Дали некогаш сте воделе дневник за се она што ви се случило претходниот ден? Обично тие тетратки остануваат сокриени од очите на јавноста и се прашувам која е целта за таквото пишуање доколку тоа што сме го запишале не го здогледа светлото на денот. Оваа тема ја замислив да биде еден вид наш дневник кој што ќе имаат прилика да го прочитаат сите, овде ќе можете секојдневно да ги запишувате вашите активности од претходниот ден, или само одредени денови кога ви се случуваат интересни настани. Ова ќе придонесе подобро да се запознаеме едни со други, бидејќи ќе има членови кои ќе следат само еда особа(ним драга) или повеше особи и на тој начин поблиску ќе ги запознаат, и тоа ќе им помогне за да формираат свое мислење за тие особи. А, пак од друга страна оние кои ќе водат свој јавен дневник ќе имаат можност да си ја олеснат душата пред сите а во истовреме да ја задржат приватноста бидејќи никој нема да знае за кого точно се работи. Се надевам дека за оваа тема ќе има поприлично голем интерес и дека ова ќе биде темата во која ќе се обединиме а нема да се караме. Исто така оваа тема ќе биде единствена и по тоа што нема да има реплики и контра реплии, туку едноставно оној што сака да пишува ќе пишува, оној што сака да чита ќе чита а заедничко ќе биде тоа што сите ќе уживаме во дружбата без карање, расправии и делби.