1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Му раскинав, но сакам пак да сме заедно

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Zumbula, 19 април 2011.

  1. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135
    здраво девојки..ајде и јас да ве позамарам малку со мојот проблем :) бев со дечкото неколку месеци и не знам кој ѓавол ме тераше да му кажам дека сакам да раскинеме...откако увидов дека мн ми фали го побарав пак..беше ладен,што е и нормално пошо изгледаше ко да си играм со него,нели? се видовме 2-3 пати после тоа,но сеа он беше тој што ми рече да си продолжам со животот и дека немаме никакви обврски еден спрема др..од др стр ми се јави пред некој ден да ме прашал како сум и низ муабет ми кажа дека би сакал да се видиме,но дека она главното меѓу нас поминало..не знам што да мислам и што се му се мота низ глава? мн сум збунета.......
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Абе јасно е дека му се врти во глава ,,врска без обврска,, :^) Е сега на тебе е дали ќе ја прифатиш играта или ќе бараш нешто повеќе! Од една страна предност ти е тоа што некогаш сте биле во врска па ако постојат чувста кај него можеби ќе посака да го обновите тоа што сте го имале! Но, од друга страна пак можеби токму тоа што некогаш сте биле заедно и не ви успеало, ќе биде причина да не посака да ја обновите врската!
    Ако продолиш со такви средби, на црно што велиме,или мување (како сакаш) тогаш мислам дека ќе биде потешко да преминете во нешто посериозно! Па затоа би те советувала од страт да настојуваш да имате нешто повеќе од мување,да не пристапиш на скришни средби (освен ако и тебе не ти одговара тоа повеќе)
    Со среќичка! :)
     
  3. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135
    фала Mина,но за таква врска на црно како што викаш не сум!
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ништо не му се вртка низ главата. Или е ептен по куртоазија, па ај ќе се видиме ко ќе можеме, или празни ветувања за да те откачи. Батали тоа „го сакам сега“, завршило, ти си го откачила, крај, остави го детето ;)
     
  5. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Почекај нека те бара тој. Акоод тебе бара само врска без обврси, одбиј го! повторно не го барај, ако тој навистина те сака, ке му недостигаш и ако нема некоја голема и сериозна причина што сте прекинале ке те побара повторно да обновите тоа што сте имале. ако не те побара, батали го, значи дека не му е многу стало до тебе. Среќно, и пиши ни што си направила :)
     
  6. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135
    фала девојки,во секој случај ќе почекам да видам дали ќе ме побара...јас се покајав што барав од него да прекинеме,но сепак не сакам ни да го молам и да изгледам очајно...
     
  7. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Не ти ни треба така да постапуваш. Секој прави грешки во животот, но доволно е да стане свесен за тоа и да се обиде да ги поправи - ти тоа си го направила! Доколку тој вистински те сакал и заслужувал сигурно ќе ти дал барем уште една шанса да види дали тоа што го зборуваш е вистина. Кога човек сака вистински не се откажува така лесно. А, штом се' алудира на незаинтересираност, невистинска и неискрена љубов, тогаш подобро да заврши порано отколку покасно.

    Ти штом го сакаш, почекај тој да те побара. Доколку го направи тоа, сама одлучи дали ти ќе бидеш таа која што сега ќе му даде втора шанса или не. Но, секогаш биди свесна за последиците од било која постапка и потег, и нормално биди подготвена да се соочиш со нив. Од друга страна, очекувај, но не се надевај! ;) :) се надевам дека се разбираме.