Форумџика на годината 2020

Моќта на енергетските пијалаци

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од easyyyyy, 27 април 2011.

  1. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    173
    Како доаѓа летото се почесто знаеме да се освежиме со енергетски пијалаци. Дали за да се освестите кога сте уморни, дали за повеќе енергија кога спортувате, ова е важно да го знаете кога веќе употребувате енергетски освежувачи:дури и ако го исплукате енергетскиот пијалак пред да го голтнете, тој ќе делува :!:
    Николас Грант, научник од Нов Зеланд, неодамна направил истражување со кое покажал дека енергетскиот пијалак почнува да делува штом го допре јазикот.Учесниците ја исплакнале устата со енергетски пијалак, што автоматски го подобрило нивниот перформанс во возење велосипед и трчање.
    Само секунда откако пијалакот го допрел јазикот, мозокот го препознал импулсот.Гант вели дека најверојатно чувствителните рецептори на јазикот ги препознаваат јаглените хидрати од енергетскиот пијалак и резултираат со инстант посилни мускули.



    Состојки на Red Bull-от :
    Тауринот е условно важна аминокиселина која природно се наоѓа во нашето тело. „Условно многу важна” значи дека во некои ситуации или под одредени услови во телото треба да се внесува таурин. Во многу стресни ситуации и при тешки телесни напори може да дојде до извесно губење на таурин по пат на мокрача, а тауринот неможе да се синтезира во телото во доволни количини. Тауринот е аминокиселина која не изградува белковини.
    Тауринот активно делува во сите витални функции во човечкиот организам и во телото има улога како антиоксидант и во хармонија со останатите состојки го забрзува чистењето на организмот.
    Тауринот го има во секојдневната прехрана како што е риба, школки, и во готовата храна за доенчиња.
    Глукоронолактон е јагленохидрат кој природно се наоѓа во човечкото тело каде помага во процесот за детоксификација и губиток на елементарни супстанции од телото.
    Кофеин. Познати се неговите позитивни страни на менталните и телесните функции во телото. Ја подобрува брзината на реакција, будност и концентрација. Кофеинот истотака помага во „уништувањето” на маснотии при телесни активности, а истовремено и нивната корисна енергија.
    Кофеинот се наоѓа во многу намирници, како што се чај, кафе или чоколадо. Една лименка Red Bull содржи отприлика еднаква количина кофеин како и шоља кафе.
    Б витамини. Б групата на витамини имаат важна енергетска улога во метаболизмот, како што е регулацијата на јагленохидратите, маснотиите и протеините. Б витамините истотака помагаат при ментални и телесни активности.
    Сахароза
    Глукоза
    Аспартам - шеќери
    Како делува Red Bull-от на организмот:
    -Ги подобрува концентрацијата и брзината на реакција
    -Ја подигнува будноста
    -Ја подобрува емоционалната состојба
    -Го стимулира метаболизмот
    -Ги зголемува психичките и физичките активности
    Ефектите на Ред бул се признати од светски спортисти, успешни бизнисмени, студенти и возачи на долги растојанија низ светот. Се ограничува употребата на производот на максимум една до две лименки (250-500 мл.) дневно. Не се препорачува мешање напроизводот со алкохол. Производот не се препорачува на деца, бремени, болни од шеќерна болест, зголемен крвен притисок и осетливи на кофеин.

    Кои енергетски пијалоци најчесто ги пиете и какви ефекти имаат на вас? :)
     

    Прикачени фајлови:

    • redbullhe4.png
      redbullhe4.png
      Големина на фајлот:
      80,9 KB
      Прегледи:
      585
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.319
    Сум го пробала само Ред Бул и искрено не ми влијае никако.Ниту ме расонува, ниту концентрација ми дава.Е во комбинација со виски многу ми иде :D И влијае на мојата рамнотежа :D

    За освежување многу повеќе ми делува смирноф ајц, иако е алкохолен, ама само 4.5%алкохол има.

    Како и да е, ни едното, ни другото не е убаво да се консумираат често.Особено не би препорачала енергетски пијалак на спортисти, зашто и те каква тахикардија може да се појави.
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.840
    Допаѓања:
    114.183
    Мене само ми создава аритмија и ми го покачува притисокот до степен на гадење(а инаку имам низок притисок),а енергија,тикви со расол.Плус,ова не освежува,ова те убива,па уште и летно време ...
    Најглупа и најзлоупотребувана измишљотина евр,плус смрди на повраќаница или сируп против кашлање со поминат рок.
    Кога ќе видам по кафиќиве водка и ред бул,па ми оди во врат да им ја исипам мешавинава,а на машкиве у гаќи,мајке ми!
     
    На cocoa28, Konfetka и senza.parole им се допаѓа ова.
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    5.142
    Мене енергетскиве ми се ПРЕВКУСНИ :wasntme: Па токму поради тоа и си купувам некогаш.
    Ама затоа пак не ми даваат крилја :( Ништо од тоа, сум пиела за да не ми се спие, ама џабе, кога ќе си дојде дремката кај мене, не може да биде истерана од еден бик :D
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    53.598
    Пол:
    Женски
    Не ми делува некако посебно, се случило неколку пати да се напијам и да заспијам ко труп :D
    Вкусни ми се и мене, ама не ги пијам често, еднаш годишно ако ме фати мерак.
    Со цимерката забегувавме еднаш пред испит демек ќе ни помогне Ред Булот да останеме будни и ќе ни даде енергија за учење. Тикви со расол.
     
