Imam eden problem. Kosata brzo mi se masti i plus ne mi e takva ramna ubava i mazna tuku mi e mnogu razletana, a branovita mi e no ja feniram da bide prava.Dali imate nekoj proizvod da mi preporachate?
Мислам дека тоа што ти се мрси,косата и што ти е разлетана,дека често ја миеш и ја фенираш.Незнам некој производ за такво нешто,но мислам дека ти е од тоа,оставија косата природно да се суши и секој ден не ја миј,затоа што колку што знам од често миење на косата,значи скоро секој ден, се мрси побрзо така ми имаат кажано.Јас ја мијам секој втор или трет ден и не ми се мрси брзо,избегавам да ја сушам често со фен,така да немам таков проблем долго време,па затоа тоа и ти препорачувам,но од една страна пак и претпоставувам дека сум видела производи за таков тип на коса,ама не сум сигурна,исто и претпоставка моја е дека тоа е од често миење и фенирање на косата.
Ќе ти препорачам за разлетана коса да ја обликуваш со пена за коса..или лак за коса.. Помага. Или пак најлесно косата ја фати во репче и готовоо.
Пробај со шампонот за мрсна коса на Нивеа, или пак исто од Нивеа, ама оној што е за права коса, има знакче како пречкртана преса за коса на капакот. Се сеќавам во средно на една другарка и помогна токму тоа. Таа има баш она брановидна коса и многу и се витка, а со тој шампон сите прво мислеа дека ја пеглала косата, а таа само користела шампон. Како и да е, за секој индивидуално. Пак, пробај види, па тоа што ти одговара користи го.