1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мухамед во Тората и Библијата

Дискусија во 'Религија' започната од Aisha, 8 мај 2011.

  1. Natasha2012

    Natasha2012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    Евангелос те молам дај реплика ако имаш време јас сакам да слушнам. :)
     
    На EvAngelos и tessie им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Со задоволство, за моите феминки, бујрум :)

    Дали можеш Аиша да ни кажеш во кој тоа превод на Библијата го пишува тоа? Вакво нешто не пишува во ниту еден превод на Библијата, ни во македонски превод, ни во странски превод.

    „ Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки! “ (Песна над Песните 5:16, Библијата - превод на Константинов)
    Другиот македонски превод вели: „ устата негова - сладост, и целиот тој е пожелен... “ (превод на МПЦ)
    Ревидираниот превод од 2006 година вели „Устата негова е сладост, целиот е прекрасен...“

    Контекстот на тој стих е романтично изразување на заљубената девојка која го опишува својот возљубен со убави и слатки зборови. Библиската книга "Песна над Песните" претставува романтична преписка меѓу двајца заљубени (слично на Ромео и Јулија) и е една од најубавите еврејски песни во кои се воспева љубовта. Сите можете да ја прочитате на он-лајн Библијата: http://www.mkbible.net и да видите дека песната нема врска со некакво пророштво за Мухамед.

    1. Хебрејскиот збор "מחמד" (макхмадим) кој што е преведен во Библијата како „љубезен“, „прекрасен“, „пожелен“ си значи токму тоа. Прашај кој било еверин и ќе ти го потврди тоа.

    2. Понатаму, тоа е придавка, а не лично име. Суфиксот "ים" (им) на крајот не означува никаков респект како што тврдат муслиманите, туку е префикс за множинска форма на придавки кои што се однесуваат на именки од машки род (машка множина - plural masculine). Никаде во Библијата овој суфикс не е користен за лично име. Никаде во стариот завет нема да најдете имиња како Адам-им или Давид-им или Соломон-им итн. Едноставно тој сифукс не се користи за лични имиња, туку за придавки како што е придавката макхмад – макхмадим.

    3. Понатаму има полно места во Библијата каде што е употребен овој суфикс за означување на множини на придавки кои што се однесуваат на именки од машки род. Така на пример кога евреите сакаат да кажат „мудар човек“ тие велат: "чакам иш", а кога сакаат да кажат "мудри луѓе" велат: "чакамим иш".

    4. Понатаму, еврејскиот збор макхмад се јавува 13 пати во стариот завет и секаде е придавка со горенаведеното значење и се однесува на одредена именка и никаде не претставува лично име.


    1. Погрешно. Зборот Paracletos е сосема легитимен збор во коине-грчкиот јазик и значи Утешител, Советник, Посредник. Неговото буквално значење е некој што оди паралелно со тебе (за да те утешува, крепи). Зборот е кованица од зборовите "пара" и "клетос". Тоа "пара" е истото она што се користи и кај зборот "паралелно", пример: паралелно движење, паралелни насоки, паралелни прави.

    2. Понатаму, зборот Paracletos се појавува 3 пати во евангелието по Јован (Јован 14:16, 15:26 и 16:7) и досега се најдени стотици манускрипти од ова евангелие, а не е најден ниту еден манускрипт каде на некое од овие места е погрешно препишан (како periclytos), а камо ли на сите три места да е направена грешка. Така што овој аргумент едноставно не држи вода.

    3. Понатаму, кога Исус го спомнал "Утешителот", Тој јасно нагласил дека тоа се однесува за Светиот Дух, а не за некаков подоцнежен пророк по име Мухамед:

    "а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков. " (Исус, ев. Јован 14:26, Библијата)

    4. Понатаму, Исус кажал дека Утешителот ќе остане со нас довека, а Мухамед умрел во 632 година.

    "И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека" (Исус, ев. Јован 14:16, Библијата)

    5. Понатаму, Исус им кажал на учениците да не се оддалечуваат од Ерусалим и да го чекаат Светиот Дух кој ќе дојде не по многу денови.