    На bacbac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Хахаха. Леле кај ја прочитав темава имам лошо искуство со енергетскиве пијалоци. Бидејќи сум "многу" по пиењево, реков ќе нарачам Ред Бул..ама место да добијам крила мене ме мавна по глава и ме фатии :D И дури немав рамнотежа, нозеве не ме држеја, ама сега ми се навикна организмов и супер ми се...знам многу често да си се напијам и кога сум дома! :rofl: И да мене ми влијаат во неспиење, енергија, концентрација! ;)
     
  7. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Јас ако се напијам Ред Бул во осум часот навечер после до утредента до 8 нема да спијам, подига концентрација и единственото што не го прави е не ми дава крилја.
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    До сега секој енергетски пијалок што го имам пробано ме успива :D
     
  9. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.481
    Кога бевме на екскурзија во автобус машките пиеа ама не ред бул туку нешто друго незнам што и јас еднаш се напив не беше гадно ама не беше нешто посебно. Еден испи 2 :o и заспа во автобус |(
    Мислам дека нема везе, а класната не им даваше да пијат |( ...
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Голема, поголема од онаа на сивиот череп :D Барем за мене, а и вкусни ми се.

    Само не смее да се претера, потоа ми лупа срцево ко бубњевите на другар ми, не е на арно.

    Ама кога е потребно знаат да ме подигнат и да ми ги дадат крилцата. Ех во недела после онакви маратони едно Редбулче како ме дигна во вис иако претходно мислев дека ќе паднам во несвест и дека нема да можам да се довлечкам ниту на по една пијачка во град. Панчо не успеваше толку брзо да ги микса битовите како што јас успевав да мрдам на хип хоп ритамот :D

    Крилца бе крилца!
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    Едно што ми смрдат ова енерџиве :D а друго што воопшто не ми делуваат. Не се лажам со такви „мочки“, се задржувам на старите добри коли и кофеини. А за освежување, ма дај, дал Господ Фанта, Миринда, слично :D
     
  12. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    36
    само пропаганда!
    и повеќе шеќер во нив!
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.707
    Мене многу ми се вкусни енергетските пијалоци. Ред Бул обожавам и почнав почесто да го пијам, особено кога ми треба концентрација и енергија и кога треба подолго да останам будна (навистина делува кај мене) а некогаш си пијам само затоа што ми е вкусно.
     
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    9.130
    Мене ми влијае многу. А и превкусни ми се (некои) па баш ми е жал што толку ми влијаат и неможам често да конзумирам. Ако се напијам и спиење амин, нема. Кога сум на журка и почнува да ме фаќа умор и дремка, обавезно ред бул и немам гајле уште 5-6 саати. Мене тој burn ми е грд на вкус. А ред булот го сакам. Battery ми е преубав ама го нема кај нас. И многу убаво ми мириса и ред булот и батери :)
    Ладен енерџи за освежување ми е полн погодок
     
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.884
    Kај мене немаат никаков ефект,ни крилја,ни опашка :D :D убаво ми мирисаат,ама не можам да ги пијам,ме пецкаат на заби,и ми даваат чуство на гадење,повракање :doh: исто како што опиша лилит :?:
     
  16. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    32
    Има моќ да добиете срцев удар. Па тоа уште сите познати го пиеле, леле каква чест имаме и ние обичните смртници да конзумираме таков пијалок. Абе ајде. Во тоа има тон шеќер дури и повеќе од тоа газираните сокови. Во една лименка Пепси или Кока кола има 13 грама шеќер а во ред булот дури 27 значи дупло повеќе.

    А еве колку многу атлеричарите смеат да ги конзумираат.

    1.Water and appropriate sports drinks should be used for rehydration as outlined in the NFHS Document “Position Statement and Recommendations for Hydration to Minimize the Risk for Dehydration and Heat Illness.”
    2.Energy drinks should not be used for hydration. Nor should they be used for performance enhancement
    3.Information about the absence of benefit and the presence of potential risk associated with energy drinks should be widely shared among all individuals who interact with young athletes.
    4.Energy drinks should not be consumed by athletes who are dehydrated.
    5.Energy drinks should not be consumed, without prior medical approval, by athletes taking over the counter or prescription medications.

    Лично јас само еднаш или два пати се имам напиено Редбул и не ми се допаѓа вкусот.
     
  17. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Мене енергетските пијалаци ми влијаат и исто така ми се вкусни! Поретко ги пијам кога сум излезена во кафиќ, ресторан и сл. но ми се има случено кога се осеќам уморно и без енергија да се напијам некој енергетски пијалок и да се подразбудам малце :geek: !
    Еднаш пиев Ред Бул пред испит со цел да останам свежа и будна преку цела ноќ за да учам! Беше тоа една напната испитна сесија кога морав да вложам многу труд, нерви, концентрација и морав да изнајдам начин како да останам способна за учење! Си купив Ред Бул, си го испив и концентрацијата ми остана добра преку цела вечер!
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.823
    Пол:
    Женски
    Додека студирав, разбрав демек те држеле буден, имало повеќе кофеин од кафето и давале повеќе концентрација. Нема врска, планирав да повторувам цела вечер (ноќ) и се напив некаде околу 23ч., немаше ефект, кога ми се спие ништо не помага, очите ми паѓаа. Нормално легнав и дремнав. :lol:
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.990
    Допаѓања:
    77.303
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е пијалак што содржи хемија. Ништо добро во него. И никогаш не сум пробала. Па не ни сакам
     
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Само колку за пари да земаат , не гледам моќ во нив обичен "енергетски" пијалок , ист како другите , само со поинаков вкус :tmi: