1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мухамед во Тората и Библијата

Дискусија во 'Религија' започната од Aisha, 8 мај 2011.

  1. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Мухаммед во Тората и Библијата
    Во хебрејската верзија на Тората сеуште се користи името “Мухаммед“ без било каква двосмисленост. Во песна над песните, поглавје 5, стих 16, пишува : „ Неговиот говор е најпријатен. Тој е голем / славен Мухаммед, мој миленик и мој пријател. “ Хебрејскиот збор јасно укажува на името Мухаммед, но евреите и христијаните тоа одбиваат да го признаат и инсистираат на тоа дека не се работи за сопствено име, туку епитет кој го опишува Пратеникот, тврдејќи дека тоа име значи “најсакан“. Неговата уста е најслатка(најпријатна) да, тој е најсакан. Тој е мој миленик и мој пријател.“ На кого тогаш би можеле да одговара описот на оној кој ги има доблестите и особините како Мухаммед, Аллаховиот најдраг и најсакан Пратеник? Во Новиот завет Пратениковото, с.а.в.с., име се спомнува на неколку места. Во Евангелието по Јован 16:7, ги наоѓаме Исусовите зборови упатени на неговите ученици: „ Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот (periclytos на грчки) нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам “.


    Зборот “утешител“ е превод на грчкиот збор “ paracletos“ кој е употребен како замена на оргиналниот “periclytos“ , а кој одговара на арапскиот збор “ Мухаммед“ или “Ахмед“.


    Двата грчки изрази имаат мала разлика во изговарањето и во пишувањето; и со самото тоа препишувачите лесно можеле да менуваат еден во друг збор во одредени верзии. Евреите и христијаните се склони на употреба на искривени верзии.

    Постои и едно евангелие кое што е познато под името Евангелие на Барнаби кое што црквата го исфрлила во 492 година од н.е. по наредба на Геласиус. Тоа евангелие е конфискувано секаде, но сеуште постои копија во библиотеката на папата Сихтус V. За среќа некој римски свештеник кој се викал Фрамарино успеал да го обелодени. Го прoнашол писмото од Иренеус во кое се спомнува името на евангелието на Барнаби. Неговата радозналост го натерала да го побара тоа евангелие. Откако се спријателил со папата Сихтус V, ја добил копијата од евангелието и од него дознал дека ќе дојде време кога ќе се тврди дека Исус е Аллахов син и дека тоа уверение ќе постои се додека не се појави Мухаммед , Аллаховиот Пратеник кој ќе ја разјасни заблудата.


    Во Евангелието по Барнаби (220:4) пишува: „ И таа лага ќе трае се додека не дојде Мухаммед, Божјиот пратеник, кој кога ќе дојде ќе им ја открие измамата на оние кои веруваат во Божјиот закон.“ Фрамарино преминал во ислам и почнал со печатењето на ова евангелие, што предизвикало спротиставување од страна на црквата. Пратениковото име ( нека мирот и спасот се на него) јасно е спомнато во списите на Евреите и христијаните.
    Исламските научници го користеле овој факт во расправиите со свештениците и учените Евреи. Во книгата на Исаија пишува : „ Ќе ти дадам име Мухаммед . О Мухаммеде, кој си свет за својот Господар! Твоето име секогаш било таму.“ (Овој цитат е превземен од делото “Ал-Дин ва Ал-Давала“ Али ибн Рабан Ал-Табарија ( кој од христијанство преминал во ислам ) умрел 247 година по хиџра.


    Во книгата на Исаја исто така пишува : „ Го слушнавме од крајот на земјата, гласот на Мухаммед.“


    Во книгата Хабакук пишува: „ Бог дојде од Таумана, Свети од планината Паран. Мухамедовото величество ги прекри небесата, а земјата е полна со благодарности на него. “ И ова е спомнато во делото “Ал-Дин ва Давала“ Али ибн Рабан Ал-Табарија, како и кај Ибрахим Халил Ахмед, исто така христијански свештеник кој покасно примил ислам и овој стих го спомнал во својата книга која ја напишал во 1409 година по хиџра.


