1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот темперамент ми е голем проблем

Дискусија во 'Психологија' започната од manutdwomen, 10 март 2011.

  1. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Здраво феминки,не наидов на ваква тема па решив малку да побарам помош.
    Како што гледате насловот јас имам проблем со мојот темперамент.Премногу сум избувлива,премногу избрзувам во тоа што ке го направам.Не можам да се контролирам.
    Пред малку имав краток разговор со личноста која ја сакам и ме нападна за еден проблем а нему не му беше кажано што всушност се случило.Ама во текот на разговорот јас ептен избувнав и кажав многу работи кои не требаше да бидат кажани...за срека на крај се средивме и се разбравме.

    Сакам неколку совети од ваша страна.
    -Каков карактер имате?
    -Дали е избувливи или смирени
    -Ако е избувлив дали се контролирате и како.

    Еден период бев смирена ама не можам да трпам кога некој ме окривува за нешто за кое не сум крива и веднаш почнувам расправија.
    Знам дека е лоша особината но се трудам да ја отстранам но нема како.
     
  2. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    и јас си го имам истиот проблем. и секогаш ке избрзам нешто ке изнакажам и што е и што не е за кажување па после ден два ке се свестам што сум напраила па ке ми е криво (како во моментов). ептен си го мразам карактерот. едноставно не можам да ислушам некого, доволно е да каже еден збор што нема да ми се допадне и јас одма лом се прам...
    И јас како тебе кога бев помалечка бев ептен смирена и тивка личност а сега мислам дека не постои понервозна и поизбувлива од мене :worried:
     
    На dolly.doll му/ѝ се допаѓа ова.
  3. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Голема штета е ова,голем проблем...еден период се обидував да бидам смирена а сега веднаш ко будала рипам.
    Што е најлошо тоа го нервира тој што го сакам...
    Му ветувам дека ке го сменам тоа но потешко ми иде...се полошо и полошо :(
     
  4. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    па покушајте да се стрпите додека ислушувате дајте малку отпор на таков темперамент и јас порано така ( ама само дома со моите ) али еден ден ненамерно кога видов дека многу го повредов татко ми со тоа мое аууу баууу бум трес оваков онаков....прст на глава малку закочив и верувајте сега ми е подобро кога се контролирам...од тогаш не сум се ни скарала со него а и мене ми е полесно во ислушување и прифакање на вина...
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Порано бев поизбувлива,посебно во тинејџерскиот период.
    Сега,искрено се контролирам повеќе.Си имам и сега моменти „тачка„ ама максимално гледам да ги минимизирам.
    Со домашните е полесно,ме знаат добро и секогаш ми простуваат,но сепак тука е и најбитно да се има самоконтрола бидејќи не сакам да ги повредам со некоја непромисленост речена во лутина,па тоа да се памти,ќе си се окривувам себеси претерано потоа.
    Во однос на партнер сум почувствителна,нели не ми е крвно сродство и нему не мора безусловно да му простам,ама па и тука бројам до 10 и повеќе ако треба,не сакам ептен да ги упропастам нештата,бидејќи познавајќи се себеси знам дека сум во состојба.
    И на крај,во однос на лица кои не ми се блиски имам најмал праг на толеранција,ме налутат ли им возвраќам со иста или дупла мерка,ама па и лутината и сеќавањето на ова ми бледее,не му давам којзнае колкаво значење.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LidoDeJesolo

    LidoDeJesolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    мојот темперамент е ужасен :) знам да се контролирам ама кога сум во право абе жива сила неможи да ме запри сите да ги отерам у пм. И за некој ситуации после се кааам и се најдувам јас виновна ама пак тешко се извинувам :$
     
  7. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    По коментаритее увидов дека имате колеричен темперамент,тоа се луѓе кои така реагираат,избувливи се но брзо се смируваат,енергични се,дружољубиви и сл. Тешко дека можете да го смените начинот на реагирање но сепак мислам дека можете до некој степеен избувливоста да научите со тек на времето да ја сокривате поточноо да нее ја покажуватее до тој степен :)
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мојот темперамент не ми е проблем :) само понекогаш ме нервира. Не сум избувлива личност, туку напротив чувам во себе и размислувам. Е баш тоа ме нервира зошто морам се да промислам и раздлабам па потоа да кажам тоа што треба. Зависи и од ситуација-проблем некогаш и веднаш произнесувам свое мислење. Премногу имам самоконтрола и силен одбрамбен механизам во кој се затворам сама.
    Али виша сила, таква сам по целом телу ;)
     
