Мрсна кожа

Дискусија во 'Лице' започната од Dijana, 10 ноември 2009.

  1. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Секој, кој има мрсна кожа знае каква казна е таа. Свети, порите се раширени и многу често се појавуваат акни. Најчесто мрсната кожа се појавува во пубертетот, но кај некои луѓе таа останува за цел живот. На лицето најмрсна е кожата на челото, носот и брадата. Најчесто мрсната кожа се појавува кај оние кои имаат потемна кожа.

    Точно е дека на мрсната кожа се прават помалку брчки, но тоа не ги теши многу оние кои ја имаат.
    Еве неколку совети како да се борите со мрсната кожа:

    1. Внимавајте на храната која ја внесувате. Продуктите што содржат шеќер (бонбони, чоколадо, сладолед и др.) се богати со јаглехидрати и ја активираат работата на лојните жлезди. Оттаму се појавува и досадниот мрсен сјај на лицето. Поради тоа овие храни треба да се избегнуваат.
    2. Навечер чистете го лицето многу внимателно. Преку денот врз него се таложат не само продуктите од работата на лојните жлезди, но и прашина. Лицето треба да се чисти со козметичко млеко и потоа да се премачка со тоник. Полезно е преку денот лицето да се премачкува со сок од лимон.
    3. Мрсната кожа не треба да се мие со жешка вода. Таа помага за активирање на лојните жлезди и со тоа лицето има повеќе сјај.
    4. Два до три пати во седмицата користете пилинг за вашето лице. Така темелно се чистат силно проширените пори, кои се карактеристични за овој тип кожа.
    5. Против проширените пори помагаат различните маски, кои ја регулираат работата на лојните жлезди.
    6. Особено благопријатно влијаат парните бањи. За таа цел во сад со врела вода ставете кесичка со камилица, покријте ја вашата глава со крпа и останете над садот 10-тина минути. Оваа постапка помага за отворање на порите и полесно чистење на комедоните.
    7. Употребувајте козметика која одговара на вашиот тип кожа. Се препорачува да се користат мат пудри.

    Каква козметика вие користите за чистење на лицето? Какви домашни методи користите? Колку пати дневно го миете вашето лице? Со што го миете? Дискутирајте во врска со овие прашања и сигурно заедно ќе стигнете до решение.
     
    На VoodooGirl, katalina, fina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kiki

    kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    17
    Јас имам претерано мрсно лице. Го мијам неколку пати во денот и пак свети ;( ;( Најлошото е што ми се прават многу црнки и кога ќе ги исчистам остамуваат широки пори. Во моментот користам Garnier Pure 3 во 1, ама би сакала да пробам и нешто друго. Дајте предлог.......
     
  3. Angiii

    Angiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Ti pomaga li garnier ??
     
  4. red.mari

    red.mari Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    So liceto ne treba da eksperimentirate,osobeno ne so mrsnata zatoa sto moze da nastanat dosta problemi.Bidejki jas sum kozmeticar i kaj mene vo mojot salon imaat dojdeno vakvi slucaevi sto stavale bilo sto na kozata i posle edvaj se oporavija,sekogas sto i da prevzemete da stavite na liceto konsultirajte se so strucno lice,i pocesto prvete tretmani na lice
     
  5. mala

    mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    12
    red.mari sakam da te prasam nesto jas imam 18 godini i imam pegi vo liceto dali ima nekoj tretman za pegite ili nekoja krem,losion
     
  6. katence4

    katence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    16
    со камилица премачкувај го лицето секоја вечер
     
    На Muffin.Love му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.579
    со согласувам со katence4 и обавезно користи камена пудра, камената пудра на Менхетен е добра.
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.340
    Пол:
    Женски
    еве од мене предлог појди на http://www.nivea.com и види ги производите за мрсна кожа кои што треба да ги купиш еве конкретно страната http://www2.nivea.hr/rp2/advice/sun/ind ... _index.php со пјур ефектот мислам дека ке има резултати поззз :)
     
  9. kiki

    kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    17
    Во почетокот ми помагаше многу, можеби поради тоа што другите козметички продукти што ги користев претходно не ми помагаа воопшто.

    Но, сега како да се намалува ефектот. :?
     
  10. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    20
    И јас имам мрсно лице рутината секој ден ми е чистење со тоник наутро со пена за чистење од oriflame потоа користам маски пилинзи некои домашни некои купени користам и секогаш кога ми испаѓаат мозолчиња користам гел крема на гарниер и скинорен кремата многу помага.Тоа е тоа,мора да се пази чува и што уште не.Колку им завидувам на оние со чиста кожа... ахх
     
  11. maca-mk

    maca-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    11
    ахх кој не им завидува.. сите сакаме чисто лице без црнки, акни, флеки, мрсна кожа... :?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Irena93

    Irena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Леле и јас си го иам овој проблем претерано масна кожа. дерматологот ми кажа дека е наследно и нема бегање цел живот ќе си го носам :( Иначе користам пилинг од Нивеа секоја вечер и една крема француска крема Бореаде на почетокот ми помагаше ама сега слабо. Лошото во масната кожа е во тоа што колку и да ставаш креми против масна кожа уше толку ти се масти и стануваш зависен од тие креми ;( Али ајде ко што ми вика дерматологот на стари години ќе се радувам што иам ваква кожа :D
     
  13. anence26

    anence26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    of lele jas imam mn mn mnnnnnnnnn mrsno lice,.. I neznam sea so da praam a sto uste ne sum probala :(
     
  14. Eli4e

    Eli4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    31
    И јас имам мрсна кожа :worried:, многу ме нервира, свети се појавуваат акни и црнки :evil:
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anije

    anije Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    38
    И јас имам мрсна кожа , за жал :(
     
  16. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    269
    ах и јас имам мрсна кожа...
     
  17. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    328
    и јас сум во вашето друштво имам мрсна кожа и лицето ми беше со акни токму поради тоа......само миењето со сапун ми делува малку да ми биде суво а никаква крема не користам,ми е страв повеќе да не ми биде мрсна кожата
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. M-a-j-a

    M-a-j-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    За мрсна кожа можете лицето да го триете со домат или доматот да го исечете на кришки и да го распоредите на лице. Оставете 20 мин и измијте со млака вода.
     
  19. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    269
    а како доматите помагаат на лицето?Што функција имаат?
     
  20. M-a-j-a

    M-a-j-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Вчера барав маски за комбинирана кожа и случајно ја видов оваа. Пишуеше дека е за мрсна, а како помагаа доматите не пишуеше. За да ти одговорим на прашањево барав на интернет најдов дека доматите содржа аха киселини кои и ја враќаат природната пх рамнотежа на кожата. А исто таке на интернет имаше појќе маски за мрсна кожа што содржа домати и на сите пишуе дека се добри за мрсна кожа.