    Во Исаија исто така пишува :„ Она што ќе му го дадам нему, на никој друг нема да му биде дадено. Ахмед ќе ја обнови верата во Аллах. Тој ќе дојде од најдобрата земја; и дивината и нејзините жители ќе се радуваат. Тие ќе ја слават Единственоста на Аллах на секое благородно место и на секоја височина “ . Ова го спомнал Абдуллах Ал Турјуман кој порано се викал Анселм Тормида. Бил шпански свештеник кој преминал во ислам. Умрел 832 година по хиџра.

    Џубејр ибн Мут’им рекол: „ Го слушнав Аллаховиот Претеник, с.а.в.с., како вика: „ Јас имам различни имиња: Јас сум Мухаммед, јас сум Ахмед, јас сум Ел-Махи со кое Аллах го поништува неверувањето и јас сум Ел-Хашир кај чии стапала луѓето ќе се соберат и јас сум Ел-акиб“ . Аллах с.в.т., вели: „ И кога Иса, синот на Мерјем, рече: “О синови Израилови, јас сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер, да го потврдам од Теврат она што е меѓу моиве раце, и да донесам радосна вест за пратеникот што ќе дојде по мене, чие име ќе му биде Ахмед. И кога тој им донесе јасни докази тие рекоа: “Ова е волшебништво јасно!”. (Куран 61:6)


    Професор Абдул-ЕхадДавудел-Ашури, поранешен надбискуп од Мосул, кој конвертирал во ислам, во својата книга "Мухаммед во Библијата“ вели:„Меѓу христијаните е раширена реченица: "Нека е слава на Аллах на небесите и мир нека владее на земјата и среќа нека владее меѓу луѓето", а претходно гласела: „Нека е слава наАллах на небесите и исламот нека владее на земјата, а Мухаммед е за луѓето. "

    Името на Пратеникот (нека секој мир и спас биде над него) се појавува во хинду - списите. Во Sama Vedi -Сaмa Веди пишува: „Ахмед ќе донесе шеријат (верозакон) од својот Господар. Тој закон е полн со мудрости. Јас од него ќе добијам светлина како од сонцето."

    Во Athrava Vedi (уште една хинду - списа) Канада 20, суки 127, Мантра 1-3, пишува: „О луѓе, слушајте го внимателно ова! Мухаммед ќе дојде меѓу луѓето ... Неговата големина ќе биде фалена, дури и во рајот и тој (рајот), ќебиде подреден за него, а тој е Мухаммед. "


    Во Bhawishya Purana (следна хинду - списа) парв 3, Кханд 3, Aдја 3, Шалок 5-8, пишува: „Дури тогаш ќе дојде неписмен човек со прекар на учителот, по име Мухаммед, со своите другари. Ангелот ќе очистиод пет нешта. " Пет нештана чистењеочигледно претставуваат петте дневни намази кои муслиманите ги чистиод нивните гревови.
    http://www.youtube.com/watch?v=RKV4KJ2z ... r_embedded
     
    На femina0 и simpaticnaa им се допаѓа ова.
  2. AdoLf

    AdoLf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Добро бе тој Мухамед што е пророк или месија????
    Богат трговец шо на 50 години од досада му текнало да прави секта препишувајќи ја библијата, стара едно 3000 години пред него(одејќи од стариот завет), последниот пророк бил СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ кој што со прст го покажал Христа и им рекол на присутните-Јас ве крштавам со вода, а тој ќе ве крсти со дух и оган-. Мухамед не бил месија тоа сигурно(зошто никого не спасил), а ако бил пророк кажи ми што прорекнал???-НИШТО!!!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kerber

    kerber Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Мухаммед бил учител и пророк кој преку ангелот Џебраил ги примал ајетите и им ги кажувал на луѓето. Тоа е многу едноставно. Лугето од светата книга на Мухаммед можат да научат многу работи како однос спрем родителите,комшиите,кон жената,Бог па дури и кон неверниците. Таа е голем Бон-Тон. А што можеме да научиме од Исус апсолутно ништо!!!!!!!! Тој е човек кој си ја сменил верата!!!!!!!!!!!!!!!! затоа што бил евреин, а потоа создал нова вера!!!!!!!!!!! Им рекол на луѓето дека дошол на свет да го продолжи патот на Мојсеј но ништо не продолжил туку направил нешто спротивно од Мојсеј а што е најтрагично него го убил и предал сопствениот народ. И никогаш не рекол дека е Месија ????????
     