  9. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Како успевате да се контролирате секоја ви чест?
    Се обидувам и јас,некогаш успешно некогаш не...И многу страдам ради тој карактер,но не можам секогаш мирна да седам.Бидејки додека мирував мене ми ги зедоа најмилите личности во животот и сега се борам како лавица да не ми го земат и овој кој ми значи премногу,кој ми е се во животот но за жал ми е другар.
    Секогаш се обидувам да ја докажам вистината со помош на мојот карактер,но знам дека е лошо.
    Си ветив себе дека ке се поправам,но кога видам некој дека ми се меша во некоја работа без да го повикаш за помош не можам да се контролирам.Ми зборува за свои гледни точки,а тоа ме води до депресија и веднаш почнувам да избувнувам.
    Постојано ми забележуваат за карактерот а тоа го прифакам,за срека имам желба да се поправам.
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Man women Јас сум темпераментна знам да избувнам ама само кога имам јака причина за тоа значи во граници на нормалата. Моја блиска пријателка има ваков карактер мн лоша работа ептееен :x :x :x толку е незгодна дури неподнослива нема трпение ни да сослуша ни да докажеш ни некој совет да прифати уфф... Вика дај кажи ми како да се променам некој совет стварно вака не е ок и јас почнувам највнимателно што можам нели ја знам каква е и во еден момент како маче мирна ме гледа ме слуша нареден момент експлодира без причина и што е најлошо жива сила ни може да и докаже ни да ја смири ќе те навреди и се .............. После неколку минути -Еј извини претерав нз што ми стана стварно бац бац и се е готово :tmi: :fubar: Направи се што можеш да се промениш тоа добра работа кај тебе е што си свесна пробај да бидеш посмирена а кога ќе се појави момент кај што би избувнала број до 10 диши длабоко ќе ти помине, затоа што ваквите личности освен што ги избегнуваат никој и не ги сфаќа сериозно ...
     
  11. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Си се пронајдов во темава, и јас сум мн брза на јазик. У моментот кажувам се што ми доаѓа на памет и после цацко ми е крив, ама тоа е. Мајка ми до 15 год ми викаше брои до 10 пред да почнеш кавга, а у последниве 5 год ми вика Те молам број ако ништо друго барем до 5 :D :D :D :D :D
     
  12. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Премногу сум избувлива и нервозна и поради тоа сум изгубила многу луѓе кои ми значеле, некои се вратиле, но некои не.. Многу сум размислувала како да го променам ова, но не е ни малку лесно, сум си викала ај ќе преќутам, нема да се замарам, едно време тоа ќе ми успее ама ќути, ќути и на крај пак ќе пукне.. Во последно време почнав да се плашам поради ова, планирам да одам и на психолог. Размислував и што е причината за вакво однесување и како можна причина мислам дека е нашата слабост, па за да прикриеме се однесуваме грубо и кажуваме зборови за кои подоцна се каеме..
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    јас сум живец, по говорот и движењата ми се познава дека сум темпераментна, но сум мирољубив тип попушатм и одма не избувнувам, но кога ми пукнува филм тогаш е опасно :D !

    спаѓам во темпераментни луѓе, со умерена избувливост не толку честа, но сепак присутна :D!

    темпераментноста се трудам да ја скротам, малку тешко ми оди, но врви. ;)
     
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Кога сум во право за некои работи,а кога некој упорно тврди дека не е така не се замарам...Бар јас си знам како што е кој сака нека го прифати моето мислење кој не, баш ми е гајле.
    Се трудам да не бидам темпераментна но има некои ситуации кога тоа едноставно не е невозможно
     
  15. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Избувнувате кога ќе добиете контра мислење, спротивно од вашите размислувања и вашите очекувања! Ќе сфатите со тек на време дека тоа е секојдневие,дека не може сите исто да мислиме и исто да реагираме!
    Не знам зошто ви е толку значајно да докажете дека сте во право,зошто се трудите да ги убедувате другите дека вашето мислење е вистинското, зошто си допуштате да избувнете и да ве видат другите во онакво издание кое и не е баш најпријатно! Поштедете се себе си од нервози и непријатни ситуации! Ако не ви веруват нивни проблем, ако имат спротивно мислење верувајте дека е сосема нормално тоа, ако ве провоцират да зборувате за вас осетлива тема тогаш одбијте да коментирате! За небитни работи кои ги има во изобилије не вреди да се кинат нерви! Обидете се да ставите конторла врз емоциите! Сепак сметам дека избувливоста како особина може да се контролира!
     
