Можеби... Но навикната сум со оглед на тоа дека во реалниот живот постојано пишувам/објавувам научни трудови. Освен тоа, љубопитна сум и навистина сакам да ја анализирам човековата психологија и како истата влијае врз неговото однесување во општеството. А и самата тема е сместена во подфорумот Психологија, што ми даде повод да го искажам моето мислење за психологијата зад ваквото однесување кај луѓето. Претпоставувам дека си во право, но манифестирам вакво однесување главно поради фактот што никогаш не сум била, па дури ни сега не сум толку блиска со луѓе. Тоа е една од причините за мојата апатија кога станува збор за чувствата и однесувањата на другите луѓе. Најчесто не можам да ги разберам или немаат никаква логика за мене, па се потпирам на проверени методи во кои сум добра, како истражувањето или пак евалуирањето - за мене тоа е еден од најдобрите начини преку кои можам да се обидам да бидам поблиска со други луѓе, но главно за да ги проучувам
Мислам дека тебе ваквите истржувања не те исполнуваат емоционално и мисловно.. Бар не до оној стадиум до кој мислиш дека треба. Коригирај ме доколку грешам, но мислам дека на овој начин ги поттиснуваш сопствените чувства, и тоа ти е еден вид верификација/copying mechanism за фактот што немаш доволно капацитет да се поврзеш со луѓето. Ова се работи кои и самата ги знаеш in the first place. Јас само сумирам.. Немој ова да го сфатиш како напад или навреда. Имај предвид дека јас лично сум дааалеку од совршена за да некому мудрувам и паметувам. Само впечаток е Брајарка.. Среќна ти Нова како и да е, иако јас не верувам во празници и нови почетоци.
Благодарам душо..го прочитав цел пост...убаво ми дојде, морам да признам Ве сакам многу, тебе и @Herrera,.паметни мои
Не ја мразам Нова година,ниту празници...Ги мразам оној тип на луѓе што отоци!!!Да нова година е,ама тоа не значи оти треба да го замараш цел град за тоа како ќе си поминел или што ќе си облекол.И од кога ќе помине Нова година не треба да ги замараш другите уште 15 дена кај си бил,и што си јадел...Едноставно не не интересира!Се надевам дека ќе преживеме ние што сме мразачи на празници...
На никаков начин не го сфатив твоето мислење како напад и навреда кон мене. Напротив, ти благодарам што го искажа твојот искрен впечаток Да бидам отворена, не го сфаќам толку трагичен фактот што не поседувам капацитет за да се поврзам со мнозинството луѓе - едноставно не ми пречи бидејќи сепак има одредена категорија на луѓе со кои всушност можам сосема нормално да воспоставам квалитетна комуникација и интерпесонални и социјални односи, а тоа се професори, истражувачи, научници, и евентуално млади научници како мене (што е навистина ретко). И тебе ти посакувам a Happy New Year (и покрај тоа што и јас не верувам во празници кои се само календарски распоредени методи за да избегаат од нивниот монотон живот и не верувам во нови почетоци бидејќи времето константно тече, ништо реално не започнува и не завршува, дури ни според имагинарниот календар како вештачка креација)
Уфф, нарцсоидност, господов комплекс и емоцинална (не)интелгенција до немајкаде. Да не бидам офф, Нова Година за мене претставува рестарт, небитно дали славам или дремам дома.
Јас никогаш не сум ја сакала ни Нова Година ни било кој празник. Ни како дете ни сега. Не е причината начинот на славење порано-сега или луксузирањето, мислам дека причината е многу подлабоко. Не сум психолог иако често размислувам на таа фреквенција. Мене што најмногу ми пречи и што мразам е она церемонијално шаблонско честитање, небитно за кој празник е. Не знам зошто, ама изгледа јас го мразам ваквото задолжително пластично честитање, па поради тоа и самите празници. Корените за ваквото чувство мислам дека делумно ми се познати, ама не би навлегувала сега во тоа беспотребно. Она што сакам да го кажам е дека сакам да го променам некако ова и да не им го пренесам на моите деца. Засега не ми оди баш најдобро
Jas sakam praznici ali cestitanja ne sakam toa me izmoruva i naporno mi e da digam telefoni da cestituvam kao jaka stvar a u Nova Godina...
Воопшто не ја сакам Нова Година, ништо не ми ни значи. Ко што викаат, на некој секој ден му е нова година, ако е до славењето. Празниците најмногу ги сакам, ги поминувам секогаш со мојата фамилија, тие ми се поим на зближување со најблиските, љубов и добра мисла.Се обидувам барем тие денови да не мислам на проблемите кои не опкружуваат.
За личното незадоволство сами сме си виновни, а експлицитно e изразено за време на празниците. Без разлика која е причината, свесна или несвесна, таквото чувство најјако доаѓа до израз за време на овие празнични (не) расположениа. И јас сум незадоволна, знам и зошто меѓутоа тоа не ми дава за право да ја напаѓам туѓата хармонија зашто верувала или не има луѓе што се среќни, најсреќни се оние што имаат пронајдено вистинска среќа, останатите се полусреќни со добра храна, пијалак, место за излегување или само зашто имаат поред себе некој, каков и да е. Генерално постоеле години кога сум ја славела нова година во целосна еуфорија, дома или надвор, а сега неколку часа пред новата имам константна меланхонија за годините кога вистински и искрено сум била среќна. Оваа година ако ништо друго, си ветив дека целосен фокус ќе ставам на акцентот јас да бидам среќна затоа што потајно знам дека заслужувам да бидам вистински целосно среќна. П.С се надевам наредната нова помалце ќе ја "хејтаме". )
Кога успеа во овој прв празничен ден да се напуниш со негатива кога сите членови се позитивни!? Што воопшто бараш на оваа тема, сакаш да се рчкаш или твојата негатива да ни ја пренесеш!?
Кога во името на темата ги има зборовите „мрзам“ и „нова година“ во една реченица, не можам ја да пренесам негатива. Веќе е родена паралелно со темата.
Тешко ми е да одоворам, ама мислам дека знам. Самотија и мизерија. Во животот битно е човек да не прави зло, но уште побитно е што добро ќе направи за себе и за оние окулу себе, другите. Безразлика на трудот вложен, никогаш не научив да ја играм оваа игра, само ја осознав, до некаде, а сознанието не ми е од корист. Иако треба да калкулирам, јас повторно ќе постапам онака како што чувствувам, а тоа ќе ме кошта. И се разбира, никој не ми е крив за она што сум.