    На t.a.m., @ceci11 и rose60 им се допаѓа ова.
  4. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    како што велиш дека од куранот може да се научат поучни работи,за однос спрема родители,жена комшии итн,сето тоа го има и може да се научи и од библијата,како можеш да кажеш дека од нејзе неможе да се научи ништо??си ја прочитал?не си ја прочитал нели..и не мора да ја имаш прочитано,гледаш филмови,сурфаш на интернет читаш книги,весници најверојатно..имаш некоја престава значи. во самите десет божји заповеди,се поучува човекот да ги почитува татко си и мајка си,да го почитува ближниот свој,да го љуби другиот како што се љуби себеси,да не убива,да не врши прељуба,да не краде,да не лаже,да не посакува туго..значи не мора да ја имаш прочитано библијата доволно е само да си ги слушнал 10 те божји заповеди,и ке знаеш дека и нашата света книга библијата не поучува на добри работи..
     
    На Rama, shushu, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. kerber

    kerber Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Да но за христијаните стариот завет не важи а 10-те заповеди де баш таму. За нив важи новиот завет затоа што му веруваат единствено на Исус. Ако се придржуваат кон стариот завет треба да се прават сунет,да не пијат вино и се што е алкохол ,да не јадат свинско ако не ти е јасно ке ти пишам каде точно во стариот завет пишува дека тоа е СТРОГО ЗАБРАНЕТО а ниту еден христијанин не се придржува кон тие работи. А Исус вика да се пие вино како симбол на неговата крв. Затоа преиспитајте се кои сме и што сме и треба да знаете во кого и во што верувате читајте добро и коментирајте. ПС Исус на седмиот ден од неговото раѓање бил правен сунет поточно за Василица (празникот на многу христијани). Дали знаеме кои сме,што сме и во кого веруваме??????????????????
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Уф колку мразам вакви теми што ме вадат од такт. Не го ни прочитав цело објаснување на темата. Може не ти било Ајше целта да ме изнервираш ама кога веке го стори тоа ке ти одговорам вака.

    Ценам јас различни религии ама ова со Мухамедов ама најнајнајплитка верска приказна ми е. Го поминува и Исус со Воскреснувањето. Седел Мухамед во пештера со години и од нигде никаде БАП куранот пред него. Ако не знаете од каде му дошол Куранот и зошто се спомнува во Библијата јас ке ти кажам. Уште во времето Исус кога живеел во тој дел од светот било забрането пишувањето на секакви верски книги. Луѓето се криеле дека пишуваат и ги криеле своите дела по пештери. Уште има записи на Исус непронајдени. Е Мухамед таков запис нашол во пештерата од некој филозоф од тоа време кога Библијата било нешто свето. Затоа не е ни чудо што се срекава во книги на други вери сам си го ставил името по тие работи што ги прочитал во тие записи. А ако сме веке кај вакви месии да ти кажам Исус е најоговараната личност во верскиот свет. И ти во твојот КУран читаш за Исус само што не веруваш во Воскреснувањето. Евреите викаат дека е нивен син, Муслиманите викаат исто така(нели де од Библијата ги препишале приказните) а Христијаните се гордеат со неговото име. Ако е Мухамед толку јак зошто ние не викаме дека е христијански син.

    Токму оние делови од Ерусалим каде што се верува дека Исус ги оставил неговите списи денес е под исламска власт. И погодете што? Баш во тие подземни ходници муслиманите не дозволуваат никакво приближување на археолозите. Од што се плашат?

    Имам читано извадоци од Куранот и лично ми се допаѓа разбирливиот начин на кој е пишуван. Плус има и многу поучни работи и итроштини. Ама дека е препис на Библијата збори тоа што самите приказни во Библијата што се ги има и во Куранот. Зошто на пример нема сличности меѓу христијансвото и будизмот зошто баш има сличности меѓу исламот и христијанството. Проста причина се работи за копи паст. Како што Евреите викаат дека христијанството е само препишано од нивните книги така јас мислам деа теоријата на исламот е препишана од Библијата И Тората. Затоа се срекава Мухамед таму, затоа што самиот ислам го создал Мухамед по теркот на овие две религии.

    И дека исламот е само една голема лага кажува следното. Теоријата на исламот вика дека ке не спои сите дека за нив не е битно што јас сум христијанка дека сепак сум Алахово дете (ова вака со попрости зборови кажано). Убава замисла ама мислам оти баѓ тие што се хардкор муслимани прават наголеми штети во светот. Каде има муслимани има немири секаде во светот. Ај Ирак, Иран да ги оставиме настрана. Ама Грузија, Балканот, Западна Европа. Оди во Германија да извади парче леб да збора не учи Германски (ама о том потом да не сум оффтопик) Мислам оти ние христијаните повеке се плашиме од божјиот суд.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    here we go agaiin... |(

    Видете, прво за светите книги. Некаде некоја феминка напишала дека според развивањето на човештвото, така се создале нови книги, ама религијата е иста. И кај секоја книга, има нешто променето. Е така е де. Последната е Куранот, и затоа е совршена. :)
    Второ, за Исус. Единствената разлика е во тоа што ние веруваме дека тој не бил Божји син, бидејќи сите сме негови робови, и значи според ова, навистина сите сме исти пред Него. :) Исто така веруваме дека тој е жив, и се наоѓа на Небото. :) А тој што е на крстот, е всушност негов другар, кој Господ направил да изгледа како него, за Исус да се спаси. Некаде друго читав дека Мухамед е страшливец бидејќи се скрил во пештера, а не бил храбар како Исус кој мм... знаете де. А заборавате на едно нешто-се што направиле тие била Божја наредба. :)
    Би пишала и повеќе за Мухамед, ама веќе Аиша напишала веќе долг пост. А се разбира, се знае зошто Мухамед не е прифатен во Христијанството. Бидејќи тој потекнува од друго семејство.
    Case closed :)
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Баш во право си со тоа Here we go again. Ич не ги сакам ваквите теми кај што се прават споредби и поврзаности на религии прифаќам теми кај што јас тебе те прашувам за исламот ти ми одговараш и обратно ама Ајше сакајки или несакајки секогаш такви теми и мислења дава.

    Во право си со ова за книгите дека се менувале. Ама јас не викам дека Новиот Завет е совршенство а СТариот не го бидува.А повекето муслимани отфрлуваат за поврзаноста мегу Библијата и Куранот.
    Значи му текнало на некој ке ја поправа Библијата и направил Куран. Мислам дека со мојот пост зборував со факти.

    Дали си сигурна дека во Куранот пишува дека Исус не е Божји син? Ај провери (баш ме интересира)оти ми имаат покажувано делови од Куранот дека и таму Исус е напишан како Алахов син а што е Алах ако не Бог...
    Е сега такви мислења кој бил маж кој не не знам кој напишал ама во секој случај не се за тука.
    Јас мислам вака дека Исламот го измислил некој паметен за да не подели нас луѓето во светот за да може да владее со нас. Не знам кој бил тој некој што го направил тоа ама одлично му успеало затоа што и после илијадници години за жал релиигите се уште најголемата причина што не раздвојува.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Kerber ке ти одговорам за ова за Сунетот ама те предупредувам да го поќитуваш форумот сепак темата е за Мухамед не го ставај Исус тука толку имаш комплекс од Исус и тука го спомнуваш.

