Дали сте заприметиле колку една мала насмевка може да смени тотален тек на настани или пак мислење на луѓето со кои во моментот комуницирате? Дали се трудите да имате насмевка и кога не ви е до неа? Колку ја практикувате насмевката на вашето лице само поради позитивната енергија? Искрено еве пример, со Мiss.Ricci во една комуникација посочи дека кога читала мои постови ме замислувала како превртувам со очи Па си реков зошто да не си ставам по едно смајли секогаш кога сум расположена, зошто навистина овдека сум со најдобра намера и со позитивност,дури и на мали недоразбирања не правам А конкретно во мојот живот,апсолутно ја користам насмевката,заштитен знак. Сметам дека никој не е должен да ме гледа намуртена...а и можно е со таква лоша фаца некој погрешно да те сфати
Исто како мене, јас се смеам секогаш. Дури и кога другите околу мене се намуртени. навистина, мислам дека насмевката вреди. Таа е единствената крива линија која што може да поправи многу работи. Ако здогледам некој намуртен, му се насмевнувам, пробај, ќе видеш што ќе се случи. Некои пријатели ме викаат и “вечно насмеана“, токму затоа. И за на крај да кажам дека насмевката е “заразна“. Ако се смеете вие и другите околу вас ќе се смеат. Се зависи од вас. И кога ви е досадно - едноставно насмевнете се. Спојлер Се смееш?
милсам дека насмевката и те како има голема моќ на нас, така да за наше добро и за друите убаво би било да си се смееме, заразно е и убаво ( иако ми требаше доло време да го сватам ова)
Да,да... Насмевката најубаво им прилега на луѓето. Стави ако сакаш и 6 тони шминка... ако се муртиш цело време - џабе ти е. Кога се смееш сите околу тебе се смеат. А ако сакаме некого нешто да го убедиме, доволно е по молбата само слатко да се насмевнаеме -и готово... Насмевката е онаа која ги решава сите проблеми. Па зошто Господ уста ни дал, и среќа? Секако тоа е насмевката, да ги усреќиме сите околу нас, да шириме позитивна енергија, да покажеме дека сме среќни, да научиме да го живееме животот најдобро што можеме. Да го извлечеме максималното од нас и тогаш едноставно - ДА СЕ НАСМЕВНЕМЕ
Дали сте заприметиле колку една мала насмевка може да смени тотален тек на настани или пак мислење на луѓето со кои во моментот комуницирате? даа насмевката лечи се ! Дали се трудите да имате насмевка и кога не ви е до неа? едноставно секогаш се смеам дури и кога се повредам се смеам кога плачам пак се смеам. Колку ја практикувате насмевката на вашето лице само поради позитивната енергија? секогаш и во ложо и во добро...
Секогаш сум со насмевка на лицето,никој не е должен да ја согледа мојата тага или лутина.Самата култура на нас самите ни посочува дека е многу голема моќта на насмевката.
И покрај тоа што естетски немам убава насмевка, секогаш се смеам. Многу ми е убаво чувството кога со тој што комуницирам се насмевнува, некако попријатен ми е.
.. ....Насмевката според мене е одраз на среќа и позитивизам... .. ..но..не секогаш е и вистинска... .често пати насмевката е само маска не е права затоа што под неа се наоѓа голема болка.... .одсекогаш сум била насмеана и среќна,се смеам дури и гласно и од срце,се тресам целата или ми доаѓаат и солзи на очи... ...последните 12 месеци моја насмевка не вистинска,срцето и душата ми се полни со болка,така да се смеам вештачки затоа што околината не сакам да забележи колку сум тажна..... .....се надевам дека во блиска иднина,повторно ќе ја вратам онаа правата насмевка од срце.......
Еиии.. им нема број на ситуациите кои сум ги спасила само затоа што сум се насмевнала, и од тоа јас заклучив дека ништо на светов насмевката не ја менува. Исто така многу пати и не сум се скарала со некого само затоа што разговорот сум го донела да изгледа како смешка. Се обидувам цело време да се смешкам без разлика дали е тоа гооооолема,широка насмевка или мала и слатка. А најпосебно ми е тоа кога ќе се смеам до солзи, до болка во вилицата,во образите,во стомакот . Тие моменти ми се најубави од едно излегување со кого и да е !