    На Alanna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Teшко се контролира избувливоста,бар кај мене а познавам и други кои тешко се контролираат,и избувнуват...тоа е лошото.Сега ке кажам еден пример во кој морав да докажам дека сум во право.
    Пријател на моја блиска особа која многу ми е драга му изнакажал многу работи за една настаната ситуација мегу мене и пријателот на личноста која ми е блиска.(Проблемот е што всушност не ни дознав што му изнакажал,туку само слушнав дел.И таа личност(таа која ми е блиска)ме нападна без да ме праша што всушност беше.Нормално јас си имав свои гледишта за настанатата ситуација.Одкога ме нападна јас нормално дека избувнав и дека ке се бранам.Не сакам да испаднам во туги очи дека сум јас таа лошата а оној другиот(неговиот пријател е правиот).Не сакам така да ги оставам недојаснати работите,се борам да дојдам на ред и да докажам што всушност се случило.Пошто мрзам недојаснети работи.(Бидејки од такви недоразбирања јас изгубив драги личности)и ми е криво што тогаш не се борев и паднав психички.
    Секогаш кај мене во семејството јас бев црната овца и обвинета а некој друг си свиркаше од страна...
    Не бе,не трпам неправди,не можам а да не се бунам и на крај да плакам за несторени грешки.
    И да,точно е дека ке добиеме контра мислење но бар за момент да се стават во наша кожа.
     
  17. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    jas pa ne sum tolku temperamentna i izbuvliva i toa mnogu me nervira zosto tie toa sto ke go kazat ke znaat i da si go odbranat i ke si go dobijat toa sto si go sakaat.takov im e karakterot.vaka ili onaka ke si dobijat toa sto sakaat.a takvite ko mene sega prekuti posle prekuti i na glava ke ti se kacat-epa ke se kacat.ovaa tema treba da ja procita decko mi toj e takov sekogas ke si kaze sto saka i ke si dobije a jas ke si prekvam i toa i dobivam-nisto.
     
  18. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    И сега што е муабетов со примерот што ни го раскажа? ВО твојот случај си морала да се браниш,да докажуваш, да се правадаш...јас не гледам зошто би го дискутирале тоа како непотребно избувнување! Ти си знаеш кога треба да се докажува нешто на другите а кога не!
    Мене зборот ми беше дека оние кои без причина избувнуваат е подобро помалце да се замарат за небитни случувања и да не се мачат со убедување на другите дека биле во право! Барем јас така мислам,дека избувнуваат кога имаат спротивно мислење од соговорникот и се нервират без везе!
    А ти ако немаш попаметна работа а очигледно си го знаеш карактерот дека си избувлива, тогаш докажувај си и нервирај... ма баш не ме засега тоа,твој проблем! ;)
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Не си само ти,не има многу :$ мене искрено ме нервира тој мој темперамент,бидејќи свесна сум дека ги повредувам блиските ...лесно избувнувам,одма се лутам,се инаетам...се борам и јас со тоа,откако увидов дека стварно не е лесно некој да те трпи така :lol: ,барем гледам инаетот и тврдоглавоста да не ме држат долго време,т.е. полесно да заборавам и да не се лутам за ситници....тоа ми е вродено-лесно избувнувам-но можам да сменам да се смирам, и да не с е лутам премногу,и тоа го практикувам ;) се трудам, и лично мене ми е поубаво чувството кога полека полека почнав да се ослободувам од држењето лутина....бидејќи порано и да ми поминеше лутината ,јас сеуште не попуштав....животот ни е само еден,и да го поминеме во насмевка и љубов а не во лутење и инаетење-ете така речете си ,за да некогаш не биде доцна... :*
     
  20. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Муабетов кај мојот случај е тоа што морав да избувнам за да дојдам јас до збор,бидејки немаше да имам шанса доколку не го сторев тоа...Јбг,некогаш и без причина се избувнува но ако се подзамислиш можеби нешто те тера да правиш така а не можеш да се контролираш.Исто како кај бремена жена која не може да се контролира и првите неколку месеци е неподнослива.
    За срека почнувам да го менувам карактерот по малку.