Набавка на миленици од соодветни одгледувачници

Дискусија во 'Дом' започната од Papillon.Papi, 8 октомври 2013.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Колку што ме знаете сакам куче од расата Папилон.
    Но, мојот проблем е тоа што незнам која одгледувачница е најсоодветна. Има некои одгледувачници кои одгледуваат миленици со многу генетски проблеми и тоа ми е најголемиот страв. :doh:
    Многу сопственици сум прашала и кажуваат дека нема ништо лошо во набавката. Исто и мојата другарка набави самојед и живо здраво си е кучето.
    Па ќе може некој искусен да каже од некоја одгледувачница која увезува кучиња освен Купи Миленик?
    Ако може некаде да се вметне темава ги замолувам Администраторите да го направат тоа. Ако има дупла, канта и клуч, ако не поттикнува дискусија исто така.
     
  2. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Најубаво ке ти е ако можеш да си најдеш куче што не е од одгледувачница,него од некои луѓе,фамилија што имаат вакво куче го пареле,и откако ке се окучи кучката да ги продаваат кучињата.Предноста ти е што знаеш дека тие си го чуваат кучето за нив,го гледале како што треба,не го парат сто пати,го спариле со куче од иста раса, и сл.Исто можеш да ги видиш и родителите на кученцата,додека кога нарачуваш куче незнаеш ништо.Ке ти го донесат така и што ако не го бива,или едноставно не ти се свиѓа.Зашто иако иста раса си се разликуваат меѓу себе уште како бебиња стари и по еден месец,има разлика меѓу нив.исто можеш да си одбереш кое ти се свиѓа ако има 3-4 кученца и сл.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Па, јас би била прва што би ја донесла расава во Македонија и нема да можам да си одберам кученце...
    И јас се мислев долго за тоа, нема да го одберам како што чичко ми го одбра нивното куче...
    А, Купи Миленик даваат слики само преку имејл и нема да можам да бидам сигурна зошто не ми одговараат преку порака, само преку телефон...
    Ако се премногу скапи (над 400 евра) ќе си вдомам од вардариште... Ништо нема да ме исплати да отидам таму и да спасам живот, но желба си е желба...
     
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас сум против купопродажба на миленици,бидејќи на тој начин ги третираат како робови.
    Постојат милион бездомни кученца и мачки кои едвај чекаат некој да им се смилува,да ги нахрани,да ги зеде кај себе.Со малце се задоволни,а најмногу љубов даруваат.
    Ама што да се прави,како што гледам сите сакаат расни кучиња а другиве не ги ни сметаат за кучиња.