    Во времето кога живеел Исус во Ерусалим имало три различни групи на Евреи. Исус бил од онаа најмалата која што живеела надвор од Ерусалим. Во нивниот начин на живеење спаѓале многу работи што потоа ги презел исламот што е само уште еден доказ дека исламот се заснова на христијанството. Исус бил правен сунет ама не како муслиман туку како Евреин тоа да ти биде јасно како ден. Друга карактеристика што ја имале таа група на луѓе а што вие муслиманите фино лепо сте ја препишале е нејаденето месо од некои животни. Исус не јадел свинско ама и не само свинско не јадел и месо од камила, полжави, желки итн. ама за нас неговите приврзаници и во самата Библија пишува дека тоа е храна од Бога и треба да се јаде. А за тоа што тој не јадел свинско, тоа е резултат на тоа што спаѓал баш на таа група на Евреи. Ете пак од Евреите ви е сунетот од нас Книгата имате ли бе вие нешто ваше оригинално?
    И цело време поставуваш прашања за Исус а не одговараш на нашите за Мухамед што само уште еднаш укажува на тоа колку може да се одбрани став на религија што е измислена од некоја друга
    И кој ти рекол дека 10 божји заповеди не важат. Новиот завет е само продолжување на Стариот. Некаде прочитав дека бараш докази за Библијата и нејзината веродостојност. Побарај ги на Интернет Кумранските свитоци пронајдени од 1947 година таму ке видиш што како настанало. Само пази да не се разожараш
     
    На Rama и Makide им се допаѓа ова.
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Јас ова го знам со сигурност бидејќи вие (христијаните) се викате Божји синови, а ние-Божји робови.
    Тоа, поделбите, за тоа сме самите криви. Еве пример, јас вчера бев во една куќа каде што видов слики (4-5 имаше мислам) од Богородицата и Исус, од св. Климент, мм.. не знам кој друг, немаше напишани имиња. :tmi: Имаше и крст, да, ама мене не ми пречеше. Значи, криви сме сами ние луѓето, ако не се разделуваат луѓето според вери, ќе се разделат според (пример) пушачи/непушачи; и други поделби. И јас прифаќам такви теми со прашања, а сум се распрашала, многу нешта не ми се јасни, ама тука имам доста феминки на располагање. :)
    И уште нешто. :tmi: оффтопик, ама морам. :wasntme: Аиша (колку што знам), не била родена муслиманка, се преобразила, и сега тоа и се чини-woooooooww... па затоа е опседната. Ќе и помине. :wasntme:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    ОФФТОПИК Добро ако е во првичен шок од верата ок во ред е нека ја толелираат некое време. Не знам која вера била пред да премине во исламот ама христијанка не била затоа што многу малку го познава христијанството. А без разлика што таа преминала во ислам не треба овде да проповеда и да наметнува такви теми (иако самата таа морам да признаам никаде не влегува во конфликт директен).Ако таа ја сменила верата не значи дека нејзиниот шок (позитивен) од исламот треба ние да го трпиме тука. Стварно не е во ред да се користи форумот за пропаганда,

    А за тоа што викаш поделби има милион ама ниедна не е како верската посебно не како поделбата христијани/муслимани види само како го користат тоа одредени луѓе- безверници од Западот и Истокот (зошто за мене се безверници сите што прават војни нез разлика дали се крстени или не). Секаде каде што има мешано население има војна.

    А тоа за дали ти сметале иконите или мене арапските записи во некоја кука многу ми е мило што исто размислуваме. Имам пријатели муслимани сум одела на гости ке те почести и со кафе и со убав муабет па сум прашувала Дај да ја видам бројаницата може ли? А тоа да не ти биде бројаница туку нешто слично со кое се молела баба и :)
     
    На Rama и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски

    Аиша е родена муслиманка, но мајка и е македонка не се преобразила, но како и да е она со нејзините пропаганди за исламот претерува...Мислам си ја сакам и си ја почитувам верата но сепак неможеш да натераш толку девојки да се преобразат и да ја замразат христијанската вера и одеднаш да ги убеди дека христијанството не вреди.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kerber

    kerber Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Да Исус бил правен Сунет како евреин па станал христијанин сакаш тоа да ми го кажеш ????????? Создал нова вера во која има закони спротивни на стариот завет. А Мухаммед имал само една и единствена вера. Зошто тогаш христијаните јадат свинско кога велиш дека Исус рекол да не јадат (јас не сум прочиал дека Исус го забранува свинското месо те молам кажи ми каде го пишува тоа потсети ме можеби е така).
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Исус бил Кумранец, тип на Евреи од кои вие сте ги зеле обичаите. Наместо да одговараш за Мухамед ти за Исус кажуваш изгледа повеке знаеш за Исус. Да. Исус е роден како Евреин и затоа е правен сунет и не јадел свинско, месо од камила од желка итн. Но Исус никаде не забранува јадење на свинско .