    "И додека беше заедно со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, „што го чувте од Мене”: Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу денови!” " (Исус, Дела 1:4-5, Библијата)

    Што е поверојатно да заклучиме од овој стих: дека учениците чекале 50 дена во Ерусалим и дошол Светиот Дух? Или дека учениците чекале до 570 година (околу 197235 денови !!!) во Ерусалим и го дочекале Мухамед? :) Ајде размислете разумно и бидете искрени пред себе што е поверојатно да биде „не по многу денови“, 50 дена или околу 197235 денови?

    6. И можеби најважниот аргумент, Исус јасно кажал дека Божјите Пророци завршуваат со Јован Крстителот

    "Законот и Пророците беа до Јован. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство" (Исус, ев. Лука 16:16, Библијата)

    Значи според Христос, Божјиот ланец на пророци завршува со Јован Крстител и после него веќе нема Божји Пророци. Има и други цитати во Библијата што го потврдуваат завршување на пророците со Јован Крстител, ама тоа во друга прилика.

    Апокрифното (лажно, фалсификувано) "Евангелие по Барнаба" e потврден фалсификат кој поттекнува од 15-16 век и е напишано од муслиман, независно што тој злонамерен писател го потпишал како да е напишано од Барнаба.

    Иринеј (оној што ти си го напишала како "Иринеус" - име што е буквална транслитерација од името на англиск ијазик „Irenaeus“, што пак докажува дека авторот на текстот не ни знае кој е Иринеј, туку само механички ја преведувал брошуркава од англиски јазик за исламистички цели), значи тој Иринеј никаде не спомнува некакво "евангелие по Барнаба". Намерно или ненамерно во горниот текст авторот направил УТКА со "Посланието на Барнаба" поистоветувајќи го со муслиманското "евангелие по Барнаба" кое се јавува дури во 15-16 век. Иринеј и сите останати го спомнуваат документот "Посланието на Барнаба", а не "евангелието на Барнаба". Посланието по Барнаба е сосема друг историски документ. Во тоа послание јасно е опишана божественоста на Исус и јасно е кажано дека Исус бил распнат и воскреснал :) нешто со што ниту еден муслиман нема да се согласи.

    Еве ви го и он-лајн посланието на Барнаба: http://www.answering-islam.org/Barnabas/epistleb.html

    Меѓу другото таму можете да го прочитате и следново:

    "The prophets, having obtained grace from Him, prophesied concerning Him. And He (since it behoved Him to appear in flesh), that He might abolish death, and reveal the resurrection from the dead, endured [what and as He did], in order that He might fulfill the promise made unto the fathers".

    Значи покрај тоа што овде се вели дека Исус умрел и воскреснал од мртвите, се вели и дека за ова пророкувале пророците пред Него :)

    Па нормално дека ќе го пишува тоа, кога авторот на тоа „евангелие“ е муслиман :)

    Тој цитат, како што кажа, е превземен од муслиманското дело "Ал-Дин ва Ал-Давала" но не и од книгата на библискиот пророк Исаија :) Впрочем ако тој цитат беше навистина од Исаија, тогаш ти ќе наведеше и од кој стих и од кое поглавје од книгата на Исаија е тоа цитирано. Еве ти он-лајн библија (http://www.mkbible.net), повели најди го тој цитат, па ќе го анализираме. Книгата Исаија ми е една од најомилените и најдобро познатите старозаветни библиски книги. Те уверувам дека таму никаков Мухамед не се спомнува.

    Повторно лага. Ваков стих не се среќава ниту во книгата на Хабакук. Впрочем ако тој цитат беше навистина од Хабакук, тогаш ти ќе наведеше и од кој стих и од кое поглавје од книгата на Хабакук е тоа цитирано. Еве ти он-лајн библија (http://www.mkbible.net), повели најди го тој цитат, па ќе го анализираме

    Се лага до лага. Просто сум фрапиран колку смешни лаги користел авторот на ова брошурче, небаре се уште живееме во мрачно доба и не можеме да најдеме Библија за да провериме. Пак ќе кажам, еве ти онлајн Библија http://www.mkbible.net, бујрум најди цитат кој што е сличен на тоа што го тврди авторот. Не мора да биде ист, еве нека биде барем сличен.

    Нека повели тој професорот или било кој муслиманин нека наведе некаков историски извор каде што пишува дека христијаните изјавувале такви исламски изјави. Ова ми е срам да го коментирам. Пресмешно е.

    За сопмнувањето на Мухамед во хиндуистичките списи немам истражувано, но ако земеме предвид дека сè ова погоре е злонамерно скроена лага, тешко ми е да поверувам дека авторот на таа книга продолжил со пишување вистини.
    Поздрав!
     
    На Victorian, Rama, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    АЛЛАХ секогаш постоел,постои и ке постои. Ако неколку форумаџии тука се натреваруваат, не сите сме такви. Јас си ја сакам верата и без разлика сто,каде и како писувало јас верувам во Исламот и не осќам потреба никому да наметнувамсвои ставови ноту пак да ми наметнуваат. Незнам зошто место да се поЧитуваат верувањата...тука се пониШтуваат...и
     
    На rose60, srcesrce и girl-miri им се допаѓа ова.
  4. Natasha2012

    Natasha2012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    Евангелос, ти благодарам, се сложувам со се што кажа.
    Единствена Вера која ветува, вечен живот за сите кој што ке поверуваат во Христа и ке се покајат за своите греови :)
     
    На Rama, senza.parole, aerodrom и 2 други им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    ептен многу ме радува кога ке прочитам нешто вакво
    посебно кога некој како ајша ке остане со пртот во уста и ке млати слама на празно, мислејки дека се разбрала и се знае и дека вистината е во неа
     
    На Rama, theowndemon, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Но и Тората и Библијата се променети. Затоа бил пратен Иса, бидејќи се злоупотребуваше тогашната света книга, Тората!
    Мирот нека е со него. И само бидејќи повеќето припадници на Исламската вера се Албанци, и ова е македонски форум, тоа е ваша предност, да бидеме реални.
     
  7. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Мухамед рекол: „Мојсеј и оние после него, таканаречени пророци и самиот Христос,пратени се од Бога со чудеса и разни знаци,

    а јас сум пратен со меч и имам заповед да ги убивам луѓето кои нема да се покорат на моите зборови“. Од овој груб одговор, како и од многу други негови дела, очигледно е дека овој нечист човек не е пратен од Бога, бидејќи преблагиот Бог никого не принудува со сила.

    Преподобен Максим Грк
     
    На Rama и okcenzi им се допаѓа ова.
  8. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Нека Мухамед тргнувајќи од исток и стигнал до запад како победник, меѓутоа тој победувал со војна, со меч, со грабеж, со поробување, со повредување на луѓето. Ништо од тоа не може да потекнува од Бога Кој е добар. Пред сé, тоа е условено со волјата на човекот и ѓаволот, кој е човекоубиец од самиот почеток (Јн. 8,44). Што, зарем Алекасандар Македонски тргнувајќи од запад не го покори цел исток? Меѓутоа, многу други во разни времиња преземале воени походи, неретко освојувајќи ја целата вселена. На никој од нив ниеден народ не му ја поверил својата душа, како вие на Мухамед. Меѓутоа, тој користејќи и сила и предложувајќи насладувања, не привлекол на своја страна ниту еден цел дел од вселената. А Христовото учење, иако ги отфрла скоро сите земни уживања и насладувања, ги опфатило сите делови на светот и господари меѓу оние кои војуваат со него, без никакво насилство и триумфира над населението, кое секој пат му се спротивставува, така што во тоа се остварува победата, која го победила светот (2 Јн. 5,4).