    Ахх,мојата чудесна земја Македонија... :angel:
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.845
    Прво мешаш повеќе работи.
    Едно е да ги сакаш сите кучиња(јас) а верувам и папилон,зошто рече дека сака и да вдоми,ако не најде кученце од расата папилон.
    А друго е да ги сакаш,односно да се правиш дека ги сакаш само расните кучиња,зошто тогаш немаш право да се наречеш ,,кучкар,,.
    А да сакаш да имаш расно кутре,без притоа да ги омаловажуваш и да ги туркаш мешанчињата на улица,само со изговор дека не се расни и немаат вредност(парична секако),е нешто сосем трето.
    Иако имам доста скапа раса на куче,која воедно е и една од поретките можеби во Македонија,никогаш не сум удрила или изминала бездомно куче,па макар и да било само едно галејне.
    Секогаш им фрлам ако носам храна со себе,си играм со нив,па макар сум била и на плоштад и сите ме зјапале како некоја нетокму,дури повеќе им се радувам нив него ли на моето(не дека не го сакам).
    И ги оставам да си играат со моето,а не како некоја искомплексирана пуфица,немој ова улично е,леле бегај бегај болви имало-ова ме иритира најмногу.
    И неможеш ти некому да му кажеш дали да земе расно или нерасно куче,кажа и папилон,желба е во прашање.Можеш да имаш и 100 бездомни а да се однесуваш како да не постојат.А можеш и да имаш 100 расни,и пак на уличните да им обраќаш внимание и бар корка леб да им фрлеш.Има разлика?
    А папилон,некој погоре рече да не земеш од одгледувачница,епа јас ќе ти го речам спротивното.
    Од одгледувачница,им се знае потеклото,имаат титули и оцени,им се посветува доволно внимание исто како и на сопствениците кои имаат само едно кутре.
    Има разлика помеѓу фарма и одгледувачница.
    И одгледувачниците кучињата не ги парат по 3пати годишно,како на фармите за кучиња,најчесто во Србија кои се многу често болни и со генетски наследни болести.Одгледувачниците се милион пати подобар избор и посигурен секако,за разлика од приватните одгледувачи на кучиња.
    Особено,ако си почетник и немаш добро познавање.
    А освне купимиленик,незнам која друга одгледувачница врши набавка.
    Ама колку што знам,нема легло на пипилон што го набавуваат.
    Побарај и види,па можеш да ме контактираш и ќе ти кажам дали е добра одгледувачница.
    И да не ме сфатите погрешно,немам јас одгледувачница,нити пак некој мој близок за да правам реклама,само давам совет.И никако од кај Мелита земање кученце.Таа ги носи од Србија,а таму 90% од фармите за кучиња,имаат болести.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ne e do toa. Jas sakam da kupam kuche zoshto ne e kako ulicnite. Nema da porasne golemo, znam koi mu se karalteristikite i znam koga tpcno da go cheslam. Papilonot nema krzno kako drugite tuku ima pomeko.
    Zatoa 80% sum sigurna deka kje kupam kuce. I jas planiram vtoroto kuce da go vdomam zost nema da izdrzam so samo edno, mora da si ima prijatelce.
    Izvinete sto ne pisuvam na kirilica...
     
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Епа Папилон,гледаш,самата се изјасни дека сакаш куче расно,дека не е како уличните.
    Моето,не е улично,вдомено е,а е мешанче од пекинезер и пинч.
    Инаку,и јас ги хранам на плоштад,и мене можда ме гледаат како нетокму (не сум приметила) ама не ми е гајле.

    Си кажав дека сум против купопродажата на миленици,и тоа многу.И тоа е тоа.Уште од првиот пост се гледа дека си решена,а јас само си кажав мое мислење.
    Мора одма да скокате? :wasntme:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Скокам? Сакав да се изјаснам и да не ти кажувам ништо на по груб начин, а ти ми влепи дека скокам? Фала ти многу за твојата култура и почит кон мене и другите.
    Ако јас земам мешанче верувај дека ќе биде лошо за него и за мене. Нема да знам колкаво ќе порасне и како ќе реагира со останатите од фамилијата. Така нема да спасам живот и ќе почнам повеќе да се каам што сум се обидела да спасам живот. Ти процени што е добро зошто ако не сум грешка си моја генерација мислам дека веќе е време да проценуваш што е добро и што е лошо. Расата си има свои предности кај повеќето луѓе што сакаат да земат куче. Има некои кои се алергични на влакно, па земаат кучиња како пудлиците, и ти сега ќе им кажеш да вдомат? Ги обвимувам Анима Мунди по малку што кажуваат да вдомуваме и ги перат нашите мозоци...
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.845
    Епа нешто што мене ме револтира најмногу,е тоа што земаат нерасни миленици,а гледаат демек да се од мајката која е исто така нерасна ама важно да е чувана дома,да не е од улица и после пак ги парат со нерасен мажјак за на крај да бидат чистокрвни џукели и да ги исфрлат на улица.
    Подобро земи го од стационар или од улица,избањај го,прочисти го,вакцинирај го и ќе биде пресреќно.
    Ама ете вакви расни кучиња,парат или со нерасни или со различна од нивната раса,за на крај да ги чалкаат по улица сите и да ги убиваат.
    Наместо да гледаат да ги намалат џукелите,дал се на улица или дома,тие само парат,парат и уште толку да има повеќе џукели.Намалат,незначи убијат,туку стерилизираат/кастрираат како би се намалил бројот на новородени нерасни кучиња.
    И секако,и кога не би постоело ни едно нерасно куче,пак ќе има улични испуштени,ама колку расни кучиња гледате на улица?Јас едвај еднаш годишно да најдам расно куче,кое е или избегано или украдено па им избегало на крадачите,или пак болно.
    За ова последново,чувам за сите сопственици по еден бокс кога ќе ги најдам да им мавнам,зошто најболното нешто за куче е да го оставиш кога ќе се разболи или остаре.
    Колку сакате прајте се дека сте светци и дека и нерасно сакате колку расно,сепак кога ќе лупнеш 500 евра за куче,се се менува.
    Не велам дека нема навистина добри сопсвеници кои си ги сакаат нерасните исто колку расните,ама тие се 1 во 1000.
    А останатите 999,кога би дале некој денар за расен миленик,поинаку би го гледале и чувале,со што би имало се помалку одбегнувани,чалкани и убивани миленици.
    Софи,ова воопшто не се однесуваше на тебе,туку тоа што пиша дека е мешанец од пекинејзер и пинчар,наведува дека си го земала од несовесни одгледувачи.
     
