1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

НЕ Американски филмови

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од figgiMK, 15 февруари 2011.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Здраво на сите...
    Гледав по форумот и немам видено дали има посебна тема за Не Америкаснки филмови.
    Ако случајно сум промашила би Ве замолила да ме упатите кон таа тема (јас сум дефинитивно мнн мннногу голем обожавател :inlove: ).
    Просто се посебни! Имаат уникатност и секако не се така провидни како оние од САД. :tmi:
    8)
    Како поздрав да започнам со предобриот Амели....
    http://www.tarsius.ch/kaeru/amelie/ameli1.jpg

    п.с. а има уште мнн мнн мннн кој ќе следат.. :wasntme:
     
  2. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    http://www.impawards.com/2005/angel_a_ver3.html
    Ангел-А ( со малку од ИМБД за што се збори)
    André, a small-time ex-convict, seems to owe money to everyone in Paris, including a crime boss who promises to kill him if he doesn't repay him by midnight. After failing to find protection from the American embassy and the French police, a despairing André scrambles onto a bridge over the Seine, intending to leap to his death. He is surprised to see a tall, beautiful girl clinging to a rail on the same bridge, apparently preparing to end her life as well. She jumps, and he jumps too, suddenly resolving to save her life. After scrambling ashore, she tells him her name is Angel-A. Together, they take a cruise on the Seine, repay André's creditors, visit a Parisian nightspot, and more, as Angel-A helps André. He learns that for this purpose she has fallen out of the sky and into his life. André finds himself falling in love with this mysterious beauty. Written by Charles Delacroix
     
  3. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    http://www.impawards.com/2006/district_b_thirteen.html
    District B13
    Го има во 2 дела- за оние кои сакаат нешто од ситил на Јамаши или Такси ...
    не е лош за тепање на време :rofl:

    п.с.
    Ова изгледа дека само јас гледам Француски Филмови :?:
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Француска и европска Филмска Уметност

    Не, не си единствената верувај ;) Има тука еден куп обожаватели на француската филмска уметност, и не само на француската, туку општо европската.

    Само ставај некој нареден пат се во еден пост ;)

    Патем - одлична тема. Кога ќе се спојат во една личност франкофил и филмоман - добиваш човек кој ја голта француската филмска уметност - мојата маленкост, јас :$
    Филмската индустрија во Франција има навистина огромна историја, традиција и изобилува со квалитет.
    Е сега зависи кој што сака - филмови за да се пушти мозокот на пасење или нешто со повисоки стандарди.
    А француската кинематографија изобилува со навистина секакви филмови, за сечиј вкус.

    Мои омилени филмови? Премногу! Навистина премногу.
    Би го препорачала мојот омилен Le fabuleux destin d'Amelie Poulain. Потоа секако серија на филмови со Romain Duris во главната улога кој едноставно со својата глума го одзема здивот - Dans Paris, Paris, Molière, L'arnacoeur (последните два ги препорачувам за луфтирање на мозочето но и за оние кои го познаваат францускиот јазик за подобро да ги доживеат филмовите - инаку се плашам дека нема да им бидат толку интересни ниту пак смешни).
    Од поновите секако Gainsbourg (vie héroïque), Welcome (подгответе си ги паломите), филм кој беше забранет веднаш по првото прикажување во Франција и кој изобилува со контроверзија - Amen, Un prophète, дводелната филмска биографија за Jacques Mesrine во главните улоги со Vincent Cassel - L'instinct de mort и L'ennemi public n°1 ...ги има премногу!
    За крај ќе спомнам еден одличен стар филм, во режија на Mathieu Kassovitz. Црнобел, реалистичен, суров одраз на вистинскиот живот во едно париско предградие. Љубители на добриот француски хип хоп - за вас е филмот a must ;)
     
    На Pandoraa, LivingGlam и figgiMK им се допаѓа ова.
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Француска и европска Филмска Уметност

    Поздрав за темата. И јас сум голем љубител на европскиот филм, и секогаш е добредојдена некоја препорака за добар филм. Прво што ми текнува на памет:
    [​IMG]
    Филм кој го имам гледано од поодамна, ама еден од оние филмови кои ти се врежуваат во меморијата. Француски црн хумор, извонредни кадри, оригинални ликови.
     
    На irrelevant и figgiMK им се допаѓа ова.
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    Одлично сега сум најрадосна на целиот свет.... имам истомисленици ...јупууу јупиии јејјеее

    Phyramide - мислам дека 100% ти е гледан но сепак е и моја препорака за гледање...дефинитивно до крај нема пуштање мозок за пасење... дејствие и тема која е уникатна... навистина преубав
    Vidocq- [​IMG]

    Arsen Lüpen | 2004 - [​IMG]
    која уметност на крадење ;))))

    “Coco Before Chanel,” 2009,- [​IMG]
    Audrey Tatou(ja обожавам...неуморна и уникатна) филм направен од ЖЕни за Жена ...

    LOL- [​IMG]
    Лесен Теен филм

    the professional-[​IMG]
    ПО нашки кажано Леон... да бест
    Yamakasi - (без линк биле мнн )
    И двата дела со идеологијата за помош и што све не прават дечкиве ...лудило

    Утре уште некој
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Француска и европска Филмска Уметност

    Морам да признаам дека не ја љубам многу европската кинематографија.
    Да, има квалитет, неоспорен факт, ама додека гледам европски филм, некакво мовливо чувство ми претка во стомаков, не ме остава задоволна, мирна, среќна, туку напротив онака - разбеснета, раздразнета, немирна, а не го сакам тоа чувство. :^)
    Поголем дел од филмовите ми мирисаат на евтино, скиселено, а боите кои преовладуваат ми се каки-сивкасти.
    Не можам точно да се појаснам, како и да е, не ја сакам како холивудската продукција, но :!:
    ЈА ПОЧИТУВАМ, а тоа е важно.
    Моите фаворити:
    [​IMG]
    Уф, болно добар, страшен филм, од глума и режија до музиката и тематиката - нема апсолутно утка.
    Изабела Аџани е совршена.
    [​IMG]
    Според романот на Лаура Ескивел - Како вода за чоколадо.
    Мошне автентичен, многу интересен. Нема да ве остави рамнодушни.
    [​IMG]
    Гиљермо дел Торо.
    Нешто друго треба да се каже?
    ;)
    [​IMG]
    ... и така почнав да ја поднесувам Пенелопе Круз ;)

    ... и морам да си кажам дека европските филмови со барем малку амерички шмек, ми се супер пристојни, ако не и дел од омилените. :)
    Најтипичен пример -
    Goodbye Lenin!
     
    На antonina, Phyramide и figgiMK им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Француска и европска Филмска Уметност

    Охооо и те како имаш истомисленик Фиги :) И да, сите кои ги наведе ми се гледани.

    Да не почнам да набројувам европски филмови кои ги сакам, почнувајќи од Алмодовар чијашто комплетна колекција на филмови си ја чувам како очите. И си ги галам од време на време дури :D

    Факт е дека сум љубител на некомерцијални, европски филмови кои ме исполнуваат кога ги гледам. Заситена сум од глупости кои ни се сервирани од Америка па не се ни чудам што целото општество ни скрена. Пукале, се бркале, се испоубиле, робокопи и секакви електронизирани хај - тек чуда. Ништо за мене |( А сепак и од американската независна продукција можам да набројам еден куп филмови кои секако ми се допаднале, но не тука за тоа :)
    Едноставно филмот сакам да ме допре, да ме акне, да ме шокира, да ме исполни на некојси луд, уметнички начин. А токму тоа ми го нуди европскиот филм.

    Имам омилени британски, дански, германски, унгарски филмови.... И чешката кинематографија е одлична - да не заборавиме дека и нашата Лабина Митевска глумеше во еден одличен филм The Loners - или Samotari во оригинал, и навистина ви го препорачувам.

    Јок за холивудска продукција, а големо евет за европската, барем за мене лично :)

    Да се консолидирам малку и ќе ви постирам и други европски филмови кои мислам вредат да се погледнат.

    А од тие лесните и ултра комерцијалните - секако го препорачувам францускиот Такси - ама само првиот дел. Каков саундтрак! Мислам дека сеуште се ежам на последната сцена кога се бркаат низ Марсеј а во позадина иде ремикс на DJ Cut Killer....уф! :nod:
     
    На LivingGlam и figgiMK им се допаѓа ова.
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    Ете ме пак.... сакам да те го препорачам ако не ти/(Ви)е гледан
    [​IMG]
    Ne Te Retourne Pas2009
    Филмов е нешто посебно и искрено јас ги љубам и 2те актерки ...не ми е верно до колку напред се отидени со се....
    Софи Марсо и секако Моника го прават нештото да е мнн мнн посебно!!!!

    И да потсетам малку на нашето детство(мислам дека сите пораснавме со летбите проекции на филмов):
    [​IMG]
    La Boum 1980 - Журка+ "La Boum 2" (1982).
    "La Boum" (The Party) is aFrench language motion picture comedy directed by Claude Pinoteau and starring Claude Brasseur, Brigitte Fossey, and Sophie Marceau.The movie has been an international box-office hit.The music was written by Vladimir Cosma.
    Richard Sanderson sang the song "Reality".

    И мене Phyramide ми е мака да го предвидам крајот на филмот кој само само почнал...од сите нации по целава земјена планета само Американската е најспособна и секогаш има решение за сите проблем било тоа природни катастрофи било вонземјани....

    Како и да е Уметноста е за се што е убаво..и секој има различен вкус... но се радувам дека имам по некој истомисленик...поздравче
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    Денеска за сите ВАс нови филмови од мојата најубава 7ма Уметност....

    ке почнам со една навистина тешка драма. Се вика „Париз
    http://www.imdb.com/title/tt0869994/
    Pierre, a professional dancer, suffers from a serious heart disease. While he is waiting for a transplant which may (or may not) save his life, he has nothing better to do than look at the people around him, from the balcony of his Paris apartment. When Elise, his sister with three kids and no husband, moves in to his place to care for him, Pierre does not change his new habits. And instead of dancing himself, it is Paris and the Parisians who dance before his eyes. Written by Guy Bellinger

    La Fille sur le Pont (The Girl on the Bridge)1999http://www.impawards.com/2008/priceless_ver2.html
    Одри е онаа која трага по богатство ... но останува со....

    http://www.impawards.com/2007/four_mont ... _ver7.html (романски)
    Ако некој е со слаб желудник не би го препорачала ...навистина има тешка ситуација со која се справуваат 2те романки(цимерки)....Европааа Еврооопаааа

    http://www.impawards.com/2006/keeping_mum_ver2.html
    Сепак нема да ја зачуваат .... хехехе ... лесна Британска комедија со нашиот „Мистер беен“

    RocknRolla 2008 Филмче од Британска продукција (Бившиот маж на МАдОНАна е виновен за овој хумор)
    How to lose friends and alienate people Со глумецот од HOT FUZZ кој секако го препорачувам интересен сплет на околност - Англичанец во Америка и плус заљубен хехеххе
    Run, Fat Boy, Run (2008) Ех тааа љубав му го упропасти животот
    :rofl: :rofl: :rofl:
    http://www.impawards.com/2008/largo_winch.html
    Би рекла Француско - Српско- Хрцатска- но има и некој Кинески примеси добар Трилер...
    во ИМБД велат(Billionaire Nerio Winch is found dead, drowned. An obviously suspicious death as Nerio is the founder and majority shareholder of the powerful and sprawling W Group. Who will inherit this financial empire? Officially, Nerio had no family. But he had a secret he kept well-hidden: a son, Largo, adopted nearly thirty years before from a Bosnian orphanage. The only problem is this young heir has just been thrown in prison deep in the Amazon. Accused of drug trafficking, he claims he's innocent. Nerio murdered. Largo in prison. What if these two events were part of a plot to take control of the Winch empire.)
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.772
    Пол:
    Женски
    Француска и европска Филмска Уметност

    Ја сакам европската филмса уметност. Уметност во вистинска смисла на зборот. Кога сум изгледала квалитетен европски филм, знам дека добро сум го потрошила времето.
    Филмовите кои ги спомнавте се преубави, пола од нив не сум ги гледала, и си ги запишав на листата (едно браво за темава).
    Во моментов се сетив на некои помалку сериозни, но убави филмови.
    Француските комедии - знам дека многу не го обожаваат, но мене Louis de Funès ми е ненадминат комичар. Има се’ што треба за здраво да те насмее. И не мислам само на филмовите за Кришо, туку буквално на сите негови филмови. Мало смешно човече, само да го видам ми е доволно да се засмеам :D
    Tais-toi! (Quentin & Ruby) - жими се’ стомак ме боли од филмов, не знам колку пати сум го гледала.
    Руски филм - последните што ги гледав на неделата на руски филм беа повеќе од забегани. Премногу апстрактни и без јасен крај. А старите (црно бели) ми се допаѓаат, фаќам руски канал дома и редовно ги гледам кога ќе ги начекам. Има се’ - сериозни филмови кои буквално го корнат срцето, и многу весели комедии (најмногу ги обожавам оние со новогодишна атмосфера, ги има многу). Имињата за жал не им ги знам, иако можам до детаљ да ги раскажам (ретко ги начекувам од почеток). И не мислам на оние филмови во кои се слави комунизмот, да не ме разберете погрешно, зашто обично кога ќе се спомне Руска уметност на тоа асоцира. Майка Россия ( :lol: ) нуди мноооогу повеќе под површината.
    Грчки филм (не тепајте ме само). Има едни прекрасни комедии со Алики. Не знам колку ја знаете, но многу беше позната (млада почина). Како дете постојано пуштав касети. Баба ми ја сакаше и имаше цела колекција, ќе седневме заедно и ми преведуваше (го знаеше јазикот). Преубави филмчиња, а јас сум носталгична и ме потсетуваат на бабичка.
    Еве ја Алики [​IMG]

    Инаку, и мене омилен европски филм ми е Le fabuleux destin d'Amelie Poulain. Пак ќе си го гледам.
    Меѓу омилените ми е и Malèna (италијански). Моника Белучи блесна во тој филм.
    [​IMG]

    И по којзнае кој пат на форумов ќе го спомнам Бернардо Бертолучи. Можеби се зборува на англиски во некои од неговите филмови, но уметноста е европска, многу се разликуваат од американските.

    Сега се сетив на уште еден филм, кој одамна беше популарен (го даваа на МТВ :lol: ). Сега не можам да кажам дали бил добар или не, не сум го гледала одамна, но знам дека сите плачеа на него. Слушај ја мајко мојта песна (Escucha Mi Cancion) - шпански филм.
    Најдов и постер :)
    [​IMG]
     
    На mamma-mia, JuLleE, sesilija и 3 други им се допаѓа ова.
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    Искрено Ви благодарам на постовите и сепак се мислам да не претерувам со мојте постови...зошто искрено мнн мннн ги има (па и не дека е мнн мнн ограничена темава) сега пред некој ден гледав и еден Германски филм Лелеебелла се вика(2010) интересна приказна за една девојка која треба да ја направи најголемата одлука во животот(да го следи својот сон)... :angel:
    http://www.impawards.com/2009/lornas_silence.html
    Филмов е за една Албанска емигранка и за животот нејзин таму по европата...секако не е баш баш сјајно
    La Veuve de Saint-Pierre (The Widow of Saint-Pierre)1999
    Trois Couleurs: Bleu (Blue)1994
    Доста стар но сепак е одличен
    Les Femmes de l'Ombre (Female Agents)(Софи МАрсо одлично глуми)
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Француска и европска Филмска Уметност

    :clap: девојки! Ливинг како ли заборавив на - жилижилижили сантропЕ! :D (вака си ја пеев како дете) Луј е навистина премногу смешен.

    Секако дека изоставив многу звучни имиња на европската кинематографија!
    Krzysztof Kieslowski и неговата трилогија - a must.
    Инаку филмот - Париз, го спомнував веќе, навистина е прекрасен. Од се срце го препорачувам и јас. Освен Romain Duris во филмов глуми и Juliette Binoche.
    [​IMG]

    Исто така го препорачувам Jeux d'enfants (со Marion Cotillard, попозната како Edith Piaf или пак од холивудскиот бум Inception и Guillaume Canet, попознат како згодното французинче од The Beach ;) )

    Ако ептен се вратам назад во времето кога не сум ни била родена, би го препорачала филмот Le flic (Цајкан) со Alain Delon и Catherine Deneuve. Класика но моќен филм кој вреди да се погледне.

    Од британските филмови, го препорачувам секако Lock Stock And Two Smoking Barrels и Snatch na Guy Ritchie. Brad Pitt во улога на fokin' pikey - незаменлив :rofl:
    [​IMG]

    Од данските неизбежно е да се погледне трилогијата на Lars Von Trier - Breaking the Waves, The Idiots и Dancer in the Dark .

    Од унгарските најмногу ми се допадна филмот Kontroll, каков црн хумор кој не излегува од рамките на метрото во Будимпешта. Кој бил во градот - ќе се потсети на чуството да се возиш со нивното ултра старо и морничаво метро. Кој не бил - ќе го запознае лесно преку филмов :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Француска и европска Филмска Уметност

    Многу убава тема. БравоС!

    Како прво морам да признаам дека Европската филмска уметност според мене е далеку подобра од Американската, иако 90% од младите се презаситени со Американски "и среќно си живееја" филмови, освен исклучоци, нели. Не добива доволно внимание, но сепак тоа е и добро од некоја страна заради тоа што кога почнуваш да правиш за филм муабет со некој кој ги следи и овие филмови, тогаш знаеш дека разговараш со вистински филмоман.

    Mој фаворит е дефинитивно [​IMG]

    Како се соживеав дури гледав, онолку чисто, нежно нешто одглумено е вистинска реткост. Не сум љубител на љубовни лимонади, но ова е многу, многу добро. Препорака од мене!

    Француската филмска уметност уште не сум ја чепнала, но по коментариве кога ќе имам слободно време, тоа да си го ставам на врвот од листата. Не се сомневам дека се преубави сите филмови од Француска продукција, посебно ми е убав јазикот, кој иако не го разбирам и никогаш не сум го учела ми е многу убав на слух.

    Единственото нешто кое сум го гледала а да има допирна точка со Франција е "Szamanka". Филмов е преплет од драма, хорор, мистерија зачнат со експлицитни сцени кои мене лично ме здрмаа и тоа јако!
    [​IMG]
    Да напоменам, не е препорачливо да го гледаат малолетни лица или оние кои не можат да трпат вакви напнати филмови. Мене ми беше идеален, се надевам дека ќе ја запознаам Полската кинематографија уште подобро.

    Листава не е листа ако не го спомнам и
    [​IMG]

    The girl with the dragon tattoo е да се задумаш што е подобро, дали книгата или филмот? Мене двата ме оставија спичлес! Можам слободно да кажам дека овој филм е еден од најдобрите адаптации на книги. Колку е само убаво прекажана сета смисла, нема непотребни сцени, нема лејм моменти да ти се приспие. Се е на место.

    И морам да ви препорачам едно словенско филмче, кое мене ми го препорачаа, и останав доста позитивно изненадена. Додуша со превод се губи малку од смислата, но сепак филмчево е закон. Кој има време нека го погледне, Словенциве имаат доста богата кинематографија. Филмов се вика "Pod njenim oknom" или на наше "Под нејзиниот прозорец"

    [​IMG]
    Исто како што мене ми го препорачаа, јас ви го препорачувам вас :)
     
    На sugarlips, 1209, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    http://www.impawards.com/2004/love_me_i ... _ver2.html
    He Loves Me he Loves Me Not 2003
    Комбинација на Јулиет и Рено Jetlag 2003
    http://www.impawards.com/2002/wasabi.html
    2002 хеххехе Колку е забавно да имаш ќерка која е во ЈАПОНИЈА и е теен ххееххех
    :sweat: :sweat:
    a call girl/Словенка 2009 еден од Словенските филмови...интересна драма...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Француска и европска Филмска Уметност

    Готово, ја окупирав темава :tmi:

    Денес сакав да препорачам уште еден филм, а не знам како изумив?!
    Како и да е, дело на уште еден одличен режисер (кој се прослави правејќи ги спотовите за Бјорк - Јога на пример, или пак со спотот на Kanye West feat. Maroon 5) Michel Gondry - The Science of Sleep/La science des reves. Charlotte Gainsbourg и Gael Garcia Bernal во главните улоги.

    [​IMG]

    Ви го препорачувам! ;)
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    Здраво девојки...
    Морам да кажам дека со темава и секако со форумов имам нова листа на филмови кои морам да ги гледам. Ви благодарам за учевство и за споделување(ова е како да го правам премногу лично).
    Јас имам проблем со паметење на имиња...но затоа слики и содржини памтам.
    Вчера го Гледам филмот за Кралицата МАРГО(мннн мнннн благодарам за предлогот) преубаво нешто.
    од сабајле од мене два англиски филмови:
    4.3.2.1 or: Pretty little girls in trouble Девојки кои имаат забава(или проблеми) но секако има решение.
    http://4.bp.blogspot.com/_3uDgLEKQHVA/T ... vie_09.jpg
    Four Lions - Неколку пакистанци во Лондон и нивниот момент за исполнување на „светиот завет“- самоубиство
    An Education - http://www.imdb.com/title/tt1174732/
    ПОздравче се читаме покасно пак
     
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  19. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    Денеска сакам да Ве позз со некој Шпански филм?! :angel:
    Broken Embraces (Los Abrazos Rotos)
    TALK TO HER (HABLE CON ELLA)
    (http://hopelesslyflawed.files.wordpress ... to_her.jpg)
    Volver
    Y TU MAMÁ TAMBIÉN
    Bad Education (La Mala Educación) - Pedro Almodóvar
    one of the most serious and powerful works, dealing with young love, sexual (http://www.posteritati.com/jpg/B4/BAD%2 ... N%20JP.JPG)
    MATADOR
    El secreto de sus ojos – trailer
    Spanish Beauty (Со „Руби“)

    Нови Утре
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  20. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Француска и европска Филмска Уметност

    Поздрав уште еден од мене
    денеска сум на Англија насочена... малку поврзано со големата свадба или што знам

    Shaun of the Dead ( мислам дека е до ГЛУМЕЦОТ )
    http://en.wikipedia.org/wiki/Shaun_of_the_Dead
    Интересно и пародично решение за сите ХОРОР филмчиња со мртовци кои се движат...

    In Bruges (со убавата реплика : Shoot first. Sightsee later.)
    http://jeffreyhill.typepad.com/.a/6a00d ... 27d970c-pi

    JOHNNY ENGLISH (Мистер Бин.... незаменлив) :clap: :clap:
    http://www.kanzaman.com/uploads/images/ ... ilm-13.jpg

    Harry Brown

    Goldfish Memory(не знаев за 3те секунди)
    http://movie-gazette.com/images/revimg/ ... memory.jpg
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.