Феминки на моја возраст вреди да се проба. :* :* ;)
    Пишејте ги резултатите. :P ;)
     
    На angelche16, toogood и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Моја диета: за 4 недели-10 кг

    И каква е твојата диета поточно. Ни кажа што не јадеше ама изостави да ни пишеш што јадеше како нормален оброк, од што се состоеа твоите дневни оброци и дали ги задоволуваа потребите за девојче на твоја возраст? Што точно вежбаше и колку пати неделно? Во просек ти си намалувала 2 и пол килограми во неделата, што не е малку, дури спаѓа и во повеќе од нормалното посебно за твојата возраст.
     
    На chocolate...girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    Моја диета: за 4 недели-10 кг

    јас а разбрав диетата, оти и јас на сличен начин ослабнав за 5 недели 12 кг, еднставно е нема да јадете после 18часот, благото ке го избегавате, исто и белиот леб и газираните сокови, јас пиев само вода или чај, е сега за разлика од девојчето што ја поставило диетата јас не вежбав, ама тој период имав многу обврски така да бев доста физички активна. Најтешко е одвикнувањето од вечерното јадење, ама на крајот се исплатува.
     
    На chocolate...girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Meglenche

    Meglenche Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Моја диета: за 4 недели-10 кг

    Незнам дели пишувам на право место но се надевам дека ќе добиам добри совети од вас. Мојот проблем е што имам прекумерна тежина за моите 18 години си инаправив сама еден режим на исхрана па би сакала ваши мислења околу него и што мислите дали ќе има некаков ефект па вака
    Доручекот е секогаш ист една чаша јогурт ( понекогаш комбинирано јогурт со кратавица)
    1 Ден-Ручекот мусака
    2 Ден-Ручек супа
    3 Ден- Ручек пире
    4 Ден- Ручек супа
    5 Ден- нема ручек се пие вода и чај
    6 Ден- Ручек супа
    7 Ден- Ручек спанаќ
    Благо не внесувам, Леб само по една кришка, пијам кафе и чај незасладени и секогаш во нив ставам по малку цимет. Планирам на овој режим на исхрана да бидам 2 или 3 недели, па ве молам за ваше мислење
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Моја диета: за 4 недели-10 кг

    А овошјето и салатите каде се :) ? И тоа што 3 пати во 7 дена сакаш да јадеш само супа (иако немаш нагласено каква) сепак не е во ред според мене. Дополнително 1 ден (помеѓу двата со супа) планираш да бидеш на вода и чај. Премногу е едноличен режимот што си го имаш предодредено за да биде здрав, не ги задоволува потребите на организмот.
     
  10. Meglenche

    Meglenche Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Моја диета: за 4 недели-10 кг

    sunfemina ти благодарам за прекрасниот совет јас сосема заборавив на нив наместо 4 ден ручекот супа ќе ми биде зеленчуков, а 5 наместо да бидам без ручек ќе ми биде овошен ден. Ти благодарам за прекрасниот совет ;)
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Моја диета: за 4 недели-10 кг

    Од зеленчук особено нема да се здебелиш, така да салатата може слободно да ти биде вклучена секојдневно во исхраната. Така ќе внесеш повеќе потребни витамини.
    Ако јадеш грашок, боранија, грав, леќа и сл. исто така можеш во еден од деновите да си ги ставиш.
    Исто така и печурките (свежи) се добри, а не се калорични.
    Варијанти има многу, така што можеш и поразновидно да се храниш, притоа да биде здраво, да не се истоштуваш и да симнеш килограми.
     
  12. Bonnie

    Bonnie Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Мојот начин на слабеење

    Уште од 14 години сум со здрава храна, сега имам 22 студирам фармација и се знам за храната. Си правам режим сама зависи за што ми е потребно. Овој пат ми беше потребно за слабеење и ке ви пишам пример од 5 дена што јадам овие последни 5 дена, уствари како треба да изгледа една здрава диета со која си го подобрувате здравјето воедно и нема никакви негативни последици како што има од другите диети.
    31 den. banana, ice coffe, mandarini, slivi, kivi, jabolka, med so orevi, bademi, lekja so piperki zeleni kiseli i modar kisel, urda i kaskaval, mandarini, pukanki, caj od hibiskus so med + sassy voda cel den
    32 den. banana, ice coffe, kivi, bademi od voda, slivi, portokal, jabolka, citron,sok od kalinka, zelen caj so cimet, modar patlidzan kisel, kalcium sumeca, mandarini, krastavica so jogurt, sassy voda cel den
    33 den. banana, ice coffe, kivi, bademi od voda, jabolki, mandarini, slivi, losos so brokula i marula so krastavica, mandarina, caj od hibiskus so med + sassy voda cel den
    34 den. banana, ice coffe, kivi, bademi od voda, slivi, soncogled, citron crven, jabolki, boranija so shopska bez sirenje i maslinki zeleni so piperka, soja gricki, soncogled + sassy voda cel den
    35 den. banana, kapuchino od kafemat, ice coffe, bademi od voda, kivi, slivi, mandarini, shumecha sok, jabolki, marula so pavlaka, ice coffe, slivi, mandarina + sassy voda cel den
    Ова е буквално се што сум јадела и пиела тие 5 дена + секој ден по 2 литри вода минимум
    Јас моментално неможам да правам поголема физичка активност, но ако вие вежбате тоа ке биде одличен резулат за вас плус ваков режим на исхрана.
    Доколку сакате да ме прашате нешто слободно прашајте тука или пишете ми во пораки, исто имам и многу видеа за вежбање доволни ви се само 20 минути дневно доколку сте во можност физички и ви е дозволено но и ако не ви е дозволено нема изговор има и за луѓе кои се лимитирани во движењата склопени вежби така да нема бегање од вежбање :) .
    Сепак ова е склопено според мојот начин на живот односно кога станувам кога легнувам, според моите планови во денот. Секој има различен начин на живот затоа или сами ке си направите режим ке читате од нет за храната, од книги, од списанија и ке составите режим или ке најдете добар нутриционист или пишете ми слободно ако сакате да прашате нешто да ви помогнам. :)
     