  10. Madalina

    Madalina Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Многу ме интересира темава, планирам следно лето да посвојам/купам куче, па затоа ги молам сите феминки-сопственички да споделат од каде го добиле/купиле своето куче и какво е нивното искуство :)
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Јас моето неочекувано го земав. Тоа е Доџ, но за мене е најубаво. Не му знам ни мајка ни татко, важно ми е да сум со него. За работи, не си троши пари зошто можеш да рециклираш. Твое е дали сакаш расно или не. Јас не ја гледам разликата меѓу нив. А, дали ќе набавев или ова сега што го имам е исто, и на двете не им се знаат родителите. За карактеристики, можеш ти да му ги градиш… ако си добра кон него и тоа ќе биде, ако си премногу добра кон него, разгалено ќе биде.
    Внимавај, зошто ако го разгалуваш нема да има самодоверба. И, да, што помало го земеш толку поприврзано ќе биде кон тебе. Моево сега неможе да замисли како му е без мене, значи замо за 13 часа, се приврза за мене како 13 години да сме заедно.
    (Доџ-домашна обична џукела)
     
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.845
    Е сега неможам јас тебе да ти кажам дали да земеш расно или нерасно куче.
    Расно куче,нема да најдеш бесплатно.
    А ако се одлучиш да дадеш пари за куче,тогаш барај да кучето е со педигре.
    Задолжително побарај педигре,и ако не ги познаваш одгледувачите или ти се сомнителни,појди и провери го педигрето,во кинолошкиот сојуз.
    Ако не ти се даваат пак минимум 100-150 евра,земи некое улично куче.
    Лесно е,појди му само не нападно со храна,кучето ќе сфати дека не си шинтер,ќе се спријатели со тебе и води го дома.Прво избањај го,па право на ветеринар со сите вакцини и проверки.
    Толку,лесно е.
    Е сега колку да знаеш грижата за расен и нерасен миленик е во потполност иста.
    Само што за расно куче мораш да одвоиш голема сума за да го купиш.
    И на расниот и нерасниот миленик,ќе треба редовни ветеринарни контроли,вакцини,пари за храна,поводници,облека ако е мало и со кратко крзно кученцето,итн.
    Евентуално ако веќе сакаш расниот миленик да го претставуваш по изложби,тогаш би имала сосем мал трошок плус,него ли кај нерасниот(неможе нерасно куче да се претставува на изложба).
    Твој избор е,неможам да ти судам дека сакаш расни а несакаш нерасни,твоја желба е исто како и мојата,сакав расен -земав расен миленик,незначи дека не ги сакам нерасните.
    Ако несакаш да даваш дополнително пари за расно куче,земи улично.