1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот господин совршен (Александра Потер)

Дискусија во 'Книги' започната од ocila, 23 октомври 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Емили е уште една безнадежна романтичарка, уште една во милионската група на жени која е вљубена во господинот Дарси. Овој лик премногу ми се допадна! Па луѓе, таа е толку блиска до нас, лесно е да ја сакате. Емили и голем заљубеник во книгите. Таа работи во книжарница, нејзината омилена придружба во кревет е книгата и постојат книги кои ги обожава и ги чита по неколку десетици пати...
    Но, Емили нема среќа во љубовта. Се чини дека таа никако не може да го пронајде својот господин Совршен, својот господин Дарси. Токму поради тоа што нема свој господин Совршен со кого ќе ја помине новата година, а не сака да оди на луди журки низ Мексико со своите пријателки, таа заминува во земјата на Џејн Остин.
    Тука нема мажи од соништата. Автобусот е полн со стари жени, пензионерки кои речиси ќе ја натераат да се покае што решава да тргне на ова патување...
    Но што ќе се случи кога Емили ќе го запознае вистинскиот господин Дарси?!
    Ви препорачувам да ја земете оваа книга и да дозволите да ве наполни со позитивна енергија. Меѓу другото, таа ќе ве научи дека вашиот господин Совршен можеби и нема да биде онаков каков што сте замислувале дека ќе биде - НО ТОЈ СЕПАК ЌЕ СЕ ПОЈАВИ НА КРАЈОТ!
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Mногу интересна книга, сите книги од оваа писателка се убави. ;)
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Оваа ми е следна книга за читање бидејќи до сега ја имам прочитано само ,,Која е таа девојка?" од оваа писателка и преубава ми беше книгата па си викам да ја земам и оваа да ја прочитам :)
     
  4. HelloKitty4

    HelloKitty4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    Ја обожавам Александра Потер. Таа е мојата омилена авторка. :D
     
  5. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Само што ја прочитав книгава ми се допадна.Лесно читлива на моменти и смешна :)
    Значи што е наше ќае си дојде :D
    Се се мислам дека имаше и филм а никако да го најдам :^)
     
  6. kajmakoska70

    kajmakoska70 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Ja ima na net?
     
  7. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Преубава дефинитивно.
    Како и секоја друга книга од оваа авторка.
    Судејќи според нејзините книги кои сум ги читала добив впечаток дека во сите сака да ни покаже дека најубаво не е совршеното. :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.