    Со тоа што бил правен сумнет немој ни да помислиш дека има врска со исламот.Вие муслиманите сунетот да не го измисливте случајно??? Кога се правело сунет по светот вашата религија уште абер немала да се појави. Сунетот е уште еден доказ дека сте вие препишана религија. Од Евреите и христијаните сте земале по нешто и направен е исламот.

    Кога сме веке кај свинското. Во Куранот пишува дека некој дел од свињата не смее да се јаде а не пишува кој дел па сега ти мисли му ја.
     
    На Rama и tessie им се допаѓа ова.
  15. kerber

    kerber Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Чудно кажи ми каде пишува дека некој дел се јаде јас не сакам да слушам мислења туку докази затоа те молам кажи ми каде пишува дека се јаде некој дел.
     
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Кикикирика, ќе те замолам да не критикуваш во врска со тоа дека исламот не е оригинален, а за да те потсетам на тоа, се самоцитирав. Иста религија, повеќе книги. Сега, секој си тера со која книга сака. Јас ова вака го сфаќам-што не било во ред со Библијата? Зошто да се појави потреба за нова книга? Повторувам, ова е само моето мислење и толкување на нештата. Како на пример-не било во ред пиењето на алкохол, зошто-бидејќи човек губи контрола, не може да мисли како што треба, а нели умот не разликува од животните? Господ те создал човек значи, и те држи подалеку од тоа да се однесуваш како не ти доликува, бидејќи освен тоа, понекогаш има други последици, можеш да замислиш... Сите правила на Куранот се за доброто на човекот, некои правила ни јас не ги почитувам, но ги разберам, и за мене имаат смисла. Колку и да ви објаснам, сепак исто ќе биде. И не се ни трудам, овој беше само еден пример. Немало потреба од нова религија, само таа што е, требало да има некои промени, кои се наоѓаат во Куранот. Ете така.
    Офтопик, Кербер, те молам дискутирај како што треба. Немој темава да се заклучи.
     
  17. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    179
    Исламот не се појавил последен како што многумина веруваат. Ме мрзи да пишувам па ќе го копирам текстот на Lucky88 од една друга тема, кој што сметам дека многу убаво го објаснува тоа што сакам да го кажам :)
    Just wanted to put my two cents in :)
     
  18. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Според ова, исламот бил прва религија, а не последна? :?:
    Слично на ова сум пишала и по други теми, значи не ни кажа нешто ново. ;)
     
  19. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    179
    Па да Исламот отсекогаш постоел, пред воопшто да биде создаден светот. Со самото постоење на Алах постои и Исламот. Погрешно е што повеќето мислат дека Исламот се појавил со Мухамед, кога тој постоел од многу порано. :)

    Мојот пост беше наменет за Кикирика и останатите кои велат дека Исламот го "копира" Христијанството или Јудаизмот. Само сакав да го објаснам гледиштето на муслиманите за тоа прашање. ;)


    Како и да е, сакав и јас нешто да кажам на темата. Ќе проверувам во иднина дали ти си пишала нешто слично по други теми, зошто не дај Боже може да кажам нешто што не е ново или ти веќе си го спомнала :o :o :roll:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878

    Од каде знаеш ти дека на нас Стариот Завет не важи?!?!? Каде пишува во Библијата дека не смее да се јаде свинско ?? Дај те молам прво прочитај па после пиши овде и дели памет !.... точно така виното е КРВТА на Исус. А од каде тебе таа информација дека Исус бил сунетисан и тоа на Василица ?? прв пат го слушам ова и баш вака останав :^) .... ти треба да се преиспиташ ;)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.