    На Sramezlivoto му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    Ледено кафе и капучино? :^)
    Кој ти беше распоредот на оборците? :?:
    И ова за тебе е здрава исхрана?
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    7.737
    Пол:
    Женски
    Интересно.Баш ти е добра твојата диета.Па најдобро е така :) и добро е што имаш резултати .. :D
     
  15. Sara.Be

    Sara.Be Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Една моја другарка држеше диета. Имаше 61 кило и сега има 53. Баш денес се мереше на систематски. Ја прашувам како ослабе и вика во денот по едно или половина лепче и така. Сеа и ја ќе ја држам па да видиме што ќе биди. Али сепак кај сите различен организам. Секој треба да си ја пронајде својата диета која е потребна за организмот.
     
  16. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
  17. AmericanGirl

    AmericanGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Одам на школо и неможам да држам некоја посебна диета.Пробав со УН диетата,се откажав,прва смена сум на школо,воопшто немам енергија од овошјето што го јадам на голем одмор.
    Вака,на школо можам да носам бејк ролс,сендвич(интегрално лебче,кашкавалче и саламче)..
    После школо би каснала витанова,може и зелен чај,стварно заситува,прво е гаден за пиење ама ќе се навикнете.
    За ручек,тоа што има,една чинија,со максимум една ипол кришка леб.салата може.
    За вечера,мусли со млеко или овошје.
    ВЕЖБАЊЕ кога ке ми текне хаха, а и 3 пати неделно имам физичко и редовна ќе бидам ветувам :D
     
  18. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    533
    Според мене секоја диета психички делува на нас, пример бидејќи си забрануваш да јадеш некои работи баш ќе имаш потреба од нив. Според мене најважна е желбата да се ослабе и не треба ништо да се забранува да се јаде туку треба да се има осет за тоа количински колку се внесува храна. Така нема да те мава во психа "Е ова не смејам да го јадам" и да те фаќаат депресии. Значи најважно е да се контролира количината што се внесува. Исто така практикувам да јадам полесна храна, ама си дозволувам и друга храна, пример денес крај 20:30 јадев пица.
    Јас за 2 недели ослабев 2 кила, што можеби не ви изгледа многу, но килограмите што брзо се губат брзо се враќаат. Од наредниов месец планирам да се запишам и на аеробик за во исто време и да се затегнам. Инаку висока сум 170см, имав 62 кила, сега имам нешто помалце од 60.
    Значи РЕЗИМЕ од моето искуство:
    Поставете си цел дека сакате да ослабете, колку што можете јадете полесна храна, но не си забранувајте ништо, внимавајте на количината која ја внесувате и по можност бидете активни.
     
  19. ripcence

    ripcence Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    15
    zdravo zenski ...jas sum nova na forumot,ama od damna ve citam super ste....sakam da vi napisam edna moja dieta sto mu e isprobana i sto sega pak sum na nea...se raboti za supa od zelencuk domasna napravena so kompir,morkov,brokula,magdanos,vageta pa ako sakate i uste nekoj drug zelencuk dodadete...
    1.den..sabajle 2 jabolki ili 2 portokali ,kafe caj itn,rucek-salata i 2 vareni jajca, a vi se prijade potoa samo od supata...
    2den-sabajle dve isti ovoshja..rucek salku grasok so salata i povtorno pak od supata i sekoj den po 2 litri voda...
    3den-sabajle ovoshje pak isto...rucek-varen kompir so salata i do vecer pak od supata moze i eden varen kompir so salata..
    4den-sabajle 2 banani...rucek dve bana so mleko i cimet i potoa povtorno od supata...tuka navecer dokaj 19h moze i malku spanak...
    5den-sabalje limon i jabolko..rucek pilesko na skara ili vareno pa malku peceno so salata vecer pak od supata i salata moze..
    6den-sabajle-ovoshje,rucek riba pecena so salata i povtorno od supata ...
    7den..sabajle-ovosje,rucek oriz so morkovi i magdanos varen so salata i pak od salatata...Nedelno se slaabee do 1,5 kilogrami i nema jojo efekt...pozdravceeeee
     
  20. bemmy

    bemmy Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    За мене ова е премногу, јас толку не јадам кога не сум на диета... :o Чипс, смоки, 2 реда чоколадо и 4 наполитанки НИКАКО! :!: Место смоки и чипс јас би избрала соленки од тие што се по 5 денари, а 2 реда чоколадо би ги заменала со VITANOVA, 2 реда чоколадо е навистина премногу, доволни се 2 коцки чоколадо за да си ја намалиш кризата за благо, а 4-те наполитанки јас би ги заменила со 1 парче наполитанка или 1 јаболко.

    Патем, моите диети се многу строги... Не верувам дека некој би сакал да знае какви диети држам. :$ :lol: