1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот дом (Doğduğun Ev Kaderindir)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од butterfly00123, 8 април 2022.

  1. butterfly00123

    butterfly00123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Серијата Мојот дом е приказна базирана на вистински настани. Зејнеп и Мехди се легенди на напната љубовна приказна. И двајцата многу страдале во детството и сè уште црпат рани од минатото. Тие се две души кои го бараат својот дом и чувството на припадност. Дали ќе го најдат еден во друг она што очајно им треба и конечно ќе се чувствуваат сигурно и припадност.

    Главните улоги им припаднаа на познатите турски актери: Ибрахим Челиккол и Демет Оздемир. Го гледавте Ибрахим во серијата Црно-бела Љубов и Ифет. А убавата Демет можевте да ја погледнете во хит турската серија Романтичарот. Покрај овие двајца атрактивни актери, во серијата Мојот Дом има уште многу добри и искусни актери кои сте ги гледале во други популарни серии.[​IMG]
     
    На Kate Rina 93 и @ceci11 им се допаѓа ова.
  2. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има и роман/книга за оваа серија
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.761
    Допаѓања:
    254.149
    Серијата е одлична. Ибро како глуми само. Единствено што не знам дали ми се допадна крајот, или можеби за Зејнеп и не постоеше друга опција.
    Всушност јас воопшто не сум сигурна дали она е заљубена во Мехди или само бара некаде да припаѓа.
     
    На Kate Rina 93 и @ceci11 им се допаѓа ова.
  4. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    52.838
    Пол:
    Женски
    Јас малку го загледав, мислам во 40ка,Нена го предложи.
    Ибро ми е платонска љубов и не ми се допадна неговиот крај,па нема да го гледам, да не се нервирам бадијала:D
    Сакам глупави, романтични серии,да ме расположат, ко Црно бела љубов.
    Оваа е малку посериозна серија. Во некои друго времиња можеби би ја гледала:D
     
    На senjorita-v, @ceci11 и JuLleE им се допаѓа ова.
  5. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас повеќе ја сакав Црна Бела Љубов него оваа
     
    На JuLleE и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.761
    Допаѓања:
    254.149
    Гледај ја сега, во тој момент ќе сакаш да се случи тоа. И јас прво не сакав да ја гледам серијата заради тоа.
     
    На senjorita-v и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.376
    Пол:
    Женски
    Ја не сум гледала турски серии Бог знае од кога, освен Суљо и Лисјата.Ама оваа на реклами проаѓаше и ми фати око
    Може да ја гледам.Кога почнува?
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Од понеделник почнува, ама не знам од колку часот
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.562
    Допаѓања:
    127.710
    Пол:
    Женски
    Серијава ми изгледа интересна.
     
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.551
    Допаѓања:
    17.369
    Пол:
    Женски
    При крај ми е серијава и баш ме интересира кои работи се според вистинска приказна а кои се додавани,филмувани :)
    Не е лоша,не ја развлекуваат многу,а и не е предолга.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.761
    Допаѓања:
    254.149
    Не ми текнува што читав, ама мислам крајот не е според книгата.
    @nena2010 може знае повеќе.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.896
    Допаѓања:
    117.577
    Пол:
    Женски
    Книгата и серијата не се исти. Ја гледав кога одеше во ТР.. Приказната на Зејнеп е само краток дел од книгата Camdaki kiz, книгата е невероватно тешка. Инаку серијата е преубава, гледајте ја онлајн не гледајте синхро, верувајте многу подобро е. @simona_baby да не пишуваме спојлери пиши ми ЛП за што те интересира.
     
    Последна измена: 9 април 2022
    На Ygritte, senjorita-v и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.761
    Допаѓања:
    254.149
    Tочно само он лајн, јас не знам кој би синхронизирал Ибро само.

    Нена јас мислев дека речиси цела серија е според книгата.
    Ставај спојлери, да читаме сите.
    Инаку многу ми се допаѓа ликот на Мехди.
    Тотално различни со Бариш.
     
    На Kate Rina 93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.896
    Допаѓања:
    117.577
    Пол:
    Женски
    Ликот Бариш го нема во книгата.
    Приказната на Зејнеп е вистинита само во делот дека е дадена во другото семејство. Мајка и во книгата и во серијата се различни. Во книгата она и сестра и постарата се олош невиден кои само гледаат пари и удобност. Таткото е ист. Кај другото семејство ко книгата очувот ја сака Зејнеп, нема швалерка и таа приказна е измислена. Сестрите на Мехди се исти од книгата само што во книгата Мехди е олош,да ти се згади машкиот род од него. Во книгата Зејнеп има бебе, и она со бебето бега од него, и оди кај мајка и што ја посвои. Биолошките родители уживаат во куќа што ќе им ја купи Мехди. Мехди во книгата е тежок алкос, комшиката не се сеќавам како се вика во книгата е другарка на Зејнеп. Таа приказна е префрлена на другарка и од детството со црната коса не се сеќавам како се викаше, на Султан ќерка и. Зејнеп во книгата со бебе во раце оди кај Нериман и посче 2 месеци оди на психијатар и таму ја кажува приказната.
    Одамна ја гледав ако имате конкретни прашања кажете. Само тагнувајте ме да видам зашто не ги читам овие теми.
     
    Последна измена: 9 април 2022
    На dunika, JuLleE и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  15. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    Јас пред некој ден ја догледав и мене баш и некој впечаток не ми остави. Зејнеп се нешто да му угодува на сите, од добра пре добра, биолошката мајка ужас се нешто не и чини сака само по кејфот да и се оди
    мехди љубоморен вкрај, ќе ја заклучи зејнеп дома да не оди ма работа, зејнеп ќе живее во куќата со мехди, сестрите, родителите... И со швалерката на мехди која е бремена од него.
     
    На thatnorma му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.761
    Допаѓања:
    254.149
    Нена и во книгата ли
    Мехди умира? Ликот овде му е помек, некако како цело време да се бори со своите демони, растргнат помеѓу семејството.
    Мајката на Зејнеп цела серија ми одеше на нерви.
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.896
    Допаѓања:
    117.577
    Пол:
    Женски
    Не. Приказната со мафијата е измислена.
    Има на YT видео каде ја раскажуваат приказната на зејнеп од книгата, само 20 мин е да го преслушам ќе го прераскажам. Стварно одамна ми е гледана.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    94.371
    Пол:
    Женски
    И јас негде читав дека ликот Мехди од книгата бил и физички насилен кога бил пијан,и секако ова што спомна Нена,ми преведуваше другарка Турчинка.

    Мене серијата ми е една од омилените,многу ме допре,можеби дека имам позади себе врска во која имаше психичко насилство.
    Ибро како глуми,мислам да барале подобар глумец немало да најдат.
    Втора сезона малку ме разочара,крајот секако,и Бариш на моменти со неговата неприродна добрина.
    Кој може,гледајте ја несинхронизирана,т.е на Турски,многу менува впечаток.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.896
    Допаѓања:
    117.577
    Пол:
    Женски
    Во книгата прво дејството е во Анкара, бидејки Екрем е владин службеник, после пензионирање се селат во Истанбул. Мајка и на Зејнеп ќе почне дури и да и љубомори на сопствената ќерка дека живее со Нермин. Око не и трепнува за тоа што ќе се сели во Истанбул. Зејнеп има дечко Фарук, од фино семејство кој во книгата оди да служи војска и после тоа треба да се венчаат. Ама кога мајка и и татко и не сакаат да се омажи за Фарук, ја уценуваат емоционално и велат ќе те омажиме за Доктор Мехди. Да Мехди е доктор во книгата. Зејнеп оди во Анкара да го запознае Мехди,и почнуваат да и го перат паметот и ја уценуваат со грижа на совест дека не живеела со нив, дека се сиромашни, бла бла бла. Зејнеп му пишува писмо на Фарук дека ќе се мажи за друг. Мехди го преместуваат во Малатија да работи и таму одат со Зејнеп. Зејнеп во малатија работи како адвокат, останува бремена, Нермин не може да се помири со изборот на Зејнеп. Зејнеп раѓа девојче, и покасно дознава дека Мехди е тежок алкохоличар, секој ден пијан иде дома. Сите пари на пиење ги дава, ништо не го занима ни дете ни жена.Една жена и кажува дека ја вара и тоа со бившата девојка на најдобриот другар. ( Тука згрешив прее дека е на Зејнеп другарка). Се што заработува неа и дава. Кога прв пат ќе ја удри, Зејнеп зема детето и си оди во Истанбул кај Нермин, ама од голема траума 3 месеци од кревет не станува. После оди на психијатар, и дава лекарства и се опоравува. Мехди на нејзините им дал земја во село, овие си се преселуваат, ја здмаат постарата састра со децата да живее со нив, татково го остава алкохолот, се средуваат, и Зејнеп се кае што се жртвувала за нив. Зејнеп се разведува од Мехди и кажува дека ќе си го среди сама животот. Тука завршува приказната за Зејнеп во книгата.
    Серијата многу се разликува од книгата. Морав да се потсетам зашто пред година дена ја гледав а пред 2 ја читав книгата. Инаку серијата беше работена да се крене свеста за насилство на жените во Турција.
    Убиството на Мужган беше пандан на слична ситуација во Турција
    .
    Така да.. Серијата е тешка, не е љубовна приказна, гледајте ја на тој начин.
     
    Последна измена: 10 април 2022
    На senjorita-v, dunika, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.761
    Допаѓања:
    254.149
    Во споредба до сега што гледам од турски серии, ова е една од најдобрите.
    И Yargi и Sadakatsiz se добри, ама и оваа е, врв.
    И има право @nena2010, не е љубовна серија, ама гледајте ја он лајн.
    Штета е Ибро да го слушате синхронизиран.
    Инаку, човекот како глуми, одличен е.
     
    На dunika, nena2010 и @ceci11 им се допаѓа ова.