    Свети Григориј Палама
     
    На Rama и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Кога ова го измисли, нареден пост чекам да пишеш дека лично ти го кажал додека сте пиеле еспресо во тренд
     
    На rose60 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  10. Serhan

    Serhan Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Св јован крстител го покажал крстот но дали го знаеш значението на крстот....
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Serhan

    Serhan Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    За сите други вери:не да се караме овде и нервираме
    _мухаммед е аллахов пророк нај саканиот од алах.
    Аллах ја создаде целата земја занего,небесата,ангелите,живијот свет. сето е создадено за мухаммед алаховиот нај сакан.
    Алах вели се до догањето на мухамед неговото духовно тело ке дојде од нај големите верници на светот нај праведните така и се сторило.
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Мухамед(саллаху аллејхи ве селлем) е човек кој што при сеџда-поклонување пред Бога плачел и го молел Бог да им ги опрости гревовите на луѓето (луѓето во тогашното време а и во денешното време).
    Тој е човек заради кој се прекинал ритуалот на погубување на женските деца. Во тоа време кога се раѓале женски деца тогашните луѓе ги убивале.
    Тој е човек кој можел да биде премногу богат во тоа време, но одбрал да живее во сиромашни услови.
    Тој е човек кој што кога го навредувале седел мирно и не реагирал на навредите.
    Тој е најдобриот човек кој што некогаш чекорел по оваа земја.
    Тој е Аллаховиот миленик.
     
  13. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    А видов горе пост за навредување на Исус од страна на еден муслиман(мислам дека беше муслиман, не сум сигурна).. Едно да ви кажам. Ние муслиманите го сакаме и го почитуваме Исус(Иса). Ние го сметаме како пророк. Секогаш при кажувањето на неговото име велиме, Иса аллејхи селлам-мир нека е над него. А и неговата мајка Марија (Мерјем) ја почитуваме. Дури и имаме една сура по мајката на Иса, Мерјем.
     
  14. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    А каде во Библијата го пишува Мухамед, и ако го пишува, што вели за него?
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Што е сура?
     
  16. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Нешто како дел. Куранот има 114 сури(делови)
     
  17. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Не пишува директно со име, ама има напишано/наговестено за раѓањето на Мухаммед (с.а.в.с.), и не само во библијата туку и во Тората.
     
  18. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.080
    Тората е исто дел од Библијата.
     
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    5.169
    Пол:
    Машки
    Сите монотеистички религии односно верување во единиот бог (јудаизам, христијанство и ислам) потекнуваат од Аврам односно стариот завет и се наречени и како Аврамските религии или и еврејски.

    Најстара монотеистичка религија е Јудаизмот, први што поверувале во единиот бог се евреите. Стариот завет и јудаизмот фактички е еден вид извор за останатите две религии, односно христијанството и исламот се коренат на јудаизмот. Евреите исто како и Муслиманите одат по старите закони само тие што се уште го чекаат месијата, не поверувале во Исус.

    Со доаѓањето на Исус Христос, некои закони и обичаи се отргнуваат во новиот завет како обрежување и се заменува со крштавање, и Исус е обрежан како и секое мало машко дете пошто и тој е воспитан во јудаистички дух, но потоа со Јован е забрането.
    Библијата е стариот завет но додаден е и новиот завет односно животот на Исус Христос. Исус е синот божји кој се родил преку светиот дух затоа се крстиме 3 пати односно од горе, од десно на лево што значи: Во името на отецот, синот и светиот дух.

    Исламот оди по стариот завет, онака како што Бог му заповедал на Аврам, односно по божјите закони и заповеди бидеќи тие веруваат само во единот бог, а Мухамед е пророк и Куранот го напишал од небото според тоа што архангел Гаврил кај нас (Џибрил во куранот) му кажал. Тој е обичен човек кој успеал да смири 40 арапски племиња преку неговите пророштва кој до тогаш биле раскарани.
     
    Последна измена: 26 ноември 2021
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Може да ми кажеш конкретно во која книга, поглавје, стих?