Предс е сум реална и се трудам повеке дасе смеам но не можам да глумам ако не ми е до смеење не се смеам... „Смеењето е заразно, можеш да го префатиш како грип. Ако денес некој ти се насмевне, ќе почнеш да се смееш и ти.“ – Керен Меклендон-Лауман „Насмевката е универзалното добредојде“. – Макс Истман „Насмевката не чини ништо, но многу дава. Ги збогатува оние кои ја примаат без да ги осиромаши оние кои ја даваат. Одзема само момент, но сеќавањето од неа понекогаш може да трае засекогаш. Никој не е толку богат или моќен за да може да оди напред без неа и никој не е толку сиромав за да не може да се збогати со нејзина помош. Сепак, насмевката не може да се купи, не може да се бара, позајмува или краде. Таа е без вредност за никого додека не се подари. Некои луѓе се премногу уморни за да се смеат. Ним, подарете им една од вашите насмевки бидејќи никому не му треба насмевка толку многу колку на оној кој нема насмевка да даде.“ – непознат автор Несмевката ни ги отвара вратите каде било во светот.Насмевката не ослободува од стрес.Насмевката е здрава.
Боже мој, па секако дека насмевката е од големо значање! Многу често се смеам иако понекогаш ми доаѓа да плачам, а некогаш да кршам се пред себе, важно се смеам. Тоа ми е како заштита! А кога навистина не ми е до смеење, само си го повторувам моето мото па ќе дадам една фејк насмевка! Знаете навистина помога!
Исполни ја главата со радосни мисли, срцето со мир, добрина, радост, љубов, а устата со насмевки – и се’ ќе биде повторно добро.
сакам да бидам насмеана секогаш ама ако нема причина за да се смеам со насмевка на лицето се чуствувам како да сум ратардирана и никогаш не сваќам како можи да се смееш а нема причина не дека не се смеам секогаш сум позитивна ама така само да си седам и да си се смеам мие малце мрднато
Насмевката ќе ви ги отвори вратите, каде и да сте, на било кој крај на светот. Додека ракувањето и прегратката се разликуваат од култура до култура, насмевката е универзален знак за среќа. Постои нешто поважно од тоа што ќе облечете, во ка кви потпетици ќе стоите, на кој парфем ќе мирисате...тоа е насмевката. Без неа, секоја свечена тоалета, колку скапоцена и да е, делува сосема просечно и без сјај. Затоа, не одете никаде без насмевка. Причини за тоа има многу.
Насмевката е една крива линија која може да исправи многу работи.. Најчитан статус на сите времиња... ахахха Ајде да не бидам офф но супер е кога се смееме. Се продолжува животот. Насмевката е една од најпозитивните работи што човекот може да ја подари на друг. Насмевката може да поправи многу работи за кои не се потребни зборови. Насмевката е една од првите работи што мажите ја забележуваат кај жените. Затоа никогаш не ја заборавајте насмевката.
Колку голема моќ има насмевката, мислам дека ништо нема толкава. (Дури и парите одат после неа!) Се смеам секојдневно, сакам кога сум виновник за нечија насмевка. Често ми се случува на улица онака автоматски да му се насмеам на некој, посебно на детенце, и чувството кога ќе ти биде искрено возвратена насмевката е прајслес! Не знам, јас без насмевка неможам да се замислам. Сите ме знаат како насмеана... Јес да некад не ми е дојдено до смеење баш, ама се наоѓа некој кој ќе ме расположи и после цен ден си сјаам и делам насмевки.
Насмевката е единствената крива линија која може да исправи многу нешта И да се смеам секогаш,па дури и кога ми е најтешко.Зошто да бидам намуртена кога можам да се смеам?
јас сум секогаш насмеана и радосна....и кога не ми е до смеење јас ќе се насмеам...бидејќи ден без насмевка е изгубен ден
насмеј се утре ќе те нема се смејам многу често и сите околу мене што се гледам да ги насмеам несакам тажни лица и тмурни фацки.